BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Erweiterte Suche
BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen

Willkommen bei BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen.
Seite 4 von 45 ErsteErste 1234567814 ... LetzteLetzte
Ergebnis 31 bis 40 von 442

Infrastruktur-Projekte in Mazedonien

Erstellt von Zoran, 04.09.2012, 08:31 Uhr · 441 Antworten · 39.866 Aufrufe

  1. #31
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    Zitat Zitat von Zoran Beitrag anzeigen

    Todorov kündigt Renovierung von 4 Krankenhäuser an: Shtip, Pehchevo, Valandovo und Resen

    Тодоров најави реконструкција на четири здраствени домови

    Вкупно 20 милиони денари ќе чини реконструкцијата на здравствените домови во Пехчево, Валандово, Штип и во Ресен, што во неделата ја најави министерот за здравство Никола Тодоров.
    -Реконструкцијата на здравствени домови е една од покрупните реформи на кои ќе бидеме фокусирани во следните неколку месеци, што во голема мера ќе влијае на подобрување на условите за лекување на болните, а секако и за подобрување на инфраструктурните услови за работа на лекарите и останатиот медицински кадар, рече министерот Никола Тодоров.
    Договорено е и директорите на здравствените домови со сопствени средства да учествуваат во целата инвестиција за реконструкција на овие ЈЗУ.

    -Денеска сакам да го најавам почетокот на првата фаза на реновирање и санација на здравствени домови во Пехчево, Валандово, Штип и во Ресен. Вкупната вредност на реконструктивните зафати на здравствените домови изнесува 20 милиони денари, а средствата се обезбедени од приходната сметка на Министерството за здравство, како резултат на направени заштеди во системот, рече Тодоров.
    Во здравствен дом - Пехчево во тек е реконструкции на кров, заедно со замена на олуци и громобранска инсталација, поправки на оштетувања од протекување и молерисување во поткровје и покривање на тераса. Вредноста на овој реконструктивен зафат изнесува околу еден милион денари.
    Објавени се тендерите за почнување на градежни зафати во Валандово, Штип и Ресен.
    Во ЗД Валандово ќе се изврши - санација на покривната конструкција во вредност од 1.200.000 денари, а од болницата во Козле ќе бидат донирани и два котли за парно греење на течно гориво. Со средства од Здравствениот дом ќе се реновираат пристапите и гаражите.

    Во ЗД Штип ќе се изврши реновирање на санитарни јазли и замена на водоводна мрежа За оваа инцвестиција се предвидени три милиони денари од Министерството за здравство.
    Станува збор за целосна реконструкција и санација на сите санитарни јазли во блок А и блок Б, замена на водоводна, канализациска и електрична инсталација. како и сите санитарни уреди и арматури во санитарните јазли.
    Во санацијата учествува и здравствениот дом, кој ќе изврши замена на дотраените врати во сите санитарни јазли, во вредност од милион ипол денари.

    Во ЗД Ресен ќе се изврши санација на фасада за која Министерството за здравство ќе одвои милион и половина денари. Станува збор за целосна реконструкција и санација на оштетени делови и молерисување на фасадата на објектот. Менаџментот на оваа здравствена установа, со свои средства ќе учествува во реновирање на здравствениот дом.

    Reconstruction of Health Centers across Macedonia
    Sunday, 21 October 2012

    The Ministry of Health begins reconstruction of health centres in the country. The reconstruction will be carried out in two phases, whereat first phase will include health centres in Pehcevo, Valandovo, Stip and Resen and in four to five weeks four to five other health centres is expected to be also reconstructed.

    The Ministry of Health has allocated Denar 20 million for implementation of the project. Also health centre with own funds will participate in the reconstruction by which the entire investment will amount Denar 30 to 40 million.

    The idea of the ministry is strengthening infrastructure in several health centres in the country and providing better and more quality health service for all citizens, Health Minister Nikola Todorov said at Sunday's press conference.
    Public calls for start of construction works in Valandovo, Stip and Resen have been already announced.

  2. #32
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    Letztens habe ich noch geschimpft, und schwupps siehe da, die Brücke bei Saraj ist tatsächlich fertig und für den Verkehr freigegeben!!!


    ??????? ??????????????? ???? ?? ?????? ??????

  3. #33
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    Skopje blvd Mitropolit Teodosij Gologanov opens for traffic
    Skopje, 28 October 2012 (MIA) - Prime Minister Nikola Gruevski and Skopje Mayor Koce Trajanovski attended Sunday a formal opening of the second lane of the expanded blvd 'Mitropolit Teodosij Gologanov' in Macedonia's capital.
    The second expanding phase of 1.100m makes the 'Mitropolit Teodosij Gologanov' a four-lane - 16m-wide boulevard.
    The project will eliminate yet another traffic bottleneck in the city and put an end to traffic jams, Gruevski said at the ceremony.
    "It is very important for citizens who use this boulevard on daily basis. Macedonia's Government will keep supporting projects of the local self-government that will make Skopje a genuine metropolis in line with all standards of the modern time," Gruevski said.
    To give momentum to Skopje's urban life and create efficient, modern infrastructure service for citizens in these period presents a real challenge and great responsibility, he said. In these respect the PM mentioned the new reconstructed streets, ring roads, bridges, multi-storey car parks, buses, sculptures...
    Mayor Trajanovski referred to the project's details

    - - - Aktualisiert - - -

    PM, Health Minister visit overahuled ward of Mother Teresa Hospital
    Saturday, 27 October 2012

    Premier Nikola Gruevski and Health Minister Nikola Todorov visited Saturday a renovated ward of the Special Hospital for Gynaecology and Obstetrics 'Mother Teresa' in Skopje settlement Cair.
    Over EUR 4,5 million has been invested in this project, Todorov told reporters during the hospital tour.

    Large investments in the health sector demonstrates the commitment of this Government to improve its infrastructure - one of the preconditions for better health care services, Todorov said.
    The ward's capacity remains the same, but after installation the up-to-date equipment in the next 60 days, the health care institution will offer high-quality services, including a newborn rooming-in practice, Todorov said.

  4. #34
    Avatar von Čento

    Registriert seit

    Булевар Борис Трајковски | Bulevar Boris Trajkovski

    Bulevar Boris Trajkovski (früher Prvomajska) wurde heute fertig erweitert und rekonstruiert.

    Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски и градоначалникот на општината Кисела Вода, Марјан Ѓорчев, денеска /30.10.2012 година/ и официјално ја отворија за сообраќај првата делница од проширениот и реконструиран булевар Борис Трајковски во општината Кисела Вода, којшто во изминатиов период се градеше на потегот од „Рампа“ до крстосницата со улицата Народни херои во должина од 1 380 метри.

    - Со проширувањето, постојната тесна улица се трансформираше во булевар со 4 коловозни ленти (по две во секоја насока) широки по 3,5 метри. Проширувањето на коловозот се одвиваше по левата страна (гледано во насока од Центар кон Драчево) до општинските бараки во Кисела Вода, а потоа, до Расадникот по двете страни. На потегот од „Рампа“ до општинската зграда, од десната страна на коловозот е формиран тротоар со променлива широчина, а од левата страна на коловозот е изграден тротоар со велосипедска патека со широчина од три метри. На потегот од општинската зграда до Расадник од десната страна на коловозот е формиран тротоар со широчина од 2,5 метри, а од левата страна на коловозот тротоарот и велосипедската патека се широки 4 метри. Кај поранешната фабрика за производство на сапун, од левата страна на коловозот е изграден потпорен ѕид во должина од 170 метри. Во текот на проширувањето на коловозот на оваа делница беше поставена и атмосферска канализација во должина од 1 380 метри со променлив профил (од Ф 400 до Ф 600 милиметри) - рече градоначалникот Трајановски.

    Тој додаде дека градежните работи за проширување и реконструкција на булеварот Борис Трајковски продолжуваат на втората делница од оваа сообраќајница, на потегот од крстосницата со булеварот Србија до влезот во поранешната фабрика „Стакларница“ во должина од 1 126 метри.

    - Булеварот Борис Трајковски и на овој дел ќе добие 4 коловозни ленти широки по 3,5 метри. Од двете страни на коловозот се градат тротоари. Проширувањето на коловозот на оваа делница ќе се искористи за да се постави атмосферска канализација во должина од 1 126 метри со променлив профил (од Ф 500 до Ф 800 милиметри). Постојниот армирано-бетонски мост над Усјанскиот канал се реконструира и тој ќе добие 4 коловозни ленти со пешачка и велосипедска патека. Со комплетното завршување на капиталниот проект за проширување и реконструкција на булеварот Борис Трајковски, оваа прометна сообраќајница ќе добие нов лик во вкупна должина од 2,5 километри.

    На проширување и реконструкција на булеварот Борис Трајковски работат екипите на конзорциумот „Алпине Бау“ и Жикол од Скопје. Во овој проект Градот Скопје вложи околу 4 милиони евра, пари обезбедени од Европската банка за обнова и развој, како кредит, и од Буџетот на Град Скопје. Сакам да им се заблагодарам на жителите на Кисела Вода за покажаното трпение додека траеја градежните работи на овој прометен булевар и да нагласам дека добрата соработка со Владата на Република Македонија и со општината Кисела Вода овозможи решавање на еден од најгорливите проблеми во овој дел од градот - нагласи градоначалникот Трајановски.

    Премиерот Груевски, во своето обраќање, истакна дека Градот Скопје во последниве четири години доживува вистинска инфраструктурна трансформација и дека Владата на Република Македонија и во иднина ќе ги поддржува проектите што се од голема корист за сите граѓани.
    Градоначалникот Ѓорчев истакна дека овој проект е резултат на добрата соработка на општината Кисела Вода со Градот Скопје и со Владата на Република Македонија и еден од најсложените и најуспешните на подрачјето на оваа општина.

  5. #35
    Avatar von Čento

    Registriert seit

    Отворање на проширен булевар "МТ Гологан&

    Bulevar Metropolit Teodosij Gologanov ist nun frei für den Verkehr gegeben.

  6. #36
    Avatar von Čento

    Registriert seit
    Ein Artikel über den Bulevar Boris Trajkovski. Mit der Rekunstruktion wurden viele Probleme gelöst, wie z.B. Stau oder zu wenig Platz.

    ФОТО: Тесната улица „Првомајска“ се претвори во булевар

    Вторник, 30 Октомври 2012 13:22

    Конечно се реши деценискиот проблем во Кисела Вода. Некогашната тесна улица „Првомајска“ се претвори во булевар „Борис Трајковски“.

    Првата делница од проширениот булевар „Борис Трајковски“, поранешна улица „Првомајска“ на потегот од Рампа до крстосницата со улицата „Народни херои“ во должина од 1.380 метри денеска беше пуштена во сообраќај. Со проширувањето постојната тесна улица се трансформираше во булевар со четири коловозни ленти по две во секоја насока, широки по 3,5 метри.На официјалното отворање за сообраќај на првата делница од проширениот булевар „Борис Трајковски“, присуствуваа премиерот Никола Груевски и градоначалниците на Град Скопје и на општина Кисела Вода, Коце Трајановски и Марјан Ѓорчев.
    Некогашната тесна улица „Првомајска“, како што нагласи премиерот Груевски, се претвори во булевар „Борис Трајковски“, булевар со четири коловозни ленти, велосипедска патека и со сите останати пропратни содржини.
    - Стоиме пред улицата која во минатото беше синоним за гужви, нервозни возачи, несигурни пешаци и целосен застој во сообраќајот. Улицата која многумина ветуваа дека ќе ја прошират и реконструираат, но никој не смогна сили да го реши долгогодишниот проблем, рече Груевски.

    Проектите кои се од интерес за граѓаните, според него, заслужуваат поздрав, без разлика од која партија е градоначалникот.
    - Постигнатото се гледа, а ефектите се чувствуваат. Секој оној кој ваквите проекти на градоначалникот Трајановски и советниците ќе ги окарактеризира како естетско и урбанистичко упропастување на градот неминовно доаѓа во судир со граѓаните и си наштетува себе си и на својата политичка опција. Изборите доаѓаат и си заминуваат, зборовите се паметат, а делата остануваат, подвлече Груевски.
    Тој потсети дека во само пет дена беа пуштени повеќе капитални прокети меѓу кои и мостот што ги поврзува Сарај и Ѓорче Петров, новоизградените фасади во општина Центар, проширениот и реконструиран булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Карпош.
    - Проширувањето на коловозните ленти се одвиваше по левата страна гледано во насока од Центар кон Драчево до општинските бараки во Кисела Вода, а потоа до расадникот од двете страни. На потегот од Рампа до општинската зграда по десната страна на коловозот гледано од Центар кон Драчево е формиран тротоар со променлива ширина, а од левата страна на коловозот изграден е тротоар со велосипедска патека со ширина од три метри, информира Трајановски.

    Во текот на проширувањето на коловозот, додаде тој, била поставена и атмосферска канализација во должина од 1.380 метри.
    - Градежните работи за проширување и реконструкција на булеварот „Борис Трајковски“ продолжуваат на втората делница на потегот од крстосницата со булеварот „Србија“ до влезот во поранешната фабрика „Стакларница“ во должина од 1.126 метри. Со комплетното завршување на овој капитален проект, сообраќајницата ќе добие нов лик со вкупна должина од 2,5 километри, нагласи Трајановски.
    Градоначалникот Ѓорчев истакна дека и покрај проблемот со експропријација на имотот, Кисела Вода доби безбедност во сообраќајот, сигурност на пешаците и брза комуникациска врска со Градот Скопје.
    За реализација на овој проект Градот Скопје вложи околу четири милиони евра, пари обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој и дополнителни средства од градскиот буџет.

  7. #37
    Avatar von Čento

    Registriert seit

    Отчет - 4 години за Скопје (2009-2012)

    Bulevat Ilinden

    Bulevar Sveti Kliment Ohridski

    Bulevar Metropolit Teodosij Gologanov

    Bulevar Srbija

    Bulevar Jane Sandanski

    Bulevar Partizanski Odredi

    Bulevar Krste Misirkov

    Ulica Filip Vtori Makedonski

    Ulica Kemal Sejfula

    Ulica Kozle

    Ulica Juznomoravski Brigadi (Kamnik)

    Ulica Sveti Kiril i Metodij

    Kruzen Tek kaj crkvata Sveti Petar i Pavle

    Nov kruzen Tek vo Gjorce Petrov

    Nov Most vo Saraj

    Nov trotoar na Bulevar Partizanski Odredi

    Nov Trotoar na bulevar VMRO

    Zelen Bran

    Novo osvetluvanje za starata Skopska Carsija

    Bulevar MAPANO (kaj City Mall)

  8. #38
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    der korridor 10 wird modernisiert

    Се модернизира пругата на Коридорот 10

    На железничката станица во Куманово денеска официјално беше означен почетокот на градежните работи за ремонт на пругата на делниците Куманово – Табановце и Миравци – Смоквица, во вкупна должина од 24,1 километар. Со ова стартуваше проектот за модернизација на железничкиот Коридор 10 во земјава, кој во втората фаза ќе ја опфати и делницата Ногаевци – Неготино, во должина од 31 километар и за кој од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е обезбеден кредит во висина од 17,6 милиони евра.

    Градежните работи треба да завршат во рок од една година, а ќе ги изведува германскиот конзорциум „Вибе и Алпине“ (Wiebe & Alpine). Активностите ќе опфатат санација на долниот строј на пругата и поставување на геотекстил и геомрежа, подобрување на техничките карактеристики на горниот строј на пругата преку замена на трулите дрвени прагови со нови армирано – бетонски како и замена на шините и положување нов толчаник. Исто така, со проектот е предвидена обнова на горниот строј на девет патни премини во ниво и поставување на нови армирано – бетонски перони на неколку железнички стојалишта. Реконструкцијата во пракса ќе значи и побрзо движење на возовите, односно постигнување на брзини до 120 километри на час на овие делници.

  9. #39

    Registriert seit
    Prilep bekommt einen neuen Busplatz / Transportzenter investiert von "Pelagonia - Bus ..

    На електронска аукција Прилеп продаде 5.300 метри квадратни површина кај железничката станица, наменета за транспортен центар во чии рамки треба да се изгради нова автобуска станица.

    Сања Шестакова, која го купи земјиштето вели дека за брзо, неколку месеци ќе ја изградат станицата.

    - Станицата ќе биде на 500 до 700 метри квадратни со сите неопходни објекти и простор за автобуската станица. Сакаме да се категоризираме во прва категорија со работно време 24 часа. Ќе има билетарница, тобако, да се издава простор под наем за други придружни објекти. Ќе биде цврста градба, челична конструкција и панели како што се современите објекти на станици и аеродроми, вели Шестакова.

    Автобуската станица ќе ја менаџира фирмата „Пелагонија бус“.

    - Имаме искуство кога е во прашање автобускиот сообраќај. Сопственици сме на автобуските во Берово, Штип и Велес. Ќе се гради според стандарди и да се задоволат сите услови пропишани со закон за патен сообраќај, вели Шестакова.

    Досегашниот Противпожарен дом ќе се дислоцира на неколку пункта во градот за да може единицата ефикасно да работи.

    Според градоначалникот Марјан Ристески изградбата на нова современа автобуска станица во Прилеп се заговараше со децении, зашто сегашната во центарот на градот не задоволува никакви услови. Новиот поширок простор околу новата автобуска станица ќе се доуредува.

    - Во близина е железничката станица. Преку Европската унија и Владата заедно со локалната самоуправа се обезбедени средства за уредување на целиот простор што ќе ја зафаќа железничката станица - тротоарите, зелените површини, осветлувањето, сообраќајно уредување со кружни текови, изјави градоначалникот Ристески.

    Новиот сопственик на земјиштето Шестакова вели дека наредната година, до лето Прилеп ќе добие нова современа автобуска станица.
    Angehängte Grafiken Angehängte Grafiken

  10. #40
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    Der Transport in Mazedonien wächst weiterhin in einem überproportionalen Tempo

    Транспортот во Македонија и понатаму се развива со несразмерно темпо

    Како и во текот на изминатите неколку години, патниот превоз на стоки и патници бележи раст, додека железницата во континуитет бележи негативни резултати. Според податоците на Државниот завод за статистика, во патниот сообраќај во третиот квартал од 2012 година се превезени 7.544.000 тони стоки што претставува зголемување од 25,4% во однос на истиот период лани. Наспроти него, со воз се испорачани 700.000 тони, со што е забележано намалување од 15,1% во споредба со третиот квартал од 2011 година. МЖ – Транспорт бележи огромен пад од 30,3% и во превозот на патници во периодот јули – септември 2012 година, при што во овој период се превезени 244.000 патници. Меѓуградскиот автобуски и другите видови на патен превоз ги користеле 3.841.000 патници или еден процентен поен помалку во однос на третиот квартал од 2011 година.

    Во воздухопловниот сообраќај во извештајниот период е забележан раст на бројот на патници од 2,7% во споредба со идентичниот период лани и значително зголемување од 34,7% во однос на вториот квартал од 2012 година. Со авион во периодот јули – септември патувале 306.512 патници, додека во првите девет месеци од годинава се регистрирани 704.318 патници. Порастот на бројот на патници на македонските аеродроми може да се согледа и од бројките на Министерството за транспорт и врски, кое денеска излезе со податоци дека се превезени вкупно 830.109 патници заклучно со месец ноември годинава. Сепак, кај воздухопловниот превоз се забележува намалување на превезената стока за 5,2% во однос на третиот квартал од 2011 година, но и пад од 4,9% во споредба со претходниот квартал од оваа година.

    Статистика констатира позитивен раст во сегментот на градско – приградскиот сообраќај. Во периодот јули – септември се транспортирани 13.585.000 патници што претставува раст од 1,2% наспроти истиот период лани. Ако се земе во предвид неодамнешната публикација на „Транспорт и други услуги“, тогаш може да се согледа дека во Македонија продолжува трендот на намалување на железничкиот сообраќај и пораст на градскиот, патниот и на такси превозот. Спротивно на која било европска држава, градскиот превоз во вкупниот број на превезени патници учествува со 58%, такси превозот со огромни 27%, додека со патниот транспорт се превезени 13% од патниците. Воздухопловниот и железничкиот сообраќај учествуваат со минорни 2% во вкупната бројка на транспортирани патници. Речиси идентична е состојбата и во превозот на стоки. Транспортот со камиони учествува со 92% од испорачаната стока, додека со воз се транспортирани минимални 8% од целокупниот товар во текот на 2011 година.

Seite 4 von 45 ErsteErste 1234567814 ... LetzteLetzte

Ähnliche Themen

  1. Antworten: 62
    Letzter Beitrag: 11.08.2009, 15:18
  2. Die Versäumnisse der Bush-Regierung - Infrastruktur der USA
    Von Mastakilla im Forum Aussenpolitik
    Antworten: 0
    Letzter Beitrag: 01.02.2009, 21:53
  3. Antworten: 0
    Letzter Beitrag: 21.03.2008, 23:06
  4. Welche Ex-Jugo-Stadt hat die beste Infrastruktur?
    Von Zurich im Forum Balkan-Städte
    Antworten: 58
    Letzter Beitrag: 10.02.2007, 00:01
  5. Makedonien investiert in Energiesektor und Infrastruktur
    Von Makedonec_Skopje im Forum Wirtschaft
    Antworten: 4
    Letzter Beitrag: 20.07.2006, 03:36