BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Erweiterte Suche
Kontakt
BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Benutzerliste

Willkommen bei BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen.
Seite 26 von 65 ErsteErste ... 1622232425262728293036 ... LetzteLetzte
Ergebnis 251 bis 260 von 641

Skopje - Bauprojekte

Erstellt von mk1krv1, 26.04.2012, 18:44 Uhr · 640 Antworten · 79.085 Aufrufe

  1. #251
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    die unterirdischen Behälter werden in Skopje erwartet.

    Иновативните подземни контејнери пристигнуваат и во Скопје

    Комуналниот отпад во главниот град во иднина ќе се фрла во подземни контејнери. Градот Скопје во соработка со Општина Центар и Ј.П. „Комунална хигиена“ денеска го започнаа проектот за поставување на современ систем за складирање и за подигање на комуналниот отпад во централното градско подрачје. На 15 локации ќе се постават вкупно 47 подземни контејнери со зафатнина од три кубни метри, произведени од страна на словенечката компанија „Атрик“. Системот кој ќе се користи за вадење и спуштање на контејнерите работи на хидрауличен погон и е еден од најсовремените во регионот.

    За реализацијата на проектот се издвоени финансиски средства во висина од 33 милиони денари, од кои Градот Скопје и Општина Центар учествуваат со по 10 милиони, додека Ј.П. „Комунална хигиена“ обезбеди 13 милиони денари. Рокот за поставување на подземните контејнери изнесува 120 денa. Градот Скопје во наредниот период планира да го прошири овој проект и во останатите скопски општини.







    - - - Aktualisiert - - -

    "Beton" wird die Hochgarage bei "Beko" zu Ende bauen

    Скопски „Бетон“ ќе ја догради катната гаража кај „Беко“

    Градските власти на метрополата потпишаа договор со компанијата „Бетон“ од Скопје за довршување на градежните активности на катната гаража, која што повеќе од една и пол година се гради спроти полициската станица „Беко“ во строгиот центар [»мапа]. Во кусото соопштение од Градот не е наведена висината на финансиските средства што треба да се одвојат за завршување на неопходните работи на терен, ниту пак временскиот период за нивна реализација. Скопското градежно претпријатие е второрангирано на тендерот за избор на најповолен понудувач за изградба на инфраструктурниот објект, кој беше распишан во пролетните месеци од2011 година и на кој пристигнаа три понуди. Локалната власт претходно го раскина договорот со сплитската фирма „Конструктор инженеринг“ поради неисполнување на предвидените рокови за изградба на катната гаража.





    Камен – темелникот на овој објект беше поставен кон крајот мај 2011 годинаи ветувањата на скопскиот градоначалник Коце Трајановски беа дека целокупната изградба треба да заврши за најмногу две години. Проценетата вредност на проектот изнесува над 850 милиони денари или околу 14 милиони евра, но извесно е дека со склучувањето на договорот со второрангираната компанија на тендерот ќе треба да се одвојат дополнителни финансиски средства за довршување на објектот. За реализација на проектот, Градот Скопје подигна кредит од НЛБ Тутунска банка во висина од 8,5 милиони евра, кој треба да се врати во период од 10 години.





    Катната гаража со висина од 23 метри се гради на површина од 3.070 метри квадратни и е планирано да се состои од две подземни и седум надземни нивоа, при што приземјето и првиот кат се предвидени за деловно – трговска намена, а капацитетот за паркирање ќе изнесува 605 возила и 120 велосипеди. Покрај самиот објект, компанијата „Бетон“ од Скопје треба да ја изведе и подземната пристапна сообраќајница до идниот простор за паркирање.



  2. #252
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    es wird ein konzessionär für den bau der straßenbahn in Skopje gesucht.

    Се бара концесионер за скопскиот трамвај

    Градот Скопје вчера распиша тендер со кој бара концесионер за планираната градска трамвајска линија број 1. Концесионерот ќе треба да ја проектира трамвајската инфраструктура, да изработи оценка за влијанието врз животната средина, да ја изгради првата линија во должина од 12,1 километар заедно со станиците, депото и другата пропратна инфраструктура, како и да набави најмалку 22 трамвајски возила за одвивање на сообраќајот по истата. За возврат, потенцијалниот инвеститор ќе може да стопанисува со системот во период од 35 години, сметано од денот на потпишување на договорот.

    Заинтересираните субјекти мораат во секоја од последните три години да имаат остварено добивка од најмалку 20 милиони евра и вкупен промет од најмалку 700 милиони евра. Како критериум исто така е наведено тие да имаат извршено минимум четири договори за трамвајски или метро системи (дизајн, изградба, одржување и стопанисување) и тоа три договори направени индивидуално или здружени во конзорциум, со должина на трасата од најмалку 15 километри по принцип „клуч на рака“ и еден реализиран договор за стопанисување со трамвајски или метро систем во времетраење од најмалку три години.

    Пријавувањето на понудувачите ќе трае најдоцна до 3 април 2013година. Рангирањето ќе се врши според четири критериуми, од кои најголем број на бодови (30) ќе носи степенот на субвенции кои ќе ги бара идниот оператор. Инфраструктурата ќе носи 26 бодови, трамвајските возила 24 бодови, а за нивото на услугата ќе можат да се добијат најмногу 20 бодови.

    Градот досега не ја објави физибилити студијата за проектот, но според достапните информации, линијата број 1 ќе ги поврзува населбите Ново Лисиче и Ѓорче Петров, минувајќи по булеварот Јане Сандански, центарот на градот, и булеварот Партизански Одреди. Според планот нема да има издвојување на шинскиот превоз од колскиот, ниту денивелација на одредени сегменти, односно трамваите ќе се движат по коловозите на постоечките сообраќајници долж целата траса на линијата, што наиде на негативни реакции кај експертите, исто како и нетранспарентноста на целиот процес. Проценките на надлежните власти околу цената на проектот константно растеа и според последните информации достигнаа 243 милиони евра, иако во меѓувреме не беше соопштено дека се направени битни измени во првичниот план за инфраструктурата или другите сегменти на проектот.




  3. #253
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Во Илинден ќе се гради здравствен дом

    Општина Илинден продава градежна парцела со површина од 3.000 метри квадратни наменета за изградба на здравствен дом [»мапа]. Парцелата се наоѓа во повеќенаменската зона „Ограѓа“, а проектот е во согласност со Стратешкиот план за локален економски развој на општината за периодот 2012-2016 година. Продажбата ќе се спроведе по пат на електронско јавно наддавање со почетна цена од 148 денари за метар квадратен. Сите заинтересирани треба да се пријават најдоцна до 02.01.2013, а наддавањето ќе биде одржано два дена подоцна, односно на 04.01.2013. Општината ја презема обврската да ја изгради комплетната комунална инфраструктура.

    Povekenamenska zona Ograga - Opstina Ilinden - YouTube


  4. #254
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    das Einkaufszentrum GTC bekommt eine neue fassade

    Нов конкурс за фасадата на ГТЦ

    Раководството на Градскиот трговски центар во Скопје го поништи претходниот конкурс за избор на идејно решение за изградба на петто ниво на објектот и за промена на постоечката фасада и распиша нов кој ќе се одвива по скратена постпка. Образложението е дека на претходниот конкурс распишан во јуни годинава пристигнало само едно решение и дека недостасувала конкуренција. Пристигнатиот труд не беше обелоденет, но според изјавите на директорот на ГТЦ, Аго Абазовски, тој содржел футуристички елементи и застаклување на зданието. Според Абазовски, во новиот конкурс повторно се бара архитектите да се држат до стиловите футуризам, неокласицизам и барок, иако во самиот оглас не е наведено такво барање. Рокот за доставување на проектите е 25 јануари 2013 година. За првонаградениот труд е предвиден надоместок од 180.000 денари, како втора награда ќе се доделат 150.000 денари, а ќе бидат доделени и два откупи од по 50.000 денари.

    ГТЦ е изграден во 1971 година според идејното решение на професорот Живко Поповски. Власта најави надградба на трговскиот центар уште во 2007 година, а на првиот конкурс за таа намена спроведен во 2008 година првата награда помеѓу десет пристигнати трудови ја доби замислата на авторите: Јован Ивановски, Владимир Десков, Дејан Ивановски, Елена Пазарџиевска и Ана Ивановска. Проектот беше во мирување се до почетокот на годинава, кога беше обелоденета информацијата дека покрај доградба ќе се оди и на менување на стилот на фасадата на објектот и дека ќе се бара ново идејно решение за изгледот на ГТЦ.

  5. #255
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Es werden neue Projekte geplant ,um den Gradski Park zu verschönern

    Новите проекти целосно ќе го променат сегашниот лик на Градскиот парк

    Барокна катна гаража, подземни гаражи, влезни порти, скулптури, фонтани и огромен забавен парк се идните содржини кои темелно ќе го променат постоечкиот изглед на Градскиот парк во Скопје. Во наредните неколку години тие треба да се реализираат на површината од паркот која што е под ингеренции на Општина Центар, со исклучок на проширувањето на сегашниот Луна парк кој ќе опфати дел од паркот што потпаѓа под територијата на Општина Карпош. Градот Скопје веќе ги разгледува доставените проекти од архитектонските друштва за ново партерно уредување, поставување на скулптури и урбана опрема во централниот дел на Градскиот парк. Од одделението за односи со јавност на Град Скопје напоменуваат дека повеќе информации ќе бидат достапни по завршувањето на процедурата за избор на идејното решение, а досега е познато дека во наредните две години ќе треба да се постават од 40 до 70 скулптури во новиот Парк на цивилизациите, големи порти на главните влезови во паркот, фонтани и детски реквизити.

    Паралелно со оваа постапка, Градот Скопје го привршува разгледувањето на трите доставени понуди од заинтересираните компании за реализација на новиот Луна парк, кој од првичните 25.327 метри квадратни, најавени со распишувањето на првиот оглас, порасна на 40.000 метри квадратни со дополнителен опфат на зелените површини од Градскиот парк. Инвеститорот во модерниот забавен парк, кој треба да се реализира преку јавно – приватно партнерство, ќе се знае на почетокот од наредната година. Веднаш до Луна паркот треба да се гради и катна гаража кај спортската сала „Работнички“, која и покрај дополнителниот оглас и неговото поништување во текот на изминативе неколку денови, сепак денеска е продадена на приватен инвеститор по цена од 2.035 денари за метар квадратен.

    Земјиштето за идниот гаражен објект кој треба да го следи архитектонскиот правец на постоечките објекти од проектот „Скопје 2014“ денеска е отуѓено за 4.808.705 денари или над 78.000 евра. На примамливата парцела со големина од 2.363 метри квадратни ќе се подигне катна гаража со капацитет за 700 возила и со максимална површина од 7.012 метри квадратни. За решавање на зголемените потреби за паркирање во Градскиот парк, планирани се и две подземни гаражи на северозападната и североисточната страна од стадионот „Филип II Македонски“. Иако веќе еднаш беа понудени на продажба, засега овие локации остануваат неатрактивни за приватниот сектор. Дополнителен простор за паркирање е планиран на местото на сегашните бараки на градската администрација, но нивната изградба би следувала по целосното завршување на идната Градска куќа. Историјатот на централниот парк започнува на крајот од 19 век, а последниот поголем зафат е извршен во текот на 70-тите години на 20 век. Градскиот парк зазема површина од 486.000 метри квадратни.

  6. #256
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Приватен образовен објект ќе се гради во дворот на училиштето „Јан Амос Коменски“ во Тафталиџе

    Општина Карпош се реши да го продаде дворното земјиште од основното училиште „Јан Амос Коменски“ во населбата Тафталиџе 1. Постоечките бараки во кои е сместено приватното основно училиште „Јахја Кемал Јуниор“ ќе се рушат и на нивно место ќе се гради нова зграда [»мапа]. Понудената градежна парцела е со големина од 10.430 метри квадратни за изградба на образовен објект со компатибилни класи на намена за мали комерцијални и деловни дејности, деловни простории, култура, спорт и рекреација до 20 отсто од предвидената максимална површина на објектот од 20.000 метри квадратни. Идното приватно здание од областа на образованието би било со максимална висина од 13,5 метри, односно приземје, три ката и поткровје.

    Локалната власт планира да ја отуѓи градежната парцела по цена од 1.843 денари за метар квадратен, поточно вкупната вредност на земјиштето е проценета на 19.222.490 денари. Планираниот објект ќе може да се гради во неколку фази, при што најповолниот понудувач е должен да изгради најмалку 40 отсто од целокупната развиена градежна површина. Идниот инвеститор во овој проект ќе и биде добро познат на македонската јавност. Покрај банкарската гаранција за сериозност на понудата во износ од 50.000 евра, заинтересираните субјекти ќе мора да достават доказ дека имаат изградено или поседуваат најмалку пет образовни објекти на различни локации на територијата на Македонија, заедно со пријавата за учество на електронската аукција. Како дополнителен критериум за стекнување сопственост врз парцелата е наведено и доставувањето банкарска гаранција за изградба на објектот во висина од 50.000 евра. Електронското јавно наддавање за продажба на локацијата е закажано на 25 јануари 2013 година.



  7. #257
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Die Hochgebäude beim GTC bekommen eine Barockfassade

    И кулите кај ГТЦ ќе добијат барокни фасади?

    Градот Скопје денеска објави нов Конкурс за избор на идејно решение за реконструкција на фасадите на постоечките објекти во централното градско подрачје долж кејот на реката Вардар. Предмет на огласот се петте кули лоцирани на ул. „Кеј 13 – ти ноември“ кои се ориентирани кон реката Вардар и кон средишниот дел на Градскиот трговски центар (ГТЦ), впечатлив објект од домашната архитектонска историја за кој исто така во моментов се спроведува конкурс што ќе го определи неговиот иден изглед. Инвентивноста во пристапот на обликувањето, изводливоста, одржливоста и економичноста на решението се дел од наведените критериуми врз основа на кои градските власти ќе ги изберат најквалитетните архитектонски трудови за овие станбени згради. За учесниците на конкурсот е предвидена единствено прва награда за победничкиот проект во износ од 90.000 денари. Архитектонските решенија за реконструкција на објектите треба да се достават најдоцна до 11 февруари 2013 година.

    Во меѓувреме, градските власти одбраа уште 12 архитектонски труда за промена на надворешниот изглед на зданијата што се лоцирани на ул. „Македонија“ (бр. 6, 12, 16, 35, 37, 39 и бб.001) и на ул. „Димитрие Чуповски“ (бр. 32, 40, 43, 45, 47). Архитектите Жарко Чаушевски и Звонко Ставревски, кои и се познати на македонската јавност по изработката на дел од зданијата од проектот „Скопје 2014“, победија на двата распишани конкурси. За разлика од управата на ГТЦ која го одби футуристичкото решение за надградба на трговскиот центар, на Градот Скопје при избор на новите фасади за постоечките објекти во строгиот центар не му пречеше тоа што на еден од двата конкурса беше пријавен само еден учесник. Како награда за победничките трудови на архитектот Чаушевски ќе му се исплатат 720.000 денари, додека неговиот колега Ставревски ќе добие 200.000 денари.

    Градските власти веќе избраа идејни архитектонски решенија за реконструкција на десетици објекти лоцирани на плоштадот „Македонија“, ул. „11 октомври“, ул. „Никола Вапцаров“, ул. „Македонија“ и ул. „Димитрие Чуповски“. За дел од нив веќе се подготвени основни проекти за промена на сегашниот изглед и се чека единствено на публикување оглас за избор на градежна компанија за извршување на градежните работи. Санацијата на зградата „Пелистер“ и на објектот над кафулето „Тренд“ веќе се завршени, а во моментов се одвиваат изведбените активности на зданието на ул. „11 октомври“ бр. 2. Во градскиот буџет за наредната година се предвидени 115 милиони денари или речиси 2 милиони евра за промена на постоечките фасади на градбите лоцирани во централното градско подрачје на Скопје.





    - - - Aktualisiert - - -

    es wird eine eisenbahn-strecke von kichevo Richtung Albanien gebaut

    Ќе се проектира пругата од Кичево кон Албанија

    Со финансиска подршка од ЕУ, распишан е меѓународен тендер преку кој се бара субјект кој ќе подготви детален проект, но и тендерска документација за изградба на пругата од Кичево до границата со Албанија, како дел од железничкиот Коридор 8 низ нашата земја. Со прелиминарната студија, од понудените неколку варијанти беше избрана траса со должина од 62,5 километри. Предвидена е изградба на едноколосечна електрифицирана пруга за брзини не помали од 100 km/h и осовински притисок до 250 kN.

    Процедурата за учество на тендерот е ограничена на правни лица од земјите членки на ЕУ, земјите кандидати за членство во ЕУ, како и земјите кои се вклучени во проектот. Максимум 30% од активностите наведени во тендерот можат да се доделат на подизведувачи, а бројот на апликанти кои ќе добијат покана да поднесат детален предлог ќе биде меѓу 4 и 8 во зависност од вкупниот број на добиените понуди за учество. Од заинтересираните компании или конзорциуми се бара да имале приходи од по минимум 4 милиони евра годишно во последните 3 години. Приемот на првчните апликации ќе се врши до 25 јануари 2013 година. Прелиминарен датум на кој ќе се испрати поканата за учество на тендерот со детален предлог е 12 март 2013 година. Договорот се очекува да биде склучен во втората половина на 2013 година со времетраење од 24 месеци. Средствата за тендерот се од претпристапните фондови на ЕУ, а максималниот дозволен буџет изнесува 8 милиони евра.

    Прелиминарната студија за овој проект ја чинеше државата 840 илјади евра и ја изработи бугарската компанија „Евротранспроект“. Железничката пруга од Кичево, преку Струга, до границата со Република Албаниjа е дел од Коридорот 8, чија изградба е предвидена и со одлука на Европската Комисија, како еден од 10-те пан европски транспортни коридори, кој ќе претставува врска од Црното Море преку Бугарија, Македонија и Албанија до Јадранското Море.


    » Форумска дискусија за железничкиот Коридор 8




  8. #258
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Јавно – приватно партнерство за ски центар на Водно

    Советот на Град Скопје на денешната седница донесе Одлука за започнување постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно – приватно партнерство за реализација на ски – центарот на Водно. Распишувањето на јавен оглас за избор на најповолен понудувач ќе следи во претстојниот период, по кој би се потпишал договор за концесија со приватниот партнер, со период на стопанисување од 25 години. Идниот инвеститор ќе треба да вложи финансиски средства во изградба на четири ски – патеки со вкупна должина од 3.850 метри, три ски – лифта со должина од 1.350 метри, центар за изнајмување на скии, ски – школа, ресторан и административни простории во новиот објект што ќе се гради на врвот на Водно. Покрај инвестирањето во зимско – рекреативниот центар, идниот управител ќе треба на градот да му исплаќа 1 отсто од вкупно остварениот приход од продажбата на билети. На ниво на Општина Карпош е завршена постапката за донесување на урбанистичкиот план за локалитетот со површина од преку 180 хектари.

    Според плановите на градските власти, скијачката патека ќе се гради на потегот од врвот на Водно, од десната страна на Милениумскиот крст, во правец на селото Нерези. Проблемот со недостигот на доволни врнежи на снег во текот на зимските месеци ќе се реши со поставување на машини за производство на вештачки снег. Од Градот Скопје засега нема официјални информации за временската рамка во која би требало да се оствари проектот. Покрај реализацијата на скијачките патеки, за потребите на ски – центарот во урбанистичкиот план е предвидено на врвот на планината Водно да се изгради нов објект со максимална висина од пет метри, кој би се лоцирал на левата страна од Милениумскиот крст. Во функција на уредување на целокупната околина, планирано е и парковско зеленило што ќе се простира од левата и од десната страна на објектот кој што е препознатлива знаменитост на Скопје.



  9. #259
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    die dritte Änderung des urbanistischen Bauprojekts "Mal Ring (kleiner Ring)" beginnt 2013

    Рекордна трета промена на урбанистичкиот план „Мал Ринг“ годинава

    Советот на општина Центар на последната седница ја изгласа најновата верзија на ДУП „Мал Ринг“ за строгиот центар на Скопје. После двете измени и дополнувања со маркички за нови објекти и вметнување на споменици во текот на февруари и јуни годинава, советниците ја усвоија третата по ред верзија на овој важен документ во текот на 2012 година. Со последните измени се остава можноста за поставување на најавениот 30 – метарски споменик на Мајка Тереза кај постоечкиот велосипедски пункт на плоштадот Македонија, додека на локацијата на која беше планирано да се смести седиштето на Народна банка сега е предвиден комерцијално – деловен објект со намалена висина од 16 метри. Наместо зацртаниот хотел помеѓу МОБ и новото Министерство за надворешни работи, во новата верзија е вметната уште една зграда за државна администрација, а градежната маркичка е зголемена и вкупната корисна површина на зданието би можела да достигне до 24.219 метри квадратни. Ако се суди барем според насловот на документот, тогаш важноста на последната корекција на ДУП „Мал Ринг“ би требало да биде до 2017 година.





    За разлика од претходните верзии, најновата измена на планот за центарот на Скопје не содржи додавање на објекти и споменици од проектот „Скопје 2014“. Единствено исфрлување на објект од минатата планска документација е кружниот тек што требаше да се изведе на крстосницата помеѓу булеварите „Партизански одреди“ и „ВМРО“ пред зградата „Тифани“. И покрај бројните негодувања на јавноста за вметнувањето на новата надземна улица на кејот „13 ноември“, сепак локалната власт не се одлучи за нејзино бришење од урбанистичкиот план. Како изработувач на ДУП „Мал Ранг“ се јавува Институтот за урбанизам, сообраќај и екологија „Инпума“ од Скопје.

  10. #260
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    "Skopje City Mall" wurde zum erfolgreichsten ,archetektonsichen Werk 2012 erklärt.

    „Skopje City Mall“ прогласен за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2012 година

    Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов на синоќешната триесет и шеста новогодишна средба на архитектите во Музејот на град Скопје им ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело за 2012 година на архитектите Грегори Ибанез, Звонко Тасевски, Крсте Петков и консултантот Илија Божиновски од фирмата ДСЦ Дизајн запроектот „Skopje City Mall“. Како покровител на традиционалната манифестација, претседателот Иванов одржа пригодно обраќање во кое им упати честитки на овогодинешните добитници на наградата. „Македонската архитектура претставува одраз и на традициите, вредностите и светогледот на македонскиот народ, па оттука секоја генерација архитекти има предизвик и обврска да ја усовршува и збогатува македонската архитектура“, истакна претседателот Иванов.

    Свеченото доделување на наградата го организираше Асоцијацијата на архитекти на Македонија, во рамки на традиционалната новогодишна средба на архитектите. Големата годишна награда претставува преглед на архитектонските дела во тековната година и се стреми кон валоризација на најуспешното достигнување на архитектурата во земјава. Спонзори на овогодинешната награда беа Македонската авторска агенција и компаниите „Адинг“ и „БироПроект“ од Скопје.


    Die Regierung wird die kommerzielle Bank am Vardar kaufen.

    Владата го купи седиштето на Комерцијална банка покрај Вардар, а банката се сели во „Сан Марко“

    Комерцијална банка реализираше продажба на три објекти во нејзина сопственост со вкупна површина од 22.525 метри квадратни, по купопродажна цена во износ од 21.736.625 евра, без даноци и давачки. Се работи за зградите во строгиот центар на Скопје, зад новиот Археолошки Музеј, во коишто досега се наоѓаше седиштето на банката. Купувач е Владата на Република Македонија, која објектите ќе ги отплатува во наредните 15 години. Во нив ќе бидат сместени државни институции кои немаат свои простории и досега беа под кирија.

    „Со оглед дека во рамките на продадените објекти се опфатени и објекти во кои Комерцијална банка ја обавува својата дејност, во иднина се планира Банката да ја извршува својата дејност во други објекти во нејзина сопственост“, соопштуваат од банката. Иако надлежните во „Комерцијална“ не откриваат каде ќе биде нивното ново седиште, извесно е дека тоа ќе биде зградата „Сан Марко“ во близина на Плоштадот Македонија [»мапа].

    Станува збор за ново современо здание со девет надземни и две подземни нивоа и со вкупна корисна површина од 5.400 метри квадратни. Објектот е добитник на големата награда на манифестацијата „АСК – Архитектура Скопје 2011“ и веќе извесно време е оставен некомплетиран, со недовршено ентериерно уредување. Фирмата инвеститор „Уни-М“ проектот го финансираше со кредити од Комерцијална банка во висина од 12,3 милиони евра, но не успеа да најде заинтересирани клиенти за деловниот простор и доцнеше со исплаќањето на ратите. Во 2010 година „Комерцијална“ ја активираше хипотеката на објектот кој беше ставен како залог и го презеде во своја сопственост. Првично, банката се обиде да го продаде „Сан Марко“ на лицитација со почетна цена од 13,5 милиони евра.

    Поради помалата квадратура на новиот објект, се шпекулира дека банката планира да купи уште една зграда во близина, а исто така и дека во старата зграда кај Археолошкиот музеј, согласно договорот со купувачот ќе останат шалтерите и граѓанските сефови.


    "Adora" wird 100 Millionen Dollar in das Projekt "Porta-Skopje" investieren.

    „Адора“ ќе инвестира 100 милиони долари во „Порта – Скопје“

    Со најава за изградба на огромен станбено – деловен комплекс во главниот град, градежната компанија „Адора инженеринг“ сношти свечено го прослави 10 – годишниот јубилеј од нејзиното основање. Ванчо Чифлиганец како генерален директор на компанијата одржа пригоден говор пред присутните јавни личности, во кој се осврна на развојот на „Адора инженеринг“ во текот на изминатата деценија, но и на актуелните проекти во кои тие инвестираат. Тој нагласи дека се планира изградба на голем станбено – деловен комплекс „Порта Скопје“ во вредност од 100 милиони долари, кој треба да се реализира на територијата на општина Центар. Покрај амбициозната најава на овој проект, „Адора инженеринг“ годинава купи уште пет локации за изградба на објекти за колективно домување кои во моментов се градат.

    Компанијата во изминативе 10 години има реализирано десетици станбено – деловни зданија во Скопје, Струмица и во Охрид. Како симбол за нејзиниот динамичен развој, минатата година таа беше рангирана на 20-тата позиција на листата на 200 економски најуспешни компании и меѓу петте најбрзорастечки фирми во Македонија. „Адора инженеринг“ пред две недели ја доби и наградата за најдобро претпријатие од областа на градежништвото во Македонија за 2012 година, која и беше доделена на меѓународната манифестација „Најдобри претпријатија во Европа“ што се одржа во Виена.


    "Cevair holding" wird das projekt "Soncev Grad" realisieren.

    „Џеваир холдинг“ ќе го гради Сончев град

    Успешна продажба на атрактивното земјиште на кое треба да се гради елитната населба Сончев град. Општина Сопиште на денешната електронска лицитација ја отуѓи локацијата со површина од 83,56 хектари, по цена од 132 денари за метар квадратен или вкупно од оваа трансакција во општинскиот и државниот буџет ќе се слеат околу 1,8 милиони евра. Купувач на огромната парцела е турската компанија „Џеваир холдинг“ која е позната на македонската јавност како инвеститор во висококатниците што се градат во скопската населба Аеродром. „Билд“ се обиде да стапи во контакт со локалната власт од Сопиште за добивање на дополнителни информации, но оттаму не добивме одговор на нашите прашања. За да се стекне со правото на сопственост врз земјиштето, турската компанија ќе треба да ја уплати понудената сума во наредните неколку недели, по што ќе следува и официјалното склучување на договорот.

    Амбициозниот проект Сончев град предвидува преку 60% од градбите во комплексот да бидат наменети за домување, од кои домувањето во индивидуални куќи учествува со 51%, станбените згради ќе учествуваат со минимум 9%, додека категоријата групно домување е вкалкулирана со максимални 5%. Во урбанистичкиот план е зацртано преку 20% од површината да биде зеленило, како и објекти за спорт и рекреација и меморијални простори. Иако е именувана како елитна населба, во проектот Сончев град се вметнати содржини кои го издигнуваат целокупниот зафат на ниво на нов мал град во близина на Скопје. Планирана е изградба на комерцијални и деловни објекти, но и јавни институции кои би ги задоволиле сите потреби на граѓаните. „Џеваир холдинг“ ќе може да го оствари проектот во неколку фази, при што во првата етапа е должен да изведе најмалку 10% од целокупната површина наменета за градење.


Ähnliche Themen

  1. Bauprojekte in Mazedonien
    Von MaKeDoNiJa e VeCnA im Forum Bauprojekte
    Antworten: 1840
    Letzter Beitrag: 25.05.2017, 09:58
  2. Prishtina - Bauprojekte
    Von Arbanasi im Forum Bauprojekte
    Antworten: 995
    Letzter Beitrag: 03.03.2017, 16:20
  3. Tirana - Bauprojekte
    Von Arbanasi im Forum Bauprojekte
    Antworten: 715
    Letzter Beitrag: 15.07.2015, 23:41
  4. Bauprojekte in Bulgarien!
    Von Milabrya im Forum Bauprojekte
    Antworten: 1
    Letzter Beitrag: 03.06.2008, 21:57