BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Erweiterte Suche
Kontakt
BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Benutzerliste

Willkommen bei BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen.
Seite 4 von 185 ErsteErste 123456781454104 ... LetzteLetzte
Ergebnis 31 bis 40 von 1841

Bauprojekte in Mazedonien

Erstellt von MaKeDoNiJa e VeCnA, 09.03.2010, 20:22 Uhr · 1.840 Antworten · 146.723 Aufrufe

  1. #31

    Registriert seit
    28.09.2009
    Beiträge
    1.955
    ЗАВРШЕН ПРВИОТ ОД КАПИТАЛНИТЕ ПРОЕКТИ НА ВЛАДАТА

    Готова Спомен-куќата на Тоше Проески!


    Објектот ќе биде отворен за посетителите откако семејството на ѕвездата ќе ги внесе неговите лични предмети


    Спомен-куќата на Тоше Проески во Крушево е готова. Во пресрет на 30-тиот роденден на Проески сите градежни работи се комплетно завршени. Од Министерството за култура информираат дека Спомен-домот ќе биде отворен за посетителите откако семејството на Тоше Проески ќе ги внесе неговите лични предмети кои се дел од автентичната збирка на експонати.

    "Спомен-куќата ќе претставува материјализација на целиот животен пат на Тоше Проески и низ своите содржини ќе обезбеди хронолошки приказ на неговото детство, на тинејџерските години, на периодот кога Тоше го достигна врвот во својата уметничка кариера. Поставката на Спомен-куќата ќе биде збогатена со автентични експонати кои се сопственост на семејството Проески", велат од Министерството за култура.

    Вчера Фондацијата Тоше Проески и семејството Проески изразија јавна благодарност до Владата на Македонија и Министерството за култура за завршување на изградбата на објектот во Крушево.

    "Сигурни сме дека Спомен-куќата ќе биде место на неговата вечност, место кое ќе го чува неговиот дух и ќе ни прикажува кој беше Тоше, на која гитара свиреше, какво беше неговото музичко студио во кое компонираше, кој беше неговиот омилен автомобил, што на себе носеше, во што веруваше и пред што се молеше", велат од Фондацијата.

    Тие потенцираат дека во Спомен-куќата ќе се постави голема збирка од лични предмети која ќе ги запознае обожавателите на Тоше Проески со целокупниот негов уметнички и животен пат. Отворањето на објектот ќе биде проследеноо со голем музички настан.

    Спомен-домот на Тоше е прв од капиталните проекти кои ќе бидат промовирани во 2011 година. Втор проект што ќе биде завршен годинава е Музејскиот комплекс на македонската борба за државност и самостојност. Планирано е да биде комплетно готов во втората половина на 2011. Во новиот Стар театар во Скопје ќе може да влеземе на почетокот од 2012 година.

    Водата потсетува на чистината и животот на Тоше
    Архитектонската замисла е објектот да ја изразува личноста и делата на Тоше. Спомен-домот има форма на крст - симбол за неговата искрена вера во Бога. Бетонот е симбол на неговиот лик и дело, стаклото ќе опоменува на човечковата минливост и ранливост, а водата, што е дел од пејсажот, потсетува на чистината и животот со кои зрачеше Тоше.


    Hier noch eine weitere Quelle mit Clip

  2. #32

    Registriert seit
    28.09.2009
    Beiträge
    1.955
    Der Stadtteil "Aerodrom" wird entlang des Vardar einen neuen großen Freizeitpark errichten.

    Der Park soll an den alten Flughafen erinnern und wird auch eine Landepiste und ein Flugzeuck"wrack" bekommen.


    Во Аеродром се гради нов парк со импровизирана писта и авион

    Изградба на огромен забавен парк во облик на аеродромска писта на која ќе има и школка од авион, вчера најави градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски. Од Општината велат дека тендерот за изградба е во тек и ако наскоро се најде добра градежна понуда паркот најверојатно би бил готов на крајот од летово. „Аеродромот“ ќе се простира на 35 илјади квадратни метри.

    Од Општината најавуваат дека новиот голем зелен парк ќе го носи името на општината - „Аеродром“, а ќе се наоѓа крај кејот на реката Вардар во Ново Лисиче во близина на мостот „Близнак“.

    - Граѓаните ќе добијат ново зелено катче за одмор и за рекреација, а Аеродром уште еднаш ќе го потврди атрибутот дека е најзелена општина. Овој епитет општината го носи поради фактот што во неа има 28 квадратни метри блоковско зеленило на жител. За споредба, европскиот проектантски стандард е 8,5 квадратни метри на жител. Школката од авион ќе биде поставена во централниот дел на паркот на импровизирана осветлена писта во должина од стотина метри. Речиси сите знаат дека некогаш во овој реон постоел аеродром, а и општината денеска го носи токму тоа име, оттаму и идејата за изградба на ваков симболичен парк. Во паркот ќе има две детски игралишта со лулашки, тобогани, нишалки, плато и бина за одржување разни манифестации, маси и клупи во зеленилото, клупи за седење по патеките, пет чешми за пиење вода, голем број пешачки патеки, осветлување со канделабри низ целиот парк, канти за отпадоци и друга урбана опрема. Очекуваме дека новиот парк ќе донесе трикратен бенефит, изјави градоначалникот Коневски.

    Зеленилото во паркот ќе се наводнува со автоматски систем за наводнување, а кон паркот ќе се пристапува преку шест влеза, односно два од страната на булеварот АСНОМ, а четири од велосипедската патека на кејот, но ќе има и паркиралиште, објаснуваат од кабинетот на градоначалникот Коневски

    Локацијата на која ќе се гради паркот сега е запуштен простор, а граѓаните го користат како дива депонија. Градоначалникот Коневски вели дека дека општината ќе добие оригинално препознатливо место и симбол што ќе асоцира на Аеродром.

    Das jetzige Areal, bei Novo Lisice

  3. #33

    Registriert seit
    28.09.2009
    Beiträge
    1.955
    Agreements signed for construction of 12 small hydroelectric power plants

    Skopje, 28 January 2011 (MIA) - Five companies signed on Friday in the Ministry of Economy agreements for construction of 12 small hydroelectric power plants from the fourth public announcement for production of electricity from small hydroelectric stations.

    Agreements for water concessions for electricity production were signed with EMK Small Hydroelectric Stations for 4 locations, Italian-Macedonian Power Generation for four locations, EL-TE Engineering for 2 locations, Hydro-Eco Engineering for one location and Nord Energy for one location as well.

    "It is envisaged these hydroelectric power plants to have a total installing power of 13.6 megawatts (MW) and an annual production of 57 gigawatt hours (GWh) of electricity and to cost 23.5 million euros, Minister of Economy Fatmir Besimi said after signing the agreements.

    He noted that over 100 million denars would flow in the country's budget.

    "Together with the previously signed 35 agreements from the initial three public announcements, now there are 47 agreements for construction of small hydroelectric power plants with a total installing power of 34.5 MW and an annual production of 147 GWh," the Minister stated.

    In the next three years, he added, investments in amount of 62 million euros should be realised and 230 million denars to be injected in the budget.

    The Ministry of Economy will publish the fifth announcement for construction of small hydroelectric power plants by the end of February, which will offer new 40 locations with a total installing power of 30 MWh.

    Small hydroelectric power plants in 2009 produced 168 and 249 GWh of electricity in 2010. Production is expected to increase by 80% with the construction of new small hydroelectric plants.

  4. #34

    Registriert seit
    28.09.2009
    Beiträge
    1.955
    Gemeinde Butel bekommt ein neues Rathaus

    Општина Бутел ќе добие нова зграда


  5. #35

    Registriert seit
    28.09.2009
    Beiträge
    1.955
    EIB approves EUR 130 million loan for Corridor 10 highway section
    Skopje, 2 February 2011 (MIA) - The European Investment Bank (EIB) has approved a EUR 130 million loan to the Republic of Macedonia for construction Corridor 10 highway section Demir Kapija-Smokvica.

    The Finance Minister said in Wednesday's press release that the funds have been approved under favorable conditions, with a 1.3% interest rate, and a 15-year repayment period, including a 5-year grace period.

    The entire project is worth about EUR 245 million, funded by the EIB, EU's IPA funds (EUR 45 million), European Bank for Reconstruction and Development-EBRD (EUR 107 million) and the Macedonian Government (EUR 6 million).

    "Construction and development of the main pan-European corridors passing through our country is high on the Government's agenda", reads the press release.

  6. #36

    Registriert seit
    28.09.2009
    Beiträge
    1.955
    ENDLICH!


    Das lang ersehnte neue Eisstadion (neben der halle "Boris Trajkovski" )wird im März eröffnet!

    ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ЛИЗГАЛИШТЕТО ВО САЛАТА "БОРИС ТРАЈКОВСКИ"

    Од март скопјани ќе играат хокеј

    Во моментов се работи на подлогата, односно се поставува инсталацијата, а за неколку дена треба да стигне и опремата за хокеј арената, која е нарачана од Канада

    Спортскиот центар "Борис Трајковски" почна со градежни работи за монтажната хокеј арена, која ќе се наоѓа на дел од паркингот, веднаш до салата. Во моментов се работи на подлогата, односно се поставува инсталацијата, а за неколку дена треба да стигне и опремата за хокеј арената, која е нарачана од Канада. Игралиштето ќе биде долго 56 метри, а широко 26 метри. Ќе биде поставен вештачки мраз, што значи дека ќе може да се користи во текот на целата година.
    "Дел од елементите за лизгалиштето се на царински терминал, а вториот дел треба да стигне за десетина дена. Заедно со деловите за лизгалиштето, со машината за чистење на мразот, ќе стигне и комплетна хокеј опрема за клубовите и за децата што ќе играат и тренираат. Кон средината на месецов треба да стигнат и четворица тренери по хокеј од Русија и еден пар од Украина, кои ќе ни ги пренесат тајните на уметничко лизгање. Станува збор за врвни спортисти, кои во голема мера ќе придонесат да се афирмираат и што поголем број деца да се заинтересираат за овие два спорта", вели Ратко Капушевски, директор на спортскиот центар "Борис Трајковски".
    Од спортскиот центар "Борис Трајковски" најавуваат дека хокеј арената ќе почне со работа кон почетокот на март. Дотогаш сите оние што сакаат да почнат да учат уметничко лизгање или да играат хокеј, можат да се пријавуваат кај надлежните во салата. Ќе бидат формирани четири групи, односно еден тренер ќе работи со дечиња од 6 до 10 година, друг со деца од 10 до 14 години, третиот ќе биде задолжен за оние на возраст од 14 до 16 година, а четвртиот за тинејџерите, односно за оние на возраст над 16 години. Освен за тренинзи, хокеј арената еден ден во неделата ќе можат да ја користат и граѓаните што рекреативно сакаат да лизгаат или да играат хокеј.
    Изградбата на хокеј арена чини 340.000 евра. (А.А.)

  7. #37

    Registriert seit
    28.09.2009
    Beiträge
    1.955
    Kulturhaus wird in der Gemeinde Ilinden gebaut

    Почна изградбата на Дом на културата во општина Илинден
    05.02.2011 - 17:49 | Македонија
    Кино, тетарска сала, библиотека, информатички центар ќе бидат дел од новиот Дом на културата во општина Илинден.

    Објектот зафаќа површина од 900 метри квадратни, а неговата изградба чини 450 илјади евра, дел се обезбедени од општината а дел со помош од европската унија.

    Премиерот Груевски освен на камен темелникот на Домот на Културата, присуствуваше и на свеченото пуштање во употреба на 4 километарскиот локален пат кој поврзува 6 населени места од општина Илинден. Проектот чини околу 13 милиони денари.

    Со новиот асфалтиран пат жителите покрај подобрите услови и достапност ќе имаат можност и своите куќи да ги даваат под хипотека.

    Претходно ова не им беше дозволувано од банките поради лошата инфраструктура.

    Весна Ќуксановиќ




    In dem Clip könnt ihr nebenbei Lou und mich sehen, dass gilt vor allem für einen bestimmten Knallkopf

  8. #38

    Registriert seit
    28.09.2009
    Beiträge
    1.955
    Bitola Clinical Center to become regional hospital ...
    Friday, 04 February 2011

    The Bitola Clinical Center will soon become a regional hospital with top medical equipment, thus being able to compete with private clinics. A Euro 5.6 million state-of-the-art medical equipment has been provided by the Government and Health Ministry for the Bitola-based Clinical Center.

    Vice PM and Finance Minister Zoran Stavreski and Minister of Health Bujar Osmani visited Thursday the Bitola Clinical Center in order to promote the equipment, which includes surgical instruments, magnetic resonance tomography (MRT), instruments for laser dissolution of kidney stones, 4D ultrasound for gynecology and cardiology, operating rooms, respirators, incubators and anaesthetic machines.

    "The Government of Macedonia is implementing the project for procurement of medical equipment for all healthcare institutions in Macedonia in amount of over 70 million euros. As a result, the clinical hospital in Bitola was provided with an equipment worth 5.6 million euros," Vice PM Stavreski said, noting that such large-scale investments in the healthcare sector hadn't been seen in the past 15-20 years.

    The investment, he added, marked the start of reviving the public healthcare, which includes reconstruction of public health institutions and engaging new and additional personnel.

    "Government's goal is to improve healthcare services all over the country. Bitola is an important regional center, providing services to 100.000 citizens, which is why I expect the equipment to be put into use as soon as possible," said Stavreski.

  9. #39

    Registriert seit
    17.01.2009
    Beiträge
    3.047
    Neues Hotel in Plannung am Platz "Makedonija"
    Нов хотел и втора Градска куќа на Плоштад Македонија

    Министерството за транспорт и врски на јавно наддавање ќе продава градежно земјиште на Плоштадот Македонија во Скопје. Станува збор за вкупна површина од 6.308 метри квадратни во чив состав влегуваат две урбанистички парцели, од кои едната е целосно во државна сопственост, а другата делумно. Потенцијалниот купувач ќе се здобие со правото да изгради нов хотел на 4.400 метри квадратни, на празниот простор веднаш до најавениот хотел од ланецот Мериот (Marriott). Височината на објектот е ограничена на 29 метри до венец, а бруто развиената површина изнесува 39.600 метри квадратни. Хотелот мора да има најмалку четири ѕвездички и да биде управуван или под франшиза на ланец со минимум 250 хотели во светот. Исто така фасадното обликување задолжително треба да биде доминантно во стилот академизам.
    Истовремено купувачот би презел обврска да го обнови Офицерскиот дом, како дел од хотелскиот комплекс и второто ниво над приземјето без надоместок да и го отстапи на Република Македонија. Во тој простор се планира да функционира резиденцијален дел на Градската куќа како и матична служба и според условите во документацијата треба да ги има следните содржини: влезен хол во градската куќа, драгстор за култура, матичар со архива, матична служба, хол во матична служба и просторија за подготовка на млади, воздушен простор над свечена аула, голема сала за состаноци, три работни кабинети од кои едниот за градоначалникот на Град Скопје, сала за свечени приеми и простории неопходни за секојдневно функционирање на вработените. Офицерскиот дом треба да се обнови според идејното решение чив автор е професорот Коста Мангаровски, коешто инвеститорот треба да го доработи на ниво на идеен и основоен проект. Површината за градба е 2.395 метри квадратни, дозволената висина до венец изнесува 29 метри, а бруто развиената површина 19.160 метри квадратни. Инаку главниот објект „Градска Куќа“ ќе се гради под Кале, на просторот на сегашните бараки на ЈП „Водовод и канализација“. Таму треба да биде сместена бројната градска администрација.


    Со оглед дека едната парцела е само делумно во сопственост на Република Македонија, потенцијалниот инвеститор исто така би се обврзал да постигне договор за уредување на меѓусебните односи со останатите сопственици на градежното земјиште (514 метри квадратни). Изградбата на објектите треба да заврши најдоцна 6 години сметано од денот на добивање на дозвола за градење. Во спротивно ќе биде активирана казна во висина од 2% од купопродажната цена на предметното земјиште за секој изминат месец, но најмногу 2 години од истекот на рокот од 6 години, по што доколку и во тој период не бидат изградени објектите, договорот ќе се раскине и земјиштето ќе се врати во сопственост на државата. Рокот за доставување на пријавите за учество е 07.03.2011, а јавното наддавање ќе се оддржи на 11.03.2011. Почетната цена изнесува 6.000 денари за метар квадратен.
    build.mk »

  10. #40

    Registriert seit
    28.09.2009
    Beiträge
    1.955
    Umgehungsstrasse und Sozialwohnungen in Ohrid

    Груевски во Охрид пушти во употреба обиколница и зграда со социјални станови

    Премиерот Никола Груевски денеска свечено ја предаде во употреба обиколницата Железничка во Охрид. За булеварот, долг 2,5 километри, кој е од исклучително значење за растеретување на сообраќајот во градот Владата потроши 2,5 милиони евра.

    При денешната посета на Охрид премиерот официјално ја предаде во употреба и зградата со социјални станови.

    - Со задоволство денеска официјално ја пуштивме во употреба оваа зграда каде наскоро во неа ќе се вселат 71 семејство. Ние и натаму ќе продолжиме да инвестираме во овој проект. Веднаш до оваа зграда тука на педесетина метри ќе се градат уште две. Исто така за приматели на социјална помош, за млади брачни парови и слично, истакна Груевски.

    Груевски го посети и охридскиот аеродром „свети Апостол Павле“ и најави дека во предвидениот рок ќе бидат завршени градежните зафати на воздухопловното пристаниште, кое во иднина ќе работи и на промотивни пакет аранжмани за привлекување на туристи од странство.

    Попладнево во Охрид ќе се одржи и состанок на Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ.

    Соња Рилковска- дописник од Охрид

Ähnliche Themen

  1. Griechische Bauprojekte
    Von El Greco im Forum Bauprojekte
    Antworten: 672
    Letzter Beitrag: 08.11.2017, 15:11
  2. Skopje - Bauprojekte
    Von mk1krv1 im Forum Bauprojekte
    Antworten: 640
    Letzter Beitrag: 16.02.2016, 19:53
  3. Zenica Bauprojekte
    Von bosmix im Forum Bauprojekte
    Antworten: 53
    Letzter Beitrag: 26.09.2009, 00:22
  4. Sarajevo Bauprojekte
    Von CoolinBan im Forum Bauprojekte
    Antworten: 55
    Letzter Beitrag: 28.09.2008, 23:45