BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Erweiterte Suche
Kontakt
BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Benutzerliste

Willkommen bei BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen.
Seite 73 von 185 ErsteErste ... 236369707172737475767783123173 ... LetzteLetzte
Ergebnis 721 bis 730 von 1841

Bauprojekte in Mazedonien

Erstellt von MaKeDoNiJa e VeCnA, 09.03.2010, 20:22 Uhr · 1.840 Antworten · 146.795 Aufrufe

  1. #721

    Registriert seit
    03.09.2012
    Beiträge
    680
    Das sieht ja mal Hammergeil auus !!!

  2. #722
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.750
    Tetovo bekommt ein Modernes Einkaufszentrum: Palma Mall


    ФОТО: Како ќе изгледа најголемиот трговски центар во Западна Македонија?

    Среда, 31 Октомври 2012 14:46





    Најголемиот трговски центар во Западна Македонија ќе биде лоциран во Тетово.


    Модерно, просторно и со понуда за сечиј вкус. Вака ќе изгледа тетовскиот „Палма мол“.

    Се простира на површина од 32.000 метри квадратни, на 4 нивоа со подземен паркинг од 250 места со вентилирачки систем и 24 часовен мониторниг со камери и редари. Со постоечките 250 паркинг места од отворен тип, вкупниот капацитет за паркинг на Палма Мол е 500 места и истиот ќе биде бесплатен.

    Центарот ќе има околу 80 продавници со најразлични содржини како кафетерии, ресторани, содржини за деца и возрасни, реномирани светски брендови за облека, па се до Рамстор маркет, продавница за роба за широка потрошувачка и слично.
    Отворањето е најавено за следната година.













  3. #723
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    es werden 100 sportplätze in Mazedonien gebaut

    Нов тендер за изградба на 100 спортски игралишта

    Владиното ветување за изградба на 100 повеќенаменски терени за спорт на целата територија на Македонија ќе започне да се реализа на почетокот од 2013 година. Агенцијата за млади и спорт денеска го распиша тендерот за избор на градежна компанија која ќе ги гради спортските игралишта низ општините во земјава. Тие ќе бидат опремени со современи спортски реквизити, заградени и осветлени за спортување во ноќните часови, при што на љубителите на спортот на располагање ќе им биде ставена опрема за фудбал, кошарка, ракомет и други спортови. Компанијата што ќе понуди најповолни услови ќе треба да ги изведе сите спортски терени во период 36 месеци од склучувањето на договорот. Јавното отворање на доставените понуди ќе се одржи на 18 декември 2012 година.

    Крајната вредност на инвестицијата во спортските објекти ќе се знае по отворањето на понудите, но ако се земе во предвид претходниот договор со хрватската компанија „Конструктор“, тогаш таа би требало да изнесува околу 10 милиони евра. Агенцијата за млади и спорт пред повеќе од три месеци го раскина договорот со фирмата од Сплит поради непридржување до планот за изведување на градежните активности. Во програмата за работа на Владата е наведено дека повеќенаменските терени за спорт треба да се изградат најдоцна до 2014 година.



  4. #724
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Geze wird eine Presentation in Mazedonien halten

    GEZE ќе одржи презентација во Македонија

    Утре и задутре (5-ти и 6-ти ноември) германската компанија „GEZE GmbH“ во Македонија ќе ги претстави најновите иновации и производи на полето на автоматски врати, системи за одведување на чад и топлина, безбедносна технологија и рачни лизгачки врати. Заинтересираните воедно ќе имаат можност да се консултираат со претставници на „GEZE“ во врска со сите системи и решенија кои ги нуди компанијата, а настанот ќе биде збогатен и со присуството на примерочниот камион „GEZE ShowTruck“. Презентацијата ќе се одвива помеѓу 11 и 15 часот, во просториите на фирмата „Темпо МК“ во индустриската зона Визбегово кај Скопје.



  5. #725

    Registriert seit
    03.09.2012
    Beiträge
    680
    Die Universität "Goce Delcev " baut ein Studentenheim in Stip




    Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе гради нов студентски дом во Штип


    Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип ја започна постапката за изградба на нов студентски дом со кој ќе се задоволат потребите за сместување на лицата кои се стекнуваат со високо образование во овој град. Во моментов се реализира првата фаза од проектот со која се предвидува изготвување на идеен проект за објектот, за што веќе е распишан јавен повик од страна на штипскиот универзитет. Според сегашните планови, студентскиот дом ќе се гради на површина од 12.231 метри квадратни на местото на поранешниот диспанзер во населбата „Сењак“. За идните академски граѓани ќе се подигнат од 12 до 14 куќи на два ката, секоја со површина од 200 метри квадратни. Објектите ќе се состојат од еднокреветни соби со заедничко купатило, со вкупен сместувачки капацитет за околу 500 студенти.

    Засега е непозната висината на инвестицијата во овој проект, бидејќи точната сума ќе се определи по изготвувањето на целокупната документација. Покрај сопствени финансиски средства на Универзитетот, се очекува во проектот финансиски да се вклучи и Министерството за образование и наука. Од Ректоратот напоменуваат дека најпрвин ќе се реализира студентскиот дом, а потоа ќе се изградат и пропратните содржини карактеристични за секој современ студентски град. Македонската влада во текот на 2011 година распиша јавен повик за доделување на договор за јавно – приватно партнерство за изградба и 35-годишно управување со планираниот студентски дом во Штип, но приватните компании не пројавија интерес за вложување во проектот.

  6. #726
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Prilep bekommt einen neuen boulevard

    Прилеп ќе добие нов булевар со четири коловозни ленти

    Постоечката прилепска улица „Моша Пијаде“ во иднина ќе прерасне во модерен булевар со четири коловозни ленти. На источниот влез во градот, кај бензинската станица на „Лукоил“, денеска започна реализацијата на овој инфраструктурен проект, кој истовремено предвидува изградба на пешачки и велосипедски патеки и осветлување долж целата траса.

    Проектот е поделен во две фази, при што за првата етапа во должина од 800 метри се обезбедени финансиски средства во висина од 30 милиони денари од кредитот за инфраструктурни зафати во македонските општини, доделен од страна на Светска банка. Најавено е овој дел од сообраќајницата да биде завршен во временски период од околу пет месеци. По комплетирањето на првата фаза, локалната самоуправа планира да го продолжи проширувањето на улицата во должина од уште околу 1.200 метри, до крстосницата кај некогашната фабрика „Солидарност“, за што ќе се искористат дополнителни средства од истиот заем. Со спроведување на претстојните градежни активности ќе се уреди влезот во градот од магистралниот пат од правецот на Градско и Кавадарци кон централното градско подрачје на Прилеп.

  7. #727

    Registriert seit
    03.09.2012
    Beiträge
    680
    Demir Kapia bekommt einen neuen Marktplatz

    Во Демир Капија почна реконструкцијата на улицата “Даме Груев” со изградба на мини плоштад на таа улица, проект поддржан од програмата “Форуми во заедницата”, соопшти денеска градоначалникот на Демир Капија Трајче Димитриев.



    - Мини плоштадот ќе биде на површина од 250 квадратни метри. Ќе содржи фонтана, мини игралиште и бина. Проектот вреди 5.257.290.00 денари обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка и општината Демир Капија-појасни градоначалникот.
    Димитриев потсети дека овој проект беше избран како приоритетен од граѓаните на демиркаписка општина после пет одржани форумски сесии.

    - - - Aktualisiert - - -

    In Kavadarci ensteht eine neue Industriezone


    радоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов денеска најави изградба на нова индустриска зона во градот.
    - Покрај оние три индустриски зони кои постојат, имаме потреба од нова индустриска зона. Затоа во годината што доаѓа ќе имаме урбанизирање на нова локација за индустриска зона. Таа ќе биде со помали парцели од кои секоја најмногу до 5.000 метри квадратни. Ќе се нудат поединечно и ќе можат да ги купат домашни и странски инвеститори, појасни Панов.
    Тој информира дека ќе предложи почетната цена на парцелите од новата индустриска зона да биде од нула денари, наместо едно евро по метар квадратен. Целта, според градоначалникот, е привлекување на дополнителни инвестиции во кавадаречко.
    - Ако сега почетната цена е едно евро, зошто да не биде нула, бидејќи со тоа сепак не губиме многу, а добиваме многу. Со доаѓањето на еден инвеститор имаме можност да наплатиме персонален данок, данок на имот и слично. А и понатаму останува политиката нула проценти пари за комуналии, истакна Панов.

    - - - Aktualisiert - - -

    Im "Ferit Murat" Krankenhaus in Gostivar wurde die Intensivstation renoviert..

    Со пригодна свеченост на која присуствуваа вицепремеирот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за здравство Никола Тодоров во гостиварската болница „Ферит Мурад“ беше предаден во употреба реконструираниот оддел за интензивна нега.



    Вицепремиерот Пешевски ја нагласи посветеноста на Владата да вложува во јавното здравство, а средствата за реконструкција на одделот, додаде, се обезбедени од Банката за развој при Советот на Европа и од Буџетот на Република Македонија.
    - За реконструкцијата, Владата издвои близу 19 милиони денари, што со претходните над 12 милиони претставува значително вложување во подобрувањето на здравствената инфрструктура во овој дел на Македонија. Корист ќе имаат не само граѓаните на Гостивар, туку и од останатите општини, рече вицепремиерот Пешевски.
    Директорот на болницата, Ферит Муча, напомена дека со вложените пари, во болницата беа целосно реконструирани и собите од машкиот оддел.
    - Со подновувањето, секоја соба има тоалет, извршена е замена на подовите, прозорците, вратите, а инсталирани се и електрични и термотехнички уреди, со што во голема мера е подигнат стандардот и условите за болничко лекување на пациентите. Со инвестицијата, целосно се обновени сите четири лифта во зградата кои претходно беа дисфункционални, рече Муча.
    Министерот за здравство Тодоров потсети на одлуката на Владата со која на Гостиварската општа болница и се доделни две болнички возила со современа медицинска опрема за реанимација и транспорт на пациенти.
    - Продолжуваме со давањето кавлитетни услуги во Гостиварскиот регион. Денешниот настан е надополнување на новите согласности за вработување на 12 лица и претходните набавки на опрема, со што фактички го заокружуваме инвестицискиот циклус во Гостивар, рече министерот Тодоров.

  8. #728

    Registriert seit
    03.09.2012
    Beiträge
    680
    Buaaaaah Shit Leute zieht euch das Rein Meine Heimatstadt Ohrid in einigen Jahren Neue Kultmetropole des Balkans !!!

    ''Saharian Macedonia'' heisst das Projekt welches vom Indischen Unternehmen ''Sahara India Parivar'' realisiert wird.
    Welche zu einem der Reichsten der Welt gehört, Subrata Roj!

    Ein Hotel auf dem Wasser, Casinos, Wohnobjekte,Freizeitparks,Golfanlage, Spa's etcc..!!

    Letzte Vereinbarungen und Besprechung zum Plan und Realisation findet in der nächsten Zeit statt!

    Ich sag dazu einfach nur HAMMER!!!!

    „Сахарајан Македонија“ е проектот што индиската компанија „Сахара Индија Паривар“ ќе го реализира во Македонија. Предлогот за инвестицијата е доставен до македонскиот премиер Никола Груевски и вицепремиерот Зоран Ставрески на 20-ти овој месец, пренесува МИА.


    - Ни претставува голема привилегија што по неколкумесечни подготовки ја составивме визијата на нашиот претседател Субрата Рој за локација од светска класа во градот Охрид и ќе ја претставиме на премиерот на Република Македонија и министрите од неговата Влада. Проектот е наречен ’Сахарајан Македонија’ и ќе се гради на 240 хектари во околината на Охридското Езеро и ќе содржи хотели од светска класа, казина, станбени и рекреативни објекти и терен за голф по меѓународни стандарди, стои во писемната изјава од Канцеларијата на Семанто Рој, извршен директор и шеф на одделот за меѓународен бизнис на „Сахара Индија Паривар“.
    Проектот за комплексот е на една од најјаките светски компании британската „Аткинс“, а предвидува изградба на туристички комплекс кој ќе содржи објекти за рекреација, одмор, терени за голф, спа центри, марина-хотели, објекти за забава, казино на вода...
    Проектот е со целосна еколошка студија.


  9. #729

    Registriert seit
    03.09.2012
    Beiträge
    680
    Das Skopische Unternehmen "Granit" rekonstruiert die Strassen in Strumica
    Патната инфраструктура во Струмица во текот на наредната година ќе ја обновува градежната компанија „Гранит“ од Скопје. Локалната самоуправа склучи договор за изведба и асфалтирање на улици и локални патишта во рамките на општината, за што на претпријатието ќе му бидат исплатени 43.079.900 денари или околу 700 илјади евра. На распишаниот тендер учествувале две компании, при што скопски „Гранит“ понудил пониска цена за изведување на планираните активности за санација на сообраќајниците во градот и во околните рурални средини во рамки на претстојните 12 месеци.

    Во насока на подобрување на постоечката инфраструктура и надминување на проблемите во транспортот, општина Струмица го започна и проектот за изградба на три кружни текови низ главните булевари и улици во градот. Веќе се одвиваат градежните работи на првиот кружен тек на досегашната крстосница на булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Младинска“ кај Анска река, а целокупните активности треба да завршат во претстојните неколку недели. Локалните власти напоменуваат дека следниот зафат за намалување на сообраќајниот метеж во градот планираат да го изведат на крстосницата на булеварот „Ленинова“ и улицата „24 октомври“ кај јавното комунално претпријатие.

    - - - Aktualisiert - - -

    Neues Shoppingcenter in Prilep wird gebaut
    Општина Прилеп денеска го претстави проектот за изградба на деловно – трговски објект во централното градско подрачје. Идното здание со приземје и два ката ќе има продавници, канцелариски простор и подземна гаража и ќе се гради на местото на сегашниот млечен пазар. Инвеститорот ќе се знае по продажбата на градежната парцела со големина од 1.617 метри квадратни, која во моментов е објавена на лицитација заедно со уште неколку локации. Трговскиот центар од затворен тип ќе се простира на површина од 1.443 метри квадратни, канцеларискиот простор е предвиден на површина од 658 метри квадратни, а потребата од паркинг простор ќе биде решена со изведба на подземен гаражен простор со капацитет од околу 100 возила и со површина од 1.296 метри квадратни.

    Инвеститорот ќе треба да го реализира објектот во согласност со веќе подготвената проектна документација. Пријавувањето на заинтересираните субјекти за купување на оваа локација ќе се врши најдоцна до 24 декември, додека електронското јавно наддавање ќе се одржи на 28 декември. Земјиштето е проценето на минимум 4 милиони денари, со почетна цена од 230 денари за метар квадратен.









    Hier noch ein Video dazu:


    - - - Aktualisiert - - -

    Der Rumänische Botschafter in der Republik Makedonien , Justinian Focsa besuchte heute Tetovo un traf sich mit dem Bürgermeister der Gemeinde Sadi Beceti..

    Hauptthemen sind Städtepartnerschaften mit Rumänien welche in Tetovo viele Möglichkeiten sehen in der Wirtschaft, im Tourismus & Bildung zu investieren sowohl tiefere Zusammenarbeit mit der Stadt Tetovo.



    Главни теми на кои се разговарало на средбата биле можностите за збратимување на Тетово со некој град во Романија, економијата, туризмот и образованието како можни полиња за подлабока соработка.- Поради богатото културно-историско наследство,присуството на двата универзитети и големиот економски потенцијал на Тетово, ќе инситираме и претставникот - град на Романија да ги има тие карактеристики. Очекувам дека до крајот на оваа година ќе го завршиме изборот по што треба да следуваат билатерални посети на локалните власти, рече амбасадорот Фокша.
    - Во соработка со романската амбасада, планирано е да се одржи бизнис форум на кој заинтересираните стопансттвеници од Романија ќе може да добијат поблисок увид во потенцијалите на Тетово и регионот за инвестирање, а исто така може да ги искористиме богатите романски искуства за прибирање средства од европските фондови, изјави градоначалникот Беџети.

    - - - Aktualisiert - - -

    Das Kindergarten " Veseli Cvetovi" in Delcevo wird renoviert

    Нови пристапни патеки и партерно и хортикултурно уредување на дворот ќе бидат изградени во детската градинка „Весели цветови“ во Делчево.



    Изведувач на работите е Јавното претпријатие за комунални дејности „Брегалница“, а потребните финансиски средства се обезбедени од буџетот на Општина Делчево и од РЕФ - Ромскиот едукативен фонд, во рамки на проектот „Добар почеток“.
    По завршените активности за енергетска ефикасност на објектот, екипи на ЈПКД „Брегалница“ вршат партерно и хортикултурно уредување на дворот, инсталираат нови хидранти и шахти, а паралелно со тоа ќе бидат поплочени пристапните патеки со 240 метрки квадратни бехатон плочки.
    Со оваа реконструкција на Детската градинка „Весели цветови“ многу се подобруваат условите за работа на персоналот, како и за одвивање на воспитно-образовниот процес и престој на децата.

    - - - Aktualisiert - - -

    Vevcani bekommt eine neue Schule

    Во струшкото село Вевчани во завршна фаза се активностите за изградба на новото основно училиште „Страшо Пинџур“. Директорот на училиштето Маријан Костојчиноски информира дека до крајот од годинава новата зграда ќе биде пуштена во употреба.


    - За да биде училиштето ставено во функција, ни преостанува уште еден дел каде што општината заедно со Министерството за образование и наука прават напори за решавање на проектот за партерното уредување, по што новоизградениот објект ќе биде ставен во употреба, изјави Костојчиноски.
    Објектот има вкупна корисна површина од 2.450 метри квадратни. Во подрумот се сместени простории за исхрана, работилници за општотехничко образование и други помошни простории. Во приземниот дел се кабинетите, училниците и аулата, а на катот се предвидени кабинети, библиотека, тераса, како и простории за фолклорната и ликовната секција.
    Во новата училишна зграда се инвестирани 61 милион денари. Проектирана е во амбиентален стил кој во целост се вклопува со околината и, според Костојчиноски, на учениците и наставниот кадар ќе им понуди најсовремени услови.
    Двесте и педесет основци од Вевчани во текот на изминатите шест години наставата ја следеа во просториите на општинската зграда. Старото училиште, со одлука на градежната инспекција и просветниот инспекторат во 2005 година беше ставено вон употреба зашто не постоеја нормални услови за одвивање на воспитно-образовниот процес.


  10. #730
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    die bauarbeiten für die autobahn richtung stip beginnen am anfang des jahres 2013

    Автопатот кон Штип ќе почне да се гради на почетокот од 2013 година, Коридорот 8 ќе почека

    Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во денешното интервју за интернет – порталот „економски.мк“ најавува изградба на автопатски делници за поврзување на главниот град со Охрид и со Штип, по пат на кредитно задолжување преку кинеската Експорт – импорт банка. Покрај веќе донесената одлука за изградба на автопатот Гостивар – Кичево по пат на концесија од страна на приватен инвеститор, министерот Јанакиески се надева дека со евентуалниот заем од кинеска страна би можело да се изградат делниците Кичево – Охрид, Охрид – Св. Наум, Миладиновци – Штип и Штип – Кочани. За првата половина од 2013 година е предвиден почеток на изведбата на автопатот Миладиновци – Штип, додека за делниците од патниот Коридор 8 и за автопатското поврзување со Косово тој не наведува конкретни временски рокови. „Очекуваме наскоро да ги комплетираме процедурите и во првиот квартал од 2013 година да започнат градежните активности на делницата Миладиновци – Штип, за која и веќе е изработена целокупната документација“, истакнува министерот Јанакиески.

    Изнесениот проект за развој на патната инфраструктура во моментов е на ниво на Меморандум за разбирање, потпишан помеѓу македонската влада и Експорт – импорт банката на Народна Република Кина. Паралелно со напорот за обезбедување на финансиски средства од страна на владата за овие делници, консултантската куќа ИФЦ веќе започна со изработката на концесискиот модел за автопатот Скопје – Гостивар – Кичево, со кој треба да се изнајде приватен партнер за изведба на автопатската делница од Гостивар до Кичево, но и одржување и наплата на патарините на веќе изградените две делници од Скопје до Гостивар. Временската рамка за спроведување на постапката за советување на македонската влада, изработка на моделот за концесија и реализација на изборот на најповолен понудувач е најдоцна до октомври 2014 година.





    - - - Aktualisiert - - -

    neue chance für das bauprojekt solar-stadt

    Нова шанса за проектот Сончев град

    Општина Сопиште објави оглас за продажба на неизградено градежно земјиште со површина од 83,56 хектари, на кое треба да никне елитната населба Сончев град. Во согласност со Урбанистичкиот план за селото Сопиште (разработка на блок 1 КО Сопиште), преку 60% од предвидените градби во комплексот треба да бидат наменети за домување, при што домувањето во индивидуални куќи учествува со 51%, уделот на станбените згради ќе треба да изнесува минимум 9%, додека групното домување е вкалкулирано со максимални 5%. Во идната населба ќе има три типа на живеалишта: луксузни куќи и вили со посебен режим на користење и заштита со минимална површина од 500 метри квадратни на секоја од парцелите за градба, индивидуално домување во различни видови на куќи – самостојни, двокуќи, куќи во низови и атриумски куќи, како и самостојни станбени згради и станбено – деловни зданија во блоковски низи.

    Во комплексот е предвидено да се изградат комерцијални и деловни објекти кои би ги задоволувале потребите на тамошното население, исто како и јавните институции кои се предвидени да учествуваат со максимум 15%. Во урбанистичкиот план за идната населба е зацртано да се реализираат уредени зелени појаси, објекти за спорт и рекреација и меморијални простори на минимум 20% од целокупната понудена површина. Вкупната почетна цена на земјиштето изнесува над 1,6 милиони евра или 120 денари за метар квадратен. Локалната самоуправа предвидува ригорозни критериуми за сите заинтересирани инвеститори. Секој субјект заедно со пријавата за учество на електронската лицитација треба да достави банкарска гаранција за сериозност на понудата во износ од 500.000 евра, со која треба да докаже дека ќе ја уплати крајната сума за земјиштето. По извршената уплата на средствата за земјиштето, најповолниот понудувач ќе треба да достави банкарска гаранција за изградба на целиот комплекс во висина од 500.000 евра.

    Општина Сопиште му овозможува на идниот инвеститор да ја изгради елитната населба во неколку фази, така што тој во почетната етапа е должен да реализира најмалку 10% од целокупната површина наменета за градење, со обврска објектите да претставуваат логична и оправдана архитектонска целина и остварувањето на првиот сегмент да не ја попречува натамошната изведба на останатите градби од комплексот. Купувачот на земјиштето се обврзува да обезбеди одобрение за градење во рок од 12 месеци од извршената солемнизација на договорот, додека првата етапа од луксузната населба треба да ја заврши во рок од шест години од денот на добивањето на градежната дозвола. Пријавите за учество на јавното наддавање треба да се достават најдоцна до 24 декември, а исходот на новата шанса за проектот Сончев град ќе се знае на 27 декември. Најавите за остварување на новата населба на јужните падини на Водно се стари повеќе од шест години, израелската компанија ИБЦ (IBC – Industrial Building Corporation) во 2007 година го купи земјиштето со тогашна површина од 64 хектари, но во текот на 2011 година инвеститорот се повлече од изградбата на ветеното.

Ähnliche Themen

  1. Griechische Bauprojekte
    Von El Greco im Forum Bauprojekte
    Antworten: 672
    Letzter Beitrag: 08.11.2017, 15:11
  2. Skopje - Bauprojekte
    Von mk1krv1 im Forum Bauprojekte
    Antworten: 640
    Letzter Beitrag: 16.02.2016, 19:53
  3. Zenica Bauprojekte
    Von bosmix im Forum Bauprojekte
    Antworten: 53
    Letzter Beitrag: 26.09.2009, 00:22
  4. Sarajevo Bauprojekte
    Von CoolinBan im Forum Bauprojekte
    Antworten: 55
    Letzter Beitrag: 28.09.2008, 23:45