BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Erweiterte Suche
Kontakt
BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Benutzerliste

Willkommen bei BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen.
Seite 52 von 144 ErsteErste ... 24248495051525354555662102 ... LetzteLetzte
Ergebnis 511 bis 520 von 1437

Скопје | Skopje | Shkup

Erstellt von _Hajduk_, 31.01.2011, 11:34 Uhr · 1.436 Antworten · 163.230 Aufrufe

  1. #511
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.681
    Десет начини да го освоите Скопје


    ПОНЕДЕЛНИК, 09 ЈУЛИ 2012 13:12
    0 КОМЕНТАРИ




    Не сум никаков туристички водич, ниту магистрирав на тема Скопје низ вековите. Единствено, тука сум роден и тука сакам да живеам, без разлика на целото лудило кое секој ден ме пречекува на улиците на овој град. На широките улици на аеродромските булевари и тесните улички на Карпош два, каде подеднакво го минував животот до сега.


    За разлика од стандардните обожувачи на Скопје, кои ќе ве одведат на плоштадот, во Турска чаршија и кај Мајка Тереза, јас на еден просечен турист, би му покажал неколку други нешта. Десет работи кои јас ги сакам и со кои израснав во Скопје - мојот дом.

    1. Скаличките кои водат кон Трнодол или ЖданецСите точки кои би ги напишал се единствено заради мои лични впечатоци. Скаличките кои почнуваат кај една од станиците на Пееседмица, веднаш пред да почне Козле, после црквата Свети Јован, водат до населбата Трнодол. Како дете, се пентарев по нив и имав чувство дека сум стигнал на крајот на светот откако ќе ги искачам, бидејќи како деца, сè што не знаете од точката до каде сте биле, е крајот на светот.
    Тие скалички се убави, живописни и по нив се добива чувство на бегство од Скопје иако може да се каже дека сте во срцето на градот, бидејќи Козле го носи вистинскиот скопски дух, особено што на стотина метри е Капиштец, населба со високи згради. Но, скаличките после бензинската на Макпетрол, кои почнуваат веднаш по брдцето погоре, откако ќе ги искачите, ви нудат едно сосема поинакво светло на Скопје, а не морате ниту да се „пентарите“ на Водно. Во зима, околу 15 часот и преку лето, околу 21, кога сонцето веќе си заминува позади Матка, а скопските светилки почнуваат за прв пат да треперат... глетката е непроценлива.

    2. Улиците на Тафталиџе

    Особено во недела или во празници, како Илинден на пример. Тафталиџе е една од оние населби кои скопскиот дух го прикажуваат во најдоброто светло што може да се прикаже. Во една убава летна недела, пред зајдисонце, Тафталиџе се претвара во двор од голем... џиновски пензионерски дом. Бабите се шетаат со внуците кои чудно, но вистинито, не гракаат ниту галамат како невоспитани ѓубриња, момците маваат табла и скопско пиво на тротоар, а автомобил нема ниту за лек.
    Најмладите се собрани во дворот на Коменски за серва, баскетче или турнир во фудбал. Пензионерите со рацете зад грб ја прават својата секојдневна олта, чекајќи жената на комшиите да ги навади цвеќињата.

    3. Езерце и паркот

    Не по секоја цена Езерце, но дефинитвно паркот како целина. Веднаш, на самиот почеток од паркот е секогаш најубавото. Навечер, по 22 часот, со години младите ги опседнуваат сепареата и клупите низ алеите цвеќиња, кои мора да се признае, особено во последно време одлично се одгледувани. Но цвеќињата не се воопшто битни во приказната на оваа точка.
    Младите креативци, спортисти, самци, одметници, андерграндуери, фрикови, хипстери, пиво-пијачи, сладоледолижачи, ситни и крупни манијаци, комшии од поблизу и подалеку, фраери кои им се смачило од сивилото и Крис легендата на точак... седат во паркот и ги чекаат девојките од високот добрутро да поминат и да добијат забава беспари.
    Добро, реално, паркот во лето и навечер го има истиот скопски дух од Тафталиџе, со тоа што целиот град се собира да се помуабети, да испие некое пивце и секако, да истрга сеир кога „јаките“ цури одат по дискотеките во паркот. Ако на странец, човек треба да му го објасни зборот „сеир“, што со години никој не успеал, веројатно ова е вистинското место каде може да го направи последниот обид. Ако и со ова не сфати, тогаш се прогласуваме за вонземјани и Сеир го прогласуваме за збор кој е несфатлив за земјаните.
    Го заборавив Ресторанот Езерце кој мистериозно беше срушен и никогаш необновен. Но, минатото во минатото, а минатите генерации споменат... и ќе се сетат.



    4. Чаир и Јаја Паша во седум наутро

    Генерално, цело Скопје е исклучително привлечно и полно со емоции од пет до седум наутро. Градот, кој сме навикнати да го гледаме како склоп од автомобилска свирка, сочна пцовка и двајца крадци на различни страни од тротоарот, во овој период е мирна урбана бајка. Тука е камионот за чистење улици од спотот на Леб и Сол, мамурниот шофер на ЈСП и веќе распеаниот пекар. Епа заради пекарот, Чаир.
    Со години, Чаир е местото кое е симбол на Скопје за доручкување по напорна вечер проследена со пиво, текила, текила, пиво, текила, текила, текила, пиво, текила, текила, пиво до пола и тоа токму во тој распоред по што ливчето се евиденција се губи. Ниту еден бурек или донерче со домашен ајран не може да биде повкусно. И не е дека сакавме да се навлечеме исклучиво на бурек, но веќе е демоде да јадеме чорба во Бристол, плус, не го собира цело пијано Скопје во Бристол веќе.

    5. Дупла петка кога врти кај Југодрво

    Бројот пет, мора да биде за петка. Автобусот со број пет на ЈСП. Не знам колку луѓе го искусиле овој момент, но за мене црвениот голем автобус и јавниот сообраќаен превоз се нешто кое е вистински симбол на градот, со своите раскантани до неодамна автобуси и половина шофери со прекар Монтоја или Шумахер.
    Што е штосот со петка кога врти кај Црвен Крст, односно Југодрво? Кога се возите со еден од двајцата возачи на Ф1 во петка, доживувате екстатично искуство на крстосницата кај ЗОИЛ и Југодрво со тоа што автобусот мора да биде од оние двојните, мора да се движи во правец од центар кон аеродром, а вие мора да седите на оние седишта свртени еден кон друг, но на јужната страна од автобусот. Центипеталната сила, ако ја трефнав по физика, прави сето она што сте го јаделе, да го почувствувате уште еднаш. Затоа, подобро нека биде тоа сендвич од Седмица.
    Всушност, ова е точка воопшто за ЈСП и искуствата со нив. Многумина го минаа животот жалејќи се дека автобусите не чинат. Јас го минав животот запишувајќи анегдоти од нив, вие сигурно имате исто колку и јас, заедно можеме да издадеме капитално дело.

    6. Максим Горки и јапонските цреши

    Навистина не знам како Јоле се` уште не е запишан како културно наследство за овој град. Местото каде апсолутно секој скопски писател и уметник се опивал и барал инспирација, не случајно е одбрано од оваа фела. Во април, дрворедот јапонски цреши создаваат едно друго Скопје на улицата Максим Горки. Кога пијаните писатели ќе излезат од холот на Јоле кој води веднаш на улица, се соочуваат со вистинско хаику, со сета романтика која може крвта во алкохолот од нивните тела да ја доживее, центар на Скопје ил некаде во Хоншу сме...
    Убедливо најубав период за искусување на јапонските цреши е околу шест часот наутро, токму пред работа, кога сонцето полека се појавува некаде од Маџари и зората и свежината на воздухот најубаво прават да се чувствува мирисот на цветовите. Непроценливо, дефинитвно.

    7. Партизанска и Аеродром во четири наутро

    Без разлика дали е лето или зима, иако во лето чувството е поубаво. Скопје го знаеме како место со многу галама, а Партизанска и Јане Сандански како булевари на кој постојано има илјадници автомобили. Боемџиството во Скопје трае до зората, но најголемиот дел од оние кои излегле на чашка и сеир си заминуваат до три и нешто наутро, па во четири, големите булевари изгледаат како да настанала зомби апокалипсата, ништо живо нема на нив. Автобусите почнуваат околу 5 и првите луѓе кои одат на работа, па во тој половина час до час, особено со убаво летно изгрејсонце, овие два булевари се слика не смее да се пропушти.

    8. Строгиот центар на Први Мај

    На Први Мај, кога сите традиционално фаќаат магла по шумите и горите за да направат скара како да не постои друг ден за скара во годината, центарот останува празен. Овој феномен, можеби и уште поубаво се доживува на Илинден, кога температурата е уште повисока. Градот е празен, а на улиците во строгиот центар може да се види како асфалтот испарува. Само по некое куче или маче бараат нова сенка која ќе биде поладна за да го преживеат денот.
    Скопје е град во кој температурата во центарот, иако е близу до Вардар, во жешките денови се искачува за десетина степени повисоко од околината на градот и тоа, барем за мене, е еден симбол на градот кој не треба да се гледа негативно. Ги ширам рацете на среде улица и го вдишувам врелиот асфалт, тој станува дел од мене, го сакам Скопје на +50 и празно, само во тие моменти се чувствувам дека ја делиме летната мака.

    9. Серва во секое маало

    Серва или сервис - е маалска игра која сè уште не ми е јасно како не е влезена во листата на олимписки спортови и не можам да сфатам како не се игра на други места на планетава, а ако се игра, тогаш дефинитвно скопјани се шампиони, бидејќи нема скопјанец кој не ја играл оваа игра.
    Дефиниција (аматерска): Сервис е игра со фудбалска топка. Во играта учествуваат од двајца до безброј натпреварувачи. Се игра на поле слично на она за тенис, но со помали димензии. Варијанти на спортот има, колку што има маала Скопје. Може да биде еден на еден, два на два со кревање, три на три со три допири на топката итн итн. Целта на играта е топката да не падне на земја или два пати во сопственото поле и да се натера противникот на таа грешка.
    Во летните попладневни часови, по 18 часот, скопјани играат серва. Полињата се цртаат на улица, во дворче, во нечија поширока комшиска гаража, на паркинг, секаде каде што има место. Играта е проследна со многу жар, македонска галама и сеир од оние кои чекаат „бољи пар“. Судии нема, а и зошто некој беспотребно би јадел ќотек?! Играта завршува кога ќе биде готова вечерата или, не завршува додека некој веќе не може да стои на нозе. Победникот не оди на Олимпијада, но се чатали најмалку до следниот ден дека „растурил у серва“.

    10. Сокаците на Ново Маало и Маџир Маало

    Веднаш до најстрогиот центар на градот, источно од него, се наоѓаат „древните“ маала Маџир маало и Ново маало. Кога ќе застанете на калдрмата на овие две скопски населби, потполно се губите во времето и просторот. Да, ја слушате бучавата и ја чувствувате летната жега, со слухот сте во Скопје, кожата ви го чувствува тоа, но видот и емоциите велат нешто поинаку. Некои од куќите се стари неколку векови, а внатре, сепак живее една скопска шмизла која секоја вечер со своите 15 сантиметри штиклица тропка по коцките кои водат по кејот до ГТЦ.
    Навистина не знам како и овие куќи немаат добиено статус на културен споменик, но да бидам искрен, вака повеќе ми се допаѓаат. Скопје 1850 во Скопје 2012, со својот лик и дух од пред три века, но сепак денес.

  2. #512
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Vodno


  3. #513
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307

  4. #514
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Matka-schlucht


  5. #515
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307





  6. #516
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Aerodrom


  7. #517
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307

  8. #518
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307

  9. #519
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Museum "Borba na makedonija"


  10. #520
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Porta Makedonija


Ähnliche Themen

  1. Antworten: 40
    Letzter Beitrag: 24.04.2017, 12:08
  2. Antworten: 56
    Letzter Beitrag: 16.06.2014, 10:33
  3. Antworten: 25
    Letzter Beitrag: 09.07.2013, 12:48
  4. Antworten: 19
    Letzter Beitrag: 31.10.2011, 18:49
  5. Antworten: 0
    Letzter Beitrag: 15.09.2010, 01:43