BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Erweiterte Suche
Kontakt
BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Benutzerliste

Seite 102 von 129 ErsteErste ... 252929899100101102103104105106112 ... LetzteLetzte
Ergebnis 1.011 bis 1.020 von 1281

Mazedonische Musik;)

Erstellt von Kimmerian Viking, 23.11.2008, 13:54 Uhr · 1.280 Antworten · 123.386 Aufrufe

  1. #1011
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307



  2. #1012
    Avatar von Komandant Mark

    Registriert seit
    30.05.2010
    Beiträge
    7.657

  3. #1013
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.867

  4. #1014
    clk
    Avatar von clk

    Registriert seit
    07.03.2012
    Beiträge
    4.470


    - - - Aktualisiert - - -

  5. #1015
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.867

  6. #1016
    Ivy

  7. #1017
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.867
    ИНТЕРВЈУ СО ЕЛЕНА КРСТЕВА - ALL TOGETHER DISTRO


    Создадено на Четврток, 14 Февруари 2013 19:36Посети: 197
    in[COLOR=#333333 !important]Share


    [/COLOR]

    Во пресрет на третиот роденден на All Together Distro имате можност да го проследите интервјуто со еден од членовите на екипата - Елена Крстева. All Together Distro, екипа која во изминатите години беше главен виновник на многу случувања исполнети со многу алтернативна музика меѓу која и рапот. Да започнеме.ХипХоп.мк: Здраво генерацијо. Како искрата во срцето денес ?Елена: Здраво Марјан Како растам искрата е се’ посилна, се приметува по тоа како ми светкаат очите додека зборувам за работите што ги сакам. Како вулкан што клокоти и гори и покажува колку сум бесна за стварите што ме болат и сакам да ги променам. И тоа ме радува, а и не би можело поинаку бидејќи тоа е мојот начин.ХипХоп.мк: Го прочитав текстот "сакам да си кажам нешо за АТД.." и да, прилично ме инспирираше. Но бидејки си прв пат со нас, да почнеме од почеток. Што значи All Together Distro ?Елена: За мене, за нас три? All Together Distro е музика, љубов, страст, пријателство, почит, насмевки, unity.. All Together Distro се 3 прекрасни години.. All Together Distro се 80 артисти и над 100 изданија. Или еве вака дефинирано: All together distro е непрофитна организација чија главна цел е поддршка на локалните андерграунд бендови преку промоција и продавање на нивен промотивен материјал. All together distro се три девојки: Еци, Теа и Ека.ХипХоп.мк: Од каде идејата за едно вакво здружение. Знам, клише прашање, и секогаш иде она "од тоа живееме, тоа ни е љубовта", секако, али сакам од тебе еден уникатен одговор. Зошто баш таа идеја ?Елена: Идејата беше да се направи нешто што ќе не обедини сите заедно, локалните артисти и публиката, да бидеме ‘all together’ една „подвижна продавница“ во која секој артист може да биде дел без разлика на жанрот – дали хардкор, дали рап, ска, панк, метал.. сѐ додека го почитува она ‘friendship unity respect’. Да ги поддржиме локалните DIY бендови кои прават креативна музика, со промоција и со тоа што на секоја свирка ќе биде достапен промотивен материјал (merchandise) од сите бендови. Сакавме да можете на свирка да купите повеќе од 100 изданија од 80 артисти, различни стилови, различни земји.. Сакавме да не морате да чекате концерт на омилениот бенд у ноември, туку сега, месецов да можете да му го купите изданието. Да дознаете за различни бендови.. Да купите Analena, In-Sane, Hitman, Between Earth & Sky, In-Defence диск.. и покрај тоа шо не свират во градов.. Сакавме иако си панкер да чуеш паметен рап.. Затоа и на нашите концерти имаше mix од стилови.. Пораката која АТД сака најсилно да ја каже е „Support your local scene! - Сите заедно“ - за да биде целосно и да преовладува задоволство околу ова што го правиме ние со дистрото/бендовите/публиката.ХипХоп.мк: Кои се мускетарките од кои е создадена оваа екипа ? Ајде фали ги јас ќе ќутам . Каде е Дартањан ?Елена: Три другарки, Еци, Ека и Тејка. Секоја со своја приказна, но со заедничка идеја и цел - поддршка на музиката и културата што ја слушаме, сакаме, живееме и за која се трудиме. Кога се споија овие 3 девојки со креативни замисли и страст кон тоа што го сакаат се создаде АТД Со АТД присуствувавме на околу 80 различни концерти, во и надвор од Скопје. Организиравме и 10тина концерти ние самите, донесовме бендови од Америка, Шведска, Италија, Франција..ХипХоп.мк: Долго време сме фејсбук пријателчиња, и можам да приметам дека имаш осет и вкус за добра музика, се надевам и останатите . Кој е твојот/вашиот поглед кон музиката ? Која би требало според тебе да биде целта на музиката ?Елена: Благодарам што си го приметил и го мислиш тоа Музиката е најдобрата ствар што постои, или како што вели Mr. Ниче “without music life would be a mistake”.. Јас лично, само додека спијам не слушам музика. Музиката не е само ‘ла-ла-ла’ или дрнкање на гитара. За мене е живот, и е дел од карактерот кој те опишува (во зависност од музиката која ја создаваш или слушаш). Потребна е храброст да искажеш емоции преку стих/мелодија пред публика.. Да ги искажеш јавно твоите размислувања, борбата, соништа, стварите што те направиле тоа што си денес, среќата и болката, желбата да смениш некои ствари, љубовта да оставиш некои да бидат какви што се’. Да направиш промена преку песна, да поттикнеш нечие размислување, да учиш/учите..ХипХоп.мк: Значи доколку би требало само со 3 збора да го опишеш АТД кои би биле тие ?Елена: All Together Distro или ајде нека биде Friendship. Unity. Respect. (различно напишани, но со исто значење)ХипХоп.мк: Последна година АТД. Искрено не знам шо е тоа последна година, и не сакам да знам, зошо знам дека нема да биде така пошо АТД би требало постои секогаш. Нема да те умарам да ми кажеш која е причината. Би сакал само, макар и површно, да ми кажеш што за тебе претставува последна година ?. Знаете дека ХипХоп.мк би можел да ви даде било каква подршка.Елена: 9ти март е последниот АТД концерт. 3те изминати години ќе ги завршиме таа вечер и ќе ги заокружиме со концерт во клубот Хавана. После таа вечер АТД официјално нема да постои, но се надевам дека ќе продолжи да живее идејата, се надевам дека за време овие 3 години допревме до некого, макар и да е тоа само еден дечко/девојка.. Се надевам дека на некои помлади момци/девојки ќе им се роди желбата да направат некое слично дистро, бидејќи му е потребно на градов, земјава, сценава.. Инаку ја сакам секоја секунда "потрошена" за дистрото.. секој миг, концерт... Секој позитивен коментар, и секој израз на лицето што искажувал среќа од страна на публиката/пријателите.. Значи премногу.. Значи и поддршката од ХипХоп.мк, благодарност момци!ХипХоп.мк: Искрено ми се допаѓа идејата што баш девојки се водачи на ова урбано хард кор движење. Секогаш сум бил подржувач на женските артисти и активисти, бидејки баш мислам дека некои особености кои мажите ги немаат токму жените ги имаат и тоа ја прави онаа комплетност која треба да ја има. Кое е твоето гледиште во врска со ова прашање ?Елена: Мило ни е што се согласуваш со нас. Мислам дека го докажавме тоа “not just boys fun” на 7 seconds Искрено криво ни е што особено во последно време кога ќе отидеме на свирка, ние сме 3 од 5те девојки во клубот. Не знам кај се другите.. али сакам да бидат мотивирани и да направат нешто, да создадат, да остават трага, да живеат вистински, а не ‘завршив школо, се вработив, се венчав, родив дете и ајт чао’.. како што има една песна од FxPxOx - еден од омилените мои бендови “а другите девојки сакаат да се мажат.. ајде девојки можете подобро”.. Би било убаво да има повеќе девојки инволвирани во андерграунд сцената, да создаваат музика, пишуваат фанзини, имаат блог, организираат свирки или пак имаат слично дистро на АТД. Не се девојките само за во кујна (инаку обожавам и готвам прекрасно ), сакаме да видиме акција! Нејќам рамнодушни, нејќам девојки што идат по патеката што е истапкана пред нив, девојки што не создаваат ништо, не оставаат нивна трага.. Сакам да видам девојки со амбиција, ставови и желни за знаење, а не единствената окупација во денот да им е во кој салон да направат надградба на нокти/коса, и секако тресење гзови у дискотеки па да чекаат некој богат чичко да ги почасти пијачка. Сакам да упознаам девојка што ќе дојде и ќе може да збориме за Хесе, за Алберт Ками, Network, The Century of The Self, The Great Dictator па и да ми препорача партали рецепт ХипХоп.мк: Што треба да очекуваме на третиот роденден на АТД ? Некоја информација плус ? Ајде ајде откријте нешто за нас .Елена: Забавалудадомаксимум 6 одлични артисти, 5 различни стилови на музика, насмеани лица, квалитетна diy музика, stage dives, колачи (како и предходните родендени). Значи убава дружба за да ги заокружиме 3те години. Би ни било мило доколку се собереме сите заедно за последен пат (со АТД повод) и на крајот од вечерта да си отидеме сите среќни и задоволни Ќе настапуваат: Длабока Трага, Molokai (Битола), INxSANE од Словенија, Remnants (Кочани), Raw’n’Wicked и Steel Temple. Влезот е 200 денари. Почетокот е договорен за точно во 20 часот.ХипХоп.мк: Направивме некоја целина. Би те прашал уште - Како ја гледаш иднината на целава алтернативна сцена ?Елена: Нејќам да зборувам негативно, ама така се чувстувам.. Бидејќи не ми се допаѓа.. кога некој не знае да цени и му е грижа само за сопствените интереси.. Егото може да сјебе многу.. Искрено се надевам дека ќе бидеме попаметни сите во иднина, бидејќи треба да се почитува туѓиот труд, бидејќи правилно е наместо да пиеш плус една пијачка пред клубот, да влезеш внатре, платиш карта и го купиш изданието на артистот за кој велиш дека ти е омилен. Не е само на facebook да се поддржуваат артистите, а не сме им отишле на ниеден концерт.. Со тие 100 денари артистот нема да се збогати или отиде у кафана на гозба, али би можеле да потпомогнеме за создавање на некој негов следен проект. И доста со таа лажна дефиниција за хардкор. Не е хардкор да пцуеш, каверот на албумот да ти е dark, името на албумот да содржи ‘прљави’ зборови, да имаш што помалку луѓе на настап.. Хардкор е што повеќе луѓе да ја чујат пораката што сакаш да ја пренесеш.. Хардкор е Кочо Рацин, хардкор е Ацо Шопов, пази го ова... уметност е..“Ако носиш нешто неизречено,
    нешто што те притиска и пече,
    закопај го во длабока тишина,
    тишината сама ќе го рече.”
    ! Minor Threat се хардкор, не поради прљавиот звук, туку поради текстовите, пораката.. Хардкор е да читаш книга.. George Carlin е hc, а не праи ни музика, Martin Luther King, Gandhi.. Хардкор е да се бориш за промената која сакаш да ја донесеш..Исто така се надевам во блиска иднина ќе имаме клуб, бидејќи тоа му фали на Скопјево.. Доволна е една просторија со пристојни услови за концерти, проекции, дружба.Значи, драги момци и девојки, следниов период следуваат доста одлични настани, би било убаво да се се тргнете од facebook и да отидете на пр. на промоцијата на ‘Foolish Green’, ‘Bernays Propaganda’, а и ‘Зад Аголот’ се крчка нешто вкусно.. Бидејќи некој напорно работел и вложил доста љубов, па бар на тој начин да ги поддржиме.. Знаеш, секад ќе има фаци шо ќе мрчат, дека некој артист не е добар, албумот не е добар, концертот е лош, скапа е картата, клубот е срање.. а уствари тој шо го коментира ова е истиот што буквално ништо не направил. Не собирал пари за гаража, не се мрзнел у зима дур прави проби, не влечкал појачала, не договорил странски бенд да настапува тука и поради тоа влегол у минус, или готвел за 18 души кои ти бараат свежа папаја, а си мислел дека не се принцези и се разумни.. Океј е нешто да не ти се допаѓа, али кажи го тоа само ако имаш подобра алтернатива.. А не само колку да се каже нешо..ХипХоп.мк: Збор, два за хипхоп.мк, пофалба или конструктивна критика. Еј глеј да не си ме пофалила само .Елена: Абе дечки, да ви кажам сеа за тој еден Марјан... абе срце! Хахаах Ај сериозно вака.. почит до хипхоп.мк за поддршката што им ја давате на артистите! Почит за тоа што цело време не’ храните со нови информации, одлично функционирате. Терајте даље екипо!

  8. #1018
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.867

  9. #1019
    Ivy
    Rennata.. pesnava bese leten Hit



    - - - Aktualisiert - - -

    Makedonka

    http://2.bp.blogspot.com/-P49rWGWfgh...me-Time500.jpg

  10. #1020
    Avatar von Černozemski

    Registriert seit
    05.09.2009
    Beiträge
    10.296

LinkBacks (?)

  1. 15.05.2012, 16:01
  2. 06.05.2012, 10:38

Ähnliche Themen

  1. Mazedonische Musik (FYROM)
    Von Der_Buchhalter im Forum Musik
    Antworten: 16
    Letzter Beitrag: 30.04.2016, 12:06
  2. Antworten: 45
    Letzter Beitrag: 24.11.2009, 22:58
  3. Antworten: 0
    Letzter Beitrag: 02.04.2009, 19:16
  4. Mazedonische Musik;)
    Von Kimmerian Viking im Forum Rakija
    Antworten: 11
    Letzter Beitrag: 23.11.2008, 14:49