BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Erweiterte Suche
Kontakt
BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Benutzerliste

Willkommen bei BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen.
Seite 22 von 65 ErsteErste ... 1218192021222324252632 ... LetzteLetzte
Ergebnis 211 bis 220 von 641

Skopje - Bauprojekte

Erstellt von mk1krv1, 26.04.2012, 18:44 Uhr · 640 Antworten · 79.243 Aufrufe

  1. #211
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Das Ministerium für Aussenpolitik in Skopje wurde eröffnet

    Отворено новото МНР

    Денеска во главниот град беше пресечена црвена лента за втората завршена зграда од проектот „Скопје 2014“ – новото Министерство за надворешни работи кое се наоѓа на левиот брег на Вардар, веднаш до мостот „Слобода“ [»мапа]. Објектот е висок 27 метри, има две подземни нивоа, приземје, седум ката и рамна тераса, и располага со вкупна површина од околу 13.500 метри квадратни. Конструктивниот систем претставува просторна армирано – бетонска рамовска конструкција во двата ортогонални правци. Во внатрешноста на зградата има четири вертикални комуникациски јадра, а над ВИП фоајето има празен простор на првиот кат, кој го сече мост за комуникација.

    Новото седиште на МНР е украсено со бројни скулптури, од кои на покривот се поставени 37 кои се посветени на истакнати личности од светската дипломатија, додека на фасадата и на влезниот трем има вкупно уште 40-тина скулптури на кои се претставени традиционални облеки од Македонија и Европа. Рамната тераса на покривот е оградена со ограда од ковано железо над завршниот венец. На зградата доминира централна армирано – бетонска купола со голем јарбол, а од двете нејзини страни има две помали куполи кои овозможуваат влез на дневна светлина во внатрешноста на објектот.

    Како автори на идејното решение за новото МНР најпрвин се спомнуваа Благоја и Лидија Стојаноски, додека според денеска соопштените информации, како автори фигурираат Лидија Стојаноска и вајарката Валентина Каранфилова Стевановска. Активностите на терен за изградба на објектот стартуваа пред речиси три години. Изведувач на градежните работи беше скопски „Бетон“, а надзорот го вршеше „Евро Консалтинг“. Според премиерот Никола Груевски, во изградбата биле потрошени 13,5 милиони евра, но телевизијата „Алфа“ пренесува дека според податоците на бирото за јавни набавки, без мебелот и осветлувањето, зградата и декорациите на фасадата чинат околу 19,5 милиони евра.

    » Форумска дискусија за овој проект

  2. #212
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.754
    Auf dem Skopjer Hausberg Vodno soll ein Luxus Komplex entstehen

    Ултралуксузен комплекс се гради на Водно (галерија)

    Под падините на водно во склоп на ресортот „ Панорама“ во тек е изградба на ултраексклузивен комплекс каков што досега не сме навикнати да гледаме. Позади овој проект стои фирмата Гема Инженеринг ДОО кои имаат цел да ги спојат луксузот, конфорот и прекрасниот поглед на градот.
    Инспирацијата за овој проект е пронајдена во идејата за рамнотежа меѓу различните аспекти на животот и филозофијата како идеална комбинација помеѓу прекрасните потези, материјали и агли на фасадата во идеална рамнотежа и хармонија, а во исто време провокативна максимална возбуда и индивидуалност на искуствата.
    Непотребни ќе бидат сите дополнителни зборови кажани за ова прекрасно издание на врвот на Скопје. Погледнете ја галеријата во продожение и уверете се.

  3. #213

    bombeee

    - - - Aktualisiert - - -

    Сарај конечно поврзан со нов мост

    Од денеска е отворен за сообраќај новоизградениот мост на реката Вардар, кој ги поврзува општините Ѓорче Петров и Сарај [»мапа]. Се работи за армирано – бетонски мост, со вкупна должина од 50 метри, во три распони, со коловоз кој има по една сообраќајна лента во двете насоки (со ширина од по 3,5 метри), а од едната страна има велосипедска патека (со ширина од 2,5 метри) и пешачка патека (со ширина од еден метар). Новиот инфраструктурен објект е поставен на растојание од 1,5 метри од стариот „железен“ мост кој датира од 1945 година и е паралелен со него.

    Изведбениот проект за новиот мост го изработи „Прима инженеринг“. Камен темелник беше поставен на 02.06.2011, а на изградбата работеа екипи на градежната компанија „Гранит“. Висината на инвестицијата изнесува 96,8 милиони денари, односно околу 1,57 милиони евра, средства кои беа заеднички обезбедени од Градот Скопје, Општината Сарај и од Владата на Република Македонија. Во рамките на проектот беа асфалтирани и пристапните улици кон мостот, во должина од неколку стотини метри.

  4. #214
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    die neue aussenfassade des ministeriums wird 2,9 millionen euro wert sein

    Новата фасада на Министерството за правда ќе чини 2,9 милиони евра

    Неокласичниот архитектонски стил во иднина ќе стане обележје и на административната зграда на Министерството за правда, лоцирана во строгиот центар на Скопје [»мапа]. Предвидено е да се санира единствено северната фасада што гледа кон улицата Димитрија Чуповски, но истовремено и да се изврши доградба на дел од просториите на министерството за да се задоволат потребите од канцеларии за вработените. Во конкуренција на четири понудувачи, италијанската компанија „Ламоне Мореда“ е избрана за изведувач на градежните активности за кои е предвидено да се одвојат 178.799.429 денари или околу 2,9 милиони евра. Стручниот надзор врз градежните работи ќе го врши „Градежен институт Македонија“, со кого е склучен договор во вредност од 2.807.151 денари.

    Преферираниот стил со античките столбови карактеристични за проектот „Скопје 2014“ на објектот на министерството ќе бидат придружени со ликот на римската божица на правдата и праведноста Јустиција. Освен визуелизации во црно – бела боја, надлежните сеуште не го објавуваат основниот проект врз основа на кој ќе се работи новиот надворешен изглед на зданието. Најповолниот понудувач има рок од 10 месеци за да ги финишира изведбените работи. Покрај овој административен објект, Градот Скопје паралелно ја подготвува реконструкцијата и промената на фасадите на околните станбени објекти кои се сместени на улицата Димитрија Чуповски.

    - - - Aktualisiert - - -

    Намалена висината на планираните облакодери во центарот на Скопје

    Во просториите на Урбаната заедница Роберт Гајдиќ, денеска беше одржана јавна презентација на предложените измени во Деталниот урбанистички план „Голем ринг јужен дел – исток“, во делот кој се однесува на облакодерите кои се планирани во Ново Маало и на паркингот спроти хотелот „Холидеј Ин“. ДУП-от опфаќа површина од 9 хектари и е изработен од страна на проектантското биро „Билд“ од Скопје.

    Највпечатлива промена од претходната верзија на овој ДУП е намалената максимална висина на објектите од 300 метри (приземје и 98 ката), на 180 метри (приземје, 60 ката и поткровје), но воедно е зголемена површината за градба од 21.945 метри квадратни, на 37.469 метри квадратни. Исто така единствената градежна парцела која фигурираше во претходниот план сега е поделена на три помали. Еден од авторите на планот, архитектот Бојан Муличковски, објасни дека овие измени се направени во правец на стимулирање поголем интерес кај потенцијалните инвеститори.

    Според предложениот урбанистички план, просторот во предвидените објекти ќе може да се искористи за станбена, комерцијална и деловна намена. Паркирањето би било решено со три подземни нивоа со вкупно 6.330 паркинг места. Во средишниот простор помеѓу трите згради е зацртана јавна површина на која е предвидена голема фонтана со споменик и обележја. Токму овој простор беше главна мета на реакциите на граѓаните кои ја проследија презентацијата. Имено сопствениците на објекти и земјиште кое се наоѓа на идните јавни површини бараа нивните имоти да бидат вклучени во рамки на градежните парцели, бидејќи не веруваат дека од државата или од локалната самоуправа ќе добијат соодветно обештетување.

    Планираната подземна сообраќајница на потегот од Комплексот банки до мостот „Гоце Делчев“, иако поминува низ опфатот на ДУП-от, сеуште не е прецизно вцртана и дефинирана. Според зборовите на планерите, тоа ќе следи откако ќе се изработи сообраќајното решение за овој важен коридор,постапка која моментално е во тек.

  5. #215
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    so wird das riesenrad in skopje aussehen

    За Панорамското тркало веќе се потрошија половина милион евра

    Градот Скопје пред еден месец потпишал договор за изработка на основен проект за Панорамското тркало со придружни објекти и мост со австриската компанија „a2 Hotelconcept GmbH“, во висина од 30 милиони денари или околу 500 илјади евра. Постапката е спроведена со преговарање без претходно објавување на оглас, при што австријците се обврзани во период од 8 месеци да ја изработат потребната документација за започнување на градежните активности. Панорамското тркало ќе се лоцира на новиот мост на реката Вардар, кој е зацртано да се изгради помеѓу Камениот мост и мостот „Гоце Делчев“. Во согласност со избраното идејно решение, посетителите на новиот објект ќе можат да го набљудуваат главниот град во специјални корпи на висина од 60 метри. Победничкиот труд го изработија австриските архитекти од студиото „Massabni architects GmbH“, а детални информации за планираното здание сеуште не се публикувани.

    По изработката на основниот проект за Панорамското тркало, градските власти преку оглас ќе прибираат понуди од заинтересирани инвеститори. Според досегашните информации, идниот инвеститор ќе биде задолжен да го реализира Панорамското тркало и за возврат ќе може да стопанисува и да наплаќа билети од неговото функционирање во наредните 35 години. Предлогот за соинвеститорство ќе се разгледува на следната седница на Советот на Град Скопје, а доколку биде изгласан од советниците, тоа би значело дека градските власти во иднина ќе можат да продолжат со реализацијата на зацртаниот проект.

    » Форумска дискусија за овој проект

  6. #216
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    in Ohrid werden neue autobus-stationen und eine garage gebaut

    Охрид ќе гради нова автобуска станица и катна гаража по пат на јавно – приватно партнерство

    После долгогодишните најави проследени со спорови помеѓу локалната самоуправа и државните власти, Советот на општина Охрид вчера донесе одлука новата меѓуградска автобуска станица и планираната катна гаража во центарот на градот да се градат по пат на јавно – приватно партнерство, преку инвестиција во која ќе влезат властите од Охрид во соработка со заинтересираните домашни и странски компании. Локалната власт се обврза да го обезбеди градежното земјиште, да ја изгради потребната инфраструктура и да го ослободи инвеститорот од комуналните трошоци, додека најповолниот понудувач ќе треба да ги реализира планираните објекти. Општина Охрид во претстојниот период ќе објави јавен оглас за избор на најповолни понудувачи за двата проекти.

    Идната автобуска станица во Охрид и понатаму ќе остане надвор од централното градско подрачје [»мапа], бидејќи истата е зацртана во Деталниот урбанистички план во кој влегува и постоечкиот инфраструктурен објект на периферијата од Охрид. Со проектот се предвидува новата зграда на станицата да има приземје и еден кат, при што во приземниот дел ќе се смести билетара, чекална и останати пропратни содржини за патниците, додека првиот кат ќе биде отстапен за административно – деловни намени.

    Катната гаража ќе има основа со површина од 1.300 метри квадратни и ќе се гради на местото на сегашниот паркинг кај градскиот пазар во центарот на Охрид [»мапа], при што со неа ќе се обезбеди дополнителен паркинг – простор за 320 возила. Локалните власти од туристичкиот центар појаснуваат дека ветените проекти доцнат со реализација поради проблемите со префрлување на државното неизградено земјиште од страна на Министерството за транспорт и врски. Охрид веќе неколку години наназад се соочува со недостиг на паркинг – простор, кој е особено изразен со напливот на туристи во летните месеци, а голем проблем е и супстандардната автобуска станица за која не може да се изнајде адекватно решение повеќе од шест години.

  7. #217

    Registriert seit
    03.09.2012
    Beiträge
    680
    Zitat Zitat von mk1krv1 Beitrag anzeigen

    Endlich !! Wurde mal Zeit !!

    mk1krv1 dieser Artikel gehört ins Bauprojekte in Mazedonien Thread nicht in Skopje

  8. #218
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Подземна гаража ќе се гради спроти „Кинг Бургер“

    Министерството за транспорт и врски објави оглас за продажба на градежно земјиште за изградба на комунална инфраструктура – подземна гаража покрај булеварот „Климент Охридски“. Објектот е планирано да се реализира на местото на сегашниот мини парк и простор за паркирање, лоциран спроти некогашната сендвичарница „Кинг Бургер“ [»мапа]. Градежната парцела е со големина од 873 метри квадратни, од кои 835 се во државна сопственост, а останатиот дел е во сопственост на приватно лице, кое за надоместок од 120.000 денари за метар квадратен ќе му го отстапи на заинтересираниот инвеститор. Подземниот гаражен простор е предвиден на две нивоа, при што со првото ниво треба да се обезбеди паркинг простор за минимум 28 возила, додека второто да има капацитет од барем 36 возила.

    Почетната цена на електронското јавно наддавање изнесува 61 денари за метар квадратен за сегментот кој е во државна сопственост, пријавите за лицитацијата треба да се достават до 28 ноември, додека истата е планирано да се одржи на 5 декември. Купувачот на парцелата ќе треба да обезбеди одобрение за градење од локалната самоуправа во рок од 9 месеци од солемнизацијата на договорот и е должен да го заврши гаражниот објект во период од 6 години од добивањето на градежната дозвола. Покрај на булеварот „Климент Охридски“, во моментов во центарот на Скопје е актуелна изградбата на подземни гаражи на локацијата кај македонското собрание, за која е распишан дополнителен оглас од надлежното министерство и просторот кај Македонската опера и балет.

    mk1krv1 dieser Artikel gehört ins Bauprojekte in Mazedonien Thread nicht in Skopje

    sry hab ich garnicht gesehen..

  9. #219
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Проширена уште една делница на Теодосиј Гологанов

    Денеска беше официјално пуштена во употреба проширената и реконструирана делница на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје, на сегментот од крстосницата со улицата Франклин Рузвелт до крстосницата со улицата Братфордска и булеварот 8-ми Септември, во должина од околу 750 метри. Новиот коловоз има четири коловозни ленти без средишно зеленило, а вкупната ширина е 16 метри. Од двете страни на сообраќајницата се формирани тротоари со широчина од по 3,5 метри, поплочени со бехатон плочки на вкупна површина од 6.500 метри квадратни. Во рамки на проектот беше изградена и атмосферска канализација во должина од 1.500 метри, со профил од 200 и 400 милиметри која е приклучена во постојниот колектор.

    За овој инфраструктурен зафат, од градскиот буџет беа издвоени 47 милиони денари или околу 765 илјади евра. Градежните работи започнаа во јуни годинава, а проектот го реализираше градежната фирма „Транс Мет ДОО“.

    » Форумска дискусија за овој проект

  10. #220
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.754
    Zitat Zitat von mk1krv1 Beitrag anzeigen

    Typisch, kaum hats zwei Spuren, steht die recht Spur schon wieder mit geparkte Autos voll. War aber früher an der Stelle bei der Trafika auch schon immer so

Ähnliche Themen

  1. Bauprojekte in Mazedonien
    Von MaKeDoNiJa e VeCnA im Forum Bauprojekte
    Antworten: 1840
    Letzter Beitrag: 25.05.2017, 09:58
  2. Prishtina - Bauprojekte
    Von Arbanasi im Forum Bauprojekte
    Antworten: 995
    Letzter Beitrag: 03.03.2017, 16:20
  3. Tirana - Bauprojekte
    Von Arbanasi im Forum Bauprojekte
    Antworten: 715
    Letzter Beitrag: 15.07.2015, 23:41
  4. Bauprojekte in Bulgarien!
    Von Milabrya im Forum Bauprojekte
    Antworten: 1
    Letzter Beitrag: 03.06.2008, 21:57