BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Erweiterte Suche
Kontakt
BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Benutzerliste

Willkommen bei BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen.
Seite 89 von 185 ErsteErste ... 397985868788899091929399139 ... LetzteLetzte
Ergebnis 881 bis 890 von 1841

Bauprojekte in Mazedonien

Erstellt von MaKeDoNiJa e VeCnA, 09.03.2010, 20:22 Uhr · 1.840 Antworten · 146.846 Aufrufe

  1. #881
    Avatar von Černozemski

    Registriert seit
    05.09.2009
    Beiträge
    10.269
    Ethno Dorf mit den verschiedenen Baustilen aus ganz Makedonien am Berg Vodno.


  2. #882
    Avatar von Černozemski

    Registriert seit
    05.09.2009
    Beiträge
    10.269
    ФОТО ВЕСТ: Се пробива автопатот Демир Капија – Смоквица

    Се интензивираат работите на изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица, последната делница од патниот коридор 10 низ земјава по која сè уште се вози по пат со две ленти. Со минирање и специјална механизација се пробива двоцевниот тунел во карпата на Демиркаписката клисура, а во тек се подготовки и за изведба на двете премостувања на Вардар кои ќе се надоврзуваат на тунелот од двете негови страни. Кај селото Клисура се подготвени пристапни патишта до тешко достапниот планински терен низ кој треба да поминува трасата во тој сектор, додека кон југ во близина на селата Миравци и Смоквица дел од автопатот е веќе трасиран. Паралелно со работите на изградбата на автопатот, поради минирањето за новиот тунел во моментов се одвиваат и градежни активности за заштита од одрони на карпи во старите тунели на магистралниот пат, кои се во непосредна близина.

    Реализацијата на оваа автопатска делница во должина од 28,2 километри започна пред осум месеци, а целиот проект треба да биде заокружен до септември 2016 година. Изведувач на градежните работи е грчката компанија „Актор“.
    Avtopat Demir Kapija - Smokvica.


















  3. #883
    Avatar von Гуштер

    Registriert seit
    07.06.2010
    Beiträge
    16.274
    Verdammte Hunde, und die M6 ist immernoch so wie vor 100 Jahren.

  4. #884
    Avatar von Černozemski

    Registriert seit
    05.09.2009
    Beiträge
    10.269

  5. #885
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.750
    Во кои региони во Македонија најмногу се гради?

    14/06/2013 // Пред 36 минути // ИНФРАСТРУКТУРА // Коментирај

    Градежните компании, минатата година во земјава изградиле 1.507 објекти вредни околу 300 милиони евра. Половината од оваа сума е за изградба на нови објекти во високоградбата, додека останата половина е за ниско-градбата и за реконструкција.
    Скопски регион
    Според податоците на Државниот завод за статистика, најмногу се градело во Скопскиот регион, каде сумата на извршени градежни работи е нешто повеќе од половината од вкупната сума на извршени градежни работи во целата држава и изнесува повеќе од 175 милиони евра. Од општините во скопскиот регион, според сумата на извршените градежни работи на прво место е Центар. Во оваа општина – вкупната вредност на извршените градежни работи изнесува околу 80 милиони евра, за 167 објекти. Следна е општина Аеродром, каде вкупната сума на извршени градежни работи изнесува повеќе од 33 милиони евра, за 74 објекти. Се градело и во општина Илинден, каде во 26-те објекти кои се граделе се вложени околу 25 милиони евра.
    Од скопските општини, најмалку се градело во Арачиново, Шуто Оризари и Студеничани, додека воопшто не се градело во Зелениково.
    Сепак атрактивни за градба биле и општините Кисела Вода, Ѓорче Петров, и Карпош – но со суми помали од 8 милиони евра.
    Вардарски регион
    Во Вардарскиот регион инвестирани се близу 18 милиони евра. Најмногу во Велесе, каде вкупната сума за извршени градежни активности е околу 8 милиони евра, вложени во 26 објекти. Околу 5 милиони евра се вложени во 127 објекти во Кавадарци, додека пак во Неготини се вложени 3 милиони евра во 36 објекти.
    Источен регион
    И во овој регион се вложени околу 18 милиони евра, сума која се однесува на извршени градежни активности за минатата година.
    На врвот на листата во оовј регион е Штип, каде во 49 објекти се вложени нешто повеќе од 12 милиони евра. Со сум околу еден милион евра, следни на листата се Делчево, Кочани и Пробиштип. Воопшто не се градело во Пехчево.
    Југозападен регион
    Во овој регион, вкупната сума на извршени градежни работи изнесува нешто повеќе од 13 милиони евра. Најмногу се градело во Охрид , каде вкупната вредност на 42 изградени објекти изнесува околу 9 милиони евра. Околу 1,7 милиони евра е вкупната сума што е вложена во 8 објекти во Дебар. Најмалку се градело во Другово, Македонски Брод и Вевчани. Воопшто не се градело во Вранешница.
    Југоисточен регион
    Минатата година во овој регион се изградени вкупно 168 објекти во кои се вложени близу 15 милиони евра. Најмногу се градело во Струмица. Таму во 52 објекти, вложени се близу 7 милиони евра. Следни на листата се Гевѓелија со 3 милиони евра, и Радовиш со околу 2 милиони евра. Најмалку се градело во Конче, Василево и Босилово.

  6. #886

    Registriert seit
    09.03.2006
    Beiträge
    3.132
    Alles Projekte im Osten und Shkup. Die Albaner sind schon Dummköpfe.

  7. #887
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.750
    Project agreement on railroad section Beljakovce-Kriva Palanka


    Wednesday, July 10, 2013 9:57 AM
    Skopje, 10 July 2013 (MIA) - Macedonian Railways-Infrastructure and company Obermeyer Hellas
    Ltd will sign Wednesday an agreement over the development of a project for railroad
    section Beljakovce-Kriva Palanka, part of Corridor 8.
    The European Bank for Reconstruction and Development (EBRD) has provided a EUR 2,5 million
    grant for the project documentation, which is to be completed bythe year-end.
    The third stage includes the section from Kriva Palanka to the border with Bulgaria.
    EBRD has provided EUR 46,4 million for the first section Kumanovo-Beljakovce, which is to be
    completed by 2017.
    Minister of Transport and Communications Mile Janakieski is scheduled to attend today's event.
    ik/9:53

  8. #888
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.750
    Simuliertes Erdbeben in Skopje-Novo Lisice


  9. #889

    Registriert seit
    09.03.2006
    Beiträge
    3.132
    Zitat Zitat von Zoran Beitrag anzeigen
    Project agreement on railroad section Beljakovce-Kriva Palanka
    Ost-Projekt

  10. #890
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.750
    An der bald neu gebauten Autobahn Skopje-Stip soll bei Sveti Nikole eine neue Kleinstadt auf einer Fläche von ca.400 ha entstehen.


    Нов град ќе никне на 20 минути од Скопје

    пред 39 минути






    Летна школа Охрид 2013

    Курсеви по фотографија, шминка, англиски јазик, англиска драма, креативно пишување, сликање, музика...






    Градоначалникот на Свети Николе, Зоран Тасев, за „Нова Македонија“ ексклузивно открива дека на рутата на новиот автопат Скопје – Штип, кој наскоро ќе почне да се гради, веќе има локација за нов модерен град на површина од 406 хектари. Во проектот во кој е вклучена и Владата се планира елитна населба на 600 метри надморска висина, во шума, која ќе биде на 20-минутна оддалеченост од Скопје и ќе биде магнет за многу скопјани да живеат во еколошка и чиста средина, пишува Нова Македонија.

    ПОКРАЈ МОДЕРНИОТ АВТОПАТ СКОПЈЕ – ШТИП ЌЕ СЕ ГРАДИ ЕЛИТНА ЕКОЛОШКА НАСЕЛБА
    Педесет години по катастрофалниот земјотрес, на Скопје, кое прерасна во мегалополис, му треба да здивне.
    Политиката на масовна миграција село – град ја пренатрупа со урбан простор и станбени згради метрополата, па современиот начин на спокоен живот на периферија, а сепак блиску до градот, сѐ повеќе се наметнува.
    Со најавата на новата модерна сообраќајница Скопје – Штип преку Свети Николе на комплетно нова траса, преку Миладиновци, може да се реализираат две дамнешни желби на урбанистите. Скопје да добие алтернативна „спална соба“, сателит-град, модерна урбана населба на дваесетина минути оддалечена од главниот град, која ќе нуди мирен семеен живот во уреден простор, а во исто време цела источна Македонија да се поврзе со главниот град.
    „Да, да, токму така, овој нов пат што ќе нѐ поврзе со метрополата, но кој ќе биде и најкуса и најбрза патна врска и на Скопје со источниот дел од Македонија, веќе 70 години го посакуваме и го чекаме да се реализира.
    В година се полнат седум децении од ослободувањето на Македонија од фашистичкиот окупатор во 1944-та и обновата и изградбата на државата потоа, од кога во желбите, надежите и соништата на луѓето од овие краишта е модерна сообраќајна комуникација со главниот град“. Ова се само некои од коментарите на луѓето во источните региони на државава по најновите информации конечно да се реализира толку посакуваната модерна патна сообраќајница што ќе ги поврзува Скопје и Штип, преку Миладиновци и Свети Николе. Токму од тие причини и ги посетивме првите луѓе, градоначалниците на двете општини, да ги слушнеме нивните очекувања, планови и замисли со изградбата на новиот автопат.
    Децениски копнежи
    - Дури 550.000 километри изминав за последните 10 години на релацијата Штип -Скопје, и обратно, како директор на Бирото за лекови – вели Илчо Захариев, градоначалник на Штип, до пред последните локални избори „на привремена работа во главниот град“.
    Автопатот е придобивка за цела источна и југоисточна Македонија, прв автопат во овој дел на државата, кој ќе го скрати патувањето до Скопје на половина час и ќе донесе огромни заштеди и за фирмите и за граѓаните, ќе овозможи безбедно патување, но и шанса за економски развој и преродба на овој регион.
    Бидејќи источна и југоисточна Македонија се земјоделски краишта, транспортот ќе биде побрз кон Скопје, но и понатаму кон Србија. А во овој дел на државата навистина е запоставена инфраструктурата, велат нашите соговорници.

    - Автопатот Миладиновци – Штип не е придобивка само за Штип туку и за Радовиш, Струмица, Ново Село, Кочани, Пробиштип, Свети Николе, Виница, Берово, Пехчево, Македонска Каменица… И за цела источна Македонија. Треба да сме среќни што по три години ние и нашите деца во иднина ќе возиме по еден таков модерен автопат, преку кој до аеродромот „Александар Велики“ ќе патуваме за помалку од 20 минути. А луѓето што работат во Скопје, но и тие што се ангажирани во Штип, нема потреба повеќе да земаат станови во едниот или во другиот град. И тоа е голема придобивка – вели Захариев.
    Според него, едноставно сите патишта следните четири години ќе водат кон Штип, градот на модата, во кој генерации го чекаа овој пат. И еве го добиваме, и тој ќе овозможи Штип да се прероди, а ние имаме страшна енергија тоа да го направиме, вели тој.
    Слична, ако не и уште посилна возбуда во врска со новиот автопат владее и во Свети Николе, кое е второто по големина населено место на неговата траса.
    - Оваа инвестиција е од есенцијално значење, која ќе нѐ врати на вистинскиот колосек и ќе ни овозможи пристап до главниот град. Комуникациски во иднина ќе бидеме едно од местата до кои најбрзо ќе се стигнува до Скопје. Многу светиниколци ќе можат да ја најдат својата среќа во главниот град. Но, и обратно, бизнисмените од Скопје, а и странските инвеститори, ќе можат да си најдат свое место во Свети Николе – вели Зоран Тасев, градоначалник на Свети Николе.
    Нов модерен град
    Тој првпат открива дека покрај Свети Николе ќе никне нова урбана населба, атрактивна за оние што сега живеат, работат или секој ден патуваат до главниот град.
    - Патот ќе биде многу добар поттик за сите бизнисмени да дојдат. За таа цел првпат ќе откријам за вашиот весник дека почнавме и со изработка на нов генерален урбанистички план на градот, а ги менуваме и многуте детални урбанистички планови – набројува Тасев, кој во своето пријатно изненадување за нас ја нуди информацијата дека на рутата на автопатот веќе има локација за нов модерен град на површина од 406 хектари, проект во кој, вели, е вклучена и Владата.
    Во овие рамки се планира да се почне со изградба на современа населба, на идеални 550-600 метри надморска висина, во шума, до делот на атарот на селото Малино.
    - Тука планираме да правиме една елитна населба, која е еднакво оддалечена и од Свети Николе и од Скопје. Плански локации за винарници со типски и плански објекти и инфраструктура. Почнавме со подготовки да направиме 3Д-анимација, со сите елементи и веруваме дека тоа ќе биде магнет за многу скопјани, во една еколошка и чиста средина. Оттука луѓето за 20 минути ќе се најдат во главниот град, а ќе живеат во една еколошки чиста и мирна природа – истакнува Тасев, кој вели и дека близу Свети Николе ќе биде и идниот карго-аеродром, па треба да се размислува и за локации за центри за пакување и за преработувачки центри околу него.

    Тој најавува и шведска иницијатива за фабрика за цврст отпад за производство на електрична енергија и преостанати продукти од отпадот. А со изградбата на автопатот, вели, ќе се качат цените на недвижнините во овој крај, во кој се реализираат и други патни делници, како патот Свети Николе – Пробиштип, при што со поврзување на селата Мечкуевци и Куково со асфалтен пат во должина од пет километри се скратува на пола сегашната предолга патна комуникација од дури 67 километри.
    Да се спојат Штип и Свети Николе
    Идниот, долгоочекуван автопат веќе побудува и други иницијативи, кои најавуваат и потреба од посеопфатен пристап, до кој сигурно е ќе мора да се дојде и низ стручна расправа. А тоа е идејата дека Штип и Свети Николе треба да бидат еден град и време е да почне да се размислува за реална регионализација, односно за реално окрупнување на градовите според современите светски стандарди.
    Ваквата идеја ја пласира и умешно ја елаборира и брани Јордан Ѓорчев, поранешен градоначалник и актуелен директор на меѓународниот славјански институт „Гаврило Романовиќ Державин“ во Свети Николе.
    Ѓорчев во својата авангардна визија Штип и Свети Николе ги гледа како една единствена урбана целина.

    - Според сите постојни елементи тие тоа и се – вели нашиот соговорник, кој истакнува и дека меѓу двете општини е најавена изградба на карго-аеродром, а двата града се споени и со комплетна патна и железничка инфраструктура, која минува низ рамен терен. Кон ваква можност водат и активностите на Владата за изградба на модерен автопат од Скопје преку Миладиновци и Свети Николе до Штип, каде што веќе се гради и индустриската зона, на која во иднина ќе ѝ требаат над 10.000 работници. Двата града се оддалечени само 25 километри еден од друг и ги имаат сите просторни можности да се спојат, зашто меѓу нив стои на располагање терен рамен како тепсија.
    - Оттаму, природно му доаѓа регионалниот центар да се шири кон Свети Николе, а овој град, пак, кон Штип. Двете општини имаат близу 80.000 жители, а на заедничкиот простор ќе постои еден град со над сто илјади жители, со можност покрај станбени населби, да се градат и поголеми концертни сали, стадион, хотели, паркови, аквапарк, спортски центар со сите содржини. Сегашната практика, секој град на оддалеченост од само 25 километри да гради сѐ во својот атар е ирационална – појаснува Ѓорчев, за кого ова е шанса и можност овој простор лесно да стане јадро на една урбанистичка целина.
    По патот преку Миладиновци до Свети Николе и новиот град ќе се стигнува и за нецели триесетина минути, а до Штип за десетина минути повеќе. Од друга страна, Скопје станува пренаселена метропола, но, како што веќе се изјаснија футуролозите, поради инфраструктурните и други ограничувања без можност да биде милионски град. Идејата за градовите-сателити е луѓето да можат да живеат во нив, а преку брзи патни комуникации да одат на работа во големи, но блиски градови, смета идејниот автор на оваа замисла, кој се залага урбанистите и планерите, како и локалните власти на двата града, но и централната власт во државата, да му посветат внимание на ова решение. Притоа заеднички ќе се согледаат сите негови добри и лоши страни за да се избегнат непотребните трошоци, а сепак да се постигнат квалитетна реализација и максимално добра и ефективна урбанистичка целина, за која токму новиот автопат ќе биде нејзина сообраќајна, комуникациска оска.
    Оваа футуристичка идеја, за која вреди и ќе мора да се размислува, на некој начин ја дополнува и штипскиот градоначалник.
    - Штип, Карбинци, Свети Николе и Пробиштип се еден квадрат на градови, кои мора да бидат поврзани структурно со добра патна и друга сообраќајна инфраструктура. Имаат и заеднички водовод, хидросистемот Злетовица, доста се компатибилни во економијата и земјоделството и можеме само да се надополнуваме – нагласува Захариев.
    Автопат со шест ленти
    Новиот автопат, чија вкупна должина на делницата Миладиновци – Свети Николе -Штип е 47 километри, ќе има шест ленти и по него ќе може да се вози со брзина од 120 километри на час. Веќе е подготвена комплетна ревидирана проектна документација за изградба на автопатот, кој е поделен на две делници, првата: Миладиновци – Свети Николе во должина од 26 километри, која ќе се изведува на комплетно нова траса во две коловозни ленти, и втората: Свети Николе – Штип, со должина од 21 километар, на која ќе се изведува еден комплетно нов коловоз, а постојниот ќе се реконструира и проширува на профил за автопат. На трасата на новиот автопат Штип – Миладиновци веќе е почната постапката за пренамена на земјоделското земјиште во градежно и за експропријација на приватните имоти во општините Свети Николе и Штип, а оваа подготвителна активност е веќе силна потврда за нивните жители дека оваа долго посакувана сообраќајница конечно ќе стане стварност.
    Штип го менува ликот
    - Тука е индустриската ТИРЗ-зона, која е најголема во државата, тука е „Џонсон контролс“ и ние со новиот пат ќе дадеме максимална логистика и ќе бидеме целосно во функција на таквите инвеститори. За таа цел во меѓувреме и го средуваме градот, како и главните пристапни патишта и внатрешните улици, а и целиот град го менува својот лик. Очекуваме наскоро да почне и гасификацијата кон Неготино, што минува крај Штип, па и тоа е наша придобивка. Впрочем, како и главниот далновод кон Бугарија, кој исто така е во Штип, а и „Лукоил“ ја има својата база во Штип, што значи имаме и солидна енергетска основа. Од ЈП за државни патишта сме известени дека наскоро ќе почне ревитализација на патот Кадрифаково – Велес, што е уште една добра врска со централна Македонија, а исто и патот Радовиш – Штип, што значи целосно поврзување со најмодерни сообраќајници. И, не само тоа! Штип е и универзитетски град со 15.000 студенти, кои сега побрзо ќе пристигнуваат до градот – истакнува градоначалникот Илчо Захариев.

    Градоначалникот на Свети Николе, Тасев, смета дека новиот пат дефинитивно ќе го смени ликот на општината, а и нејзиниот развој ќе оди многу побрзо и подинамично. Сега од сообраќаен аспект сме еден вид слепо црево – железничката станица ни е на девет километри од градот, а секој што патува за Велес и Скопје или преку Куманово го одминува Свети Николе. Воопшто не сме добро поврзани и со околните места и од тие причини и немаме автобуски патнички линии. Ќе се отвори за изградба на приватни објекти. Рутата на автопатот минува крај идниот карго-аеродром, а тука ние имаме чисти 63 хектари слободна површина, од кои планираме да направиме економска зона. Ги почнавме подготовките и веќе досега сме продале 27 хектари, на пример, на холандски инвеститор за изградба на една од најголемите печуркари во југоисточна Македонија, а друга холандска фирма гради оранжерии – нагласува Тасев.
    Италијанската компанија „Зара цереале“, која се занимава со производство на земјоделски производи и сточна храна, наскоро ќе реализира своја инвестиција во општината Свети Николе од најмалку три милиони евра, како почетен капитал. Италијанците веќе закупиле 8.000 квадратни метри покриен простор за инсталирање на машините, со кои ќе се изработуваат сточните пелети во поранешните магацини на „Макпромет“, или некогашен „Магро“, а
    сакаат да закупат и три-пет хектари земјиште во светиниколскиот регион за своите откупни и производствени фабрички капацитети. А во овој индустриски дел во градот тука се и МИК, „Агрија“, бившата „Овчеполка“…

    Благоја Јанев за Нова Македонија

Ähnliche Themen

  1. Griechische Bauprojekte
    Von El Greco im Forum Bauprojekte
    Antworten: 672
    Letzter Beitrag: 08.11.2017, 15:11
  2. Skopje - Bauprojekte
    Von mk1krv1 im Forum Bauprojekte
    Antworten: 640
    Letzter Beitrag: 16.02.2016, 19:53
  3. Zenica Bauprojekte
    Von bosmix im Forum Bauprojekte
    Antworten: 53
    Letzter Beitrag: 26.09.2009, 00:22
  4. Sarajevo Bauprojekte
    Von CoolinBan im Forum Bauprojekte
    Antworten: 55
    Letzter Beitrag: 28.09.2008, 23:45