BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Erweiterte Suche
Kontakt
BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Benutzerliste

Willkommen bei BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen.
Seite 24 von 65 ErsteErste ... 1420212223242526272834 ... LetzteLetzte
Ergebnis 231 bis 240 von 641

Skopje - Bauprojekte

Erstellt von mk1krv1, 26.04.2012, 18:44 Uhr · 640 Antworten · 79.220 Aufrufe

  1. #231
    Kejo
    Zitat Zitat von Prekë Kuçi Beitrag anzeigen
    Deswegen gefällt mir auch dieser Teil der Stadt so sehr.
    Alles sauber, schöne Gebäude und kaum Statuen sieht wie eine Innenstadt in Westeuropa aus.
    Schau dir aber mal die anderen Bilder an dann weißt du was ich meine.
    Ich weiß, aber Skopje ist Skopje und muss nicht wie eine westeuropäische Stadt aussehen. Die Stadt hat ihre eigene Geschichte. Sie soll so sauber und gepflegt sein wie im Westen, aber keine Kopie.

  2. #232

    Registriert seit
    15.04.2012
    Beiträge
    5.631
    Zitat Zitat von Harput Beitrag anzeigen
    Ich weiß, aber Skopje ist Skopje und muss nicht wie eine westeuropäische Stadt aussehen. Die Stadt hat ihre eigene Geschichte. Sie soll so sauber und gepflegt sein wie im Westen, aber keine Kopie.
    Dagegen habe ich ja auch nichts auch wenn mir westeuropäische Städte sehr gefallen.
    Nur wenn an jeder Ecke Statuen zu sehen sind, kommt man sich so vor als wäre man in Dinosaurierland nur anstatt von Dinosauriern stehen hier Menschenfiguren.

  3. #233

    Registriert seit
    03.09.2012
    Beiträge
    680
    Zitat Zitat von Prekë Kuçi Beitrag anzeigen
    Deswegen gefällt mir auch dieser Teil der Stadt so sehr.
    Alles sauber, schöne Gebäude und kaum Statuen sieht wie eine Innenstadt in Westeuropa aus.
    Schau dir aber mal die anderen Bilder an dann weißt du was ich meine.
    Lol das ist der Marktplatz Makedonia und dieser Löwe aufm Bild ist Teil des Alexander Fontäne genau am Marktplatz wimmelt es von Statuen heheee

  4. #234
    Avatar von Freakylol

    Registriert seit
    10.02.2012
    Beiträge
    1.257
    Wenn man Statuen bauen will dann soll man halt aber die sind einfach Gigantisch viel zu groß

  5. #235

    Registriert seit
    15.04.2012
    Beiträge
    5.631
    Zitat Zitat von Salios Beitrag anzeigen
    Lol das ist der Marktplatz Makedonia und dieser Löwe aufm Bild ist Teil des Alexander Fontäne genau am Marktplatz wimmelt es von Statuen heheee
    Achso dachte das wäre ein Ecke wo nicht soviele stehen
    kenne mich mit dieser Stadt nicht so gut aus war dort nur 2 mal und ist schon länger her.

  6. #236
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Wie geil sieht dieser Teil der Innenstadt aus ?
    Wären nur nicht überall diese verdammten Statuen die machen einen sehr komischen Eindruck.
    Touristen fragen sich warum zum Teufel steht an jeder Ecke eine Gruppe von Statuen.

    die statuen stören mich nicht wirklich ..aber wo sie aufgestellt wurden schon. an manchen plätzen ist es überfühlt und auf anderen wiederum leer..aber naja, das bauprojekt skopje 2012 dauert noch 2 jahre an. bis dahin versuche ich noch nicht so viel zu urteilen.

    - - - Aktualisiert - - -

    gestern wurde das ask - architektur skopje 2012 ,eröffnet

    Утре се отвора АСК – Архитектура Скопје 2012

    Утревечер (14.11.2012) во 20 часот, во Музејот на град Скопје, свечено ќе биде отворена Манифестацијата „АСК – Архитектура Скопје 2012“. Во рамки на настанот ќе бидат изложени трудовите пријавени на Конкурсот кој веќе 14-ти пат традиционално се распишува по повод празникот 13 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, а ќе бидат доделени и овогодинешните награди за најдобрите проекти. Минатата година главната награда ја доби деловниот објект „Сан Марко“ во строгиот центар на Скопје.





  7. #237
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Das Objekt "Bruti" gewann den Hauptpreis auf dem architektur-festial ASK 2012

    Објектот „Брути“ ја доби главната награда на АСК 2012

    Вчеравечер, во Музејот на град Скопје се одржа „АСК – Архитектура Скопје 2012“, оваа година со учество на 18 проекти од 11 автори. Главната награда за архитектура на Град Скопје, ја добија архитектите од „Инженеринг Импекс СА“, Мишо Арсов, Аднан Сарачини и Игор Димов, за проектот „Брути“. Исто така беа врачени и две пофалници за придонес во архитектурата на Град Скопје, едната на авторите на деловниот објект „Осигурителна полиса“, Сања Раѓеновиќ и Ненад Раѓеновиќ, а другата на авторите на трговскиот центар „Skopje City Mall“, Грегори Ибнез, Звонко Тасевски и Крсте Петров од „ДСЦ Дизајн“.

    АСК е традиционална манифестација која се одржува секоја година во чест на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, а се реализира под покровителство на Град Скопје. „Во склад со традицијата на одржување на годишната манифестација Архитектите за Скопје – АСК, интенцијата е да се обедини креативниот потенцијал на авторите – урбанистите, архитектите, градежниците и сите оние што учествуваат во изградбата на градот и придонесуваат Скопје да прерасне во современ град“, вели архитектот Аљоша Шопар, селектор на АСК 2012 и помошник – раководител на Секторот за планирање и уредување на просторот на Градот.



  8. #238
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    es wird ein restaurant am millenium-kreuz gebaut

    ЈСП подготвува терен за изградба на ресторанот на Милениумскиот крст

    Милениумскиот крст ќе го добие долгонајавуваниот ресторан кој сеуште претставува нереализирано ветување поради недостиг на неопходната инфраструктура. После неколкугодишното одложување, Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ја доби улогата да инвестира во создавањето услови за отворање на угостителскиот објект. Распишан е оглас за избор на најповолен понудувач за архитектонски услуги за изградба, доградба и надградба на постоечкиот комерцијален простор во склоп на крстот. Проектната документација треба да обезбеди решение за хортикултурно уредување на целокупната околина околу крстот, да се изгради потребната водоводна мрежа и да се постават тоалети. Откако ќе се доведе вода до објектот на горно Водно, од ЈСП – Скопје планираат да распишат јавен повик за избор на инвеститор кој би вложил во отворање на ресторан на оваа туристичка локација. Понудите на заинтересираните компании треба да се достават најдоцна до 26 ноември, кога ќе се претстави и идниот лик на просторот околу Милениумскиот крст.

    Препознатливиот објект на планината Водно е изграден во 2002 година како една од највисоките градби во Македонија. Иако се ветуваше дека целиот комплекс ќе биде готов уште пред неколку години, поради недостиг на финансиски средства се одложуваше неговото завршување. Во 2008 година беше пуштен во употреба лифтот за панорамско разгледување на Скопје, а во 2009 година беше застаклен ресторанот и дуќаните наменети за продажба на сувенири и разгледници. Најголем исчекор во популаризација на зданието беше направен со изградбата на жичарницата во должина од 1.750 метри со почетна точка од средно Водно и со 28 кабини за превоз на посетители и на велосипеди.





    - - - Aktualisiert - - -

    ab 2013 beginnen die bau-arbeiten für die u-bahn, starßenbahn und der botanische garten in skopje

    Подземна сообраќајница, трамвај, барокни фасади и ботаничка градина не очекуваат во 2013 година

    Градските советници вчера го усвоија нацрт – буџетот на Град Скопје за 2013 година, кој е проектиран на ниво од околу 98 милиони евра и е за 10 отсто помал од овогодишниот. Локалната самоуправа на македонската метропола ќе се концентрира на етапно остварување на подземната сообраќајница под плоштадот „Македонија“ и на нејзината околна инфраструктура, чија изградба треба да започне кон крајот на наредната година и да чини 32 милиони евра. Вториот крупен проект што е предвиден во буџетот е започнувањето на реализацијата на скопскиот трамвај, преку распишување на меѓународен јавен повик и избор на заинтересиран инвеститор што ќе ја изгради неопходната инфраструктура и ќе го набави возниот парк. Во ставката расходи е вкалкулирана и ботаничка градина во рамки на скопската зоолошка градина.

    Градот Скопје ќе продолжи да вложува во промената на надворешниот изглед на зградите кои се лоцирани на улиците „Македонија“, „Димитрија Чуповски“ и „Никола Вапцаров“ во строгиот центар на Скопје, а преку 1,5 милиони евра се предвидени и за довршување на „неокласицистичката“ Градска куќа покрај реката Вардар. Значителни средства се планирани и за решавање на проблемот со недостигот на паркинг места во центарот на Скопје. Околу два милиони евра ќе се одвојат за комплетирање на започнатите катни гаражи кај полициската станица „Беко“ и спроти седиштето на компанијата „Макпетрол“. Градските власти планираат да го стартуваат процесот на гасификација на Скопје, при што наредната година ќе се гасифицираат сите средни училишта.

    Исто како и годинава, во текот на идната година ќе продолжи реконструкцијата на скопските булевари и улици, а акцент ќе се стави на веќе започнатите проекти. Кога станува збор за сообраќајната инфраструктура, следната година ќе се работи на финалните етапи од реконструкцијата на булеварите „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот од некогашната фабрика „Алумина“ до студентскиот дом „Гоце Делчев“ и на „Јане Сандански“, на потегот од крстосницата кај ресторанот „Мекдоналдс“ до улицата „Васко Карангелески“. И оваа година е предвидена реконструкција и проширување на „Христијан Тодоровски – Карпош“, сообраќајница што ги поврзува општините Бутел и Чаир. Градските власти го презедоа под сопствена капа и реализирањето на проектот за модернизација и уредување на автобуските стојалишта на територијата на Град Скопје, кој се одолговлекува веќе неколку години од страна на ЈСП – Скопје. Во нацрт – буџетот се планирани финансиски средства зареконструкција на мостот кај хотелот Холидеј Ин, за санација на тротоарите во главниот град, изградба на фекална канализација во населбата Маџари и на атмосферска мрежа долж булеварот „Србија“.

  9. #239
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    die fabrik "pekabesko" wurde in kadino eröffnet.

    Отворена новата фабрика на „Пекабеско“ во Кадино

    Новиот производствено – логистички центар на „Пекабеско“ во скопско Кадино [»мапа], во кој компанијата вложи 13 милиони евра, од денеска почна со работа. Од вкупната инвестиција, 9,5 милиони евра се обезбедени преку кредит од Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Македонската банка за поддршка на развојот, а останатите се сопствени средства на „Пекабеско“.




    Производствениот погон е изграден по сите европски и ХАСАП стандарди и има капацитет за преработка на 35 тони на ден – конфекционирање на свежо месо, производство на паштети, складирање и расекување на свежо месо, пакување на смрзната риба, пакување на смрзнат зеленчук и овошје и магацини со 7.000 палетни места на сите режими на лагерување. Засега се најавуваат 50 нови вработувања, а се планираат уште дополнителни 150. Според градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски, инвестицијата на „Пекабеско“ е една од поголемите во општината и таа значи многу за локалниот економски развој, намалување на невработеноста и ќе придонесе за подобрување на условите за живеење.

  10. #240

    Registriert seit
    03.09.2012
    Beiträge
    680
    Skopje verliert an Tempo im Vergleich zu anderen Balkan-Hauptstädte die mittlerweile effizientere Öffentliche Verkehrsmittel haben

    „Длабоко сум убеден дека еден, два километра од трамвајската линија ќе успееме да направиме во мојот мандат“, изјави некогашниот градоначалник Трифун Костовски на 15 ноември 2007 година. Неговите планови за изградба на трамвајска мрежа од 9 километри и набавка на еден трамвај во текот на 2009 година не се остварија. Во идентичен временски период во Софија започна постапката за избор на градежна компанија што беше планирано да ја гради втората метро линија во должина од 11 километри. Денес Скопје сеуште е заглавено во нејаснотии каков вид на алтернативен јавен превоз сака, додека во Софија граѓаните веќе трет месец се возат во модерните метро вагони на втората метро линија, која беше пуштена во употреба на 31 август.



    *Идејата на поранешниот градоначалник Трифун Костовски неславно заврши во историјата


    Најновите информации од градоначалникот Коце Трајановски публикувани на средината на септември беа дека тендерот за прибирање понуди за изградба на скопскиот трамвај ќе биде објавен на крајот од септември. Целокупната постапка сеуште не е започната, иако почетокот на градежните активности се најавува за наредната 2013 година. Временскиот вакум од четири години на раководење со градот, локалната власт го искористи за консултантски услуги и изработка на нова студија за трамвајскиот систем во метрополата, чии актуелни резултати се неколкумесечно доцнење на процедурата за избор на концесионер што ќе ја гради инфраструктурата и ќе ги обезбеди потребните возила и изработка на неуспешна документација која е речиси идентична со онаа на поранешниот градоначалник Трифун Костовски, што предлага спроведува на моделот на класичен трамвај, чија траса би минувала долж сегашните булевари и улици и би го оптоварила постоечкиот сообраќај во метрополата.

    Во меѓувреме, стручната јавност во неколку наврати го искажа својот револт поради тоа што не е вклучена во постапката за воведување на трамвајот во Скопје, а во јавноста се изнесоа различни идеи за воведување на брз трамвај, лесно метро, градска железница и трамвај покрај реката Вардар. Состојбата во реалноста покажува дека македонската метропола сеуште не може да ја реализира идејата од Генералниот урбанистички план изработен во 1965 година, кој предвидува изведба на шински систем – трамвај или надземна железница. Во изминативе неколку децении се случи еден пропаднат референдум за скопскиот трамвај и се претставија неколку промашени идеи за трамвај од страна на скопските градоначалници, но тогашната состојба кај нас беше еквивалентна со нереализираните проектни ветувања и во соседните балкански држави Србија, Грција, Хрватска и Бугарија. Меѓутоа, околните метрополи во изминатава деценија спроведоа конкретни проекти со кои веќе се воведе или пак започна изградбата на алтернативен јавен транспорт, од лесно и класично метро, до обнова и проширување на трамвајската и железничката мрежа.





    Вистинска спротивност од скопската реалност е фактичката состојба во бугарската метропола, која денеска има завршено две метро линии со должина од 31 километри и 42 метро возови. Иако бугарскиот главен град ги стартуваше плановите за воведување на метро уште во 60 – тите години на 20 век и во период од речиси две децении на конкретни градежни активности на терен не успеја да основа алтернатива на автобускиот, тролејбускиот и трамвајскиот превоз, сепак во 1998 година успеа да ја отвори првата метро линија во должина од 6,5 километри со пет станици. Суштинскиот напредок на проектот за остварување на желбата за метро во Софија се случи во изминатава деценија, кога за период од само 10 години се изградија 9,1 километри со дополнителни девет метро станици. Заклучно со 2012 година, првата линија на софиското метро е долга 20,04 километри со 16 станици од кои поаѓааат и пристигнуваат возовите. Градската управа на Софија се надева дека целата траса ќе биде комплетирана до 2014 година.





    Најголемиот успех и симбол за гордост на бугарскиот главен град е реализацијата на втората метро линија во должина од 10,6 километри, чија целосна изведба беше завршена за помалку од четири години. Со финансии од Европската банка за обнова и развој, фондовите на Европската унија, средства од државниот буџет и од буџетот на локалната самоуправа во декември 2008 година се иницираа активностите за изградба на амбициозниот проект. Целосно почитувајќи ги одредбите од договорот, градежниците го завршија проектот во предвидениот рок и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо на 31 август ја пушти во употреба втората метро линија со 11 модерни станици и 18 нови метро возови. На овој начин, бугарската метропола планира го намали сообраќајниот метеж на улиците за 20 отсто и да го издигне на повисоко ниво јавниот превоз во градот. Од градската администрација на Софија информираат дека до 2015 година ќе се завршат уште девет метро станици, од кои осум се на линијата М1 и една на М2.

    Бугарите не запираат со своите замисли. Најинтересниот инфраструктурен потег што ќе ја одбележи претстојната деценија е реализацијата на третата линија со 19 метро станици. Техничкиот проект за овој зафат е речиси завршен, а градежните активности треба да стартуваат во 2014 година и да се комплетираат во период од четири години. Како дел од стандардната замена на застарениот возен парк на софискиот јавен превоз, градската управа во наредните две години ќе набави 20 нови трамваи, 50 зглобни тролејбуси и 100 нископодни автобуси. Слично на бугарските власти, нашиот јужен сосед активно работи на развој на јавниот транспорт во поголемите градови. Изземајќи ја Атина поради големината и нејзиниот неспоредлив развој со Скопје, можноста за адекватна споредба со постоечките активности што се преземаат и плановите за иден развој на транспортот е насочена кон Солун.





    Во Солун во моментов активно се гради првата линија од метрото. Ниту длабоката економска криза не влијае на плановите за остварување на крупниот зафат. Идентично како и во Скопје, идејата за алтернативен јавен превоз беше претставена уште во 80 – тите години на 20 век, иако за спроведување на постапката за изградба на метро беа потребни повеќе од две и пол децении. Градежните активности за изведба на првата линија во должина од 9,6 километри започна во 2006 година, а целокупниот буџет за проектот изнесува 1,1 милијарди евра. Документацијата предвидува да се изградат 13 метро станици за патниците, кои ќе се превезуваат со 18 автоматски метро возови. Проектот го реализира грчко – италијански конзорциум, кој треба да ги комплетира изведбените работи најдоцна до 2018 година.

    Состојбата на терен покажува дека голем дел од подземните тунели на трасата веќе се изградени, заедно со дел од метро станиците, а проектот веќе влегува и во втората фаза. До крајот на годинава ќе се знае кој конзорциум на компании ќе го гради проширувањето на солунското метро за уште пет станици, чија вкупна вредност изнесува дополнителни 518 милиони евра. И покрај тешката криза во државата, градежните работи на втората фаза од овој проект ќе започнат во првата половина од 2013 година, а со комплетното завршување на проектот ќе се реализира ефикасна врска на населените места од југоисточниот дел на градот со оние од неговиот север. Локалната администрација напоменува дека до 2020 година треба да се завршат вкупно 33 километри од солунското метро.

    Сериозен проект за развој на јавниот превоз има и главниот град на Србија. Во последниве две години се направени значајни чекори за напредок на активностите за изградба на трамвајот, идеја која се провлекува уште од урбанистичкиот план за градот од 1972 година. Неопходната документација е изработена годинава од страна на француската компанија „Ежис“. Во согласност со студијата, белградското метро ќе се состои од три линии со вкупна должина од 36 километри и 55 метро станици. Најефикасниот начин на јавен транспорт ќе се гради под земја единствено во стариот дел на Белград, додека останатите сегменти од трасата ќе се подигнат на површината. Првата линија од населбата Звездара до Нов Белград ќе биде долга 15 километри со шест подземни и 18 површински станици.





    Градската администрација од Белград ќе го распише меѓународниот тендер за метрото во текот на првата половина од 2013 година, при што во наредната година ќе треба да се знае и изведувачот на активностите на терен. Овој начин на превоз во српската метропола ќе стартува со функционирање во 2017 година. За изградба на еден километар од белградското метро ќе се потрошат околу 60 милиони евра. Локалните власти во изминативе неколку години активно работеа и на воведување на други видови на јавен превоз во српскиот главен град. Веќе втора година по ред успешно функционира градската железница од Батајница до Панчевачки мост со должина од 32 километри. Возовите сообраќаат секојдневно на секои 15 минути, при што во текот на денот тие превезуваат преку 30.000 патници.

    Во моментов се работи на изградба на дополнителни две железнички станици, а во наредните 12 месеци е предвидено да започне реализацијата на втората линија од градската железница до населбата Ресник, но и продолжување на постоечката линија до населените места Младеновац и Лазаревац. Паралелно со развитокот на алтернативни форми на транспорт, во изминатата година веќе набавија десетици нови трамваи и започна постапката за купување на 400 нови автобуси, со што се обезбедуваат инвестиции во сите видови на белградскиот јавен транспорт.

    Конечно, главниот град на Хрватска има одредени сличности со Скопје во однос неисполнетите ветувања околу воведувањето на ефикасен и брз начин за поврзување на центарот на метрополата со околните населени места. Идејата за изградба на метро од пред пет години, иницирана од страна на загребскиот градоначалник, најверојатно дека ќе остане единствено на хартија. Ако се земе во предвид последната студија на хрватските сообраќајни инженери, тогаш најверојатно дека метрополата ќе добие погуста трамвајска мрежа и зголемен број на линии од градската железница. Првата линија од ветеното метро требаше да биде долга 22,7 километри, од кои 10 километри изискуваа изведба на трасата под земја, но од ваквите планови засега нема ништо. И покрај моменталната состојба со метрото, сепак властите од хрватскиот главен град исклучително многу вложуваат во обнова и проширување на постоечката мрежа на јавниот градски превоз. Од домашната компанија „Кончар“ веќе се купија десетина нови електромоторни возови за градската железница, а континуирано се вложува во нови возила за загребскиот трамвај.

    За жал, македонската метропола заедно со Приштина, Тирана и Подгорица останува сеуште со најслабо развиен јавен превоз во Европа. Бројот на патници кои го користат автобусите е неколку пати помал од бројката на превезени лица со јавниот транспорт во околните балкански градови. Потезите за реконструкција и надградба на постоечката мрежа на булевари и улици, како и купувањето на новите автобуси за ЈСП – Скопје значително го унапредуваат транспортот во Скопје, но истовремено ја поттикнуваат набавката на автомобили кај граѓаните кои за кратко време можат да ги анулираат ефектите од сработените проекти. Воспоставените навики за употреба на автомобилот како превозно средство не се менуваат, а научните податоци покажуваат дека присуството на смогот и штетните гасови во скопскиот воздух одамна го достигнуваат критичното ниво кое му штети на човековото здравје. Фактите покажуваат дека изминативе неколку години се загубени во поглед на можноста за воведување на алтернативен јавен превоз, но сепак претстојните години ќе бидат клучни за пронаоѓање на достојна идеја за ефикасен транспорт на граѓаните.

    - - - Aktualisiert - - -

    Es wird ein Investor für das MZT-Saal und ein neues Sport-Komplex gesucht..

    Скопската општина Аеродром денеска распиша повик за воспоставување на јавно – приватно партнерство за изградба на нов спортски комплекс „Јане Сандански“, кој би се градел на местото на постојната спортска сала со исто име. Комплексот треба да содржи една спортска сала со капацитет за 5.000 гледачи и една помошна сала со капацитет за 1.000 гледачи, комерцијален простор, простор за хотелско сместување со теретана и спа центар, ресторан, блок за медиуми, административен дел и амбуланта. За паркирање ќе бидат обезбедени над 500 паркинг места. Предвидената површина за градење изнесува околу 11.000 метри квадратни. Максималната дозволена висина на објектите во рамки на парцелата е 34 метри, а салата би била висока 21 метар.

    Доколку постои интерес, во декември се најавува склучување на договор. Постојната спортска сала на кошаркарскиот клуб МЗТ ќе биде урната, а новиот спортски комплекс би требало да се реализира во рок од 18 месеци. Понудувачот што ќе биде избран на јавниот повик ќе треба да ги изгради објектите со сопствени сретства, кои според денешниот оглас се проценети на 7.972.737 евра. За возврат инвеститорот ќе добие концесија за стопанисување со центарот до 35 години. Инвеститорот исто така ќе биде ослободен и од плаќање комуналии.



    - - - Aktualisiert - - -

    Die Stadt Skopje konsultiert wegen dem Treska-See
    Seit einigen Jahren verdunstet der See vorallem wegen dem Sommer, Die Stadt Skopje überlegt über den See eine Riesen Sport- & Freizeitanlage zu erbauen..

    Повторно промена на плановите за реконструкција на „Езеро Треска“. После тригодишните ветувања за инвестирање во спортско – рекреативниот комплекс преку издвојување на финансиски средства од буџетот на главниот град, локалните власти се одлучија да го променат првичниот план и повторно да се вратат на идејата за јавно – приватно партнерство. Градот Скопје ќе се консултира што да прави во иднина со СРЦ „Езеро Треска“ и базенот „Сарај“. Во дневните весници денеска беше распишан оглас за избор на најповолен понудувач за консултантски услуги за изработка на Физибилити студија за оправданост на договор за воспоставување на јавно – приватно партнерство за реконструкција на спортско-рекреативниот центар. Консултантот што ќе ги советува градските власти за проектот, кој е изграден со финансиски средства на граѓаните на Скопје, ќе се биде познат на 10 декември. Тој ќе треба да помогне во изготвување на целокупната документација за идниот повик за јавно – приватно партнерство, но и во временски период од три месеци ќе треба да даде одговор за тоа колкава би била заинтересираноста на приватните компании за овој проект.

    Езерото Треска веќе неколку години пропаѓа под налетот на негрижа на локалната администрација. Скопските градоначалници во неколку мандати на различен начин се обидоа да го ревитализираат овој простор, од ветувања за пронаоѓање на атрактивен странски инвеститор, преку вложување на централната власт во проектот до одвојување на финансиски средства од локалниот буџет за реконструкција на комплексот. Градот Скопје при изготвувањето на буџетот за 2010 година вети дека ќе вложи 30 милиони денари за неопходната санација на рекреативното езеро, но тоа не се оствари. Министерството за животна средина и просторно планирање во 2010 година склучи договор за изградба на пречистителна станица за селата Глумово и Шишево со што требаше да се намали загаденоста на водите од реката Треска, но зафатот сеуште не е реализиран. Комплексот е изграден во 1978 година на површина од 35 хектари. Од 2006 година грижата за него е префрлена од државните институции на Градот Скопје.

    - - - Aktualisiert - - -

    Immer mehr Investierte Projekte in der "Kojlija" Region, Skopje

    Општина Петровец на денешното електронско јавно наддавање успеа да продаде седум градежни парцели во мултифункционалната зона „Ќојлија“. На атрактивниот локалитет сместен близу скопскиот аеродром „Александар Велики“ и во близина на патниот и на железничкиот Коридор 10, во иднина ќе се градат шопинг центар, бензинска пумпа и пет индустриски капацитети. Трговскиот центар со компатибилна класа за намена – домување во станбени згради ќе се гради на земјиште со површина од 1.524 метри квадратни, кое се продаде по цена од 275 денари за метар квадратен. Во урбанистичкиот план тој е вцртан како комерцијален објект со приземје и два ката и со бруто површина од 2.145 метри квадратни. Локалната власт успеа да отуѓи и градежна парцела со големина од 7.873 метри квадратни, на која ќе се гради бензинска станица и услужен центар што ќе се простира на 11.032 метри квадратни.




    Приватните компании на електронската лицитација најголем интерес пројавија за изградба на индустриски објекти. Продадените пет локации имаат вкупна површина од 57.124 метри квадратни на кои ќе се подигне лесна и незагадувачка индустрија со компатибилни класи на намена – мали комерцијални и деловни објекти. По потпишувањето на договорите со приватните инвеститори, во општинската каса на Петровец ќе се обезбедат дополнителни приходи во висина од 14.898.367 денари или околу 250.000 евра. Локалната самоуправа викендов во печатените изданија на македонските дневни весници објави уште два огласи за отуѓување на петнаесет градежни парцели во мултифункционалната зона „Ќојлија“. Локациите се наменети за изградба на лесна и незагадувачка индустрија, трговски центар и објект со намена за мали комерцијални и деловни дејности површина од 2.283 до 70.661 метри квадратни, поточно вкупно се огласени 337.174 метри квадратни. Вредноста на земјиштето е проценета на 120 денари за метар квадратен, односно на 250 денари за метар квадратен. Идните инвеститори ќе бидат познати на 10 и на 21 декември, за кога се закажани електронските лицитации.

    - - - Aktualisiert - - -

    Inter Mall , Neue Investition in der Ilinden Gemeinde in Skopje..


    Во овој продажен салон може да се најде санитарија, керамика, градежна столарија, бела техника и музички инструменти.
    Покрај големиот избор и пристапните цени, со започнувањето на работа на овој објект се отворија и нови вработувања, соопшти општина Илинден.

    - - - Aktualisiert - - -

    Neue Gärten und Blumentöpfe am " Dame Gruev"

    Во насока на уредување и разубавување на просторот со нови зелени површини на граѓаните кои живеат во атрактивното централно градско подрачје, од Општина Центар соопштуваат дека континуирано делуваат.



    Во текот на летниот период се подигнаа нови мермерни жардиниери пред станбените блокови на ул. „Даме Груев“ кај Градски ѕид, а исто така беше извршено и нивно хортикултурно уредување, во должина од 400 метри, на потегот од Полициската станица Беко до ул. „11 Октомври“, во близина на Собранието на РМ.

    На крајот од улицата, спроти Собранието на РМ, во текот на изминатиот период, изградена е нова жардиниера која што е уредена со декоративни зимзелени грмушки и цветен расад од видот љубичица во различни бои. Полевањето се изведува со автоматски систем за полевање.
    Во продолжение на локацијата, изградена е помала жардиниера околу постоечките дрвја од видот бреза, која што е уредена со зимзелени садници и љубичици. На овој потег, поставени се и клупи за седење.

    Со оваа и уште многу други активности, Општина Центар продолжува со активностите за хортикултурно уредување на просторот за граѓаните на Општината и сите оние кои минуваат низ централното градско подрачје.

    - - - Aktualisiert - - -

    Unter diesem Link kann man Bilder von den letzten 3-Jahren sehen was alles im Zentrum Skopje's gemacht wurde wie z.b Strassen ,Fussgängerzonen etc

    http://issuu.com/tinnna24/docs/otcet..._-?mode=window

Ähnliche Themen

  1. Bauprojekte in Mazedonien
    Von MaKeDoNiJa e VeCnA im Forum Bauprojekte
    Antworten: 1840
    Letzter Beitrag: 25.05.2017, 09:58
  2. Prishtina - Bauprojekte
    Von Arbanasi im Forum Bauprojekte
    Antworten: 995
    Letzter Beitrag: 03.03.2017, 16:20
  3. Tirana - Bauprojekte
    Von Arbanasi im Forum Bauprojekte
    Antworten: 715
    Letzter Beitrag: 15.07.2015, 23:41
  4. Bauprojekte in Bulgarien!
    Von Milabrya im Forum Bauprojekte
    Antworten: 1
    Letzter Beitrag: 03.06.2008, 21:57