BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Erweiterte Suche
Kontakt
BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Benutzerliste

Willkommen bei BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen.
Seite 18 von 65 ErsteErste ... 814151617181920212228 ... LetzteLetzte
Ergebnis 171 bis 180 von 641

Skopje - Bauprojekte

Erstellt von mk1krv1, 26.04.2012, 18:44 Uhr · 640 Antworten · 79.091 Aufrufe

  1. #171
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.745
    Arbeiten an der "Boris Trajkovski" schreiten voran.

    Реконструкцијата на улицата “Борис Трајковски” во полн ек


    Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев, денеска извршија увид на градежните работи на реконструкцијата и проширувањето на улицата “Борис Трајковски” (поранешна улица Првомајска)


    - Град Скопје и ова лето е претворено во едно големо градилиште. Во моментов во сите 10 општини во Градот Скопје се работи на 25 места, каде се реконструираат и прошируваат улици и булевари, се градат катни гаражи, водоводни мрежи и атмосферски и фекални канализации – изјави Трајановски.

    Реконструкцијата и проширувањето на улицата “Борис Трајковски” се одвива на две делници, и тоа на потег од „Рампа“ до крстосницата со улицата Народни херои во должина од 1.380 метри и на потег од крстосницата со булеварот Србија до влезот во поранешната фабрика „Стакларница“ во должина од 1.126 метри. Постојната сообраќајница по проширувањето ќе се трансформира во булевар со 4 коловозни ленти (по две во секоја насока) широки по 3,5 метри.

    Градоначалникот Трајановски изјави дека фирмите „Алпине Бау“ и „Жикол“ работат интензивно на изградбата на овој булевар и дека службите на Град Скопје, и покрај одредените проблеми и тешкотии кои се појавиле на терен, ќе вложат дополнителни напори градежните работи да завршат пред утврдениот рок на изградба.

    Во проектот за проширување и реконструкција на улицата “Борис Трајковски” Градот Скопје ќе вложи околу 4 милиони евра, пари обезбедени од Европската банка за обнова и развој, како кредит, и од Буџетот на Град Скопје.

  2. #172
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.745

  3. #173
    Avatar von Černozemski

    Registriert seit
    05.09.2009
    Beiträge
    10.269
    Zitat Zitat von Preke Kuci Beitrag anzeigen
    Jetzt mal ganz ehrlich findet ihr das nicht langsam lächerlich überall Statuen aufzustellen ?
    Ich finde es eine riesen Schweinerei dass die Albaner euren Statuenwahn mit finanzieren müssen investiert mal das Geld nicht in Kackstatuen
    sondern in Infrastruktur wo jeder was davon hat und werft das Geld nicht aus dem Fenster nur weil die Griechen euch Komplexe wegen eurer Herkunft gemacht haben.
    Das ist einfach nur noch krank unmengen Geld wegen Statuen auszugeben und das nimmt auch kein Ende.

    Naja lieber habe ich eine Stadt voller Statuen, als das die SDSM wieder an der Macht kommt. Dieses Dreckspack hat - im Gegesatz zur VMRO DPMNE - nämlich nichts gemacht und sich die Taschen voll gestopft. Die Arbeitslosenquote schwankte unter ihnen damals zwischen 40% bis sogar 45%. Bin auch froh das durch diese Projekte Leute Arbeit haben. Als Außenstehender möge es so Aussehen, als ob man nur Statuen bauen würde. Würdest du dich aber länger und intensiver mit den Bauprojekten Mazedoniens auseinandersetzen wüsstest du, dass das nicht stimmt. Übrigens werden in ganz Mazedonien Straßen erneuert, egal ob z.B. in Debar oder Strumica.

    Diese Statuen oben z.B. werden am Plostad Karposovo Vostanie aufgestellt, dort, wo man über die Steinernder Brücke gelangt. Viele meinten, das auf der gegenüberliegenden Seite vom Plostad Skopje am meisten erkennen würde, wie sehr man diesen Teil vernachlässigen würde. (Oberhalb der Vardar)
    Wenn man jetzt Plostad Karposovo Vostanie fertig stellt, kann man sofort über diesen Plostad ins nächste gelangen, nämlich auf dem Plostad Skanderbeg. Das wird eine schöne Verbindung sein, wenn man über der Steinernden Brücke über diese zwei Plätze gelangt. Hier übrigens Bilder vom Projekt "Plostad Skanderbeg".
















  4. #174
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.745
    Government to overhaul Skopje Universal Hall - spokesman
    Skopje, 20 August 2012 (MIA) - Macedonia's Government has decided to launch a full reconstruction of the Universal Hall in Skopje, earmarking Denar 400 million (about EUR6,55 million) for the project.
    The new project will meet the modern standards and preserve the Hall's authentic facade, Government's spokesman Aleksandar Gjorgiev told reporters on Monday.
    The Hall will get new power, heating and cooling systems, enterier, up-to-date audio & video equipment. It will have two concert halls (one with capacity of 1.500 and other of 100 seats.)
    The 40-year old hall should be reconstructed for 18 months at most after the launch of the works by the end of this year.
    By this project Macedonia and its capital Skopje get a new modern structure, which will be able to host many cultural, artistic events, Gjorgiev said.





    Ќе се реновира универзала сала



    Владата одлучи да започне со реализација на проектот за комплетна реконструкција и доградба на објектот на установата Универзална сала во Скопје.


    За реализација на овој проект Владата обезбеди и ќе ангажира 400 милиони денари, средства од буџетски извори, кои ќе бидат сервисирани во повеќе буџетски години, и со тоа се исполнува уште едно ветување на Владата.
    -Новиот објект ќе ги задоволи модерните стандарди за работење и престој на вработените, изведувачите и посетителите. Објектот генерално ќе го задржи надворешниот изглед заради зачувување на автентичноста. Ќе се изведе реконструкција и засилување на постојната челична и бетонска конструкција, а ќе биде изграден од најсовремени енергетско ефикасни материјали. Комплетно ќе се обноват сите инсталации и ќе се изградат нови системи за климатизација и греење. Целосно ќе биде реновиран комплетниот ентериер. Ќе се обезбеди нова и најсовремена аудио и видео опрема која ќе овозможува одржување на секаков вид настани. Проектот опфаќа и изградба на повеќенаменска сала со капацитет од 1500 места, и изградба на нова помала сала со капацитет од 100 места, како и нов простор за техника. Ќе биде изграден и подземен паркинг на две нивоа на потегот под платото кое води кон булеварот. Ентериерот ќе биде модерен, ќе се воведе посебен проект за акустика со што значително ќе се подобрат можностите на објектот, но и условите за изведувачите. Ќе бидат вградени и најсовремени системи за сценски технологии. Или вкупно комплетно ќе бидат реконструирани и реновирани 2700 метри квадратни основен, и 1150 метри квадратни помошен простор, и ќе бидат доградени 1600 метри квадратни простор и 4500 метри квадратни паркинг, истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
    Веќе се обезбедени и изработени идеен, основен и изведбен проект за реконструкција и изградба на објектот со сите фази, за подземно гаражирање и партерот, и за зајакнување на одредени елементи од армирано бетонска и челична конструкција. Проектната документациаја е обезбедена со учество и на Градежниот факултет. На обезбедената проектна и техничка документација извршена е и законска ревизија.
    Вака обезбедената документација заедно со останатата потребна техничка документација е поднесена со барање во општина Центар за издавање на Одобрение за реконструкција на објектот.
    -Во текот на следните денови, по добивање на одобрението од општина Центар, ќе биде објавена и распишана постапка за избор на изведувач на градежни работи за реконструкција и доградба на објектот. Ќе се примени електронска аукција што обезбедува транспарентно наддавање по светски стандарди. Предвидувањата се дека новиот објект на Универзалната сала ќе биде изграден во период не подолг од 18 месеци од почетокот на градба, која веројатно би започнала кон крајот на оваа или почетокот на следната година, односно по завршувањето на постапката за избор на изведувач, рече портпаролот.
    Со овој проект градот Скопје и Република Македонија добиваат нов и модерен објект на Универзалната сала. Објектот ќе овозможи услови за одржување на културно уметнички манифестации, во кои посетителите ќе може да уживаат во пријатна средина. Тој ќе овозможи и зголемување на обемот на работа на установата Универзална сала и за збогатување со нови содржини. Културните работници ќе добијат нови и современи услови за истакнување на своите знаења и вештини, што ќе придонесе за нов квалитет во културно уметничките претстави. Проектот нуди можности и корист во повеќе сфери, и е од интерес на граѓаните во целина. Владата и во идниот период ќе продолжи со реализација на проекти за унапредување и развој на културата.



    - - - Aktualisiert - - -

    Wasserversorgung wird in teilen Skopjes modernisiert, meldet das Öffentliche Kommunale Unternehmen "JP Vodovod" und "Kanalizacija Skopje"



    Реконструкција на водоводната мрежа на неколку места во Скопје


    ЈП Водовод и канализација-Скопје во континуитет ja реконструира водоводната мрежа односно ги заменуваме азбест-цементните и поцинкувани цевки со нови цевки изработени од поквалитетни материјали, кои се отпорни на влијанијата на почвата и на сообраќајот, со што се намалуваат повредите на самата водоводна мрежа, а корисниците добиваат подобро односно поквалитетно водоснабдување.
    Според инфорациите од од ова јавно претпријатие: во општина Шуто Оризари се реконструира водоводната мрежа на улицата Шуто Оризари, на потегот од улицата Македонско-косовска бригада до улицата Смилевска, која се изведува од полиетиленски цевки со профил ф-110 милиметри, во должина од 600 метри.
    Во населбата Тафталиџе се реконструира водоводната мрежа по дел од улиците Њу Делхиска, Каирска, Римска и Алжирска, со која ќе се заменат старите цоловани цевки со нови цевки изработени од дуктилно железо, со профил ф-100 милиметри, во должина од 459 метри.
    Во населбата Даме Груев се реконструира водоводната мрежа по дел од улиците Лука Геров и Пекљане, при што ќе се заменат поцинкуваните цевки со нови цевки изработени од дуктилно железо, во должина од 2.257,20 метри.

  5. #175
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.745
    Rekonstruktion sämtlicher Schulen in der Gemeinde Aerodrom abgeschlossen.



    Со ОУ „Љубен Лапе“ се завршува реконструкцијата на училиштата во Општина Аеродром

    пред 2 часа

    Теми: љубен лапе, Аеродром, реконструкција
    Коментари:





    Со реновираното Основно училиште „Љубен Лапе“ во Општина Аеродром е заокружен процесот за реконструкција на сите училишта на нејзина територија.

    Проектот за целосна модернизација на училиштата чини 1,5 милиони евра издвоени од буџетот на Општина Аеродром, а целта е учениците конечно да добијат достојни услови за учење, изјавија денеска по промовирањето на реновираното училиште „Љубен Лапе“ министерот за образование и наука Панче Кралев и градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски.
    На стартот на учебната година на 3 септември, нагласи Кралев, Аеродром е една од ретките општини што годинава целосно ги реконструира училиштата и со тоа ќе им овозможи на учениците поквалитетна настава.
    Министерот за образование апелира сите градоначалници да го следат трендот на инвестиции во образованието особено во реконструкцијата на училиштата.
    - Заедно со парите што за таа намена ги вложува МОН и тие што ги инвестираат општините можеме да создадеме многу подобри услови за одвивање на наставата секаде во Македонија. Верувам дека според последните најави и активностите што се одвиваат на терен ќе овозможиме оваа да биде рекордна година во вложување во образованието, посочи Кралев.
    Градоначалникот Коневски информира дека училиштето „Љубен Лапе“ со проектот за модернизација доби обновен покрив и нови прозорци и санитарни јазли за што Општината издвоила 17 милиони денари.
    - Заменет е азбестниот покрив со ребрест лим и е поставена нова термоизолација, а се монтираше и нова громобранска инсталација. Исто така, заменети се и старите дотраени прозорци со нови, изјави Коневски.
    Реконструкцијата на училиштето што ја вршеше фирмата „Изградба комерц“ опфати и обнова на тоалетите при што се отстранети старите канализациски и водоводни цевки, подните сливници, мијалниците и другите елементи во тоалетите, а се заменети и старите оштетени врати со нови.
    Одговарајќи на новинарско прашање, Коневски најави дека Општината ќе го реши проблемот со непријатната миризба што се шири од кејот на реката Вардар поради палење смет. Се планира спроведување проект со којшто просторот покрај кејот на Вардар на територијата на општина Аеродром каде има нелегално палење смет ќе се изгради парк. Според Коневски, до крајот на наредната година тој простор по примерот на останатите во општината ќе биде уреден и ќе нема можност за фрлање и палење смет.


    - - - Aktualisiert - - -

    Neues Wasserversorgungsnetz in Vlae.



    Нов водовод за жителите на Влае




    Општина Карпош почна изградба на магистрален водовод за поквалитетно снабдување на вода на над 4.000 жители од индивидуални и колективни згради во населбите Влае 2 и Порта Влае. Станува збор, како што објасни градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, за изградба на нова водоводна траса во должина од 1.500 метри со пречник на водоводните цевки од фи-250мм, кои ќе се постават на потегот од мостот Обединети нации, по Кејот на Вардар, преку Влае 2 до улицата Адолф Циборовски, и во продолжение со фи-200мм каде што трасата ќе оди паралелно со улицата Адолф Циборовски, до станбено деловниот комплекс Порта Влае.
    -Во овој дел пред 35 години беа изградени мали бараки со по 35 квадратни метри, а денес се големи семејни објекти со над 300-400 квадрати површина. Згора на тоа има изградено и згради за колективно домување, така што на жителите од овој дел на Карпош, значително им е отежнато водоснабдувањето, посебно во летните месеци. Со овој крупен инфраструктурен проект, кој вреди околу 17 милиони денари, конечно ќе им се реши проблемот на граѓаните од Влае 2 и Порта Влае - рече Јакимовски.
    Претходно Општина Карпош им го подобри водоснабдувањето и на дел од жителите во Нерези.

  6. #176
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.745
    Die alte Charshija mit neuer Beleuchtung.



    ФОТО: Погледнете ја Скопската чаршија во ново светло

    Скопје | 25. август 2012 - 14:12
    Синоќа беше промовирано новото осветлување на Старата скопска чаршија.

    90

    Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска, министерот за локална самоуправа, Невзат Бејта и градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити синоќа го промовираа новото улично осветлување во Старата скопска чаршија. Погледнете ги фотографиите.



    - - - Aktualisiert - - -

    SC “Boris Trajkovski” will get Acoustic Insulation

    Saturday, 25 August 2012
    The installation of acoustic insulation in the sports center “Boris Trajkovski” began today.

    The development of the acoustics is planned to be completed by October 1 and Skopje should get a great concert hall with a capacity of 13,000 spectators.

    With the acoustic insulation, organizers and promoters will have lower costs for sound systems concerts, and citizens will be able to attend high-quality musical events with a quality production like the one that take place in neighboring Balkan and world capitals.

    - The project is implemented at the request of all Macedonian promoters which, when organizing events, need acoustic insulation on the basis of sound quality in order to improve the production in the arena. Although cultural events are secondary activities in the sports center “Boris Trajkovski”, these events are a priority for the needs of the citizens and all involved persons who realize their existence by the events of this nature. The national sports arena is the face of the sport in the Republic of Macedonia, it is also representative of the quality of musical events in the country, said said Ratko Kapuševski, director of the Sports Center.

    Implementation of this project will not disrupt current operations of the facility. All sporting events scheduled in the upcoming period will be realized.

    Promotion of the acoustic insulation was planned to be featured on the Lenny Kravitz concert on October 2, but due to the cancellation of the event, the formal opening is rescheduled with a concert by Slatkaristika on November 2, 2012.

  7. #177
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.745
    Жена-парк од денеска бесмртен (ФОТОГАЛЕРИЈА)

    04СЕП 201216:22


    Immortalis е напишано на пиедесталот на кој стојат четирите коњи како дел од новиот декор на познатиот парк Жена-борец, кој летово се изнакити со споменици. Паркот цело лето беше заграден со ограда поради поставувањето на спомениците и граѓаните едвај можеа да надѕирнат што сѐ се крие внатре.
    Од денеска оградите се отстранети, а паркот е отворен за посетителите.












    ФОТО: Роберт Атанасовски

  8. #178
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Цените на становите во Скопје ќе продолжат да паѓаат до крајот на годинава

    Консултантската куќа Фортон во анализата за движењето на пазарот на недвижности во главниот град во текот на првата половина од 2012 година, напоменува дека вредноста на становите од почетокот на годинава не се променила во значајни рамки, но истовремено во претстојните месеци од 2012 година се очекува нејзино намалување поради нееднаквоста помеѓу понудата и побарувачката. Понудата на станови е намалена за 2% во споредба со истиот период од претходната година, но истовремено опаѓа и побарувачката од страна на физичките и правните лица.





    Најголемо намалување од 10% е забележано кај цената на ексклузивните станови, а просекот за метар квадратен станбена површина се движи под 1.165 евра. Понудата на градежните компании и агенциите за недвижности флуктуира од 900 до 1.300 евра за метар квадратен за живеалиштата од средна класа, додека луксузните апартмани во Скопје достигнуваат цена од 1.350 до 1.800 евра за метар квадратен. Овој тип недвижности останува атрактивен за инвестирање, па така во првото полугодие од 2012 година се граделе приближно 3.200 станови што е за 8% повеќе во однос на истиот период лани.

    Аналитичарите од Фортон констатираат дека за 4% е зголемена површината на деловниот простор во првото полугодие од 2012 година, така што неговата вкупна големина достигна 265.000 метри квадратни. Во наредните месеци е планирано да се комплетираат дополнителни 40.000 метри квадратни деловен простор. Идентично како и кај станбените единици, висината на цените за изнајмување останува стабилна и истите се движат од 9 до 15 евра за метар квадратен за канцеларискиот простор од А класа и од 6 до 10 евра за канцеларискиот простор од Б класа. „Трансакциите за закуп на деловен простор забележаа пораст од 10%“, се истакнува во публикуваната анализа. Пазарот на недвижности ќе се раздвижи во претстојните месеци, благодарејќи на комплетирањето на 40.000 метри квадратни деловен простор. Предвидувањата на Фортон се дека до 2015 година ќе се понуди модерен простор за деловни намени на површина од 80.000 метри квадратни во огромните проекти, како што се трговскиот центар на Џеваир Холдинг, Сити мол во Аеродром и Шопинг мол во Петровец.

  9. #179
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Скопски „Бетон“ ќе гради подземна гаража на две нивоа кај Македонската опера и балет

    Службата за општи и заеднички работи на Владата потпиша договор со компанијата „Бетон“ од Скопје за изградба на подземна гаража на две нивоа под платото кај објектот на Македонската опера и балет, со што постоечкиот подземен паркинг ќе се прошири со нови над 350 паркинг места. Објектот ќе се изведува на градежна парцела со големина од 10.885 метри квадратни, а бруто развиената површина на идната гаража изнесува 21.770 метри квадратни. Со урбанистичкиот план е предвидено сообраќајниот пристап да биде олеснет и со новопроектирана подземна улица, која ќе се почнува од булеварот Гоце Делчев и ќе минува под постоечкиот празен простор меѓу објектот на Македонската филхармонија во изградба и музичко – балетскиот училишен центар „Илија Николовски – Луј“.

    Во согласност со склучениот договор, подземната гаража е планирано да се изгради во рок од 12 месеци, поточно до септември 2013 година. За извршување на градежните активности на компанијата „Бетон“ ќе и бидат исплатени 572.017.215 денари или околу 9,3 милиони евра. Владината инвестиција предвидува постоечкиот подземен паркинг простор да се замени со ново гаражирање на две нивоа, во насока на задоволување на потребите за паркирање на околните државни институции, чии објекти од проектот „Скопје 2014“ во моментов се градат на таа локација.


    Започна изградбата на кружен тек кај трговскиот центар „Треска“

    Во Скопје стартуваше изградбата на кружен тек на вкрстувањето на улиците Втора македонска бригада и Лазо Трповски, на границата помеѓу општините Чаир и Бутел [»мапа]. Кружниот тек ќе се формира на ниво на постојниот коловоз и ќе има една сообраќајна лента со ширина од 5,5 метри. Вредноста на зафатот е 22 милиони денари, средства кои ги обезбеди Градот, а изведувач на градежните работи е фирмата „Бауер БГ“. Според надлежните рокот за изградба е три месеци. Во рамки на проектот ќе се изведат тротоари поплочени со бехатон плочки на површина од 900 метри квадратни, додека во средината на кружниот тек ќе се засади зеленило на површина од 1.400 метри квадратни.

    Градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити, кој заедно со скопскиот градоначалник Коце Трајановски го означија почетокот на работите, изјави дека општинските власти имаат иницијатива за изградба на кружен тек и на вкрстувањето на улиците Втора македонска бригада и Кемал Сејфула




    Земјиште во касарната „Илинден“ по втор пат огласено на продажба

    Локалната самоуправа од Карпош повторно бара заинтересирани инвеститори за неодамна понудените локации во скопската касарна „Илинден“, дел од проектот „Старите касарни за нов развој“. Во огласот се нудат 11 градежни парцели за изградба на објекти за семејно домување во станбени згради, комерцијални и деловни намени и здравствена установа. Најголема промена е направена во понудата на локациите за колективни живеалишта, каде бројот на парцелите е зголемен од четири на пет, а нивната вкупна површина изнесува 68.271 метри квадратни. Општината нуди пет парцели со големина од 38.814 метри квадратни за подигнување објекти за комерцијални и деловни намени, како и земјиште со површина од 3.495 метри квадратни за изградба на институција од областа на здравството.

    На северниот дел од касарната „Илинден“ е предвидено да се реализираат објекти кои ќе достигнуваат висина до 21 кат. Приватните компании на земјиштето треба да изградат станбени згради со максимална висина од 21 до 80 метри, идните зданија за деловни и комерцијални намени ќе бидат во висина од 40 до 80 метри, додека здравствената установа е зацртано да има приземје, два ката и поткровје. Почетните цени се движат од 1.400 денари од метар квадратен за парцелата со намена за објект од здравствена дејност до 6.000 денари од метар квадратен за оние со намена за станбени згради, како и за комерцијални и деловни зданија. Електронската лицитација за отуѓување на земјиштето е закажана за 17 октомври.










    - - - Aktualisiert - - -

    Откриен споменикот „Паднати херои за Македонија“

    По повод Денот на независноста, со палење на вечен оган денеска беше свечено откриен споменикот „Паднати херои за Македонија“, лоциран во паркот „Жена борец“ спроти државното Собрание. Споменикот се состои од неколку сегменти. Агората претставена со фонтана и концентричен форум според авторот Томе Аџиевски го означува светот на живите. На средината на фонтаната е поставена скулптура на Прометеј. Портата симболизира премин од светот на живите во вечноста, а коњичката квадрила врз портата оддава почит на мртвите херои. Третиот сегмент e некрополис – ротонда од монументални столбови, кој треба да го претставува светот на вечноста. Во неговата средина има обелиск со скулптура на римската божица на победата, Викторија.

    Бронзените скулптури се леени во српската леарница „Јеремиќ“, а градежните работи ги изведуваше скопски „Бетон“. За споменикот се потрошени околу 2,3 милиони евра.

    » Форумска дискусија за овој споменик









    - - - Aktualisiert - - -

    Хаос со зонското паркирање на територијата на Општина Центар

    Јавните претпријатија „Градски паркинг“ и „Паркинзи на Општина Центар“ подолго време водат спор за стопанисување со дел од паркиралиштата кои се наоѓаат на територијата на Општина Центар, а граѓаните се жалат дека веќе не знаат на кое претпријатие да се претплатат за подолготрајно користење на услугата зонско паркирање. Најоштетени од целата рашомонијада во изминативе неколку недели се станарите на зградите и куќите кои се лоцирани во Дебар маало и на улицата Орце Николов, во близина на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“. „Општинското претпријатие во август започна да не повикува на средби за решавање на проблемот со недостиг на слободни места. Паралелно со тоа, тие започнаа да ни нудат налепници за годишно користење на нивните услуги и да ги поставуваат информативните табли за наплата на паркирањето. Сепак, „Градски паркинг“ на крајот на август повторно воспостави контрола над оваа јавна површина, а по само неколку дена нештата повторно се променија“, ни изјави еден од станарите кој живее на улицата Орце Николов.




    Граѓаните кои користат месечни картички на „Градски паркинг“ и на „Паркинзи на Општина Центар“ се загрижени за состојбата во која се наоѓаат. Дел од нив се прашуваат дали треба да им платат на двете јавни претпријатија за користење на паркинг – просторот пред нивните живеалишта и се жалат дека токму тие ќе го извлечат најдебелиот крај од неколкумесечната расправија. Интернет – порталот „Билд“ им испрати прашалник на двете повикани страни, но засега не добивме никаков одговор од нив.

    Во меѓувреме, продолжуваат состаноците што ги организира „Паркинзи на Општина Центар“ за подобро информирање на граѓаните во однос на придобивките од целокупниот проект, започнаа да функционираат дел од паркоматите за подмирување на услугата, а од 1 октомври ќе стартува плаќањето на паркинзите со припејд – картичка, наречена „Ем карта“. Двете претпријатија на своите интернет – страници напоменуваат дека во прв план го поставуваат надминувањето на постојните проблеми со недостиг на паркинг – простор во општината, а не прибирањето на финансиски средства од овој профитабилен бизнис.




    - - - Aktualisiert - - -

    АДСДП инвестира во нова катна гаража спроти Стариот театар

    Италијанската компанија „Lamone Moreda“ ќе ја гради новата катна гаража на локацијата спроти зградата на Стариот театар во строгиот центар на Скопје [»мапа]. Во согласност со ДУП „Мал Ринг“, гаражата ќе има максимална висина од 21 метар и ќе биде подигната на градежна парцела со големина од 1.343 метри квадратни, на местото на некогашната меѓуградска автобуска станица. Предвидено е објектот да биде во модерен архитектонски стил со стаклена фасада. Проектот треба да ја задоволи потребата од паркинг за зданијата на Музејот „Македонска борба“, Меморијалниот центар на холокаустот и идното седиште на Македонскиот народен театар.

    Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката (АДСДП) во катната гаража ќе инвестира 246.760.573 денари или нешто над 4 милиони евра. Инфраструктурниот објект е планирано да се комплетира во времетраење од две години, односно најдоцна до септември 2014 година. На објавениот тендер на кој победија италијанците се пријавиле пет домашни и странски градежни компании.


    - - - Aktualisiert - - -

    Ставен во функција уште еден кружен тек во Ѓорче Петров

    Денеска беше официјално отворен за сообраќај новиот кружен тек во близина на црквата Свети Петар и Павле во Ѓорче Петров, кој ги поврзува булеварот Партизански одреди, улицата Македонска војска, улицата 4 јули и улицата Лука Геров [»мапа]. Кружниот тек има две коловозни ленти со ширина од по 4,5 метри и е осветлен со 20 столбови за улично осветлување, а за асфалтирање е употребена мешавина „сплит-мастикс“ којашто дозволува поминување на тешки товарни возила без да се формираат вдлабнатини на коловозот, односно колотраги. Булеварот Партизански одреди во близина на новото сообраќајно решение е проширен со една коловозна лента од десната страна (гледано во насока кон Новоселски пат) и изградени се тротоари со ширина до 2,5 метри, поплочени со бехатон плочки. По должината на булеварот Македонска војска и на улиците Лука Геров и 4 јули се оформени тротоари широки до 4,5 метри, исто така поплочени со бехатон плочки.

    На изградба на новиот кружен тек во Ѓорче Петров работеше оперативата на градежното претпријатие „Гранит“. Инвеститор беше Градот Скопје кој од својот буџет за овој проект обезбеди околу 25 милиони денари. Ова е втор кружен тек во општината – минатата година во функција беше ставен првиот кружен тек, на местото каде се вкрсуваат улиците Ѓорче Петров, Воин Драшковиќ и Радушка.



  10. #180
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Нови 275 паркинг места во центарот на Скопје

    Новоизградената катна гаража на компанијата „Макоил“ лоцирана покрај булеварот Крсте Петков Мисирков, непосредно до Националната и универзитетска библиотека во Скопје [»мапа], од денеска е пуштена во употреба. Објектот се простира на основа со површина од 1.340 метри квадратни и располага со 275 паркинг места. Изградбата започна во мај минатата година, а инвестицијата беше во висина од 3,5 милиони евра. „Макоил“ во централното градско подрачје располага со градежно земјиште наменето за комерцијални гаражни објекти и на три други локации (зад објектот „Метропол“ на Плоштадот „Македонија“, на улицата Орце Николов близу „МЕПСО“ и во Ново Маало спроти „Веро Центар“), а неодамнаго загуби правото да гради подземна гаража кај републичкото Собрание.


    » Форумска дискусија за овој проект






Ähnliche Themen

  1. Bauprojekte in Mazedonien
    Von MaKeDoNiJa e VeCnA im Forum Bauprojekte
    Antworten: 1840
    Letzter Beitrag: 25.05.2017, 09:58
  2. Prishtina - Bauprojekte
    Von Arbanasi im Forum Bauprojekte
    Antworten: 995
    Letzter Beitrag: 03.03.2017, 16:20
  3. Tirana - Bauprojekte
    Von Arbanasi im Forum Bauprojekte
    Antworten: 715
    Letzter Beitrag: 15.07.2015, 23:41
  4. Bauprojekte in Bulgarien!
    Von Milabrya im Forum Bauprojekte
    Antworten: 1
    Letzter Beitrag: 03.06.2008, 21:57