BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Erweiterte Suche
Kontakt
BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Benutzerliste

Willkommen bei BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen.
Seite 17 von 65 ErsteErste ... 713141516171819202127 ... LetzteLetzte
Ergebnis 161 bis 170 von 641

Skopje - Bauprojekte

Erstellt von mk1krv1, 26.04.2012, 18:44 Uhr · 640 Antworten · 79.120 Aufrufe

  1. #161
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    ТЕМА: Уште една изгубена година за железничкиот Коридор 8, планираните рокови се пробиваат

    И во текот на 2012 година нема да започне изградбата на пругата кон Бугарија. Ветувањата на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески од декември 2011 година повторно ќе ги пробијат зацртаните рокови. „Согласно програмата на владата очекувам кон крајот на 2012 година да започне рехабилитацијата на пругата од Куманово до Бељаковце, од 2013 ќе започне изградбата до Бугарија. Тоа е согласно динамичниот план и согласно преговорите со Европската инвестициона банка и Европската банка за обнова и развој“, напомена тогаш министерот Јанакиески. По половина година, тој неодамна излезе со нова прес – конференција, на која изјави дека во февруари или во март 2013 година би требало да започне рехабилитацијата на некогаш функционалната делница од Куманово до Бељаковце. Притоа, неговите информации се во спротивност со изнесените мислења во изработената физибилити – студија за пругата од Куманово до Деве Баир.

    Она што со сигурност се знае е дека допрва ќе се изготвуваат основните проекти и тендерот за избор на компанија која ќе го реализира зафатот, процес кој би требало да трае една година. Дури кон крајот на април годинава, МЖ – Инфраструктура потпиша договор со австриската компанија „ИЛФ“ (ILF Consulting Engineers) за изработка на детален проект и тендерска документација за избор на изведувач на работите за реконструкција на пругата до Бељаковце, во должина од 30,5 километри. Документацијата треба да биде комплетирана најдоцна до април 2013 година, што укажува на фактот дека во претстојните месеци од 2012 година нема да започнат градежните работи за санација на постоечката и изградба на планираната пруга кон Бугарија.

    Во меѓувреме, последните владини информации говорат дека се обезбедени финансиски средства за рехабилитација на делницата Куманово – Бељаковце. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави дека Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) го одобрила заемот од 46,4 милиони евра за овој проект. По собраниската процедура за одобрување на кредитното задолжување на земјава, во септември би се распишал тендер за избор на компанија што ќе ги изведува градежните работи, кои би стартувале во првиот квартал од 2013 година.

    Техничката документација за Коридорот 8 од Куманово до бугарската граница веќе е изработена од страна на консултантската куќа „Ептиса“. Во физибилити – студијата се напоменува дека проектот ќе се одвива во две фази. Во првата фаза ќе се изврши реконструкција на железничката инфраструктура до селото Бељаковце, во периодот од 2013 до средината на 2015 година. Консултантите пресметале дека за оваа делница ќе треба да се издвојат 45,37 милиони евра. Во периодот по 2015 година до Бељаковце е планирано да се одвива исклучиво железнички патнички сообраќај со дизел моторни возови по неелектрифицирана пруга кои ќе поаѓаат од Скопје, а најголема поволност од реконструкцијата ќе почуствуваат жителите на Куманово кои ќе добијат нова железничка станица во самиот град. Наспроти оваа зацртана рамка, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во својата последна изјава го продолжи крајниот рок за изведба на делницата Куманово – Бељаковце за уште две години, најавувајќи дека истата би требало да заврши најдоцна до 2017 година.

    Во изработената студија од „Ептиса“ се напоменува дека товарниот железнички сообраќај ќе започне да функционира дури по целосната изградба на пругата и нејзиното пуштање во употреба на почетокот од 2019 година. Изградбата на двете делници од Бељаковце до Деве Баир, во должина од 57,5 километри ќе треба да започне во 2014 година и да се комплетира до крајот на 2018 година. Финансиските средства потребни за целосно завршување на ветуваниот проект достигнуваат огромна сума во износ од преку 590 милиони евра. Консултантите напоменуваат дека дури 357 милиони евра ќе треба да се издвојат само за изградба на 23,4 километри железничка пруга од третата делница со која земјава ќе треба да се поврзе со Ѓуешево.

    Спротивно на физибилити студијата, министерот на последната прес – конференција најави дека изведбата на пругата од Бељаковце до Крива Паланка би започнала најдоцна до 2015 година, а би завршила до 2020 година. Најтешката делница од Крива Паланка до бугарската граница треба да започне да се гради во 2017 година и да заврши во рок од пет години. Според него, до земјава е испратено писмо од Европската инвестициска банка во кое се вели дека ќе влезат во реализација на пругата од Бељаковце до Крива Паланка, за која тој тврди дека се потребни 145 милиони евра за градежните работи.

    Во изготвената физибилити студија се нагласува дека од почетокот на 2019 година ќе се воспостави товарен сообраќај, при што главен акцент е ставен на превозот на стоки до и од бугарското пристаниште Бургас, но и на искористувањето на зголемената економска размена со Турција, како и на транзитот на стоки кон Косово и Албанија. Кај превозот на патници е предвидено воведување на 6 до 7 патнички и експресни возови помеѓу Скопје и Крива Паланка, како и од 4 до 6 меѓународни патнички и експресни возови со кои ќе се поврзат главните градови на Македонија и Бугарија. Сепак, освен промашувањата и досегашните неуспеси од македонската страна, голем проблем во реализацијата на железничкиот Коридор 8 е и незаинтересираноста на Бугарија за овој проект. Според стратегијата на бугарските власти, пругата од Ѓуешево до Радомир ќе се модернизира и електрифицира дури до 2024 година.

    Слично на источната, и на западната делница од Коридорот 8 нема да се одвиваат никакви активности на терен во претстојните месеци од оваа година. Директорот на МЖ – Инфраструктура Ирфан Асани неодамна напомена дека во текот на 2012 година ќе се објави тендер за избор на консултант за изработка на Основен и изведбен проект за изградба на железничката линија од Кичево до границата со Албанија, додека градежните работи на делниците од западниот сегмент на Коридорот 8 треба да започнат во 2015 година. Во однос на истото прашање, министерот Јанакиески изјави дека главниот проект треба да се изработува минимум две години, а за него веќе е поднесено барање за финансиски средства до оперативните програми во износ од 5 милиони евра. Финансиски средства за железничкото поврзување со Албанија треба допрва да се обезбедат, а овие последни најави од надлежните институции се во целосна спротивност со владините ветувања од пред неколку години, според кои изградбата на пругата кон Албанија веќе требаше да биде започната во текот на оваа година.

  2. #162
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Ministerium fuer Aussenpolitik


  3. #163
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Градските власти решени да го променат ликот на објектите во центарот на Скопје

    Градот Скопје ги избра архитектонските решенија за реконструкција на фасадите на постојните објекти на ул. „Никола Вапцаров“ бр. 9, 11 и 13 и на ул. „Димитрија Чуповски“ бр. 20 и 10, иако официјално сеуште не сакаат да ги објават победничките трудови кои ќе ја променат визурата на строгиот центар на Скопје. Промената на надворешниот изглед на овие згради е дел од конкурсот што се објави во март годинава, кога се бараа решенија за нови фасади за дури 17 зданија. Паралелно со донесувањето на оваа одлука, локалните власти денеска објавија јавни огласи за избор на идејно решение за реконструкција на фасадите на дополнителни 11 згради на ул. „Македонија“, ул. „Димитриja Чуповски“ и ул. „Никола Вапцаров“, при што дел од нив се огласени по втор пат, но има и градби кои за прв пат влегуваат во замислената програма. Градските власти во текот на денешниот ден за „Билд“ не дадоа подетални информации за вкупниот број зданија што ќе бидат подложни на реконструкција и за временската динамика со која ќе се реализира проектот.





    Архитектите ќе можат да конкурираат за изработка на идејни решенија за реконструкција на секоја од зградите одделно, бидејќи во објавените конкурси тие се поделени на 11 засебни делови. Од нив се очекува да бидат инвентивни во пристапот на обликување, да ги почитуваат програмските барања, да понудат изводливост, одржливост и економичност на идејните решенија, како и да ги задоволат сите прописи и нормативни акти за проектирање и реконструкција на фасадите. Градот Скопје ќе додели прва награда за секој од 11-те архитектонски проекти во износ од 100.000, односно од 75.000 денари. Трудовите треба да се достават до локалната самоуправа на главниот град најдоцна до 1 октомври.

  4. #164
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Градежните раководители со позитивни оценки за работењето во второто тримесечје од 2012 година

    Економската состојба во градежниот сектор е подобрена, а поповолна е и финансиската кондиција на компаниите во споредба со првото тримесечје од 2012 година и со периодот април – јуни 2011 одина. Раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото со позитивни критики ги оценуваат тенденциите во овој сектор во второто тримесечје од 2012 година. Сепак, тие во континуитет напоменуваат дека најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност имаат зголемените трошоци за материјали (26,8%), зголемените финансиски трошоци – камати (23,3%), недостигот на опрема (17,3%) и недостигот на материјали (9,5%). За забележување е дека менаџерите од овој сектор значително помалку се жалат на намалената побарувачка во споредба со изминатите години, а според нив подобрена е и состојбата со обезбедувањето на банкарски кредити и со тековните трошоци за работниците.

    Според соопштението на Државниот завод за статистика, има подобрување на полето на задоцнетите плаќања од клиентите во јавниот и во приватниот сектор. Актуелната задоволителна тенденција во градежништвото, на раководителите им дава повод позитивно да размислуваат и за претстојниот временски период. Тие се поголеми оптимисти во споредба со претходните месеци и имаат поповолни очекувања во однос на зголемувањето на продажните цени, вкупните порачки за работа и бројот на вработените во наредните 3 месеци од 2012 година.



  5. #165
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Леарницата „Гвастини“ ќе испорача нови споменици од проектот Скопје 2014

    Општина Центар ги избра понудите на италијанската леарница „Гвастини“ за лиење во бронза на спомен – обележјата на Христо Татарчев, Павел Шатев, Кузман Јосифовски – Питу, Јосиф Багери и Неџат Аголи. За сума од 18.877.758 денари или околу 300 илјади евра финално ќе се изработат спомениците на овие личности. Засега е непознато кој ќе го лее паметникот на Пјетр Богдани, за кој исто така беше распишан оглас од страна на локалната самоуправа. Цената за изработката на овие пет обележја е значително помала во споредба со претходните споменици со слични димензии изработени од бронза, за кои беа издвојувани и над десет пати поголеми суми .

    Новата тура споменици е предвидено да се смести во централното градско подрачје. Споменикот на Христо Татарчев ќе се постави на аголот од улиците 11 Октомври и Димитрија Чуповски, Кузман Јосифовски – Питу ќе се издигне во близина на споменикот посветен на Македонските бранители во Жена – паркот, а оној на Павел Шатев ќе се лоцира на аголот од подземниот влез на Градски Трговски Центар. Албанскиот културен деец Јосиф Багери ќе се исправи пред Стариот театар, додека обележјата на Пјетр Богдани и Неџат Аголи ќе бидат поставени на плоштадот Македонија и во Жена – паркот.



  6. #166
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Се бара изведувач за административниот објект спроти хотелот „Бристол“

    Службата за општи и заеднички работи на Владата објави оглас за избор на градежна фирма што ќе ги изведува градежните и градежно – занаетчиските работи за изградба на административната зграда спроти хотелот „Бристол“ во строгиот центар на Скопје [»мапа]. „Неимар инженеринг“ веќе го изработи главниот проект врз основа на победничкото идејно решение на архитектите Никола Стакинов, Лазар Димов и Живка Христова. Заинтересираните субјекти треба да ги достават своите понуди најдоцна до 18 септември. Предвидено е објектот во кој ќе се сместат Централниот регистар, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија, Регулаторната комисија за енергетика, М – НАВ, АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката и Фондот за осигурување на депозити да се изгради во период од 18 месеци од денот на потпишувањето на договорот.




    Засега е непознато кога ќе отпочнат градежните активности на терен, иако директорот на владината служба Васе Доневски пред речиси пет месеци изјави дека истите треба да стартуваат во текот на јуни или јули годинава. Зградата во која ќе се сместат државните институции е зацртано да се гради на парцела со големина од 1.069 метри квадратни и да има приземје, осум ката и поткровје, со вкупна висина од 29 метри и бруто развиена површина од 9.035 метри квадратни. Зданието ќе биде во неокласицистички архитектонски стил. Во неговата непосредна близина е планирано да се изгради новиот деловен објект на ЕЛЕМ и катната гаража во барокен стил која ќе ја гради компанијата „Никофон“.



  7. #167
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.750
    Neue Sporthalle im Schulzentrum Goce Delcev wird gebaut.




    Учениците од ОУ „Гоце Делчев“ ќе добијат фискултурна сала
    sala.jpg

    Почна со изградба на фискултурна сала во дворот на основното училиште „Гоце Делчев“, кое се наоѓа во строгиот центар на градот. Во ова училиште досега не постоеше ваква сала.
    Во мај годинава се изврши дислоцирање на топловодната и водоводната мрежа која постоеше на местото каде што почнаа подготовките за изградба на фискултурната сала. Новата сала ќе биде со површина од 450 квадратни метри , а за таа цел веќе е завршена заштитата на градежната јама. Овие денови се врши интензивен ископ, што е контролиран од страна на изведувачот „Бауер“, надзорниот орган и инвеститорот Општина Центар.

  8. #168
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.750
    Statuen für die Brücke der Kunst angekommen.



    Стасаа спомениците за мостот на уметноста (ФОТО)

    09АВГ 201213:24


    На мостот на уметноста утрово стасаа уште седум нови скулптури кои во текот на денот и утре ќе треба да се постројат во овој дел од градот. Сепак, ќе се најде колку една педа слободен простор и за поминување на пешаците во џунглата од споменици.










  9. #169
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.750
    ФОТО: „Воинот“ и „Мостот на уметноста“ во последната фаза

    пред 18 часа






    Теми: воин, мост на уметност, скопје 2014, топ
    Коментари:





    Денеска беа ставани делови од „Воин“ како и споменици кои ќе го даваат конечниот изглед на „Мостот на уметноста“.

    Денеска беа донесени и елементи од фонтаната „Воин“ лоцирана на плоштадот Карпошово востание, со кои фонтаната почнува да го добива финалниот изглед
    Под фонтаната „Воин“ ќе бидат поставени два лава, тројца војници, статуи од мајка, татко и дете, а постаментот ќе биде украсен со релјефи. Под другата фонтана на плоштадот Карпошово востание ќе има статуи на четири жени.




    „Мостот на уметноста“ се гради според идејното решение на Коста Мангаровски и Викторија Мангаровска. Во неговата средина ќе има скулптура од три метри посветена на браќата Миладиновци, а на двометарските скулптури на страните на мостот ќе бидат посветени на Тоше Проески, Лазар Личеноски, Никола Мартиновски, Димитар Кондовски, Петар Мазев, Григор Прличев, Стале Попов, Крсте Петков Мисирков, Кочо Рацин, Јордан Хаџи Константинов-Џинот, Блаже Конески, Ацо Шопов, Славко Јаневски, Васил Иљоски, Ванчо Николески, Живко Чинго, Војдан Чернодрински, Димитар Пандилов, Никола Вапцаров, Неџати Зекирија, Муртеза Пеза, Адем Гајтани, Ристо Шишков, Петре Прличко, Властимир Николовски, Трајко Прокопиев, Тодор Скаловски, Стефан Гајдов.
    Петар Мазев

    Никола Мартиновски

    Трајко Прокопиев

    Тодор Скаловски

    Лазар Личеноски
    Овие дела кои ќе придонесат за новиот лик на нашата метропола и ќе го надополнат изгледот на Скопје, кое во последно време се повеќе е мета на странски и домашнии туристи.
    Со спомениците и статуите се збогати понудата за странците, а светот слушна за големото Скопје, кое стана домаќин на илјадници посетители.
    Многубројните споменици, музеи, грандиозни градби, фонтани, локации кои раскажуваат историја и атракции се она што Скопје го добива, а туристите го сакаат.
    На прошетка низ центарот на метрополата, странците сега навистина имаат што да видат и во што да уживаат.
    Бројката на странски туристи гласно говори за фактот дека туризмот се повеќе се развива. Скопје станува светска метропола, а тоа се гледа и во лицата на странците, но и во македонските кога гордо се фотографираат покрај спомениците кои ја раскажуваат историјата на нашите предци.



  10. #170
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Се поставуваат скулптурите на Мостот на уметноста, во Жена – парк поставен споменик и на Питу Гули

    Денеска започна поставувањето на скулптурите на Мостот на уметноста, новиот пешачки мост на реката Вардар во Скопје, кој се гради помеѓу Градскиот трговски центар и објектот за Јавното обвинителство и Финансиската полиција, исто така во изградба [»мапа]. Мостот е долг 83 метри, а широк 9,20 метри (на краевите) и 12 метри (во средишниот дел). Неговата изградба, без сумата платена за скулптурите, чини околу 2,5 милиони евра. Изведувач на градежните работи е скопски „Бетон“, според идејното решение на архитектите Коста и Викторија Мангаровски.

    Предвидено е поставување на вкупно 29 скулптури, меѓу кои централна ќе биде онаа на Браќата Миладиновци, висока три метри, а страничните 28 скулптури (Лазар Личеноски, Никола Мартиновски, Димитар Кондовски, Петар Мазев, Григор Прличев, Стале Попов, Крсте Петков Мисирков, Кочо Рацин, Јордан Хаџи Константинов – Џинот, Блаже Конески, Ацо Шопов, Славко Јаневски, Васил Иљоски, Ванчо Николески, Живко Чинго, Војдан Чернодрински, Димитар Пандилов, Никола Вапцаров, Неџати Зекирија, Муртеза Пеза, Адем Гајтани, Ристо Шишков, Петре Прличко, Властимир Николовски, Трајко Прокопиев, Тодор Скаловски, Стефан Гајдов и Тоше Проески) се високи по два метри.

    Во текот на денешниот ден беше поставен и уште еден во низата нови споменици во паркот „Жена борец“. Се работи за коњанички споменик на Питу Гули, излеан во бронза, висок пет метри и поставен на постамент висок 3,5 метри, кој вообичаено ќе биде украсен со бронзени релјефи. Автор на идејното решение е Кристина Пауновска, а споменичната скулптура е излеана во српската леарница „Јеремиќ“ за цена од 118.192 евра.










Ähnliche Themen

  1. Bauprojekte in Mazedonien
    Von MaKeDoNiJa e VeCnA im Forum Bauprojekte
    Antworten: 1840
    Letzter Beitrag: 25.05.2017, 09:58
  2. Prishtina - Bauprojekte
    Von Arbanasi im Forum Bauprojekte
    Antworten: 995
    Letzter Beitrag: 03.03.2017, 16:20
  3. Tirana - Bauprojekte
    Von Arbanasi im Forum Bauprojekte
    Antworten: 715
    Letzter Beitrag: 15.07.2015, 23:41
  4. Bauprojekte in Bulgarien!
    Von Milabrya im Forum Bauprojekte
    Antworten: 1
    Letzter Beitrag: 03.06.2008, 21:57