BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Erweiterte Suche
Kontakt
BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Benutzerliste

Willkommen bei BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen.
Seite 14 von 185 ErsteErste ... 41011121314151617182464114 ... LetzteLetzte
Ergebnis 131 bis 140 von 1841

Bauprojekte in Mazedonien

Erstellt von MaKeDoNiJa e VeCnA, 09.03.2010, 20:22 Uhr · 1.840 Antworten · 146.803 Aufrufe

  1. #131
    Avatar von Černozemski

    Registriert seit
    05.09.2009
    Beiträge
    10.269
    Комплексот „Александрија“ ќе се гради од 1 март

    Голем трговски центар со апартмански дел ќе почне да се гради во реонскиот дел на Карпош 3, кај спортската сала „Наум Наумовски - Борче“, позната како „Партизан“, од страната на булеварот Партизански одреди

    Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош, најави дека изградбата ќе почне на први март.

    - Комплексот „Александрија“ ќе го гради фирмата „Фешн груп“. Направени се сите геомеханички испитувања, а добиена е и дозвола за оградување на просторот. Работите ќе почнат на први март, а со градоначалникот Коце Трајановски веќе преговараме за да го преместиме каналот од страната на улицата Илинденска, односно спроти ресторанот „Имес“, за да го урбанизираме и тој дел - рече Јакимовски.




    ?????????? ?????????????? ?? ?? ????? ?? 1 ???? - ???? ??????????
    Das war ein älterer Beitrag, mitlerweile sieht es so aus.


















    И неколку аматерски панорами:









    So soll es dann aussehen.






    Поглед од кран 07.07.2011 - Photosynth

  2. #132
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.750
    Zitat Zitat von Makedonier91 Beitrag anzeigen



    Seht euch mal den Clip an, betreffend dem neuen kreisverkehr.



    TIME.mk - ???????? ?? ?????

  3. #133
    Avatar von Černozemski

    Registriert seit
    05.09.2009
    Beiträge
    10.269
    Zitat Zitat von Zoran Beitrag anzeigen
    Seht euch mal den Clip an, betreffend dem neuen kreisverkehr.



    TIME.mk - ???????? ?? ?????

  4. #134
    Avatar von VardarSkopje

    Registriert seit
    23.01.2011
    Beiträge
    5.064
    Zitat Zitat von Гуштер Beitrag anzeigen
    Naja, schau mal z.B die Delcev Statue in Strumica, ich finde sie äusserst Imposant, gefällt mir besser als die in Skopje.



    Die gefällt mir auch, wirklich Imposant, grob und kantig....finds aber schöner wenn man an einer Statue mehr Details erkennen kann.

  5. #135
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.750

    Daumen hoch

    Neues Fußballstadion in Valandovo eröffnet

    Во Валандово пуштен во употреба нов фудбалски терен
    02.10.2011 - 15:18 | Македонија
    Во Валандово денеска е пуштен во употреба нов спортски, фудбалски терен, дел од проектот „50 фудбалски игралишта“ на Владата и Агенцијата за млади и спорт.


    Игралиштето е со стандардни димензии. На него ќе може да се одржуваат тренинзи и натпревари, има соблекувална, тушеви и дренажен систем, осветлување, како и трибини за 500 гледачи.

    - Спортот има огромно влијание врз здравјето на секој поединец. Да се спортува значи да се гради натпреварувачки дух, но и доверба, социјални и комуникативни вештини, како и негување колегијалност, рече премиерот Никола Груевски пред ставањето во функција на игралиштето.

    Груевски напомена дека во минатото освен декларативни заложби за развој на спортот и физичката култура во Македонија, не беше направено ниту едно конкретно дело.

    - Денес сликата е многу поинаква. Оваа Влада во изминатите неколку години eнтузијастички и со цврста волја почна да ги менува ваквите состојби. Се градат фудбалски игралишта, спортски сали, тениски терени... низ цела Македонија. Сите овие проекти зборуваат за нашата подготвеност и посветеност да направиме нешто повеќе за младите, истакна премиерот.

    Според директорот на Агенцијата за млади и спорт Лазар Поповски, инвестициите во спортската инфраструктура не завршуваат со фудбалското игралиште. Валандово наскоро треба да очекува и отворање на тениски терени.

    Како што нагласи градоначалникот Никола Чурлиновски, со владините проекти се надмина проблемот младите луѓе да немаат соодветни услови за спортување.

    Премиерот Груевски кој претходно присуствуваше и на пуштањето на откупно-дистрибутивниот центар за овошје и зеленчук во Струмица, од Валандово замина за Нов Дојран каде ќе бидат ставени во функција две теренски игралишта.

    Tennisplätze in Neu Dojran eröffnet

    Clip -> TIME.mk - ???????? ?? ?????

    Во Нов Дојран пуштено во употреба двојно тениско игралиште
    02.10.2011 - 15:39 | Македонија
    Во Нов Дојран денеска е пуштено во употреба двојно тениско игралиште, дел од проектот на Владата и Агенцијата за млади и спорт „Изградба на 100 тениски терени“.


    Тениските терени ги имаат сите карактеристики потребни за одигрување меѓународни натпревари, осветлување, пристапни патеки, жичана ограда, целосна инфраструктурна приклученост и најсовремена подлога по сите стандарди на Светската тениска асоцијација.

    - Овие терени најсовремено опремени ќе внесат нов, позитивен момент во секојдневието на децата и младите од општина Дојран. Воедно ќе придонесат тие да се насочат во спортот и изградбата на здрав систем на вредности, натпреварувачки дух и желба за достигнување нови успеси во животот, рече премиерот Никола Груевски пред пуштањето во употреба на игралиштата.

    Тениските терени, додаде, дополнително ќе придонесат за афирмација на Дојран како туристичко-спортска дестинација.

    - Дојран е значаен за македонскиот туризам. Владата ќе продолжи континуирано да го поддржува со инвестиции кои ќе го облагодарат просторот околу езерото, ќе овозможат услови за пријатен престој и рекреација и ќе го вратат стариот сјај што Дојран го заслужува, нагласи Груевски, најавувајќи многу скоро и изградба на пешачка патека со хортикултурно уредување, како и осветлување долж дојранското крајбрежје.

    Директорот на Агенцијата за млади и спорт Лазар Поповски најави дека во Дојран ќе биде пуштено во употреба и повеќенаменско спортско игралиште.

    Премиерот Никола Груевски претходно во Валандово го пушти во употреба новото фудбалско игралиште, а во Струмица присуствуваше на пуштањето во употреба на „Агрофруктус“, откупно-дистрибутивниот центар за овошје и зеленчук на „Агрокор“.

    Hallenbad wird in Kumanovo gebaut!

    Кумановчани ќе добијат модерен базен


    Во Куманово ќе се гради модерен базен од затворен тип, а како што е предвидено ќе биде лоциран во близина на спортската сала.
    Од денеска започнува да тече тендерската постапка и во законски предвидениот рок треба да се одбере изведувач на работите за изградба на базен од затворен тип во Куманово, како капитална инвестиција на општина.

    - Базенот ќе биде современ и ќе се простира на површина од 4000 метри квадратни спортски дел, додека комерцијалните содржини ќе бидат на површина од 1600 метри квадратни. Куманово ќе добие модерен објект, вели градоначалникот на општина Куманово,Зоран Дамјановски.

    Според првичната пресметка изградбата на базенот ќе чини милион и осумстотини илјади евра.

  6. #136
    Avatar von Černozemski

    Registriert seit
    05.09.2009
    Beiträge
    10.269

    Hotel Marriot Skopje



    На плоштадот Македонија почна изградбата на луксузниот хотел со пет ѕвездички „Мериот“.
    Просторот во зеленилото пред кафулето „Тренд“ веќе неколку дена е ограден, градилиштето е формирано, а теренот се копа. Хотелот „Мериот“ ќе го гради македонската компанија „Дивелоп груп“. Скопскиот објект на светскиот хотелски синџир ќе има 180 соби, 17 луксузни апартмани, градина на највисокиот кат и спа-центар. Изградбата ќе чини 38 милиони евра, а отворањето се очекува во 2013 година.




    Македонска верзија











  7. #137
    Avatar von Černozemski

    Registriert seit
    05.09.2009
    Beiträge
    10.269
    Катна гаража пред зградата на ССМ

    четврток, 01 септември 2011, 19:18



    Паркот пред зградата на Сојузот на Синдикати почна да се оградува. За неколку дена на оваа локација ќе почне да се гради нова катна гаража. Инвеститор е Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, а проектот ќе чини околу осум милиони евра.

    Објектот ќе собира 516 возила. Освен паркинг ќе има и 3500 метри квадратни деловен простор. Сите содржини ќе бидат на девет ката плус еден под земја.

    Директорот на претпријатието за станбен и деловен простор Цветко Грозданов вели дека сеуште чекаат дозвола за градба и се надеваат дека во наредната недела и или две ќе почнат да градат. Не е исклучено градбата да се најде во агендата на Владата за денот на Независноста.

    Ова е втора катна гаража која е под директна инвестиција на Акционерското друштво за стпанисување со станбен и деловен простор. За неколку месеци од таму најавија дека ќе започне изградба на уште една катна гаража кај спомен куќата на жртвите од „Холокаустот“.

    Бојан Стојановски

    ALFA TV -
    1.

    2.

    3.

    4.



    Градилиште


  8. #138
    Avatar von Černozemski

    Registriert seit
    05.09.2009
    Beiträge
    10.269
    1.

    2.

    3.

    4.




  9. #139
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.750
    Zitat Zitat von Makedonier91 Beitrag anzeigen














    Das sieht ja wirklich schniecke aus! :claps:

  10. #140
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.750
    Flughafen Themenpark im Stadtteil Aerodrom


    Минимум 100 евра месечно за кафуле кај авионот во Аеродром



    Општината ќе ги изгради и ќе ги издава шанковите на кои ќе се продава храна и пијалак

    Најмалку 100 евра ќе чини месечен наем на еден од шанковите што ќе се постават во паркот со импровизиран аеродром на кејот во близина на мостот „Близнак“. Тоа, всушност, ќе биде почетна цена на лицитацијата што ќе ја организира Општина Аеродром за заинтересираните субјекти. Шанковите ќе работат на принцип на кафуле, а ќе можат да продаваат пијалаци и храна. Засега е планирано во паркот да има два шанка што ќе ги изгради Општината, а потоа и ќе ги издава. Оттаму објаснуваат дека станува збор за покриени шанкови со летна тераса и со санитарен јазол.

    „Предвидено е шанковите да бидат како кафулиња за посетителите. Ќе бидат монтажни со тврда градба, ќе имаат фасадни ѕидови и ќе бидат опремени со тоалети. Шанковите ќе се користат за послужување пијалаци и ладни закуски. Се очекува да профункционираат штом ќе завршат градежните активности и откако ќе заврши процедурата со лицитацијата“, објаснуваат од Општината, без да прецизираат кога се очекува наддавањето и изградбата на шанковите.

    Паркот на терен интензивно се гради. Веќе е поставена авионската школка, а се работи и на импровизираната писта. Според проектот, предвидено е во паркот, освен симболичниот миниаеродром и шанковите, да се постават и клупи и канделабри и целиот простор да се разубави со зеленило кое ќе се одржува со автоматски систем за наводнување. Пристап до паркот ќе се обезбеди преку шест влеза, два странични од булеварот „АСНОМ“, а останатите од велосипедската патека на кејот. За посетителите на ова несекојдневно катче ќе биде изградено и паркиралиште. Се очекува паркот да биде отворен до крајот на месецов.

Ähnliche Themen

  1. Griechische Bauprojekte
    Von El Greco im Forum Bauprojekte
    Antworten: 672
    Letzter Beitrag: 08.11.2017, 15:11
  2. Skopje - Bauprojekte
    Von mk1krv1 im Forum Bauprojekte
    Antworten: 640
    Letzter Beitrag: 16.02.2016, 19:53
  3. Zenica Bauprojekte
    Von bosmix im Forum Bauprojekte
    Antworten: 53
    Letzter Beitrag: 26.09.2009, 00:22
  4. Sarajevo Bauprojekte
    Von CoolinBan im Forum Bauprojekte
    Antworten: 55
    Letzter Beitrag: 28.09.2008, 23:45