BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Erweiterte Suche
Kontakt
BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Benutzerliste

Willkommen bei BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen.
Seite 8 von 45 ErsteErste ... 45678910111218 ... LetzteLetzte
Ergebnis 71 bis 80 von 444

Infrastruktur-Projekte in Mazedonien

Erstellt von Zoran, 04.09.2012, 08:31 Uhr · 443 Antworten · 45.936 Aufrufe

  1. #71
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.754
    Skopje: Neue Abfallbehälter mit unterirdischen Auffangbehälter.

    ФОТО: Скопското ѓубре оди под земја

    Скопје доби подземни контејнер за смет по примерот на големите градови. Денеска беше промовиран првиот контејнер за одлагање комунален отпад.

    Градските власти денеска го промовираа системот за функционирање на подземните контејнери за одлагање комунален отпад на територијата на општина Центар. Проектот за поставување подземни контејнери ќе се прошири и во другите скопски општини.
    -Поставувањето на 50 подземни контејнери на 15 локацвии во центарот на Скопје ќе придонесе за осовременување на системот за складирање и подигање на комуналниот смет и за подобрување на јавната хигиена во градот, изјави градоначалникот Коце Трајановски.
    На 5 локации ќе се постават по 4 контејнери, од кои 3 ќе се користат за одлагање мешовит отпад, а 1 за ПЕТ амбалажа. На преостанатите 10 локации ќе се постават по 3 контејнери, од кои по 2 за мешовит отпад и 1 за ПЕТ амбалажа.

    Системот кој ќе се користи за вадење и спуштање на контејнерите, oдносно за нивно празнење, работи на хидрауличен погон и е еден од најсовремените во регионот. Подземните контејнери од фирмата АТРИК од Словенија, се со зафатнина од 3 кубни метри.
    Проектот чини 33 милиони денари, Градот Скопје и општината Центар учествуваат со по 10 милиони денари, а ЈП „Комунална хигиена“ со 13 милиони денари, а рокот за завршување е крајот на месец март.

  2. #72
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    PCC DEG Renewables hat vor 5 kleine Wasserkraftwerke in Makedonien zu bauen.

    Германската компанија „PCC DEG Renewables“, која од македонските власти доби лиценца за изградба на пет мали хидроцентрали во земјава, првата од нив, Градечка, планира да ја стави во погон во третиот квартал од годинава, изјави извршниот директор на компанијата, Дирк Гурцених, во интервју за „Сеењуз“. Вкупниот капацитет на петте мали хидроцентрали е околу 6 мегавати.
    Градечка е лоцирана на истоимената река 90 километри источно од Скопје, а нејзината изградба за почна кон средината на 2012 година.
    Други две хидроцентрали, Патишка и Галичник, компанијата ги започна со изградба во декември 2012, при што првата треба да биде пуштена во работа на почетокот на 2014, а другата на крајот од годинава.
    Овој месец „PCC DEG Renewables“ започна со изградба и на малата хидроцентрала Брајчино, а Гурцених во интервјуто вели и дека почетни преговори се вршат и со потенцијални финансиери за уште една хидроцентрала – на Крива Река. Концесијата за овој проект со македонските власти е потпишана во септември лани.
    - Добивме позитивни сигнали дека оваа хидроцентрала евентуално би можеле да ја финансираме со средства од Европската банка за обнова и развој – вели Гурцених во интервјуто.
    PCC DEG Renewables во моментов инвестира во електрани на ветар и хидроцентрали во БиХ, Македонија и Бугарија.
    Компанијата е основана од германската енергетска компанија PCC SE и германската развојна и инвестициска компанија DEG која е во сопственост на развојната банкарска групација КфВ (KfW).

    ??????????? ?PCC DEG Renewables? ????? 5 ???? ????????????? ?? ??????????

  3. #73
    tetovë1
    Tetovo sieht aus wie 1970 und Skopje wird bald einer der schönsten City's in der EU

  4. #74
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Tetovo sieht aus wie 1970 und Skopje wird bald einer der schönsten City's in der EU
    Modern .Schoen wird Skopje erst 2014 sein ..Und Tetovo kommt noch dran. Keine Sorgen

  5. #75

    Registriert seit
    12.09.2009
    Beiträge
    9.978
    Zitat Zitat von Zoran Beitrag anzeigen
    Skopje: Neue Abfallbehälter mit unterirdischen Auffangbehälter.

    ФОТО: Скопското ѓубре оди под земја

    Скопје доби подземни контејнер за смет по примерот на големите градови. Денеска беше промовиран првиот контејнер за одлагање комунален отпад.

    Градските власти денеска го промовираа системот за функционирање на подземните контејнери за одлагање комунален отпад на територијата на општина Центар. Проектот за поставување подземни контејнери ќе се прошири и во другите скопски општини.
    -Поставувањето на 50 подземни контејнери на 15 локацвии во центарот на Скопје ќе придонесе за осовременување на системот за складирање и подигање на комуналниот смет и за подобрување на јавната хигиена во градот, изјави градоначалникот Коце Трајановски.
    На 5 локации ќе се постават по 4 контејнери, од кои 3 ќе се користат за одлагање мешовит отпад, а 1 за ПЕТ амбалажа. На преостанатите 10 локации ќе се постават по 3 контејнери, од кои по 2 за мешовит отпад и 1 за ПЕТ амбалажа.

    Системот кој ќе се користи за вадење и спуштање на контејнерите, oдносно за нивно празнење, работи на хидрауличен погон и е еден од најсовремените во регионот. Подземните контејнери од фирмата АТРИК од Словенија, се со зафатнина од 3 кубни метри.
    Проектот чини 33 милиони денари, Градот Скопје и општината Центар учествуваат со по 10 милиони денари, а ЈП „Комунална хигиена“ со 13 милиони денари, а рокот за завршување е крајот на месец март.
    wird der Müll nicht getrennt bei Euch Nordvolk?

  6. #76
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    МЕПСО потпиша договори за два далноводи со должина од 122 километри

    Шведската компанија „Елтел Нетворкс ТЕ АБ“ (Eltel Networks TE AB) во конзорциум со српската фирма „Енергомонтажа“ од Белград ќе го гради новиот интерконективен 400 киловолтен далновод од Штип до македонско – српската граница, додека српски конзорциум составен од „Енергомонтажа“ и „Монтпроект“ ќе врши реконструкција на 110 киловолтниот далновод Скопје – Југохром – Тетово. Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) денеска ги склучи договорите за реализација на овие два енергетски инфраструктурни проекти во вкупна вредност од 13,22 милиони евра и должина од 122 километри.

    Интерконективниот далновод од Штип до границата со северниот сосед е во должина од 70 километри и ќе биде поставен на 168 челично – решеткасти столбови. Инвестицијата во зафатот изнесува 9,7 милиони евра, а рокот на изградба е 17 месеци. Финансиските средства за проектот се обезбедени од кредитна линија на Светската банка и од сопствени средства на државната компанија. Со реализацијата на овој преносен вод, се воведува втора врска со Србија што во иднина ќе создаде услови за зголемување на капацитетите за пренос на електрична енергија и ќе ја зголеми доверливоста на електроенергетските системи на регионално ниво.

    Реконструкцијата на далноводот Скопје – Југохром – Тетово опфаќа 180 челично – решеткасти столбови на траса долга 52 километри. Вредноста на овој проект изнесува 3,56 милиони евра, обезбедени од самата компанија и преку кредит од Светска банка. Изведувањето на активностите ќе се одвива во наредните 13 месеци. Санираниот далновод ќе овозможи поголем пропусен капацитет на електрична енергија, ќе ги подобри напонските прилики и ќе ги намали загубите на преносната мрежа. Инвестицискиот циклус на МЕПСО е дел од изготвената Студија за развој на преносната мрежа од 2010 до 2020 година, во која е зацртано да се остварат 18 проекти со вкупна вредност од 82,5 милиони евра.

  7. #77
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Распишан тендер за реконструкција на четири регионални патишта

    Јавното претпријатие за државни патишта денеска објави меѓународен тендер за избор на градежни компании коимушто ќе ги рехабилитираат четирите регионални патни правци Струга – Дебар, Кавадарци – Мушов гроб, Радовиш – Конче – Лубница и Ангелци – Вељуса – Водоча – Баница во вкупна должина од 74 километри. Финансиските средства во висина од околу 10 милиони евра се обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). На интернет – страницата на ЕБОР се наведува дека државното претпријатие планира да ги потроши позајмените средства во вкупен износ од 50 милиони евра за надградба и рехабилитација на регионалните и локалните патишта во земјава. Обемниот проект, кој е започнат во 2010 година, опфаќа реконструкција на регионални патишта во должина од 92 километри, како и изградба и санација на локални патишта во должина од околу 350 километри.

    Фирмите кои планираат да конкурираат за санација на четирите делници од патната инфраструктура, имаат право да обезбедат попуст при доставувањето понуди за повеќе од еден патен правец. Градежните компании треба да ги поднесат своите понуди најдоцна до 29 март, за кога е закажано и нивното јавно отворање. Со финансиски средства од државниот буџет и со заеми од меѓународните финансиски институции во текот на минатата година се реконструираа и изградија повеќе од 320 километри локални патишта, а беше завршена и реконструкцијата на автопатот Катланово – Велес во должина од 27 километри, покажуваат официјалните податоци на Министерството за транспорт и врски.

  8. #78
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.754
    Saraj bekommt eine neue Mittelschule.

    Ново средно училиште во општина Сарај
    САБОТА, 09 ФЕВРУАРИ 2013 08:19
    Градоначалниците на Град Скопје и Сарај, Коце Трајановски и Беким Мурати, Вицепремиерот на РМ, Муса Цафери, како и министрите за образование и наука и правда, Панче Кралев и Блерим Беџети ја посетија локацијата на којашто ќе се гради ново средно училиште на територијата на Општина Сарај. Новото средно училиште ќе биде од тврда градба со вкупна површина од 2020 квадратни метри, со приземје, кат и подрумски површини и сопствен систем за греење.Во објектот на училиштето ќе може да се одржи квалитетна настава на албански јазик за 600 ученици, коишто ќе изучуваат повеќе струки: медицинска, економска, правна, а до колку има заинтересираност ќе се воведе и гимназиски смер.Изградбата на објектот се очекува да почне за еден месец, а училиштето да биде готово за 2 до 3 години. Парите за изградба се обезбедени од буџетот на Министерството за образование, а средства за покривање на трошоците за комуналии ќе се издвојат од буџетот на Град Скопје.

  9. #79
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Компанија од Билбао ќе прави проект за подземна сообраќајница од мостот„ Гоце Делчев“ до „Комплекс Банки“

    10/02/2013 // Пред 37 минути // ИНФРАСТРУКТУРА // Коментирај

    Шпанската компанија “IDOM INGENIERIA Y CONSULTORIA S.A.“ во следните 10 месеци ќе треба да изработи инвестиционо техничка документација на ниво на Основен проект за подземна сообраќајница од мостот„ Гоце Делчев“ до „Комплекс Банки“, заедно со потребните сообраќајници за влез и излез со вклучена ревизија. Интересно е што Градост Скопје го додели тендерот на оваа компанија од Билбао, Шпанија без објавување на оглас.
    Исто така интересен е и податотокот што проценетата вредност на Градот Скопје за изработката на овој документ е 48.780 евра, идентична сума со онаа за која “IDOM INGENIERIA Y CONSULTORIA S.A.“ се нафати да го изработи основниот проект за оваа подземна сообраќајница.
    “Дополнителните услуги произлегуваат поради измена и дополна на сообраќајниот проект за подземната сообраќајница, а со тоа се промени и проектната задача во обем за градежниот дел во неколку елементи, како вметнување на турбо ротонда на делот на раскрсницата бул. „Кочо Рацин“ и бул. „Кузман Јосифовски Питу“ наместо кружен тек со семафори, подземен пешачки премин (електрика и лифт за хендикепирани лица) на бул. „Кочо Рацин“ и скали под мостот „Република“ а со тоа и проектирање на електриката како и промена на предлогот за времени решенија“, вака од Градот Скопје ја објаснуваат причината зошто за овој проект не објавиле оглас, туку во непосредна спогодба ја ангажираа шпанската компанијa
    http://faktor.mk/archives/28224

  10. #80
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.754
    Zitat Zitat von mk1krv1 Beitrag anzeigen

    Das Projekt dürfte interessant sein, je nachdem wie oft die dann wegen archäologische Funde stoppen müssen

Seite 8 von 45 ErsteErste ... 45678910111218 ... LetzteLetzte

Ähnliche Themen

  1. Antworten: 62
    Letzter Beitrag: 11.08.2009, 15:18
  2. Die Versäumnisse der Bush-Regierung - Infrastruktur der USA
    Von Mastakilla im Forum Aussenpolitik
    Antworten: 0
    Letzter Beitrag: 01.02.2009, 21:53
  3. Antworten: 0
    Letzter Beitrag: 21.03.2008, 23:06
  4. Welche Ex-Jugo-Stadt hat die beste Infrastruktur?
    Von Zurich im Forum Balkan-Städte
    Antworten: 58
    Letzter Beitrag: 10.02.2007, 00:01
  5. Makedonien investiert in Energiesektor und Infrastruktur
    Von Makedonec_Skopje im Forum Wirtschaft
    Antworten: 4
    Letzter Beitrag: 20.07.2006, 03:36