BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Erweiterte Suche
Kontakt
BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Benutzerliste

Willkommen bei BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen.
Seite 66 von 124 ErsteErste ... 165662636465666768697076116 ... LetzteLetzte
Ergebnis 651 bis 660 von 1235

Wirtschaft Mazedoniens - Економија на Македонија - Economy of Macedonia (Rep. of)

Erstellt von MaKeDoNiJa e VeCnA, 12.04.2010, 13:50 Uhr · 1.234 Antworten · 118.008 Aufrufe

  1. #651
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.923
    Liste der Investitionen 2012


    ТАБЕЛИ: Еве кој најмногу дал, а кој најмногу зел од Македонија лани

    28/02/2013 | Економија | 0 Коментари

    Со близу 65 милиони евра, Австрија е најголем инвеститор во Македонија во 2012 година. Следи Велика Британија со 16, па Турција со 15 милиони евра инвестиции во земјава.

    Најмногу пари пак, се одлеале во Сент Винсент, над 70 милиони евра, следи Словенија со 32 милиони и Холандија со 16 милиони евра.
    Најмногу пари, околу 100 милиони евра, од земјава се одлеале во април, август и септември минатата година.
    Во следните табели е прикажано кои земји колку инвестирале во Македонија, или колку капитал извлекле од тука.




    - - - Aktualisiert - - -

    ТАБЕЛА: Девизните резерви на највисоко ниво досега

    28/02/2013 | Банки | 0 Коментари

    Девизните резреви на Македонија во јануари 2013 година биле на највисоко ниво до осамостојувањето на земјава досега. Изнесувале 2,263 милиони евра, покажуваат податоците на Народна банка објавени денеска.

    Од нив 1.992 милиони евра се во странска валута, а 270 милиони евра се во злато.
    Во табелараниот приказ се гледа дека само во последните четири месеци девизните резерви на земјава се зголемиле за околу 200 милиони евра.

  2. #652
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Die Fabrik "Van Hool" in Bunarcik soll im Juli eröffnet werden.

    Ван Хoол ја отвора фабриката за автобуси во Бунарџик во јули!

    Изградбата на фабриката за автобуси Ван Хоoл во слободната економска зона Бунарџик е при крај, а производството ќе стартува во јули годинава, изјави во интервју за „Капитал“ сопственикот и извршен директор на белгиската компанија Ван Хоoл, Филип Ван Хоoл. Според последните проценки, вредноста на инвестицијата ќе достигне 30 милиони евра, а во фабриката ќе се произведуваат автобуси што ќе се возат во САД.

    Нè притиска времето затоа што според договорот, првите автобуси треба да ги испорачаме до крајот на годината, а сите тие се наменети за американскиот пазар. Имаме намера да почнеме со производство на првите серии во јули, но очекувам нормално ниво на производство да постигнеме во октомври-ноември. Засега планираме да се вработат околу 220-250 луѓе, но во следните две години ќе го зголемиме бројот на 400-500 вработени, вели извршниот директор на компанијата, Филип Ван Хоол.

    Компанијата веќе го објави првиот оглас за вработување 35 луѓе во фабриката, а директорот Ван Хол признава дека потрагата по квалификуваната работа сила најмногу ги загрижувала уште кога ја одбрале Македонија како дестинација за нивната инвестиција.

    За време на првите посети ние бевме во неколку технички училишта, контактиравме и со универзитетите, а профилите коишто ни се потребни се инженери, се разбира, менаџери во областите како човечки ресурси, но најмногу ни требаат искусни и обучени рабоници. Значи, мнозинството ќе бидат такви профили од многу струки, како што се на пример, електричари, механичари, леари. Мислам дека имаме потреба од работници од 30-40 различни професии. Ако не можеме да најдеме обучени работници, подготвени сме ние да ја спроведуваме таа обука. Истото го правиме и во Белгија, објаснува Ван Хоол.

    Според бизнис-планот на компанијата, на почеток автобусите ќе се извезуваат само на американскиот пазар, а по една година се планира да се прошири производството и со европски верзии на возилата и градски автобуси.

    Годинава ќе стартуваме со производство на 50 автобуси, 250 автобуси се планирани за наредната година, а 250-300 за 2015 година. Потоа ќе преминеме на 500, значи целта е да се извезуваат 500 возила годишно, вели Ван Хол.

    Тој во интервјуто за „Капитал“, коешто ќе биде објавено во специјалната едиција „Сите странски инвестиции“, зборува и за плановите за соработка со домашни компании, за условите за водење бизнис што ги нуди Македонија и открива зошто тој одбрал да инвестира тука, отфрлајќи ги понудите на Турција и на Србија.

    http://www.kapital.com.mk/mk/makedon..._vo_juli!.aspx

  3. #653
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.923
    ТАБЕЛА: Каде најбрзо се вадат градежни дозволи?

    07/03/2013 | Економија | 0 Коментари

    Сингапур е водечка земја во светот во делот на издавање на градежни дозволи. Според последниот извештај на Светска банка, Сингапур, заедно со Хонг Конг, Кина и Нов Зеланд е со најмалку процедури за вадење на дозволи и во најкраток период.

    Според истражувањето на Светска банка, Сингапур има само 6 процедури до добивање на градежна дозвола и со просечно време до 26 дена. Во делот на процедурите најмногу има Руската федерација дури 42 процедури а според просечното време за вадење најдолго се чека во Хаити дури три и пол години или 1129 дена. Во однос на подобрување на процедурите и рокот за вадење, според Светска банка, Mакедонија има најголем скок во подобрување на регулативата. Прогресот е дури 46 места.

    Вчера ЗЕЛС и Министерството за транспорт промовираа нов систем каде дозволите ќе се вадат по електронски пат а времето на вадење со комплетна документација би било до 15 дена.

  4. #654
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.923
    Вистинската стапка на невработеност во Македонија изнесува 20%

    09/03/2013 | Економија | 0 Коментари

    Вработени во странство, но и во земјава, во семејни фирми или компании каде што не ги пријавуваат, а се регистрирани како невработени за да добијат бесплатно здравствено осигурување, го билдаат процентот на невработеност во земјава. И стопанственици и економисти се согласуваат дека стапката на невработеност од над 30 проценти, колкава што мери Државниот завод за статистика, е нереален одраз на вистинската невработеност во земјава. Се тврди дека ако се изземат сите што се регистрирани а не бараат работа, стапката на невработеност ќе биде многу пониска, најмногу до 22 процента. Сепак и стопанството и експертската јавност бараат државна акција за сузбивање на сивата економија, но и издржани стратегии за економски раст и системско и долготрајно намалување на невработеноста, пишува Дневник.

    - Официјална стапка на невработеност е таа што ја соопштува Државниот завод за статистика и која се мери врз основа на нивни истражувања и евиденции. Сепак, таа стапка е нереална од неколку аспекти. Сметам дека е исклучително бројна групата од луѓе ангажирани во сивата економија, такви кои и покрај мерките с` уште работат на диво, а многумина и покрај тоа што се регистрираат како невработени, всушност работат во странство сезонски, за многу поголема плата, а се пријавуваат само за здравственото осигурување. Според с`, сметам дека реалната стапка на невработеност е не повеќе од 22 отсто – вели Томе Неновски, универзитетски професор за весникот.
    Според последните податоци од Државниот завод за статистика, кои се однесуваат на третото тромесечје, лани во Македонија активното население е 940.657 лица, од кои вработени се 652.498 или 69,4 отсто, а 288.159 се невработени. Стапката на невработеност е 30,6 проценти.
    Миле Бошков од Kонфедерацијата на работодавачи смета дека и стапка од околу 20 проценти е нереална. Тој тврди дека во земјава има недоследности во пресметките во услови кога повеќе институции не се координирани во водењето на евиденцијата.
    - Во Македонија меѓу 10 и 12 проценти од вкупното работоспособно население, навистина бара работа. Ние во земјава уште не сме направиле спојување на неколку регистри, односно евиденции кои би дале појасна слика на ситуацијата. Ако се спојат регистарот на граничната полиција, кој и зошто излегува и колку се задржува надвор, регистарот за исплатени субвенции, евиденцијата за исплатена социјална помош, податоците од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и од Фондот за здравство, а и од Агенцијата за вработување, ќе се види дека има луѓе што ем имаат земја и земаат субвенции, не плаќаат данок, а и се невработени. Друг пример е односот на невработени хигиеничарки и бројот на фирми и на домаќинства. Ќе испадне дека сите седиме во нечистотија, а знаеме дека многу од семејствата и фирмите имаат ангажирана хигиеничарка на црно – вели Бошков за Дневник.

  5. #655
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.923
    German company to open electronics factory in Veles
    Sunday, 10 March 2013

    A German company has expressed interest to invest in Macedonia, planning to soon open an electronics factory in Veles and open 600 new jobs, Prime Minister Nikola Gruevski said late Saturday at a rally of VMRO-DPMNE-led coalition 'For Better Macedonia' in Skopje.

    "Minister Vele Samak has told me that the negotiations with a German powerful company were successful and that it plans to son open a new factory in Veles and employ 600 people," Gruevski said.

    Speaking about the favorable business climate in Macedonia, Gruevski said it had thus far attracted a solid number of investors, such as Johnson Controls, Johnson Metty, Kromberg & Schubert and many others.

  6. #656
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.923
    Medikamente bis zu 30% billiger


    Лековите со поевтини цени


    МАКЕДОНИЈА | Прочитана: 22 пати

    Од 15 март лековите за срцеви болни, за болните од рак и други ќе бидат со пониски цени.







    Со стартот на пролетните алергии, лековите кои помагаат против болеста се најбарани во аптеките. Лекот против алергија аериус од 15 март ќе се намали. Освен овој лек од средината на месецов 202 лекови во аптеките ќе бидат со пониска цена.

    "Многу од лековите се намалени и до 30%, 60 проценти од лековите што се намалени се на товар на фондот“, изјави Илчо Захариев, директор на Биро за лекови.

    Министерот за здравство Тодоров најави дека со ваквата методологија на цените на лекови, состојбата многу се подобрила.

    „Со ова се намали сериозно заработката со лекови што претходно ја имаа“, објасни Никола Тодоров, министер за здравство.

    Пресметките покажале дека вкупната заштеда ќе изнесува еден милион и шесто илјади евра. Ова е трето намалување на лековите.



  7. #657
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.923
    Macedonian Government pays farmers 7.45m Euros in subsidies
    Thursday, 14 March 2013


    The Finance Ministry paid Thursday Denar 455,3 million (EUR 7,45 million) in subsidies for farmers.

    Funds will be transferred to 12,403 farmers for cattle and sheep breeding.

    "The Government continues to support agriculture as one of the main economic sectors through regular payment of subsidies", reads

  8. #658
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Statistiken zufolge ist der Export mazedonischer Äpfel in den letzten 5 Jahren um 104% gestiegen.

    Официјалните статистички податоци на Државниот завод за статистика и пресметките кои ги направи КАПИТАЛ покажуваат дека за пет години, од 2008 до 2012 година, вредноста на извозот на македонски јаболка пораснал за 104%. Освен падот на извозот на јаболка кој е забележан во 2009 година сите други години извозот расте. Во 2008 извозот на јаболка изнесувал 8,1 милиони евра, а во 2012 година 16,5 милиони евра.

    http://www.kapital.mk/mk/makedonija/...al_za_104.aspx

  9. #659
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Mega-Projekt: Steve Sharp hat vor ganze 500 Millionen Dollar in den Abbau von Gold in Ilovica zu investieren.

    Стив Шарп, Претседател и главен извршен директор на Еуромакс, во интервју за Фактор вели дека неговата компанија планира во изградбата на рудникот за бакар и злато во с. Иловица вкупно да бидат инвестирани околу 500 милиони долари. Годинава ќе бидат вложени околу 5 милиони долари . Рудникот за бакар и злато треба да биде готов во 2017 година.

    Фактор: Изградбата на рудникот за бакар и злато би требало да заврши до 2017 година. На конкретно ќе работите годинава?

    Шарп: Нашиот фокус во 2013 година е дополнително да ги дефинираме опсегот на проектот и економската исплатливост, кои се веќе покажани во нашата Прелиминарна економска проценка за Иловица, која беше објавена во октомври минатата година. Би требало да ја опишеме Иловица преку пред-физибилити студија до средината на оваа година и да го надградиме ресурсот.

    Наскоро ќе ги објавиме резултатите од програмата за дупчење на компанијата за 2012 година и резултатите ќе бидат искористени за надградба на минералната суровина и потенцијални нови минерални резерви.

    Овие надградени минерални ресурси ќе бидат вклучени во пред-физибилити студијата за Иловица.

    Штом ќе ја завршиме пред-физибилити студија, ќе започнеме со подготовка на Финалната физибилити студија и техничката документација потребна за добивање дозвола за градба. Ова ќе бара 18 месеци инженеринг, истражување и дизајн, понатамошно дупчење, оценка на аспекти за животната средина преку целосни сезонски варијации и детални извештаи.

    Фактор: Како ќе се реализира инвестицијата до 2017 година?

    Шарп: Цениме дека за споменатите студии се потребни околу 30 милиони долари. Почнувајќи од 2015 – 2017 година, ќе потрошиме речиси 500 милиони долари за градење на рудникот.

    За повеќе на http://faktor.mk/archives/38023?utm_...6#.UUrdczfpzNU


    - - - Aktualisiert - - -

    Mazedonischen Rotwein und Weißwein gibt es jetzt auch in Washington zu kaufen.

    Четири видови македонско вино се продаваат во продавницата Мекартур на семејството Басин во Вашингтон, која е една од најстарите од ваков тип во градот. Тука се купува вино од 1957-ма, а меѓу муштериите, низ годините -претседатели, боксерски шампиони и други познати лица

    Како што пренесува Гласот на Америја на Македонски јазик, во продавницата Мекартур се продаваат 5.000 видови на вино од 30-тина држави. Годишниот обрт на оваа продавница е 12 милиони долари.

    Четириесет и четиригодишниот Џон Фитер, снабдувач и консултант за вина, во бизнисот е повеќе 20 години. Македонското вино го открил лани, на дегустација во македонската амбасада во Вашингтон.

    - Грозјето е различно. Во вината се користи домашно македонско грозје од тоа поднебје и затоа вкусот е покомплексен од другите сорти. Вранецот е најбаран, поради неговата комплексност и длабочина на вкусот. Засега продавницата нуди само четири вина од Македонија, затоа што толкав број и се достапни, вели Фитер.

    Покрај Вранецот, додава, муштериите може да купат и Жилавка, Кратошија и Ркацители.

    Најефтиното вино во продавницата чини неколку долари, но за оние со префинет вкус и ултра-длабок џеб, има и такво што се продава по 14.700 долари по шише. Најскапото вино во оваа продавница доаѓа од јужна Франција.

    За конкурентноста на македонското вино, Фитер вели дека може да се натпреварува со некои вина од Чиле, Аргентина, за цената по која се продаваат. - Тоа е битно. Кога има квалитетно вино по релативно ниска цена, но е малку различно по вкусот - тогаш оди лесно, додава тој.

    Како најголем проблем за македонското вино, во продавницата ја истакнуваат недоволната промоција на кватитетните црвени и бели вина кои Македонија ги нуди на овој пазар.

    За вината од другите земји од Балканот вели дека, исто како и македонските, се нови на пазарот, но се пробиваат до муштериите.

    Како еден од шестмината професионални дегустатори во продавницата, специјализирани за различни сорти на вина, Фитер го смета главниот град на САД за винска мека и , како што вели, Вашингтон е поинаков од другите делови на САД, бидејќи е софистициран и образован пазар на вино.

  10. #660

    Registriert seit
    13.02.2013
    Beiträge
    1.157
    Gibt es mazedonischen Wein auch in Europa zu kaufen?

Ähnliche Themen

  1. Antworten: 39
    Letzter Beitrag: 25.04.2016, 19:00
  2. Mazedonier in Albanien | Македонци во Албанија
    Von Čento im Forum Geschichte und Kultur
    Antworten: 344
    Letzter Beitrag: 26.08.2015, 18:50
  3. Šar Planina | Шар Планина | Bjeshkët e Sharrit
    Von Čento im Forum Landschaft, Tier- und Pflanzenwelt
    Antworten: 323
    Letzter Beitrag: 25.02.2013, 15:32
  4. Antworten: 19
    Letzter Beitrag: 31.10.2011, 18:49
  5. Antworten: 315
    Letzter Beitrag: 27.10.2011, 18:54