BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Erweiterte Suche
Kontakt
BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Benutzerliste

Willkommen bei BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen.
Seite 23 von 65 ErsteErste ... 1319202122232425262733 ... LetzteLetzte
Ergebnis 221 bis 230 von 641

Skopje - Bauprojekte

Erstellt von mk1krv1, 26.04.2012, 18:44 Uhr · 640 Antworten · 79.145 Aufrufe

  1. #221
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    По „Борис Трајковски“ од денеска се вози по 4 коловозни ленти

    Привршува проектот за проширување и реконструкција на булеварот „Борис Трајковски“ (поранешната улица „Првомајска“) во општина Кисела Вода. Во присуство на скопскиот градоначалник Коце Трајановски и премиерот Никола Груевски, денеска беше пуштен во употреба проширениот сегмент на оваа значајна скопска сообраќајница, на потегот од „Рампа“ до крстосницата со улицата „Народни херои“ во должина од 1.380 метри. Во изминатите седум и пол месеци градежната оператива на компаниите „Алпине Бау“ и „Жикол“ работеше на проектот, при што се добија четири сообраќајни ленти во двата правци со вкупна широчина од 14 метри, односно секоја со широчина од 3,5 метри.

    Во наредниот период ќе продолжат градежните активности за комплетирање и на делницата од крстосницата со булеварот „Србија“ до поранешната фабрика „Стакларница“ во должина од 1.126 метри, на која исто така почна да се работи во март годинава, заедно со денеска пуштениот сегмент. Идентично како и останатата траса, таа делница ќе добие по две коловозни ленти во секоја насока, пешачки патеки и атмосферска канализација со променлив профил од Ф-500 до Ф-800 милиметри. Постоечкиот мост над Усјанскиот канал ќе се прошири, при што зацртано е тој да добие пешачка и велосипедска патека. Градежните работи на вториот сегмент од сообраќајницата треба да завршат најдоцна до средината на декември.

    Градот Скопје проширувањето на оваа сообраќајница го реализира уште од 2004 година, кога беше проширен делот помеѓу крстосницата со булеварот „Србија“ и крстосницата со улицата „Народни херои“. Инвестицијата во моменталниот зафат изнесува 4 милиони евра, обезбедени преку заем од Европската банка за обнова и развој во висина од 2,9 милиони евра и преку средства од буџетот на Град Скопје.

    » Форумска дискусија за овој проект



  2. #222
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    die fassaden für die rundumerneuerung von 15 gebäuden im center der stadt skopje wurden ausgesucht

    Избрани новите фасади на 15 згради во строгиот центар на Скопје

    Проектот „Скопје 2014“ со забрзано темпо продолжува да се шири во строгиот центар на македонската метропола. Градските власти ги избра посакуваните идејни решенија за реконструкција на фасадите на 15 објекти што се лоцирани на улица „Македонија“ (бр.1, 9, 10, 13 и 25), на улица „Димитрија Чуповски“ (бр. 22, 23 и 24) и на улица „Никола Вапцаров“ (бр. 2, 3, 4, 6, 8, 10 и 12). Архитектите Звонко Ставревски и Жарко Чаушевски се победници на распишаниот конкурс за санација на постоечкиот надворешен изглед на зданијата, кои се добитници на наградите во висина од 450.000 денари и од 300.000 денари. Двајцата архитекти веќе фигурираат како коавтори на дел од објектите од проектот „Скопје 2014“ и на досегашните повици од градските власти за изработка на архитектонски решенија за промена на препознатливиот лик на зградите изградени пред неколку децении.





    Од локалната самоуправа на главниот град се одлучија да не изберат идејно решение за санација на фасадите на седум објекти од улицата „Македонија“, така што за нив повторно би требало да се распише конкурс во текот на наредниот период. Иако информациите за завршениот конкурс веќе се објавени на интернет – страницата на Бирото за јавни набавки, сепак сеуште не се објавуваат визуелни материјали со кои граѓаните и стручната јавност би можеле да се запознаат со идниот изглед на објектите кои се лоцирани во строгиот центар на Скопје. Во изминатиов период се избраа неокласицистички фасади за објектите „Метропол“ и „Сити Галери“, но и за пет станбени и деловни објекти на улиците „Никола Вапцаров“ и „Димитрија Чуповски“. Досега целосно е променета визурата на зградата „Пелистер“ и на објектот над кафулето „Тренд“, а во моментов се одвиваат градежни работи на фасадата од станбената зграда на улица „11 октомври“ бр.2.

  3. #223
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Зголемена добивката на „Гранит“ и „Бетон“ во првите девет месеци од годинава

    Наспроти општиот пад на индустриските показатели и намалениот обем на работа на фирмите во земјава, нема криза за големите македонски градежни компании. „Гранит“ и „Бетон“ – двата македонски гиганти во градежниот сектор денеска ги објавија финансиските извештаи за работењето во првите девет месеци од 2012 година, при што и двете компании се пофалија со зголемување на добивката од извршените градежни активности. „Гранит“ заклучно со 30 септември оствари добивка од редовното работење пред оданочување во износ од 261.457.000 денари, што претставува зголемување од 12% во споредба со истиот период од 2011 година. Во официјалното соопштение на компанијата се наведува дека оперативната добивка е поголема за 4% во однос на минатата година, што се должи на поекономичното работење преку намалување на оперативните расходи.

    Идентично како и „Гранит“, скопски „Бетон“ во својот извештај бележи дека во периодот од 1 јануари до 30 септември остварил добивка од 36.218.000 денари, што е за 9,15% повеќе во споредба со истиот период лани. Вкупните приходи на претпријатието изнесуваат 1.676.953.000 денари и бележат пад од 6,94% во однос на остварените приходи заклучно со 30.09.2011 година, додека вкупните расходи се заокружени на 1.639.736.000 денари и се намалени за 7,24% во однос на истиот период од минатата година. Компанијата „Бетон“ во денешното соопштение напоменува и дека склучила уште еден дополнителен договор со македонската влада за изградба на нова административна зграда за државни институции на улицата „Македонија“ во Скопје, чија вкупна вредност изнесува 834.555.000 денари.



  4. #224
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    eine neues Zentrum für Chemodialysen ist eröffnet worden.

    Нов Центар за хемодијализа при ГОБ „8-ми Септември“

    Во Градската општа болница „8-ми Септември“ денеска се пушти во употреба новоизградениот Центар за хемодијализа, инвестиција вредна 89 милиони денари. Центарот се простира на 700 метри квадратни, има 30 дијализни места и е лоциран на деветиот кат на болницата.




    Дизајнот на целокупниот простор вклучувајки ги боите, текстурите, осветлувањето и мебелот се избрани и изработени во функција на ублажување на впечатокот од вообичаената болничка атмосфера. Сево ова е дополнително осложнето поради широкиот опфат на содржини како и поради условите што ги наметнува перманентната контрола на инфекции. Преку префинети детали во ентериерот се трансформира класичниот болнички амбиент во еден хуман амбиент со зголемено ниво на удобност и достоинство кој е многу важен за пациентите за кои дијализата е секојдневен и неизбежен дел од животот.

    Поради карактерот и потребите на овие болни, овозможен е директен пристап до центарот со инсталирање на дополнителен панорамски лифт со две кабини, лоциран на јужната фасада на стационарот, кој има две станици – на ниво 0.00m и на ниво 38.00m. Сите места за дијализа се поврзани со контролни пунктови, со што се постигнува можност за следење на работата на секој апарат. За ефикасно и непречено извршување на процесот на дијализа е обрнато особено внимание на доведувањето и третманот на вода која се складира во резервоари, производството на ациден, односно кисел раствор како и неговото дистрибуирање до дијализерите.

    Новиот центар го изведе и проектно го адаптира фирмата „ДОТ Архитекти“ следејќи ги современите стандарди за изведба на здравствени објекти, како од технички така и од функцинален аспект. Сите пионерски работи во новиот центар, беа набљудувани и насочувани од стручњаци, магистри по архитектура, сите од областа на архитктурата за здравствени објекти, како дел на постојаниот тим „ДОТ Медикал“ кој функционира во рамки на фирмата „ДОТ Архитекти“.

    При изведба на објектот инженерскиот тим на „ДОТ Архитекти“, во однос на користени материјали, системи на градба, како и самата изведба (вградување на специфицираните материјали и системи) стриктно се придржуваше кон Европската Директива 2010/31/EU со која е пропишана постапката и процедурата на подобрување на енергетската ефикасност на објектите. Со применетиот начин на изведба, не само што се подобрува енергетската ефикасност, туку се обезбедува и поголем степен на остварен комфор и стандард.










  5. #225
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Се бара изведувач за новата фасада на владината зграда

    Новиот неокласицистички изглед на владината зграда сепак ќе почека на реализација до наредната 2013 година. Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија објави оглас за избор на градежна компанија што ќе ги изведува неопходните активности за реконструкција и илуминација на фасадата на овој репрезентативен административен објект во центарот на Скопје. Во публикуваниот тендер не се спомнува проширување на сегашното здание, иако со актуелниот детален урбанистички план е оставена можност за надоградба на објектот. Владиното седиште со приземје и пет ката е впишано во документацијата како објект со максимална висина од 21 метри и бруто развиена површина од 42.240 метри квадратни на градежна парцела со големина од 21.548 метри квадратни.

    Најповолниот понудувач на распишаниот оглас ќе има временски рок од 12 месеци за реализација на проектот. Победникот ќе се знае на 24 декември, за кога е планирано јавното отворање на доставените понуди. Градот Скопје и Општина Центар во изминатиов период ја ослободија надлежната владина служба од наплата на комуналии за реконструкција на фасадата и проширување на објектот, чија висина изнесуваше 206.800 евра.

    Вкупната сума што ќе треба да се одвои од државниот буџет за овој проект ќе се знае по отворањето на понудите од градежните компании. За идниот неокласицистички надворешен изглед на владината зграда, фирмата „Архитектоника“ од Скопје веќе го изготви основниот проект, а идејното решение претставува дело на архитектите Жарко Чаушевски и Филип Богатинов. За можните опции за промена на фасадата на владиното здание се изјаснија и македонските граѓани, кои преку јавна анкета го избрааархитектонскиот труд на Чаушевски и на Богатинов. Стручната јавност во неколку наврати се спротистави на ваквата одлука, додека авторот на оригиналниот проект за зградата Петар Муличковски во изјави за медиумите нагласи дека му се прекршуваат авторските права што ги поседува врз архитектонското решение.


    » Форумска дискусија за овој проект
















    - - - Aktualisiert - - -

    Општина Илинден го подготвува теренот за новата населба „Јака“

    Во очекување на првото јавно наддавање за парцели во новопланираната населба „Јака“ кај селото Марино, Општина Илинден работи на реализација на потребната инфраструктура кај локалитетот. Во тек е изградба на мост и локален пат за сообраќајно поврзување на новата населба која ќе се простира на површина од 28 хектари, а опфаќа 500 парцели за изградба на семејни куќи, трговски центар, хотелско сместувачки капацитети, забавен парк, спортски терени и простор за собири. Досега за продажба се понудени вкупно 54 парцели за домување и една парцела за изградба на хотелски комплекс, а јавното наддавање за првите 10 парцели ќе се оддржи на 12 ноември. Од Општина Илинден соопштуваат дека во наредниот период, како што ќе се подготвува техничката документација, ќе продолжат да се огласуваат и останатите градежни парцели од локалитетот „Јака“.












  6. #226

    Registriert seit
    03.09.2012
    Beiträge
    680
    mk1krv1 Du musst dir unbedingt angewöhnen denn Titel des Artikels zu übersetzen !! Damit es andere auch Verstehen können . Ich z.B Übersetze auch immer also bratko

    - - - Aktualisiert - - -

    800 Meter der Strasse Kozle wurden rekonstruiert


    Заврши реконструкцијата на втората делница од улицата Козле, во скопската општина Карпош. Во изминатите пет месеци коловозот на оваа значајна сообраќајница беше целосно обновен на потегот од крстосницата со улицата Јуриј Гагарин до крстосницата со улицата Нерешка, во должина од 850 метри, а исто така беше поставена и нова атмосферска канализација во должина од 275 метри. Обострано се изведени тротоари од бехатон плочки, со променлива ширина од 1 до 1,5 метри во зависност од условите на теренот. За финансирање на овој инфраструктурен проект од градскиот буџет се издвоија 21,5 милиони денари, а градежните работи ги изведуваше компанијата „Пелагонија – Гостивар“. Минатата година беа реконструирани 450 метри од улицата, на потегот од последната станица на автобусот бр. 57 до крстосницата со улицата Јуриј Гагарин, за што беа одвоени 12 милиони денари. Тогаш беше најавено дека целиот проект во должина од 1.300 метри ќе чини 26 милиони денари, со рок за изведба од четири месеци.

    - - - Aktualisiert - - -

    Die Makedonische Volksbank " Narodna Banka" zieht nicht nach Marktplatz "Makedonia" um..


    Народната банка на Македонија денеска соопшти дека се откажува од идејата за изградба на административен објект на Плоштадот „Македонија“ и дека ќе побара нова локација за градба која би била соодветна за задоволување на нивните потреби. Конкурсот за избор на идејно решение за седиштето на оваа институција заврши без успех. Комисијата составена од девет члена од областа на архитектурата, градежништвото и уметноста, заклучи дека трудовите коишто биле доставени не понудиле објекти што се препознатливо архитектонски проектирани и дизајнирани во согласност со современите конструктивни системи.

    image.jpg

    „Во понудените решенија нема архитектура со еден похрабар концепт, современа технологија, богат колорит и материјали, ниту пак архитектура што ќе дава посебен дух и белег на Плоштадот „Македонија“ и на пошироката околина на центарот на Скопје. Понудените проекти, во однос на катастарската парцела на којашто треба да се изгради објектот, не дадоа решенија поврзани со барањата за сообраќај и пристап до објектот, заштита од пожари, безбедност и енергетска исплатливост“, се наведува во денешното соопштение на Народната банка на Македонија испратено до медиумите. Во меѓувреме, Општина Центар во доставените измени и дополнувања на Деталниот урбанистички план „Мал Ринг“ целосно ја промени атрактивната градежна парцела лоцирана помеѓу споменикот „Воин на коњ“ и Портата Македонија.

    Согласно планираните измени, максималната висина на идниот објект е ограничена на 16 метри, што подразбира приземје и три ката, а истовремено е намалена и површината на самата градежна маркичка. Променета е и намена на планираниот објект, така што наместо административен во урбанистичкиот план е предвидена изградба на објект за комерцијални и деловни намени и површина од најмногу 3.780 метри квадратни. Наспроти ова, досегашната маркичка дозволуваше административна зграда висока 40 метри, со приземје, 10 ката и поткровје и со вкупна површина од 16.860 метри квадратни. Засега не се објавуваат информации за тоа која ќе биде новата локација на која треба да се гради идното седиште на централната банка, но исто така останува непознато кој ќе го гради новиот објект на Плоштадот „Македонија“.

    - - - Aktualisiert - - -

    12 Weitere Gebäuden im Stadtzentrum Skopje's bekommen neue Fassaden..


    Градските власти со силно темпо продолжуваат со остварувањето на идејата за целосна промена на постоечките фасади на улиците „Македонија“ и „Димитрија Чуповски“ во строгиот центар на Скопје. Денеска се објавени уште два дополнителни конкурси за избор на идејни решенија врз основа на кои ќе се реконструира надворешноста на 12 станбени и деловни згради, во согласност со новоизградените зданија од владиниот проект „Скопје 2014“. Во публикуваната документација се наведува дека заинтересираните архитекти можат да конкурираат со свои трудови за секој објект посебно. Локалната самоуправа од нив бара да ги почитуваат програмските барања, но и да понудат изводливост, одржливост и инвентивност во пристапот на обликување, економичност на решението и задоволување на сите прописи и нормативни акти од оваа област.


    image.jpg



    Архитектонските замисли за новиот надворешен изглед на 12-те предвидени објекти треба да се достават до градските власти најдоцна до 13 декември. Победничките решенија за петте згради од првиот конкурс ќе добијат по 100.000 денари, додека на првонаградените трудови за останатите објекти од вториот конкурс ќе се доделат по 60.000 денари. Промената на надворешниот изглед на зградите што се лоцирани во строгиот центар на Скопје ќе се реализира во текот на наредната година. Иако градскиот буџет за 2013 година ќе биде помал за 10 отсто во споредба со годинешниов, сепак тоа не го спречува планот на Градот Скопје за проектирање, изработка и надзор на новите фасади да одвои 115 милиони денари, сума што е речиси идентична на вкупно одвоените финансиски средства за реконструкцијата на булеварот „Јане Сандански“, реализацијата на третата фаза од булеварот „Илинден“ и реализација на третата фаза од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

  7. #227
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    es werden 1,4 millionen euro in den "Karposhovo Vostanie" - Platz investiert

    Дополнителни 1,4 милиони евра за плоштадот „Карпошово востание“

    Непредвидени градежни активности се појавија и при изведбата на плоштадот „Карпошово востание“ кај црквата „Св. Димитрија“ во центарот на Скопје. Општина Центар во јули годинава склучила дополнителен договор со компанијата „Бетон“ од Скопје во вредност од 88.317.789 денари или околу 1,4 милиони евра во функција на довршување на новиот јавен простор, кој веќе го вдоми споменикот на Филип Втори. Досега во целокупниот комплекс се вложија 388.502.709 денари односно над 6,3 милиони евра наменети за изведба на градежно – занаетчиските работи од градежната оператива и за вршење на стручен надзор над изградбата на плоштадот од страна Градежниот институт „Македонија“. Вкупната сума заедно со лиењето на скулптурите во италијанската леарница „Гвастини“ од Виченца се заокружува на 9.255.000 евра, без хонорарот на уметницата Валентина Стефановска која е автор на скулптуралните дела. За телевизија „Алфа“ од општина Центар напоменуваат дека парите ќе се потрошат на каменорезачки работи, машинско кршење на камени ѕидови, поставување на тампон и хидроизолација, бетонирање на армирано – бетонски ѕидови и плочи за вентилација и на останати градежни активности.





    Плоштадот „Карпошово востание“ е планирано да се состои од четири фонтани. Најголема треба да биде онаа што е во близина на Старата чаршија, на која веќе е поставена бронзената скулптура на Филип Втори во висина од 15 метри и постамент во висина од 13 метри. На спротивната страна е предвидена уште една помала фонтана, на која веќе е поставена скулптурата „Мајка со дете“ заедно со уште неколку женски скулптури. Допрва треба да се изградат преостанатите две фонтани во близина спомениците на просветителите кај Камениот мост. Паралелно со завршувањето на плоштадот, се работи и на реконструкција на управната зграда на Министерството за транспорт и врски. Градежните активности на проектот започнаа во јули 2011 година и истите треба да завршат во рок од две години или најдоцна до јули 2013 година.

  8. #228

    Registriert seit
    15.04.2012
    Beiträge
    5.631
    Wie geil sieht dieser Teil der Innenstadt aus ?
    Wären nur nicht überall diese verdammten Statuen die machen einen sehr komischen Eindruck.
    Touristen fragen sich warum zum Teufel steht an jeder Ecke eine Gruppe von Statuen.


  9. #229

    Registriert seit
    03.09.2012
    Beiträge
    680
    Zitat Zitat von Prekë Kuçi Beitrag anzeigen
    Wie geil sieht dieser Teil der Innenstadt aus ?
    Wären nur nicht überall diese verdammten Statuen die machen einen sehr komischen Eindruck.
    Touristen fragen sich warum zum Teufel steht an jeder Ecke eine Gruppe von Statuen.

    Das ist der Marktplatz
    Ja recht hast du die vieleen Statuen nerven mich !

  10. #230

    Registriert seit
    15.04.2012
    Beiträge
    5.631
    Zitat Zitat von Harput Beitrag anzeigen
    Ich sehe dort eine Statue.
    Deswegen gefällt mir auch dieser Teil der Stadt so sehr.
    Alles sauber, schöne Gebäude und kaum Statuen sieht wie eine Innenstadt in Westeuropa aus.
    Schau dir aber mal die anderen Bilder an dann weißt du was ich meine.

Ähnliche Themen

  1. Bauprojekte in Mazedonien
    Von MaKeDoNiJa e VeCnA im Forum Bauprojekte
    Antworten: 1840
    Letzter Beitrag: 25.05.2017, 09:58
  2. Prishtina - Bauprojekte
    Von Arbanasi im Forum Bauprojekte
    Antworten: 995
    Letzter Beitrag: 03.03.2017, 16:20
  3. Tirana - Bauprojekte
    Von Arbanasi im Forum Bauprojekte
    Antworten: 715
    Letzter Beitrag: 15.07.2015, 23:41
  4. Bauprojekte in Bulgarien!
    Von Milabrya im Forum Bauprojekte
    Antworten: 1
    Letzter Beitrag: 03.06.2008, 21:57