BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Erweiterte Suche
BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen

Willkommen bei BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen.
Seite 1 von 45 1234511 ... LetzteLetzte
Ergebnis 1 bis 10 von 442

Infrastruktur-Projekte in Mazedonien

Erstellt von Zoran, 04.09.2012, 08:31 Uhr · 441 Antworten · 39.712 Aufrufe

  1. #1
    Avatar von Zoran

    Registriert seit

    Daumen hoch Infrastruktur-Projekte in Mazedonien

    Um das vorhandene Bauprojekte Sammelthema ein wenig zu entlasten und wegen der Übersichtlichkeit, hier ein Thema über Infrastrukturprojekte in Makedonien.

    Und gleich zur ersten Nachricht: Makedonien will sein Energienetzwerk erneuern.

    Macedonia to invest 1.2 billion euros in energy sector (COR)
    Skopje, 3 September 2012 (MIA) - Macedonia in the next five years will invest nearly 1.2 billion euros in the energy sector. This is the amount needed to overhaul existing and to build new energy facilities, to establish energy cooperation with countries in the region and to fully implement the measures, activities and tasks included in the programme for the realisation of the Energy Development Strategy.
    The funds will be provided through own resources, another possible loan or through the public and private partnership model, Economy Minister Valon Saraqini said Monday.
    Experts urge the state in establishing a stable energy sector to focus on the use of domestic resources, first and foremost.
    "Energy consumption in the next five years is expected to rise by three percent. There is a necessity of cooperation between all involved parties, relevant institutions and energy companies," Saraqini stated.
    The government's strategic goal, he added, is to reduce energy consumption by 9% in comparison to the average consumption in the period between 2002-2006.
    Macedonia must focus on providing coal for thermal power plants and on ensuring an additional source for supplying natural gas. The use of renewable energy sources and the opening of mines should also be treated as priority, according to academics who drafted the programme.
    Adopted by the government in 2010, the programme for the realisation of the Energy Development Strategy is prepared by the Macedonian Academy of Sciences and Arts.

    Und die zweite News: Die Eisenbahn wird modernisiert

    Government launches investments to modernize rail transport
    Skopje, 3 September 2012 (MIA) - The Macedonian Government has decided to launch an investment cycle to modernize the rail network in the country in an attempt to enable better transportation for the citizens, to increase the opportunities for establishing communications and to support the business community involving transportation of goods.
    In early September, construction works will kick off to modernize and maintain the railroad section of Corridor 10, Tabanovce-Kumanovo-Karpos, government spokesman Aleksandar Gjorgiev told a press conference on Monday.
    In the meantime, activities for modernization and maintenance of railroad section Miravci-Smokvica - also part of Corridor 10 - will begin.
    "A consortium of renowned companies from Austria and Germany has been chosen to conduct the construction works for modernization and maintenance of the two sections. Preparations are under way and the activities will be launched in due time. Under the contract, the works for modernizing the two railroad sections that are 26 kilometers long should be completed in 2013," Gjorgiev said.
    "These activities envisage 54 kilometers of railroad within Corridor 10 to be modernized and overhaul and for that purpose the Government in cooperation with EBRD has provided funds in amount of about 17 million euros," the spokesman added.
    The Government has also decided to start a project aimed at procuring new and modern rolling stock for the railway.

  2. #2
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    Schule "Bratstvo" in Karposh von Grund auf erneuert.

    Реконструирано училиштето „Братство" во Карпош

    Вкупно 65 милиони денари чини реконструкцијата на Основното училиште „Братство" во скопската општина Карпош.

    Учениците од ова основно училиште новата учебна година ја започнуваат во целосно реконструиран објект. Поставени се целосно нови темели од армиранобетонско платно, училиштето е ѕидано со керамички блокови и поставена е изолација од 10 сантиметри, подовите се обложени со ПВЦ фолија, изградена е целосно нова водоводна инсталација, изработена е нова кошулка на подовите, а тоалетите се целосно обновени, како и фекалната и атмосферска канализација.

    Во насока на зголемување на енергетската ефикасност на долг рок, целосно се сменети прозорците во училиштето со нови седум-коморни прозорци и врати, поставена е хидро и термо изолација, поставени се штедливи светилки и како и нова кровна конструкција, пластифициран лим и термичка изолација. На овој начин во иднина се очекува заштедата на енергијата да биде над 30% во однос на претходната потрошувачка. Истовремено при градбата направени се сите услови за пристап и движење во училиштето за учениците со посебни потреби.

    „Наша цел беше преку целосна реконструкција на училиштето да создадеме безбедно и пријатно место за преку 500 ученици што тука ја следат наставата. Приоритет беше сите зафати да завршат во најкраток можен рок за да можеме новата учебна година да ја почнеме во многу попријатен амбиент. Искрено се надеваме дека сега нашите ученици ќе бидат дополнително мотивирани за постигнување на врвни резултати и стекнување на нови знаења", изјави Соња Силјановска, директор на ОУ „Братство ".

    Во насока на зголемување на безбедноста на учениците поставен е комплетно нов видео надзор, нова противпожарна дојава, хидрантна мрежа, громобрански инсталации, заштита ограда, а дворот на училиштето е хортикултурно обновен.

    „Една од нашите основни определби беше нашите деца да учат во модерни и современи училишта. Денес оваа определба е наша реалност, и на наше огромно задоволство денеска уште едно основно училиште во нашата општина добива сосема нов лик. Искрено им посакувам на учениците од училиштето „Братство" успешна година и убави школски денови во сосема нови значајно подобрени услови" , рече градоначалникот на Општина „Карпош", Стевче Јакимовски.

    Средствата за реконструкцијата се обезбедени од буџетот на општината Карпош.

  3. #3
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    Construction of Demir Kapija-Smokvica road section kicks off
    Skopje, 8 September 2012 (MIA) - Prime Minister Nikola Gruevski and Deputy Premiers Zoran Stavreski and Vladimir Pesevski will attend Saturday a corner-laying ceremony for the construction of a 28km road section connecting Demir Kapija and Smokvica. The main axis of Corridor X passing through Macedonia will be completed with its construction, planned to be finalised by 2016.
    The Demir Kapija-Smokvica highway will be made up of two 3.5-meter lanes each. Two tunnels as well as six bridges are planned to be built with one of them being the longest bridge in Macedonia.
    The total investment for the road section amounts to 271 million euros, out of which 130 million are from the European Investment Bank, 45 million are a grant from EU's IPA, 107 million have been provided by the European Bank for Reconstruction and Development and 6 million have been singled out from state's budget.
    The construction of Corridor X as a highway will be fully wrapped up with the construction of Demir Kapija-Smokvica section.
    Corridor X is the most important element of the central transportation network linking Greece and Austria. It is 1.451 kilometers long.

    - - - Aktualisiert - - -

    Heute wird das neue Landwirtschaftsministerium eröffnet.

    Пуштена во употреба новата зграда на Министерството за земјоделство

    Македонија | 8. септември 2012 - 12:10
    По повод Денот на независноста на Република Македонија - 8 Септември денеска е пуштена во употреба новата зграда на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.


    Во објектот со 9 илјади метри квадратни корисна површина ќе се сместат вкупно 467 лица, од кои 366 вработени во Министерството и 101 од Агенцијата за храна и ветеринарство. Проектот вреден 4,3 милиони евра е реализиран за две години.
    Како што беше речено на отворањето со преселувањето на сите сектори и органи од МЗШВ на единствена локација ќе се зајакне административниот и управувачкиот капацитет на институцијата, ќе се обезбедат услови за ефикасно функционирање и квалитетно и навремено извршување на обврските.
    - Големите празници се одбележуваат со големи настани. Што една генерација ќе остави зад себе е нејзин избор. Ние избравме да работиме посветено, одговорно, упорно и макотрпно, избравме да инвестираме во сите области на општеството и нашето живеење, да вложуваме за нашите граѓани. Ние оставаме дела со кои ќе се гордеат граѓаните. Тие се нашиот најголем мотив, истакна премиерот Никола Груевски пред пуштањето на новата зграда.
    Министерството за земјодлество, напомена Груевски, дваесет години немаше свој објект, а оваа Влада го изгради за само две.
    - Инвестирањето во нови објекти кои би ги задоволиле просторните и инфраструктурни потреби на институциите и потребите на нашите граѓани кои ги користат услугите, се наша заедничка заложба и од голем државен интерес. Нема повеќе да се губи време, ниту енергија. Нема повеќе да се оди од место на место. Граѓаните ќе можат да си ги завршат сите обврски на едно место, потенцира премиерот.
    Владата, додаде, уште еднаш покажа дека и во овие услови на криза му дава несебична поддршка на градежништвото. Наместо да се отпуштаат, во овој сектор, еден од носечките на македонската економија, се бараат работници.
    - Сите што работеа на овој објект но и огромен број други луѓе кои директно или индиректно се поврзани со проектите за изградба на новите државни институции, на патиштата, на станбените комплекси, на водоводите и канализациите, на болниците, на спортските сали, на фудбалските игралишта,..., сите тие обезбедуваат егзистенција за своите семејства. Тоа јасно ја потврдува исправноста на нашите политики и дополнително не стимулира да продолжиме со почнатите, но и со други, нови проекти, нагласи Груевски.
    Според министерот за земјоделство Љупчо Димовски, новиот објект е изграден од квалитетни материјали, по европски стандарди. Капацитетот на зградата, нејзината работна површина од речиси 5 илјади метри квадратни и вредноста на вградената градежна опрема во однос на потрошените 4,3 милиони евра, или 481 евро по метар квадратен, покажува исклучителна рационалност и економичност во трошењето.
    - Граѓаните, посебно земјоделците кои имаат најгоелма потреба од Министерството ќе добијат навремено, ефикасно и брзо завршување на нивните барања. Досега се случуваше по неколку пати на ден да одат од една до друга зграда за да го најдат секторот што им е потребен , да губат време и пари додека ја завршат работат. Сега е веќе поинаку, рече Димовски.
    Изградбата на новата зграда на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е реализирана во рамки на Проектот за зајакнување на земјоделството и пристап кон ЕУ, со финансиска поддршка на Владата и на Светска банка.
    На пуштањето во употреба на новата зграда присуствуваа и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и в.д. директорот на Канцеларијата на Светска банка во Скопје, Денис Бошковски.

  4. #4
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    Neues Dialyse Zentrum im Stadtkrankenhaus "8.September".

    Нов Центар за дијализа во Градската болница „8 Септември“

    Нов Центар за дијализа со европски услови и стандарди е отворен денеска во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

    На отворањето присуствуваа премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Зоран Ставрески, министрите за здравство и за транспорт и врски, Никола Тодоров и Миле Јанакиески и заменик-министерот за здравство Јован Андовски.
    Директорот на ГОБ „8 Септември“, Сашо Стојчев изјави дека во Центарот има 34 приклучоци за дијализни машини, во моментов се поставени 10 кои се купени од Министерството за здравство, а другите се донација.
    - Ќе го зголемиме бројот на дијализните места од 18 на 30. На секој апарат може да се дијализираат четири пациенти во две смени односно шест во три смени. Планот е во почетокот да бидат две смени. Во овој момент ќе можеме да дијализираме 120 пациенти од Скопје, а во моментот во нашиот стар центар за дијализа има 68 пациенти. Се надевам дека овој Центар ќе биде и указ такви центри да има повеќе во Македонија, рече Стојчев.

    Тој посочи дека се направени посебни системи за сопствено производство на ацидна, односно кисела течност и базна капсула.
    - Нема повеќе канти, црева, катетери, туку директно апаратите се напојуваат со три различни концетрации на течности. За кај нас можам да тврдам дека последните 20 години немаме пренесено од пациент на пациент Ц хепатит. Во моментов располагаме со 11 апарати за Ц позитивни и 21 за негативни, плус два за интензивна нега. Очекуваме донација од три до пет апарати и од Фрезениус и тогаш ќе имаме комплетно нова опрема, истакна Стојчев.
    Официјалното пуштање во употреба на Центарот, потенцира тој, ќе биде до крајот на месецот, кога од три независни лаборатории ќе добиеме одговор дека првпат произведената течност (ацидна или кисела) во државата ги задоволува стандардите.
    - На местото на стариот центар имаме проект, ќе правиме центар за хирушко и нехирушко лекување на дијабетично стапало и каде има потреба за ампутација, додаде Стојчев.

    Директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџиева Змејкова истакна дека катот каде што се наоѓа Центарот пред една година бил напуштен и руиниран.
    - Со поддршка на Фондот, со приоритет во менаџментот на болницата, пациентите на дијализа во Скопје ќе добијат двојно зголемен капацитет во оваа институција во едни европски услови и стандарди, не само од аспект на фактот што тука доаѓаат нови апарати за дијализа од Министерството туку и поради фактот што пациентите четиричасовното третирање на овие апарати три пати во неделата ќе го поминуваат на еден достоинствен начин, посочи Парнарџиева Змејкова.
    Директорот Стојчев одговарајќи на новинарско прашање рече дека опремувањето на Центарот, градежната оператива и сите елементи на термо енергетски ефикасен објект, двата лифта чини 89 милиони денари.
    - Во овој момент имаме 17 медицински техничари и двајца регуларно вработени доктори. Секако дека овој Центар кој има речиси двоен капацитет ќе има потреба на дополнителен број на барем уште десетина сестри и три до четири доктори, посочи Стојчев.
    Тој најави дека кат подолу од Центарот за дијализа за еден месец ќе биде отворен Центарот за мозочен удар.
    Здружение на бубрежно болни граѓани „Нефрон“, Љубинко Трпеновски рече дека пациентите од Скопје конечно после долги години добиваат еден референтен центар.
    - За првпат се прават европски и светски стандарди кон кои треба да се стремат сите центри во Македонија. Состојбата со центрите за дијализа апсолутно не е розова. Се надевам дека ова ќе ни биде репер и стандард спред кој сите ќе се стремат и дека државата ќе преземе активности со следниот буџет можеби да ги сервисира центрите за дијализа пред се со апарати, додаде Трпеновски.

  5. #5
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    "Schulzimmer des 21 Jhdt" im Bildungszentrum FINKI

    ФОТО: Македонија доби „Училница на 21-от век“ (mit Clip!)

    Понеделник, 10 Септември 2012 15:10

    Споделете ја веста со Вашите пријатели

    На Факултетот за информатички науки и инженерство (ФИНКИ) денеска беше отворена „Училницата на 21-от век“ која е најголемиот СМАРТ едукативен центар во Јадранскиот регион.

    Едукативниот центар вреден 60.000 евра е донација од компанијата „Стелџес“ од Велика Британија. Неговата цел е да обезбеди интерактивна технологија и простор за обука и професионален развој кој ќе биде достапен за сите образовни институции.

    Голем дел од технологијата инсталирана во едукативниот центар е дизјанирана за да им помогне на децата со специјални потреби и деца кои имаат потешкотии со учењето, помагајќи го нивниот развој, преку внесување повеќе интеракција, мотивација и забава во училниците.

    Во пракса, смарт универзалната табла која фукнционира на допир може да се користи за било кој предмети за деца и повозрасни, а засега на неа ќе може да се обучуваат сите заинтересирани наставници. На денешната промоција присуствуаше и ресорниот министер Панче Кралев кој рече дека во едукативниот центар ќе бидат достапни најиновативните интерактивни образовни технологии кои се користат во светот.

    - Технологијата како никогаш досега го менува и обликува начинот на којшто живееме, функционираме, комуницираме и работиме. Тоа е процес кој бара постојано адаптирање и прифаќање на технологиите кои доаѓаат. Во таа насока, и самото образование мора да ја вклучи технологијата како поддршка и дополнување на наставниот процес, истакна Кралев.

    Македонија, нагласи, постојано се залага за воведување повеќе интерактивни технологии и создавање можности за подобро образование за сите ученици и студенти.
    - Интерактивната образовна технологија не секогаш значи модерни табли кои работат на допир. Во Македонија веќе постои инфрастурктура и потенцијал за поголемо вклучување на технологијата во наставниот процес, додаде министерот Кралев.

  6. #6
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    Neuer Kreisverkehr in Gjorche Petrov


    Schule Karposh renoviert


    Neue Schule in der Gemeinde Chashka eröffnet


    "Samoilova" hinter Kale bis zur US Botschaft erneuert
    Angehängte Grafiken Angehängte Grafiken

  7. #7
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    Italienische "Lamone Moreda" baut das Parkhaus im Skopjer Zentrum. Investitionsvolumen 4 Mio. Euro-.

    Италијански гигант ќе гради катна гаража во центар за 4 милиони евра

    12.09.2012 - 12:17 |

    Италијанскиот гигант, компанијата “Lamone Moreda” е победник на тендерот за изградба на катна гаража во центарот на Скопје.

    На тендерот, кој го објави Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, италијанската фирма ги победи останатите четири компании со тоа што понудила најниска цена за изградба на катната гаража од фантастични 4 милиони евра.
    Според деталите од тендерот, во рамките на катната гаража, покрај паркинг-места, предвидено е да има и деловен простор, но не е прецизирано колкав дел од катната гаража треба да биде задолжително за паркинг-места, а колку за деловни простории.

  8. #8
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    Abwassernetzwerk in Stajkovci wird gebaut

    Во Стајковци почна изградбата на канализациона мрежа

    16.09.2012 - 15:25 |

    Во населеното место Стајковци во близина на Скопје денеска почна изградбата на канализациска мрежа со што ќе се решат проблемите на околу 5.500 граѓани.

    За реализација на проектот ќе бидат потрошени 260 илјади евра, кои се обезбедени со поддршка на Европската инвестициска банка (ЕИБ). Се очекува целиот зафат да биде готов за околу шест до седум месеци во зависност од временските услови.
    - На граѓаните 20 години им се ветувала изградба на канализациона мрежа, но не била завршена. На последните избори излеговме со слоганот „Заедно можеме повеќе“ така што во соработка со градоначаникот, Владата обезбеди средства со поддршка на ЕИБ со коишто ќе се изгради оваа канализација во следните шест до седум месеци, изјави премиерот Никола Груевски кој присуствуваше на официјалното отпочнување на изградбата.
    Покрај премиерот Груевски, на настанот присуствуваат и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалниците на Град Скопје и општина Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски.
    Населеното место Стајковци има 930 куќи со околу 5.500 жители. За да се отпочне со изградба на примарниот фекален колектор за ова населено место претходно беше изведен фекален колектор од реката Вардар до Стајковци низ населените места Вардариште, Маџари, Хипордом, Инџиково, Економија и Сингелиќ со вкупна должина од 12,2 километри.

  9. #9
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    Skopjes Bürgermeister kündigt den Tender für die Straßenbahn an, Baubeginn nächstes Jahr, 150 Mio €

    Скопскиот трамвај почнува да се гради идната година

    Понеделник, 17 Септември 2012 14:46

    Споделете ја веста со Вашите пријатели

    По примерот на сите светски метрополи, и Скопје следната година ќе добие трамвај. Како што најави градоначалникот, Коце Трајановски, тендерската документација е веќе завршена, а во текот на овој месец Град Скопје ќе распише тендер.

    До крајот на годината се очекува да биде избран концесионерот кој ќе стопанисува со трамвајот. Концесионерот исто така ќе има обврска да ја изгради инфраструктурата низ градот и да ги набави трамвај вагоните.
    Трајановски изјави дека веќе постојат заинтересирани компании и дека веќе се остварени средби со неколку од нив со цел да им се доближат условите од тендерската постапка. Целиот проект би чинел околу 150 милиони евра, а се очекува изградбата да трае две до три години.
    На денешната конференција што се одржуваше во Скопје, претседателот на меѓународната организација за јавен транспорт изјави дека со овој проект и со новите едноподни и двокатни автобуси Македонија ќе стане лидер во регионот во вложување во јавниот транспорт.
    На споменатата конференција своите искуства во вложување во јавниот превоз ги даде и администрацијата на неколку главни градови од регионот.

  10. #10
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    14 neue Kindergärten in ländlichere Regionen sollen neu entstehen, laut dem Plan in folgende Ortschaften: Trsino bei Vinica, Gradsko, Nov Dojran, Glishikj/Kavadarci, Beli/Kochani, Pripor und Drachevo/Kisela Voda, Pepelishte, Tremnik und Krivolak in der Gemeinde Negotino, Topolchani/Prilep, Jankovec/Resen, Dobroshte/Tearce, Cheshinovo.

    Ќе се отворат 14 нови детски градинки во руралните средини
    Четиринаесет нови детски градинки следната година ќе бидат отворени за околу 1.000 деца од 13 општини низ Македонија, најави денеска владата.
    “Овие 14 градинки имаат примарна цел на задоволување на потребите и интересите на граѓаните, родителите и децата, во руралните средини. Градинките ќе бидат отворени преку адаптација на просторни капацитети во руралните средини. За оваа цел Владата обезбеди и ќе ангажира и финансиски средства за реализација на сите потреби во врска со проектот, во вредност од над два милиони евра“, изјави портпаролот на владата Александар Ѓорѓиев.

    Објектите кои ќе се адаптираат во градинки веќе се посетени од стручна комисија и констатирано е дела ги исполнуваат просторните, социјалните и техничките услови.

    “Адаптацијата на овие градинки опфаќа комплетно реновирање на постоечките капацитети преку градежни работи, нивна модернизација, комплетно опремување со реквизити и друг вид на опрема потребни за вршење на дејноста. Тоа опфаќа и ангажирање на стручен кадар кој ќе работи со децата во градинките и ќе се грижи за нивната социјализација“, вели Ѓорѓиев додавајќи дека веќе се обезбедени средства за ова во висина од 12,6 милиони денари, од кои 8,8 милиони за градежните работи и 3,7 милиони денари за опрема.

    Владата, како што истакна Ѓорѓиев. обезбеди и средства за обезбедување на платите на лицата кои ќе работат на воспитување и згрижување на децата во градинките, во висина од 29 милиони денари. Во еден дел ќе биде извршено пренасочување на кадрите од други сродни установи, а во друг дел ќе има и нови вработувања.

    Според планот на владата ќе се отворат градинки во Општина Виница (с.Трсино), Општина Градско (нас.Градско), Општина Дојран (Нов Дојран), Општина Кавадарци (с.Глишиќ), Општина Кочани (с.Бели) Општина Кисела вода (с.Припор), Општина Кисела Вода (с.Драчево), Општина Неготино (с.Пепелиште, с.Криволак), Општина Неготино (с.Тремник), Општина Прилеп (с.Тополчани) Општина Радовиш (с.Калуѓерица), Општина Ресен (с.Јанковец), Општина Тераце (с.Доброште), Општина Чешиново-Облешево (с.Чешиново).

Seite 1 von 45 1234511 ... LetzteLetzte

Ähnliche Themen

  1. Antworten: 62
    Letzter Beitrag: 11.08.2009, 15:18
  2. Die Versäumnisse der Bush-Regierung - Infrastruktur der USA
    Von Mastakilla im Forum Aussenpolitik
    Antworten: 0
    Letzter Beitrag: 01.02.2009, 21:53
  3. Antworten: 0
    Letzter Beitrag: 21.03.2008, 23:06
  4. Welche Ex-Jugo-Stadt hat die beste Infrastruktur?
    Von Zurich im Forum Balkan-Städte
    Antworten: 58
    Letzter Beitrag: 10.02.2007, 00:01
  5. Makedonien investiert in Energiesektor und Infrastruktur
    Von Makedonec_Skopje im Forum Wirtschaft
    Antworten: 4
    Letzter Beitrag: 20.07.2006, 03:36