BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Erweiterte Suche
Kontakt
BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Benutzerliste

Willkommen bei BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen.
Seite 61 von 185 ErsteErste ... 115157585960616263646571111161 ... LetzteLetzte
Ergebnis 601 bis 610 von 1841

Bauprojekte in Mazedonien

Erstellt von MaKeDoNiJa e VeCnA, 09.03.2010, 20:22 Uhr · 1.840 Antworten · 146.771 Aufrufe

  1. #601
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    За РЕК Битола обезбеден јаглен за наредните три децении

    Премиерот Никола Груевски денеска го пушти во употреба главниот транспортен систем за јаглен во РЕК Битола, кој се протега од површинскиот коп Брод-Гнеотино до рудникот Суводол, во должина од 10 километри. Капацитетот на овој систем изнесува 3.800 тони јаглен на час, со брзина на движење на гумената лента од 4,8 метри во секунда, што ќе овозможи на годишно ниво да се пренесуваат 2 милиони тони јаглен до истоварното место во Суводол. Изградената траса е поделена на пет секции со идентичен број на погонски станици и комплетна инфраструктура од натпатници и испусти за одводнување. Со дополнителните количини јаглен ќе се исполни потребниот минимум за непречено производство на електрична енергија од страна на најзначајниот македонски енергетски објект.

    „Се комплетира системот за искористување на енергетското богатство на јагленокопот Брод-Гнеотино и рудникот Суводол со што ќе се обезбеди стабилна иднина, развојни перспективи и непречена работа на термоелектраната Битола во наредните 25 до 30 години“, истакна премиерот Груевски. Транспортниот систем би можел да претставува ефикасна врска за пренесување на јагленот што во иднина би се експлоатирал од новото наоѓалиште во Живојно, со што дополнително би се продолжил работниот век на РЕК Битола. Производството и монтажата на системот ја изврши германската компанија „ТисенКруп“ (ThyssenKrupp AG) со подизведувачот „Факопм“ и главниот проектант на трасата и потребната инфраструктура „Геинг“. Остварувањето на целокупниот проект доцнеше цела година, ако се земе во предвид тврдењето за време на потпишувањето на договорот дека тој ќе се реализира до мај 2011 година. Инвестицијата изнесува 18,6 милиони евра, од кои 16 милиони евра се обезбедени преку заем од германската „Дојче Банк“, додека Електрани на Македонија одвоија 2,6 милиони евра.

  2. #602
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Обезбедени се средства за реконструкција на пругата Куманово – Бељаковце

    Заокружена е финансиската конструкција за првата фаза од изградбата на железничкиот Коридор 8, која подразбира рехабилитација на делницата од Куманово до Бељаковце во должина од 31 километри. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска изјави дека се обезбедени 46,4 милиони евра преку заем од Европската банка за обнова и развој. Кредитното задолжување за овој проект веќе е во собраниска процедура и се очекува во текот на наредниот период да се најде пред пратениците. Рокот за отплата на кредот е 15 години со грејс период од четири години и каматна стапка што во моментов изнесува 1,7 отсто.

    Тендерот за реконструкција на оваа делница би се објавил во текот на септември, а градежните работи би започнале во првиот квартал од 2013 година. Најдоцна до 2017 година ќе биде оспособена за сообраќај железничката пруга до Бељаковце, на која е планирано да сообраќаат патнички возови пред комплетното завршување на преостанатите две фази од Коридорот 8. Планираната рехабилитација ќе опфати замена на шините и праговите од колосекот и санација на постоечките мостови. Куманово ќе добие втора железничка станица што е значително поблиску до центарот на градот и ќе овозможи ефикасно железничко поврзување со Скопје. На железничката траса од Куманово до Бељаковце се предвидени три станици и шест стојалишта. Проектот ќе ја оживее оваа делница, на која сообраќаа возови пред да започне изградбата на ветуваната пруга кон Бугарија. Потегот од Куманово до Бељаковце претставува најлесниот и најевтин сегмент од реализацијата на железничкиот Коридор 8.

  3. #603
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Се гради фабрика за автобуси во Бунарџик

    Денеска во „Технолошко – индустриската развојна зона Скопје 2“ кај Бунарџик започна изградба на фабрика за автобуси на белгиската компанија „Ван Хол“ (Van Hool). Се работи за инвестиција во висина од 20 милиони евра, која се очекува да отвори 400 до 500 нови работни места. Компанијата во зоната располага со земјиште со површина од 157.000 метри квадратни, а објектот ќе се протега на 36.900 метри квадратни, со годишен капацитет за производство на 400 автобуси. Производството ќе стартува во првиот квартал од 2013 година, при што првата нарачка од 400 автобуси за американскиот пазар е веќе обезбедена. Првите 50 автобуси од оваа нарачка треба да се извезат кон крајот на 2013 година.

    „Ван Хол“ е семејна компанија за производство на автобуси и индустриски возила основана 1947 година. Во моментов фабриката во Белгија вработува 4.000 лица, а годишното производство изнесува околу 1.200 автобуси и 4.000 други возила. Остварува годишен обрт од над 450 милиони евра.

  4. #604
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Во Маџир Маало ќе се вивнат станбени згради, булеварот Крушевска Република останува во игра

    Советот на општина Центар го донесе Деталниот урбанистички план за Маџир Маало со кој се предвидува старите куќи од последното неурбанизирано јадро во центарот на Скопје да се заменат со станбени згради, објекти за деловни намени, хотел и црква, при што и понатаму останува зацртана трасата на булеварот Крушевска Република. Во новиот ДУП доминираат објектите за колективно домување кои достигнуваат висина и до седум ката, а предвидена е изградба на црква на улицата 59. На крстосницата на булеварот Кузман Јосифовски – Питу е зацртано поставување на споменик со фонтана, но и хотел кој е лоциран веднаш до фонтаната.





    Во планот за иден развој на овој сегмент од центарот на Скопје е вцртан и булеварот Крушевска Република, кој го дели Маџир Маало на два дела и предизвикува континуирани негодувања од граѓаните чии имоти се лоцирани на сообраќајната траса зацртана уште во 60 – тите години од минатиот век. Најнов момент во целокупната недоумица со неизвесната судбина на овие градежни парцели и 50 -тина куќи се изнесените барања на Исламската верска заедница во текот на вчерашната стручна расправа за урбанистичкиот план за Град Скопје за овозможување изградба на џамија на трасата на овој булевар, на земјиште што е во нивна сопственост. Со Нацртот на ГУП за периодот 2012 – 2022 година и понатаму останува зацртана сегашната траса на булеварот Крушевска Република.

  5. #605
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Карпош реконструира училишта и градинки, планира нивна гасификација

    Во тек е темелна реконструкција на ООУ „Братство“ која чини над 55 милиони денари односно околу 900 илјади евра, а неодамна завршија тендерите и локалните власти од Општина Карпош наскоро ќе стартуваат со реконструкција и на преостанатите основни училишта предвидени со проектот: ООУ „Владо Тасевски“, ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“, ООУ „Аврам Писевски“ и ООУ „Вера Циривири – Трена“.





    Реконструкцијата на „Христијан Тодоровски Карпош“ ќе опфати смена на покривот, подот и прозорците, нова енергетски ефикасна фасада и обнова на тоалетите. Воедно ќе се менува комплетната инсталација за греење. Овој зафат чини над 20 милиони денари. Исто толку ќе чини и реконструкцијата на „Владо Тасевски“ каде ќе се заменат покривот, прозорците, фасадата и комплетното внатрешно уредување, како и начинот на затоплување. Со „ГАМА“ е договорено да се остави гасоводен приклучок и ова училиште да добие можност да се грее на гас, што ќе биде прв таков пример во Скопје.

    Реконструкцијата на ООУ „Аврам Писевски“ ќе опфати промена на покривот и на фасадата, за што тендерот е веќе завршен, а тендерот за реконструкција на ООУ „Вера Циривири – Трена“ како и тендерите за четирите градинки на територија на општината („Орце Николов“ во Карпош 3, „Пролет“ во Влае 1, „Пролет“ во Козле и „Расепана Младост“ во Карпош 1), во кои ќе се заменат покривите и делумно прозорците, ќе завршат утре.

    Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, се надева дека сите градежни зафати ќе завршат до 1-ви септември. Воедно Јакимовски најави дека ќе отворат и нови тендери за промена на начинот на загревање на училиштата, бидејќи сметките од АД „Топлификација“ се превисоки. Според зборовите на градоначалникот, онаму каде што локалните власти го замениле начинот на затоплување, веќе има заштеда во трошоците за ова намена од над 60 отсто. Затоа онаму каде што може ќе се преориентираат на греење на гас, а онаму каде не може, ќе се користи нафта.



  6. #606
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    На гасоводот во Струмица се гради декомпресиска станица, првите приклучоци за граѓаните во август

    Претпријатието „Струмица гас“ деновиве ги започна работите за инсталирање на регулаторна станица, која претставува клучен објект што ќе го декомпресира природниот гас кој од Бугарија со цистерни ќе се транспортира до градот. Објектот ќе се простира на површина од 5.000 метри квадратни на левата страна на излезот од Струмица кон Валандово, се напоменува во соопштението објавено на интернет – порталот на општина Струмица. Капацитетот на постројката ќе изнесува 2.500 метри кубни на час и ќе има задача гасот под притисок од 200 бари да го декомпресира на потребните 4 бари за секундарната гасоводна мрежа. Со зафатот е предвидено и партерно уредување на околината.

    Од август ќе започне приклучувањето на домаќинствата на гасоводот, при што целокупниот процес ќе се одвива во етапи, паралелно со изведбата на секундарната гасоводна мрежа, чија должина ќе изнесува 7 километри и ќе се реализира во наредните 12 месеци. Локалната самоуправа во Струмица одвои стимулации во износ 1 милион денари за првите 115 домаќинства, кои по принципот „прв дојден, прв услужен“ ќе добијат попуст од 20 отсто на цената за приклучок или 140 евра. Во првата фаза од остварувањето на овој проект е изградена примарна гасоводна мрежа во должина од 12,15 километри, а целокупната финансиска конструкција која ќе го доведе гасот до струмичките домаќинства, индустриските објекти и јавните установи изнесува 230 милиони денари или околу 3,7 милиони евра, обезбедени од буџетот на општина Струмица.

  7. #607
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Има ли надеж за проектот Сончев град?

    По минатогодишното повлекување на израелската компанија ИБЦ (IBC, Industrial Building Corporation), повторно стигнуваат ветувања за реализација на проектот Сончев град. Заинтересираност за изградба на елитната населба на јужната страна на планината Водно, во општина Сопиште [»мапа], најави македонскиот инвеститор Стојан Дуковски, сопственик на компанијата „Клуч на рака“. Тој во изјава за денешното издание на весникот „Нова Македонија“ напоменува дека финансиските средства за подигање на комплексот ќе се обезбедат од американски банки и инвеститори. Во написот на весникот се истакнува дека изградбата на мега – проектот би требало да започне во декември годинава. Од локалната самоуправа во Сопиште сеуште го немаат изготвено новиот детален урбанистички план, иако истиот го најавија уште пред 2 години.

    Дамнешната идеја за населбата Сончев град почна посериозно да се разгледува во средината на минатата деценија. Најпрвин во времето на владата на Владо Бучковски интерес пројави германска компанија, а во 2007 година во конкуренција на домашната компанија „Гранит“, градежното земјиште со површина од 64 хектари го доби израелската ИБЦ. Израелците најавуваа инвестиција од 100 милиони евра во изградба на елитната населба со 11 згради и 603 куќи. Сепак низа проблеми меѓу кои и самиот урбанистички план кој не соодветствуваше на вистинската состојба на терен, најпрвин ја одолговлекоа реализацијата, а потоа на барање на ИБЦ во јуни 2010 година Уставниот суд ја укина одлуката со која беше донесен урбанистичкиот план. Потоа следуваше спогодбено раскинување на договорот помеѓу Владата и Израелците.

  8. #608
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Со санација на доводите, мавровските хидроелектрани ќе го зголемат производството на електрична енергија

    Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) склучи два договори за ревитализација и модернизација на доводот „Горна Радика“ и за санација на доводот „Шарски води“, со што ќе се создаде можност за дополнително производство на 18 GWh електрична енергија од мавровските хидроелектрани Вруток, Равен и Врбен. Со претстојната реконструкција на доводот „Горна Радика“ ќе се зголеми неговиот капацитет за 4 кубни метри во секунда и ќе се овозможи зафаќање на преливните води и балансирање на водниот капацитет на зафатите Штировица и Црн Камен, се нагласува во соопштението од оваа државна компанија. Со зафатот ќе се подобри безбедноста на каналот, ќе се минимизира ризикот од евентуално лизгање на земјиштето и ќе се намалат трошоците за редовните ремонтни активности.





    Со санацијата на 64 – километри долгиот довод „Шарски води“ ќе се прекинат загубите на вода по целата негова должина и ќе се елиминира потенцијалната опасност од лизгање на земјиштето. По завршувањето на градежните активности, каналот ќе биде оспособен за експлоатација во наредните пет децении. Инвестицијата во санација на двата довода изнесува 3,9 милиони евра, а како изведувач на работите на терен ќе биде компанијата „Бетон“ од Скопје. Финансиските средства за спроведување на зафатот ги обезбеди ЕЛЕМ.

  9. #609
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Започнува реализацијата на втората и третата фаза од хидросистемот „Злетовица“

    Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го потпиша договорот за изработка на техничка документација за втората и третата фаза од хидросистемот „Злетовица“. Конзорциумот предводен од шведската компанија „Свеко“ (Sweco) ќе изработи физибилити студија за планираните објекти и цевководна мрежа за наводнување на 4.000 хектари земјоделско земјиште и за изградба на 7 до 8 хидроелектрани кои би произведувале 56,4 гигават часови електрична енергија на годишно ниво. Финансиските средства во износ од 1 милион евра за реализација на консултантските услуги се обезбедени преку европските фондови.

    По комплетирањето на техничката документација, се очекува во март или во април 2013 година да се распише тендер за изградба на системот за наводнување и за хидроелектраните. Доколку активностите се одвиваат според зацртаниот план, во втората половина од наредната година би требало да започнат градежните работи на терен. Првата фаза од повеќенаменскиот систем „Злетовица“ е речиси целосно завршена со изградбата на камено – насипната брана „Кнежево“ и цевководите за водоснабдување до градските и селските средини, при што останува да се реализираат ветувањата за изведба на пречистителни станици во шест општини од источна Македонија.


  10. #610
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Прилепскиот градоначалник најавува нова населба за 13.000 жители

    Локалната самоуправа од Прилеп вчера го презентираше планот за подигнување на новата населба „Градина“, во која е планирано на површина од 42 хектари да се изградат станбени згради и куќи за 13.000 жители. Согласно со усвоениот Детален урбанистички план, на локалитетот се предвидени 424 градежни парцели кои општината ќе ги понуди на електронско јавно наддавање во претстојниот период. Покрај објектите за домување, планирана е изградба на деловни објекти, големи трговски и угостителски единици, образовни институции, објекти за спорт и рекреација, а исто така најавено е воведување на централно греење и енергетски ефикасно осветлување.

    Заинтересираните инвеститори при реализацијата на градбите ќе треба да ги задоволат европските критериуми за енергетска ефикасност, како што е употребата на сончева енергија, имплементирање на топлинска изолација во објектите и обезбедување на технолошка вода. За подигање станбени куќи и станбени куќи со посебен режим се предвидени 368 градежни парцели, додека за колективно домување е планирано да се понудат 24 парцели. На седум локации е зацртано да се изградат супермаркети, трговски центри и затворени пазари, а идентичен број површини се предвидени за инвестирање во објекти за мали комерцијални и деловни намени.

    Во новата населба „Градина“ ќе се смести едно училиште за потребите на граѓаните и по два големи угостителски објекти и спортско – рекреативни сали. Локалните власти од Прилеп допрва ќе вложат финансиски средства во изградба на потребната инфраструктура за отпочнување на најавениот проект. Промовираниот комплекс се наоѓа на 1,5 километри оддалеченост од центарот на Прилеп, на местото на поранешните оранжерии.






Ähnliche Themen

  1. Griechische Bauprojekte
    Von El Greco im Forum Bauprojekte
    Antworten: 672
    Letzter Beitrag: 08.11.2017, 15:11
  2. Skopje - Bauprojekte
    Von mk1krv1 im Forum Bauprojekte
    Antworten: 640
    Letzter Beitrag: 16.02.2016, 19:53
  3. Zenica Bauprojekte
    Von bosmix im Forum Bauprojekte
    Antworten: 53
    Letzter Beitrag: 26.09.2009, 00:22
  4. Sarajevo Bauprojekte
    Von CoolinBan im Forum Bauprojekte
    Antworten: 55
    Letzter Beitrag: 28.09.2008, 23:45