BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Erweiterte Suche
Kontakt
BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Benutzerliste

Willkommen bei BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen.
Seite 21 von 65 ErsteErste ... 1117181920212223242531 ... LetzteLetzte
Ergebnis 201 bis 210 von 641

Skopje - Bauprojekte

Erstellt von mk1krv1, 26.04.2012, 18:44 Uhr · 640 Antworten · 79.237 Aufrufe

  1. #201
    Avatar von Гуштер

    Registriert seit
    07.06.2010
    Beiträge
    16.274
    Was machen diese Clowns in den schwarzen Kutten bei der Fundamentlegung?


  2. #202
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Пуштен во употреба објектот „Под Водно“ на Адора

    Јубилејните 20 години постоење на компанијата „Адора“ и 10 години на „Адора инженеринг“, сношти беа прославени со пуштање во употреба на новиот станбено – деловен објект „Под Водно“ во Скопје [»мапа]. Зградата има 9 ката, 143 станови,800 метри квадратни деловен простор, а паркингот е решен со подземни паркинзи на три нивоа со капацитет за 230 возила. Во неа се вградени 15.000 метри кубни бетон и 1.500 тони железо. „Адора инженеринг“ земјиштето од 4.500 метри квадратни го купи на јавна лицитација, за што плати 1.650.000 евра, додека за комуналии беа издвоени околу 1.500.000 евра.

    Во изминатите 10 години компанијата има изградено 18 станбени објекти во Скопје, Охрид и Струмица. Најголемиот тековен инвестициски проект е во општина Аеродром, каде до сега има изградено три, а во моментов се градат уште пет станбени згради. Јубилејот од постоењето „Адора инженеринг“ го заокружува позиционирана на 20-тото место меѓу најуспешните компании во Република Македонија во 2011 година, според рангирањето на Централниот Регистар. Од компанијата проценуваат дека во 2012 година ќе направат финансики обрт во двете насоки од околу 50 милиони евра.





  3. #203
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Проектот „Скопје 2014“ го узурпира јавниот простор

    Масовната изградба на објекти во неокласицистички архитектонски стил во центарот на Скопје беше главната тема на анализа на вчерашните ноќни разговори на архитектите, тркалезна маса која во рамките на вториот ден од Скопската недела на архитектура се одржа во Македонската опера и балет. Странските архитекти и универзитетски професори упатија низа критики кон проектот „Скопје 2014“, насочувајќи го своето внимание кон концентрацијата на неокласицистички објекти во непосредна близина на модернистичкото здание на Македонската опера и балет и на Кејот на реката Вардар. Маркус Томасели, универзитетски професор од Институтот за урбан дизајн и пејсажна архитектура при Техничкиот Универзитет во Виена, истакна дека е изненаден од напредокот во реализацијата на владиниот проект, именувајќи го како „декорирање“ на Скопје.

    „Сокривањето на модернистичките објекти зад неокласицистичките фасади долж реката Вардар, поставувањето на огромни споменици кои го создаваат или пак го креираат националниот идентитет ме поттикнува да го поставам прашањето дали воопшто сето ова треба да ја интересира архитектурата“, истакна професорот Томасели. Архитектот Харис Пиплас како претставник на „Урбан Тинк Тенк“ од Цирих напомена дека архитектурата претставува материјализација на состојбата во едно општество, што не претставува исклучок со проектите кои во моментов се развиваат во градовите, како што се Скопје, Тирана, Сараево или Белград.

    „Основата на урбанизмот е подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, што претставува целосна спротивност од оградувањето на седиштето на Македонската опера и балет“, изјави словенечкиот архитект Деан Лах од љубљанското студио „Енота“. Архитектите вклучени во дебатата се согласија дека изградбата на објекти не е толку важна од аспект на развитокот на еден град, колку што е битна нивната поставеност во околината. Универзитетскиот професор Штефан Бергер го постави прашањето дали новите згради од „Скопје 2014“ нудат можност за натамошен развиток на јавната сфера во општеството. Архитектот Пиплас го спореди искуството од Скопје со случајот на интензивниот развој на Шангај и на размислувањата на жителите од овој кинески метрополис кои терминот јавно учество на граѓаните во ваквиот развиток го дефинираат како објавување на новите урбанистички планови на интернет од страна на владата.

    Учесниците во дебатата се согласија дека постојат пошироки корени од кои извира проектот „Скопје 2014“, кои се поврзани не само со балканскиот, туку и пошироко со глобалниот контекст во кој се наоѓа архитектурата денес. Деан Лах напомена дека на балканските простори сеуште се зачувува традиционалната поделба на архитектурата и урбанизмот како две одделни сфери на дејствување, што доведе до реализација на „Скопје 2014“ како застарен модел на работење. Втората круцијална карактеристика е состојбата со положбата на архитектите во современото општество, која ги стратифицира како помалку влијателни личности при реализацијата на проектите во споредба со ситуацијата од пред неколку децении. Архитектите се согласија дека од објектите кои никнуваат во централното подрачје на македонската метропола претставуваат грешка од која треба да се учи во функција на идна изработка на поквалитетни планови од страна на архитектите и планерите на градовите.

    Покрај актуелниите размислувања за проектот „Скопје 2014“ за време на ноќните разговори на архитектите, на втората вечер од Скопската недела на архитектурата посетителите ја имаа можноста да се запознаат со дел од проектите на архитектонското студио „Урбан Тинк Тенк“, кои се овогодинешни добитници на „Златен лав“ за најдобар проект на престижното Венециско биенале на архитектурата. Харис Пиплас како претставник на организацијата ги претстави извршените архитектонски интервенции во фавелите на јужноамериканските градови Каракас и Сао Паоло. Говорејќи за растечкиот наталитет на жителите од мегалополисите лоцирани во државите во развој и во земјите од Третиот свет, тој ја објасни потребата за решавање на напластените проблеми на жителите од сиромашните квартови на овие метрополи кои се соочуваат со супстандардни услови за живот. Пиплас го претстави проектот за изградба на жичарница со мултифункционални станици кои обезбедуваат ефикасен јавен превоз за граѓаните од фавелите во венецуелскиот главен град Каракас, но и за изведба на спортско – рекреативни центри во рамки на неурбанизираните заедници во бразилскиот град Сао Паоло.

    Во рамките на петочната програма од манифестацијата, со свое предавање се претстави атинското архитектонско студио „Буергер Катсота“, а сопствена презентација одржа и „Дот Архитекти“ од Скопје кое се задржа на експликација на архитектонскиот труд за реконструкција на одделенијата во Градската општа болница „8 – ми Септември“ во Скопје. Неделата на Архитектура во Скопје официјално беше отворена во четвртокот со предавањето за градот Охрид на австрискиот професор Ерих Рајт и со говорот на австрискиот амбасадор во Македонија Томас Мајкл Баер. Неколкудневното случување продолжува денеска со гостување на еминентниот јапонски архитект Кенго Кума, на кого организаторите на настанот и Јапонската културна фондација во Виена ќе му врачат посебно признание за животно дело во областа на архитектурата и урбанизмот.



  4. #204
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Кенго Кума: Природата е инспирација од која ги црпам моите идејни решенија

    Саботната вечер од Скопската недела на архитектура ја одбележа доделувањето на посебното признание за животно дело во областа на архитектурата и урбанизмот на познатиот јапонски архитект и универзитетски професор Кенго Кума. Организаторите на манифестацијата ја иницираат оваа награда, која во наредните години треба да прерасне во традиционален чин на благодарност кон професионалците кои оставиле белег на светската архитектонска сцена. „Секој вреден допринос во архитектурата треба да биде признаен. Името Кенго Кума е поврзано со едно име кое на сите нам ни значи многу – Кензо Танге. Професорот Кума на Универзитетот во Токио го води она што на времето беше познато како лабораторијата на Танге, од каде што произлезе концептот за реконструкција на централното градско подрачје на Скопје после земјотресот од 1963 година. Денеска таа лабораторија го носи името на професорот Кенго Кума“, истакна во свечениот говор Иван Мирковски, член на организацискиот одбор на Скопската недела на архитектура.

    Во присуство на бројни посетители на големата сцена на Македонската опера и балет, еминентниот архитект Кенго Кума одржа предавање со кое се наврати на работата на неговото биро Kengo Kuma & Associates и ги претстави препознатливите проекти, кои оставија впечатлива трага на светската архитектонска сцена. Никулците од кои произлегуваат финалните дела на Кума се пронаоѓаат во околината што ја одбрал за интервенција. Тој напомена дека ја црпи инспирацијата од пејсажите кои се препознатливи за регионите во кои делото треба да се лоцира.

    Природните материјали карактеристични за непосредната околина на средината во која е планиран објектот се вдахновение на архитектот Кума. Почитувајќи ја средината во која твори, Кума објасни дека ги избира даровите од природата како носечка структура во самото здание, а не како финална декорација на објектите во кои е вградено масовно количество на индустриски градежни производи. Тој истакна дека во огромен дел од неговите објекти, главен материјал е дрвото, каменот и водата, а подеднакво им се посветува како на големите проекти, така и на еден сад од оризова хартија. „Човекот не може да биде одделен од природата, токму затоа што природата е она што е неизмерна инспирација“, нагласи Кума.

    Јапонскиот архитект накратко се задржа на дел од познатите архитектонски креации кои ја одбележаа неговата досегашна професионална кариера. Во предавањето пред скопската публика тој ги издвои бравурозните зданија: Yusuhara Wooden Bridge Museum, Besanēon City of Arts and Culture, FRAC Marseille, Dazaifu Starbucks coffee shop, Asakusa Culture and Tourism Center, Yusuhara Wooden Bridge Museum и впечатливиот GC Prostho Museum Research Center. На крајот од предавањето, Кума констатираше дека градителските елементи кои се премногу големи и тешки не можат да се употребат во создавањето на иновативни зданија, препорачувајќи и на архитектонската фела да се насочи кон малите елементи, со чија помош може да се дизајнираат напредни решенија.

    Професорот Кенго Кума на средбата со новинарите говореше за неговите досегашни идејни трудови за интервенција во просторот. „Во основа, сметам дека архитектурата треба да го допре тлото. Секогаш неа да ја комбинирам со архитектурата. Огромните објекти претставуваат голема потешкотија, бидејќи го уништуваат постоечкиот контекст на локацијата. Лично ги преферирам малите проекти и интервенции“, напомена тој. На новинарското прашање за сопствениот стручен став кон урбанистичкиот план за реконструкција на центарот на Скопје на архитектот Кензо Танге, тој истакна дека отсекогаш се восхитувал на неговото чувство за јавен простор. „Во проектот за Скопје, Танге го нагласува центарот на градот преку ползување на оски и кули, што предизвикува воодушевување кај мене. Сепак, градителскиот дизајн осмислен со употреба на бетонот претставува карактеристика на дваесеттиот век позади нас. Во времето во кое живееме треба да пронајдеме поинакво решение, кое се однесува на обликот на зданијата“, нагласи архитектот Кенго Кума.



  5. #205
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Нова населба за домување ќе никне во општина Илинден

    Со продажба на десет од планираните 500 парцели за индивидуални куќи, Општина Илинден почна со реализација на замислата за изградба на нова населба за домување на локалитетот „Јака“, непосредно до автопатот Скопје – Миладиновци. Парцелите се со површина помеѓу 374 и 460 метри квадратни, а максиманата дозволена висина на објектите е 7,2 метри. Почетната цена на електронското јавно наддавање кое ќе се оддржи на 12.11.2012 изнесува 95 денари за метар квадратен. Пријавите за учество треба да се достават до Општината најдоцна до 07.11.2012, а право на учество имаат сите физички и правни лица. Постојниот Урбанистички план за локалитетот „Јака“ се простира на површина од 28 хектари и покрај станбени куќи предвидува изградба на трговски центар, хотелско сместувачки капацитети, забавен парк, спортски терени и простор за собири. Од локалната самоуправа најавуваат дека во наредниот период континуирано ќе нудат на продажба градежни парцели за домување и други намени.









    Трет обид за нова зграда на Општина Центар

    Министерството за транспорт и врски во печатените медиуми денеска ја публикуваше објавата за отуѓување на државно градежно земјиште на кое се лоцирани постоечките бараки на Општина Центар, во близина на Градскиот парк. По двата неуспешни обиди, надлежното министерство во соработка со Градот Скопје и локалната самоуправа на Центар се надева дека ќе може да ја оствари продажбата на атрактивната парцела, со што би се отворила можноста и за реализација на предвидениот административен објект на Општина Центар. На инвеститорите им се нуди земјиште со големина од 7.528 метри квадратни, на кое ќе можат да подигнат објект со приземје и 15 ката со максимална висина од 55 метри, во чии рамки би се сместила општинската администрација на површина од 31.000 метри квадратни. Идниот инвеститор за себе ќе може да задржи 49% од зданието и просторот да го искористи за мали комерцијални и деловни дејности, големи трговски единици, големи угостителски единици и за култура.

    Како нова погодност, во јавната објава се истакнува дека најповолниот понудувач ќе биде ослободен од плаќање надоместок за уредување на градежното земјиште, во согласност со донесените одлуки на Советот на општина Центар и Советот на Град Скопје од 9 октомври, односно од 24 септември годинава. Почетната цена за парцелата изнесува 2.800 денари за метар квадратен, односно околу 340 илјади евра за целото заемјиште. Пријавите за учество на електронското јавно наддавање треба да се достават најдоцна до 19 ноември, а лицитацијата ќе се одржи на 26 ноември. Од Општина Центар имаат позитивни очекувања од најновата објава и се надеваат на поголема заинтересираност од приватните инвеститори за земјиштето, на кое треба да се издигне идната општинска зграда.


  6. #206

    Registriert seit
    15.04.2012
    Beiträge
    5.631
    Einweihungsfeier für die Hasan Prishtina Statue


    Shkup, pėrurohet busti i Hasan Prishtinės
    Personalitete tė shumta shqiptare morėn pjesė nė ceremoni
    14 tetor 2012 17:40


    Shkupi shqiptar pėrjetoi edhe njė ditė tė madhe historike. Nė vazhdėn e aktiviteteve tė shumta pėr shėnimin e 100 vjetorit tė pavarėsisė sė Shqipėrisė, nė Shkup u zbulua solemnisht busti i veprimtarit dhe heroit tė njohur shqiptar Hasan Prishtina, njėrit prej ideologėve kryesorė tė pavarėsisė sė Shqipėrisė. Nė mesin e mijėra qytetarėve qė morėn pjesė nė kėtė akt tė paharrueshėm solemn, pati edhe personalitete tė shumta jo vetėm nga Maqedonia por nga tė gjitha trojet shqiptare nė Ballkan. Kryetari i BDI-sė Ali Ahmeti deklaroi se Hasan Prishtina ka merituar tė ndodhet nė qendėr tė Shkupit, pasi prej kėtu i ka filluar veprimtarinė e vetė patriotike.
    Shtatorja e Hasan Prishtinės ėshtė vendosur nė komunėn Cair, nė njė nga pjesėt mė tė frekuentuara tė Shkupit vetėm disa metra larg pėrmendores sė heroit kombėtar,. Gjergj Kastrioti Skenderbeu. Kryetari i Komunės sė Ēairit, Izet Mexhiti, theksoi se Shkupi, nuk do tė ishte ky qė ėshtė sot, pa Hasan Prishtinėn.
    Tejet emocionale nė kėtė ditė tė madhe ka qenė paraqitja e Mehmet Prishtinės, pinjollit tė fami8ljes Prishtina. Ai falėnderoi tė gjithė ata qė ndihmuan vendosjen e Shtatores sė Hasan Prishtinės nė Shkup, duke shtuar se Shkupi ka qenė udhėkryqi i tė gjitha veprimtarive kombėtare tė Hasan Prishtinės.
    Pėrmendorja e Hasan Prishtinės ėshtė e derdhur nė bronz me lartėsi prej tre metrave dhe bazamentin prej 2 metrave. Ky projekt ka pasur njė kosto prej 72 mijė euro, qė ėshtė mbuluar nga familja e Hasan Prishtinės, kryesisht nga Mehmet Prishtina, ndėrsa ka pasur mbėshtetjen edhe tė komunės sė Ēairit.



    Shkup, pėrurohet busti i Hasan Prishtinės | ABC News

  7. #207
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.754
    Нови скулптури се издигнаа над Стариот театар (галерија)

    На фасадата на Стариот театар од вчера почнаа да се поставуваат првите скулптури. Предвидено е да се постават вкупно 46 скулптури со висина од 2,2 метра.

    Од 24 скулптури, 16 скулптури ќе бидат изработени за фасадата кои понатаму ќе се реплицираат до најмногу 46 скулптури. Тие се изработени од траен лесен материјал. И на партерот се предвидува да се се постават осум скулптири, по две на четирите страни од партерот на објектот, кои ќе бидат изработени од бронза.


    За Утрински весник од Министерството за култура објаснуваат дека скулптурите ќе бидат реалистично изведени и ќе ја доловуваат атмосферата на драмата, комедијата и трагедијата. Истовремено, ќе има и такви што ќе асоцираат на содржините на театарот, литературата, музиката и уметноста, воопшто. „Поставувањето на скулптурите ќе трае до крајот на идниот месец“, информираат од Министерството.

    Освен на фасадата на објектот, скулптури ќе го красат и ентериерот. Поточно, ќе се постават осум на партерот, по две од сите четири страни. Тие се бронзени, веќе излеани.
    Фото: Плусинфо

  8. #208
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Неуспех на проектот за развој на скопската касарна „Илинден“

    Проектот „Старите касарни за нов развој“ никако да профункционира во скопската касарна „Илинден“. По втор пат нема заинтересирани инвеститори за реализација на станбени згради, објекти за комерцијални и деловни намени и на здравствена установа. Денешната продажба на градежното земјиште по пат на електронско јавно наддавање заврши неуспешно. Општина Карпош на приватните субјекти им понуди пет локации за изградба на станбени згради на површина од 68.271 метри квадратни, пет парцели за подигање на објекти за комерцијални и деловни намени на површина од 38.814 метри квадратни и едно место со големина од 3.495 метри квадратни наменето за здравствена установа.

    Неискористеното атрактивно земјиште во близина на центарот на Скопје во иднина треба да прерасне во модерна населба со станбени згради, комерцијално – деловни објекти, образовни, научни и културни установи, амбасади и паркови. Покрај вложувањето од страна на домашни и странски компании, во рамки на касарната „Илинден“ треба да се оствари и ветувањето на Министерството за одбрана за решавање на станбеното прашање на припадниците на македонската армија, при што во согласност со проектот „АРМ мој вистински дом“ треба да се изградат максимум 1.400 станови. Доколку се продадеа градежните парцели по утврдените почетни цени, тогаш во општинската каса на Карпош и во државниот буџет ќе се влееја преку 10 милиони евра.

  9. #209
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    ЕЛЕМ бара изведувач за изградба на новиот административен објект во класицистички стил

    Администрацијата на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) за две години ќе се пресели во нова зграда во класицистички архитектонски стил спроти хотелот „Бристол“. Државната компанија деновиве објави оглас за избор на градежна компанија која ќе го реализира новиот административен објект, на местото на некогашниот парк во строгиот центар на Скопје. Според информациите кои ги содржи Деталниот урбанистички план „Голем Ринг – Исток“, зданието од приземје, осум ката и поткровје ќе биде со максимална висина од 29 метри и ќе има површина од 9.130 метри квадратни. Изведбените активности ќе се одвиваат на парцелата со големина од 1.432 метри квадратни, која се наоѓа на самиот агол помеѓу улиците „Македонија“ и „Мито Хаџивасилев Јасмин“.

    Пред да започне оваа постапка, ЕЛЕМ на конкурс го избра идејното решение на архитектите Лазар Димов, Жарко Чаушевски, Стефан Смилевски и архитектонското студио „Неимар инженеринг“ од Скопје, врз основа на кое ќе се реализира проектот во препознатливиот стил на „Скопје 2014“. Во наредниот период ЕЛЕМ ќе го обелодени и конечниот изглед на идната административна зграда. По чинот на потпишување на договорот, најповолниот понудувач ќе биде задолжен да го комплетира целокупното здание во временски период од 18 месеци. Компанијата која ќе го гради објектот и крајниот рок за негово завршување ќе се знаат после 3 декември, за кога е закажано јавното отворање на доставените понуди. Во меѓувреме, дрвјата во паркот спроти хотелот „Бристол“ деновиве беа исечени, со што се создаде простор за почеток на реализацијата на овој проект, како и проектот за изградба наадминистративна зграда во која ќе се сместат неколку државни институции и која треба да биде лоцирана веднаш до идното седиште на ЕЛЕМ.


    Покрај на прошетка, во иднина ќе скијаме на Водно

    Идејата на скопскиот градоначалник Коце Трајановски за реализација на ски – патека на Водно преминува во нова фаза со изработката на Нацрт урбанистичкиот план вон населено место „Ски центар Водно“ од страна на Општина Карпош. Според планот скопјани во иднина ќе можат да скијаат од десната страна на Милениумскиот крст во правец кон селото Нерези, а како најбрз рок за остварување на ветувањето се спомнува крајот на 2013 година. Градската администрација размислува за распишување на повик за избор на концесионер кој ќе ја изгради инфраструктурата и ќе ја инсталира потребната опрема, во замена за неколкугодишно собирање на приходите од продажбата на билети.

    Локалните власти веќе ја спроведоа стручната презентација на планот кој го уредува просторот со површина од 180,07 хектари, а по завршувањето на рокот за писмени забелешки од заинтересираните лица, тој ќе се најде пред општинските советници. За проектот веќе е изработена студија за исплатливост на инвестицијата од страна на консултантска компанија. Идната ски – патека е планирано да се изведе на местото на некогашната стаза, на која пред повеќе од 20 години биле правени обиди за да се реализира сличен проект. Предвидувањата на градските власти се дека идејата би можело да се преточи во реалноста со помош на жичарницата на Водно, која би ги превезувала рекреативците до Милениумскиот крст.

    Отворена фабриката на „Кемет електроникс“ во Бунарџик

    Во „Технолошко индустриската зона Скопје 1“ кај Бунарџик стартуваше производството во новата фабрика на американската компанија „Кемет електроникс“, инвестиција вредна 20 милиони долари. Објектот се простира на површина од околу 11 илјади метри квадратни од кои 9 илјади метри квадратни се производствен простор. Изведувач на градежните работи кои започнаа во јуни минатата година беше компанијата „Пера Констракшн“.

    Фабриката ќе произведува електронски компоненти за авионската, воената, автомобилската и други индустрии. Во моментов се ангажирани 100 работници, до март 2013 бројката на вработени треба да достигне 150, до крајот на 2013 треба да нарасне на 250, а со заокружувањето на инвестицијата со дополнителни 10-15 милиони долари, што треба да се реализира во наредните неколку години, предвидено е да бидат вработени вкупно 500 лица. „Кемет Електроникс“ има 23 фабрики во Европа, Северна Америка и Азија со 10.420 вработени. Воглавно произведува базични електронски компоненти за автомобилската, авионската, телекомуникациската и воената индустрија.






  10. #210
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    АДСДП за една година изгради 550 комерцијални и социјални станови

    Директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката (АДСДП) Цветко Грозданов на денешната прес – конференција истакна дека претпријатието во периодот од јули 2011 до јули 2012 година изградило 18 станбени објекти, од кои 15 се наменети за потребите на пазарот на недвижности, а три згради се наменети за згрижување на социјално ранливите групи (со вкупно 330 комерцијални и 220 социјални станови). Тој најави дека во наредниот период ќе продолжи реализацијата на објекти со социјални станови, при што до 2015 година ќе биде обезбеден стан од страна на државатаза за 186 деца без родители и родителска грижа. „Имаме за цел 10 отсто од секоја комерцијално изградена зграда, да биде наменета за децата без родители и социјално ранливи семејства. Сакаме да излеземе од практиката цели згради да се наменуваат за овие деца и истите да ги сместуваме во различни објекти“, изјави директорот Грозданов. Идните станови со површина од 35 до 45 метри квадратни ќе бидат целосно опремени и веднаш вселиви за оваа социјална категорија на граѓани.

    Во однос на моменталната состојба со катните гаражи кои се реализираат во Скопје, директорот на АДСДП информира дека два од овие инфраструктурни објекти веќе се градат, при што катната гаража во близина на седиштето на Македонски пошти и на МЕПСО се реализира со предвидената динамика, а за онаа што е лоцирана спроти „Соравија“ тој напомена дека постои мало доцнење кај градежните активности поради оправдани причини. Отпочната е и реализацијата на третата катна гаража спроти Стариот театар, во која е предвидено да се инвестираат преку 4 милиони евра.



    Проектот „Купи куќа, купи стан“ продолжува до крајот на годинава

    На само недела дена од крајниот рок за поднесување на апликации од страна на граѓаните, Министерството за финансии се одлучи да го продолжи времетраењето на проектот „Купи куќа, купи стан“. Наместо до 31-ви октомври, заинтересираните лица ќе можат да ги достават барањата за субвенционираниот станбен кредит до македонските банки заклучно со крајот на 2012 година. Од надлежното министерство засега не излегуваат со конкретни информации за досегашните резултати од владиниот проект, кој требаше да им помогне на македонските граѓани полесно да обезбедат сопствено живеалиште преку отплаќање на половина од месечната рата од подигнатиот кредит во период од пет години или преку половина од учеството за добивање на кредит, односно најмногу 6.250 евра за заем во висина од 50.000 евра.

    Во согласност со првиот модел, каматата на станбениот кредит изнесува 4,99 отсто за првите три години и 5,5 отсто за четвртата и петтата година од отплаќањето на задолжувањето. Доколку граѓаните се одлучат за половина од учеството за кредит за купување стан или за изградба на куќа, тогаш каматата за оваа опција изнесува ЕУРИБОР +4,5 процентни поени во текот на целиот период на отплата. Максималната вредност на кредитот не треба да биде повисока од 50.000 евра, цената на објектот за индивидуално или колективно домување треба да биде пониска од 900 евра за метар квадратен, додека барателите на заем е задолжително да имаат примања помали од 900 евра месечно. Апликациите може да се достават до експозитурите на НЛБ Тутунска банка, Стопанска банка Скопје, Охридска банка, Шпаркасе банка, Прокредит банка, Алфа банка и ТТК банка.

Ähnliche Themen

  1. Bauprojekte in Mazedonien
    Von MaKeDoNiJa e VeCnA im Forum Bauprojekte
    Antworten: 1840
    Letzter Beitrag: 25.05.2017, 09:58
  2. Prishtina - Bauprojekte
    Von Arbanasi im Forum Bauprojekte
    Antworten: 995
    Letzter Beitrag: 03.03.2017, 16:20
  3. Tirana - Bauprojekte
    Von Arbanasi im Forum Bauprojekte
    Antworten: 715
    Letzter Beitrag: 15.07.2015, 23:41
  4. Bauprojekte in Bulgarien!
    Von Milabrya im Forum Bauprojekte
    Antworten: 1
    Letzter Beitrag: 03.06.2008, 21:57