BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Erweiterte Suche
Kontakt
BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Benutzerliste

Willkommen bei BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen.
Seite 16 von 65 ErsteErste ... 612131415161718192026 ... LetzteLetzte
Ergebnis 151 bis 160 von 641

Skopje - Bauprojekte

Erstellt von mk1krv1, 26.04.2012, 18:44 Uhr · 640 Antworten · 79.075 Aufrufe

  1. #151
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Ќе се изработува основен проект за класицистичка фасада на зградата на МЕПСО

    Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) објави оглас за изработка на ревидиран основен проект за реконструкција и адаптација на фасадата и реконструкција на внатрешноста на постоечкото седиште на компанијата во строгиот центар на Скопје. Иако државното претпријатие уште пред речиси два месеци го избра победничкото идејно решение за надворешниот изглед на овој препознатлив објект, засега не сака да го обелодени. Интернет – порталот „Билд“ испрати прашања до МЕПСО поврзани со претстојната реконструкција на објектот, но оттаму досега не добивме никаков одговор. Извесно е само дека се работи за проект во стилот на класицизмот, како што се бараше во конкурсните критериуми.




    На конкурсот за избор на новиот надворешен изглед на објектот победи архитектонскиот труд под шифрата „МКЗЕУ“, кој ја доби првата награда во износ од 500.000 денари, втората награда од 200.000 денари е доделена на делото под шифра „ИОНИК“, а за третонаграденото предлог решение под шифрата „СИЗИФ“ беа исплатени 100.000 денари. По изборот на идејно решение со класицистичка фасада во духот на проектот „Скопје 2014“, административниот објект на МЕПСО ќе добие основен проект, за кој своите понуди субјектите треба да ги достават најдоцна до 8 август. Од државната компанија МЕПСО не излегуваат со информации кога би требало да се објави тендерската документација за избор на градежна компанија што ќе ја изведува реконструкцијата, ниту пак сакаат да ја објават финансиската конструкција на проектот.

  2. #152
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Се продаваат 10 големи градежни парцели од касарната „Илинден“

    Станбени згради, деловни и комерцијални објекти и здравствена установа ќе се подигнат во северниот дел од касарната „Илинден“ во Скопје, доколку успешно се реализира продажбата на земјиштето што денеска го понуди општина Карпош, по барање на Министерството за транспорт и врски. Во рамки на остварувањето на проектот „Старите касарни за нов развој“, за отуѓување се огласени пет градежни парцели со вкупна површина од 34.814 метри квадратни за изградба на објекти со комерцијални и деловни намени, со почетна цена од 6.000 денари за метар квадратен. За домување во станбени згради се предвидени четири парцели со големина од 49.087 метри квадратни, чија почетна цена исто така изнесува 6.000 денари за метар квадратен, а понуден е и простор за изградба на здравствена установа на површина од 3.495 метри квадратни со почетна цена од 1.400 денари за метар квадратен. Доколку се продадат сите парцели, вкупниот финансиски прилив за државата и за општината ќе биде најмалку 8,5 милиони евра.

    Во соопштението на министерството се нагласува дека целокупната површина на понуденото земјиште изнесува 87.396 метри квадратни со максимална бруто изградена површина на сите предвидени објекти од 460.000 метри квадратни. Рокот за пријавување за учество во електронското јавно наддавање е до 23 август, а истото ќе се одржи на 30 август. По барање на надлежното министерство, општина Карпош веќе отуѓи две градежни парцели со намена за изградба на објекти за одржување на настава од високото образование, по цена од 71 денар за метар квадратен односно вкупно 1.339.334 денари за земјиштето со големина од 18.864 метри квадратни.

  3. #153
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Македонските аеродроми го зголемија бројот на патници за 18,4% во првата половина од 2012 година

    Во првите шест месеци од 2012 година од скопскиот аеродром „Александар Велики“ и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се превезени вкупно 400.188 патници, што претставува пораст од 18,4% во споредба со првата половина од 2011 година, кога услугите на двата аеродроми ги искористиле 337.888 патници. Според денешното соопштение на Министерството за транспорт и врски, во истиот период е забележан пораст на бројот на редовни летови за 8%, односно 3.766 редовни летови во периодот од јануари до јуни 2012 година, наспроти реализираните 3.487 летови во идентичниот период лани.

    Прогнозите се дека новите летови на странските авиокомпании што ќе започнат да функционираат во наредните месеци дополнително ќе го зголемат сообраќајот на македонските аеродроми. Порастот на бројот на граѓани кои ги користат македонските аеродроми е континуиран во текот на сите шест месеци од оваа година, а значителен пораст е забележан и во рамки на изминатата година. Информациите од компанијата ТАВ говорат дека во текот на 2011 година се превезени вкупно 834.273 патници, со што е забележан пораст од 15% во споредба со 2010 година.

  4. #154
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Посебно тело ќе се грижи за континуирано стратешко планирање и за ГУП-от на Град Скопје

    Во преполната сала на Советот на Град Скопје денеска се одржа стручна расправа за Нацртот на Генералниот урбанистички план (ГУП) на главниот град за периодот 2012 – 2022 година, на која градоначалникот на Скопје Коце Трајановски најави дека размислува за формирање организациона единица или субјект во рамките на градот кој во континуитет ќе се грижи за ГУП-от и за стратешкото планирање на македонската метропола. Најголем интерес помеѓу присутните експерти предизвика новата просторна организација на градот. „Новина е тоа што Градот Скопје се подели на 11 реони, а во рамките на нив за прв пат се воведуваат 143 градски четврти. Деталните урбанистички планови (ДУП) ќе се донесуваат на ниво на градска четврт“ истакна Трајановски.

    Страшо Хаџи Коцев од Секторот за урбанизам во општина Аеродром напомена дека границите на општините не се совпаѓаат со градските четврти, што би можело да предизвика проблем при изработката на ДУП-овите. Претставниците од индустрискиот сектор напоменаа дека би можело да се јават дополнителни одолговлекувања при решавањето на спорови со воведувањето на трето ниво преку кое ќе се уредува просторот, покрај катастарскиот план и планот на општината. Од Градот Скопје одговорија дека претстојниот ГУП нема да може да ги реши проблемите кои се јавуваат со разграничувањето помеѓу скопските општини, кои истите треба во иднина да ги надминуваат преку заемен дијалог.

    Михаил Токарев, професор во пензија од Архитектонскиот факултет напомена дека градот се претвора мегалополис во рамките на една мала држава и во таа смисла капацитетот на животниот простор е преоптоварен. Тој запраша колку луѓе навистина можат да живеат во Скопје и во скопската котлина пред да се предизвика трајна деградација на животниот простор. „Ако продолжиме ние да градиме четири кули за 5.000 жители во една населба, друга населба ќе пројави други желби. Во Скопје има повеќе станови отколку што има семејства. Апелирам да се размисли за „дезурбанизација“, односно враќање на луѓето во нивните родни места, затоа што градот тој товар веќе не може да го издржи“, апелираше професорот Токарев.

    Томе Костадиновски од компанијата „Конструктор“ напомена дека Јужната обиколница е неминовна потреба во насока на растоварување на сообраќајниот метеж и намалување на времето на патување од едната до другата страна на градот. Наспроти ваквиот став, во текот на расправата преовладаа спротивни размислувања. „Атрактивен е просторот на Водно и тој ќе навлече огромен притисок околу обиколницата да започне да се градат и реализираат објекти, но ние мораме да го заштитиме зеленилото во градот. Ние секој ден гледаме уништување на зелените површини“, истакна Андреј Токарев, универзитетски професор и генерален координатор на ГУП за периодот 2012 – 2022 година.

    Како алтернатива на изградбата на Јужната обиколница, Зоран Кракутовски, професор од Градежниот факултет во Скопје, изјави дека во понудената верзија на Нацртот на ГУП останува вметнат булеварот Македонија како брза градска магистрала, но и улицата Митрополит Теодосиј Гологанов за која е предложено засилување на сообраќајниот проток со шински превоз, преку решение кое ќе треба да ја поврзе железничката станица Ѓорче Петров со Транспортен центар.

    Границите на Градот Скопје со новото просторно планирање не се променети, освен што е внесена територијата на општина Сарај во рамките на ГУП-от и е направена корекција на границата помеѓу општина Кисела Вода и општина Сопиште. Процесот на изготвување на урбанистичкиот план за македонската метропола започна во 2009 година. Забелешките кои стручната јавност ги искажа на денешната расправа треба да се достават во рок од 10 дена во писмена форма до Градот Скопје за да се постапи во насока на нивно разгледување и евентуално вметнување во конечната предлог – верзија која ќе се достави на гласање пред градските советници.

    » Форумска дискусија за ГУП-от на Скопје








  5. #155
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Во средината на август ќе стартува изградбата на новата општинска зграда на Карпош

    Новиот административен објект во кој ќе се смести локалната самоуправа од Карпош ќе започне да се гради во средината на август. Зградата ќе има две подземни нивоа, приземје, три ката и потпокрив и ќе се простира на површина од 7.500 метри квадратни. Од општината соопштуваат дека на 16 јули било извршено разгледување на пристигнатите понуди за избор на субјект што ќе ги изведува активностите на терен, при што за најповолен понудувач е избрана градежната компанија „АК – Инвест“ од Тетово. Причината за нејзиниот избор е доставената понуда во износ 72.963.702 денари или околу 1,2 милиони евра, која е пониска од онаа на „Гранит“ што изнесува 93.864.291 денари, а како последно рангирана на тендерот е понудата на скопски „Бетон“ во висина од 95.906.919 денари.





    Зградата за општинарите ќе се подигне на местото на старите бараки на булеварот Партизански одреди во Карпош 3. Идејното решение за административниот објект го изработија архитектонските студија „СКАрС“ и „Архитектри“, кои победија на конкурсот што беше распишан пред 2 години. Освен просториите во кои ќе бидат сместени службениците, во рамките на зданието ќе се смести и матичната служба. Новиот објект треба да ја стимулира употребата на алтернативните еколошки извори на енергија и да биде енергетски одржлив.

  6. #156
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Општина Центар избра 10 згради за реконструкција на фасадите

    Девастираните фасади на 10 станбени објекти лоцирани на територијата на општина Центар ќе бидат реконструирани во рамките на проектот „Енергетско ефикасни домови“. Локалната самоуправа ги избра овие згради по распишаниот јавен повик, на кој аплицираа 54 станбени единици. Доколку некој од наведените објекти не го исполни критериумот за промена на прозорци и врати во периодот до 20 август, ќе биде заменет со друга станбена зграда од утврдената ранг – листа. Општина Центар потпиша Меморандум за соработка со невладината организација „Хабитат Македонија“, со која е планирано остварување на Акциониот план за енергетска ефикасност на општината за реконструкција на фасадите на објектите за колективно домување.

    Финансиската конструкција на проектот изнесува 30 милиони денари. Во текот на санацијата на надворешниот изглед на објектите е предвидено да се извршат енергетски контроли со кои ќе се утврди нивната енергетска ефикасност. Со овој зафат не е планирано да се менува надворешната физиономија на ниту еден од избраните објекти, со што тие единствено би добиле нови бои на фасадата и имплементирање на мерки со кои ќе се намали потрошувачката на енергија од станарите.


    Список на избраните станбени згради за реконструкција на фасада:

    1. ул. Ѓуро Ѓаковиќ, бр.72
    2. ул. Орце Николов, бр.77
    3. бул. Партизански Одреди бр. 49, влез 1 и 2
    4. бул. Кочо Рацин бр. 19
    5. бул. Св. Климент Охридски бр. 53
    6. бул. Св. Климент Охридски бр. 29
    7. ул. Луј Пастер бр. 23А/1
    8. ул. Ленинова бр. 73
    9. ул. Орце Николов бр. 29
    10. ул. Франклин Рузвелт бр. 46А


  7. #157
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.745
    "Ilindenska" wird weiter erweitert bis zur Strasse "Manapo" die ebenfalls verbreitert wird.



    ТРЕТА ФАЗА ОД ПРОЕКТОТ
    Илинденска се проширува за уште 1,5 километар

    Булеварот Илинден ќе се прошири и реконструира за уште 1,5 километар на потегот од бензинската пумпа на Макпетрол до улицата Љубљанска, а улицата Манапо од крстосницата со булеварот Партизански одреди до крстосницата со булеварот Илинден во должина од половина километар. Инвестицијата на градот ќе чини 64 милиони денари за булеварот Илинден и 28 милиони денари за улицата Манапо. Проширувањето треба да биде готово до крајот на октомври..
    Со проектот се предвидува булеварот Илинден и улицата Манапо да се прошират со четири коловозни ленти широки по 3,5 метри. Од двете страни на булеварот и улицата ќе бидат поставени нови тротоари со широчина до 3,5 метри. По проширувањето постојниот асфалт на коловозот ќе биде изгребан и ќе се нанесе нов асфалтен слој на површина. Рабниците по должина на овие сообраќајни ќе бидат целосно заменети. Почетокот на градежните активности го најавија премиерот Никола Груевски и скопскиот градоначалник Коце Трајановски.
    - Изградбата на новиот коловоз ќе се искористи за изградба на нова атмосферска канализација со нови сливници и шахти. Во средишниот дел на булеварот Илинден ќе се изгради жардиниера и средишно зеленило со променлива ширина до пет метри. По должина на булеварот ќе биде поставено комплетно ново осветлување- посочи Трајановски.
    На проширувањето и реконструкцијата на булеварот во третата фаза ќе работата екипите на АД Гранит, а на улицата Манапо фирмата ДГ Бетон.. Пред две години Град Скопје го прошири и реконструираше првиот дел од булеварот од крстосницата со булеварот Свети Килимент Охридски до булевар 8 Септември. Во 2011 година пак беше проширена втората делница од булеварот 8 Септември до бензинската Макпетрол. За овие два зафати Градот вложи приближно 4 милиони евра.

  8. #158
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Продолжува проширувањето на булеварот Илинден, ќе се проширува и улицата Манапо

    Денеска започнаа градежните активности за проширување и реконструкција на булеварот Илинден – трета фаза, на потегот од бензинската пумпа на Макпетрол до улицата Љубљанска, во должина од 1.100 метри. Предвидено е овој сегмент од сообраќајницата да добие вкупно четири коловозни ленти широки по 3,5 метри. Во средишниот појас ќе се изгради жардиниера и со зеленило, со променлива ширoчина од 2,5 до 5 метри, а од двете страни ќе бидат изведени нови тротоари со широчина од по 2,5 метри и ќе биде поставено ново осветлување. По проширувањето, асфалтот на стариот коловоз ќе биде изгребен и ќе биде нанесен нов асфалтен слој на површина од 10.500 метри квадратни. Во овој проект Градот Скопје ќе вложи вкупно 64 милиони денари, односно околу еден милион евра. Градежните работи ги врши скопски „Гранит“, а рокот за изведба е 90 работни денови.

    Во 2010 година Градот Скопје го прошири и го реконструираше булеварот Илинден на потегот од крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски до крстосницата со булеварот 8-ми Септември, во должина од 2 километри, за што беа вложени околу 3,3 милиони евра. Во 2011 година идентичен зафат беше реализиран на краткиот сегмент од крстосницата со булеварот 8-ми Септември до бензинската пумпа на Макпетрол, за цена од околу 325 илјади евра.

    Истовремено ќе се работи и на соседната улица Манапо. Таа ќе се проширува и реконструира по целата нејзина должина, односно од крстосницата со булеварот Илинден до крстосницата со булеварот Партизански одреди, во должина од 450 метри.

    Предвиден е коловоз со четири сообраќајни ленти широки по 3,5 метри и тротоари со широчина од по 3,5 метри. Според соопштението на градските власти, изградбата на новиот коловоз ќе се искористи за целосна реконструкција на фекалната канализација во должина од 640 метри и на атмосферската канализација во должина од 510 метри. За овој градежен зафат е задолжена градежната компанија „Бетон“ од Скопје. Финансиската тежина на проектот е околу 28 милиони денари, односно околу 450 илјади евра, а рокот за изведба е исто така 90 работни денови.

  9. #159
    Avatar von Arbanasi

    Registriert seit
    14.10.2009
    Beiträge
    6.534
    Abgesehen von diesen übertrieben vielen und unnötigen Statuen, sehen die Gebäude Top aus...
    Sollte sich Tirana ein Beispiel in dieser Richtung nehmen und aufhören diese Kommie-Boxen zu vergayen und was gescheites an deren Stelle bauen bzw. für die Augen zumutbare Renovierungen vornehmen.

  10. #160
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.745
    Zitat Zitat von Arbanasi Beitrag anzeigen
    Abgesehen von diesen übertrieben vielen und unnötigen Statuen, sehen die Gebäude Top aus...
    Sollte sich Tirana ein Beispiel in dieser Richtung nehmen und aufhören diese Kommie-Boxen zu vergayen und was gescheites an deren Stelle bauen bzw. für die Augen zumutbare Renovierungen vornehmen.

    Ich habe es auch schon öfter gesagt, mir gefallen die Statuen aber einige sind definitiv verkehrt platziert. Da hätte ich andere Ideen und Vorstellungen gehabt. Skopje ist nicht nur das Zentrum.

Ähnliche Themen

  1. Bauprojekte in Mazedonien
    Von MaKeDoNiJa e VeCnA im Forum Bauprojekte
    Antworten: 1840
    Letzter Beitrag: 25.05.2017, 09:58
  2. Prishtina - Bauprojekte
    Von Arbanasi im Forum Bauprojekte
    Antworten: 995
    Letzter Beitrag: 03.03.2017, 16:20
  3. Tirana - Bauprojekte
    Von Arbanasi im Forum Bauprojekte
    Antworten: 715
    Letzter Beitrag: 15.07.2015, 23:41
  4. Bauprojekte in Bulgarien!
    Von Milabrya im Forum Bauprojekte
    Antworten: 1
    Letzter Beitrag: 03.06.2008, 21:57