BalkanForum - das Forum fr alle Balkanesen
Erweiterte Suche
Kontakt
BalkanForum - das Forum fr alle Balkanesen
Benutzerliste

Willkommen bei BalkanForum - das Forum fr alle Balkanesen.
Seite 86 von 185 ErsteErste ... 367682838485868788899096136 ... LetzteLetzte
Ergebnis 851 bis 860 von 1841

Bauprojekte in Mazedonien

Erstellt von MaKeDoNiJa e VeCnA, 09.03.2010, 20:22 Uhr 1.840 Antworten 146.791 Aufrufe

  1. #851
    Avatar von Černozemski

    Registriert seit
    05.09.2009
    Beitrge
    10.269
    Rekonstruktion des mazedonischen Parlaments, aktuelle Bilder.











  2. #852
    Avatar von Vali

    Registriert seit
    18.12.2012
    Beitrge
    6.167
    Schick schick

  3. #853
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beitrge
    3.307
    Das touristische Projekt "Makedonsko etno selo" soll bis zum Sommer fertig sein.

    „Македонско село“ готово на лето

    Министерството за економија веќе избра фирма од Тетово која за 121.500 евра ќе понуди идејно архитектонско ентериерно решение на комплексот кај Пантелејмон.

    Иако проeктот „Македонско село“ првично требаше да биде готов до октомври 2012 година, подоцна доби пролонгирање до пролетните месеци во 2013 година, за сега да добие ново одложување. Министерот за економија Валон Сарачини за Фактор обелоденува дека 17-те куќи, кои се очекува да бидат уникатно етнолошко, културолошко и туристичко претставување на Македонија за неколку месеци ќе бидат во функција.

    “Проектот ќе биде готов во јуни оваа година. Комплексот ќе има 17 објекти, од кои 12 куќи што ќе ја рефлектираат културата на сите региони во Македонија“, изјави Сарачини.

    Според проектот, куќите ќе бидат со стилски карактеристики од Беровско-малешевскиот крај, делчевскиот, кратовскиот, галичкиот, полошкиот, прилепскиот и скопскиот регион.

    Во рамките на комплексот е предвиден и Музеј во кој ќе биде изложено дел од етнолошкото наследство на Македонија, како и амфитеатар, традиционален ан, воденица, валалница, трло, штала и рибник, сите во стар традиционален стил. Во јавноста с уште не е познат моделот на стопанисување со овие објекти. Од Владата неодамна изјавија дека с уште размислуваат како ќе се стопанисува со меаната, работилниците, објектите. Дури и најавија дека најверојатно ќе дозволат на горните катови од куќите да се направат апартмани во кои туристите ќе можат да престојуваат, но с уште нема одлука под кои услови тоа ќе може да се прави.

    Избран е и ентериерот на „Македонско село“

    Министерството за економија веќе избра каков ќе биде ентериерот на куќите. За 121.500 евра Друштвото за проектирање градежништво трговија и услуги Структуре ДООЕЛ експорт импорт од Тетово веќе изработува основен и изведбен проект за идејното архитектонско ентериерно решение на комплексот „Македонско село”.

    Според информациите кои се достапни на Бирото за јавни набавки, Министерството за економија и Структуре ДООЕЛ се договориле со преговарање без објавување на оглас бидејќи истата фирма победи на Конкурсот за избор на архитектонско ентериерно решение за комплексот. Во конкуренција на уште четири други автори, ДПГТУ Структуре ДООЕЛ експорт импорт од Тетово победи на конкурсот за што од Министерството за економија доби награда од 400.000 денари (6.500 евра).

    „Македонско село“ се очекува да биде туристичка атракција не само за домашните, туку и за странските туристи. Основната идеја на проектот е да се претстави традиционалното македонско село, начинот на живот, културата, традиционалната архитектура, историјата на занаети, спецификите на објектите карактеристични за сите етнички заедници во Македонија. Комплексот почна да се гради во јуни 2011 година.

    http://faktor.mk/archives/29924

    Hier noch ein Mappe:



  4. #854
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beitrge
    3.307
    Prilep bekommt ein neues Einkaufszentrum

    ЌЕ СЕ ГРАДИ МОЛ КАЈ ЖЕЛЕЗНИЧКА


    Трговско деловен центар ќе никне на местото од стариот млин на крстосницита на улиците "Маршал Тито" и "Војводинска" кај железничката станица. Скопски бизнисмен постигнал согласност со неколку десетици наследници на старите сопственици на млинот да ја купи локацијата и да ја урне за да крени деловен центар.
    Локалните власти ја потврдија информацијата и соопштија дека плацот од околу 32 000 квадрати има маркичка за градба на објект од деловно трговски карактер. За скоро време ќе започне уривањето на руината и ќе се стават темели на импресивна архитектонска убавица.

    ЌЕ СЕ ГРАДИ МОЛ КАЈ ЖЕЛЕЗНИЧКА

  5. #855
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beitrge
    3.307
    Der Uhrturm in Prilep soll rekonstruiert werden.

    Се реконструира градскиот саат во Прилеп

    Реконструкцијата на Саат-кулата во Прилеп е во полн ек. Во тек е втората фаза од санацијата на навалувањето на саатот, препознатлив белег на градот



    Од Заводот и музеј велат дека е поставена бетонска плоча од сите четири страни, а моментно фирмата „Геинг“ работи на просторот околу влезната врата, со што ќе заврши надворешната санација, за потоа да се продолжи на внатрешноста.

    - Тешко ќе оди внатрешното копање, оти просторот е тесен и ќе се копа рачно. Но, според најавите, се очекува сите зафати да завршат за околу два месеца - вели Гордана Спироска Данилоска, директорка на музејот.

    Потоа, заради зачувување на автентичноста на Саат-кулата, повторно ќе биде изградена чешмата, а ќе се обнови и механизмот за отчукување. Министерството за култура за санирање на навалувањето на саатот оддели три милиони денари, додека општината два милиони.

    Откако ќе завршат градежните активности ќе почне партерното уредување околу саатот. Градоначалникот Марјан Ристески најавува дека ќе се врати стариот автентичен лик на просторот околу саатот.

    - Најголемиот симбол, постар само две години од лондонскиот часовник, ќе добие нов лик. Партерното решение е за цел простор. Ќе биде најубаво место во градот. Ќе ги смениме плочките, ќе поставиме лозници, стари фенери, ќе има убаво осветлување, за што ќе вложиме над сто илјади евра - вели Ристески.

    Саат-кулата е висока над 38 метри. Изградена е во 1858 година од познатиот мајстор Петре Лауцо. Во основа е шестоаголник, граден со масивни делкани камени блокови, а на врвот има крст.
    ?? ???????????? ????????? ???? ?? ?????? - ???? ??????????



    Prilep bekommt einen neuen Kreisverkehr.

    Прилеп ќе добие уште еден кружен тек – овој пат на мостот Табаана. Со ова сообраќајно решение ќе се реши хаосот во овој дел од градот, објаснуваат градските власти.



    Претходно, со кружен тек во кој е поставен споменикот Карпалак беше решен сообраќајниот хаос во центарот на градот, кај поранешниот Центар за печат радио и телевизија.

    Кружен тек се гради поштата и кај хотел Липа каде ќе се гради уште еден споменик за бранителите.

    Еве како ќе изгледа кружниот тек кај Табаана.

    š€ƒжен ‚ек во Табаана - YouTube

  6. #856
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beitrge
    3.307
    Bilder der Sv.Spas-Kirche in Demir Kapija






  7. #857
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beitrge
    3.307
    Das neue Theater in Veles soll bis September fertig sein.



    Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во рамки на посетата на новиот театар кој се гради во Велес, денеска најави дека објектот ќе биде готов до септември годинава.

    Таа заедно со својот тим, придружувани од изведувачите на работитите и надзорните органи, денеска направи увид во изведбата на работите на новата театарска зграда во Велес. Министерката заклучи дека динамиката на работите добро се движи и годинава, и најави дека ќе бидат свечено пуштени двата нови театри во Македонија, во Скопје, а потоа и во Велес.Театарот во Велес, посочи Канческа-Милевска, ќе биде готов во септември годинава, кога ќе се изврши примопредавањето на зградата на претставниците на театарот од Велес Јордан Хаџи Константинов-Џинот. Тие потоа ќе работат месец - два на новата премиера, по што до крајот на годинава со свечена премиера, новата театарска зграда во Велес свечено ќе биде пуштена во функција, најави министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.- Моментално сите фирми ангажирани на новата театарска зграда работат на усогласување на сценската техника. Ќе има една мала подвижна сцена со сто седишта и втора со 380 до 400 седишта, а за кои столчињата се веќе нарачани. Важно е што машинството во зградата е завршено со околу 95 отсто и сега се е сконцентрирано на изведба на работите во внатрешниот дел на зградата. Фасадата скоро се привршува. Исто така сега се договаравме за изгледот на мозаик на главниот влез на театарот под куполата. Мозаикот ќе биде со орнаментика извадена од Стоби, најави Канчевска Милевска.Таа изјави дека средствата за завршување на работите за новата театарска зграда се целосно обезбедени од Буџетот на Република Македонија, а за што посебно им се заблагодари на премиерот Никола Груевски, на министерот за финансии Зоран Ставревски и сите надлежни министерства и служби.Колку ќе чини новата театарска зграда во Велес, рече Канческа-Милевска, ќе се знае по целосното завршување на работите. Најави дека јавноста потоа ќе биде информирана за финансиската конструкција на новиот театар во Велес. - Велес заслужува да има еден ваков современ театар бидејќи театарската традиција е долга, а театарскиот ансамбл во Велес е еден од најуспешните во земјава. Оваа инвестиција ќе биде значајна не само за граѓаните на Велес, туку и за Македонија, потенцира министерката Канческа-Милевска.Директорот на велешкиот Народен театр, Јордан Витанов изјави дека не се знае со која претстава ќе ја отворат новата театарска зграда, но, посочи дека таа ќе биде со македонски текст, македонски автор и режисер. Тој најави дека во внатрешноста на театарот ќе бидат ставени фотографии на значајни личности кои работеле и соработувале во велешкиот театар и од бројните награди и признанија. Воедно на платото пред новата театрска зграда ќе биде поставен и споменик на патронатот на театарот, првиот театарски писател и драматург во Македонија, Јордан Хаџи Константинов-Џинот.

  8. #858
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beitrge
    3.307
    Die SV.Klimentov-Universitt wird Anfang nchsten Jahres fertig sein.

    Со забрзано темпо се работи на возобновувањето на Свети Климентовиот Универзитет на Плаошник во Охрид, до 2014 година од Завод и музеј очекуваат да се заврши со изградбата на дел од објектите.

    На просторот каде изминативе години се вршеа археолошки ископувања, ќе бидат сместени конзерваторска школа, музеј со археолошки наоди, библиотека со околу 100.000 наслови, галеријата со икони, Македонскиот институт за хуманистички науки, филијали на неколку светски универзитети, Теолошкиот факултет како и неколку други објекти.

    Бунташеска-Паскали вели дека пробиен е обиколниот пат до локалитетот Плаошник за да не дојде до нарушување на објектите во овој дел од градот.

    Од Завод и музеј најавија дека активностите од областа на културното наследство продолжуваат и оваа година со реставрација на куќата на Ајри Доко, локалитетот Манчевци ,конзервацијата на црквата „Св. Богородица Перивлепта“, и многу други.

    Плаошник готов за една година | Сител Телевизија

  9. #859
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beitrge
    3.307
    In Makedonien sollen 10 Kirchen restauriert werden.

    Десет цркви, споменици на културата во земјава годинава ќе имаат приоритет во заштитата на културното наследство. За сите ќе биде издвоен посебен буџет, но повеќето од нив ќе бидат финансирани и преку годишната програма на Министерството за култура.

    С уште не се дефинирани парите за конзервација и реставрација што треба да ги издвои Владата.

    Предвидена е целосна санација на спомениците и во внатрешноста и на надворешните архитектонски елементи.

    - Предложивме десет цркви кои се најзначајни и во моментот најзагрозени. Тие ќе бидат приоритетни. Ќе бидат санирани фрескоживописот, архитектурата, покривите, ѕидовите. Пред с ќе се прави заштита на живописите бидејќи се во посериозна состојба - вели Паско Kузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.

    Оваа институција ќе биде координатор на проектите што треба да ги спроведува Националниот конзерваторски центар и локалните Заводи за заштита на спомениците.

    Повеќе на http://dnevnik.mk/?ItemID=1EFCB063F2...D1CF395AA3851A

  10. #860
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beitrge
    3.307
    Probistip bekommt ein Museum fr Mineralien.

    Локалната самоуправа од Пробиштип денеска распиша оглас за избор на градежна компанија што ќе го реализира изложбениот павилјон во кој ќе бидат изложени ретки минерали ископани на рудните наоѓалишта во Македонија. Објектот ќе биде лоциран во центарот на Пробиштип и ќе се простира на површина од 150 метри квадратни. Планирано е во првиот музеј од ваков вид во земјава да се изложи богата минеролошка збирка од стотина експонати. Изградбата на музејската установа треба да заврши до август 2013 година, а во целиот проект е предвидено да се вложат околу 130.000 евра.





    Музејот на ретки минерали се реализира со финансиска поддршка од општина Пробиштип и компанијата „Индо минерали и метали“. Малата музејска зграда ќе биде во форма на кристал. Локалната власт очекува дека новата установа ќе придонесе за поттикнување на туристите во градот, кој е познат како прва рударска населба на Балканскиот полустров.



hnliche Themen

  1. Griechische Bauprojekte
    Von El Greco im Forum Bauprojekte
    Antworten: 672
    Letzter Beitrag: 08.11.2017, 15:11
  2. Skopje - Bauprojekte
    Von mk1krv1 im Forum Bauprojekte
    Antworten: 640
    Letzter Beitrag: 16.02.2016, 19:53
  3. Zenica Bauprojekte
    Von bosmix im Forum Bauprojekte
    Antworten: 53
    Letzter Beitrag: 26.09.2009, 00:22
  4. Sarajevo Bauprojekte
    Von CoolinBan im Forum Bauprojekte
    Antworten: 55
    Letzter Beitrag: 28.09.2008, 23:45