BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Erweiterte Suche
Kontakt
BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Benutzerliste

Willkommen bei BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen.
Seite 28 von 65 ErsteErste ... 1824252627282930313238 ... LetzteLetzte
Ergebnis 271 bis 280 von 641

Skopje - Bauprojekte

Erstellt von mk1krv1, 26.04.2012, 18:44 Uhr · 640 Antworten · 79.224 Aufrufe

  1. #271
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Die Gemeinde Aerodorm bekommt eine neue Sport-Halle mit 5000 Sitzplätzen

    Општина Аеродром во експресен рок ја спроведе целокупната процедура по огласот објавен пред 40-тина дена, со кој бараше инвеститор за изградба на нов спортски комплекс „Јане Сандански“ по пат на јавно – приватно партнерство. Денес беше потпишан договорот со новоформираната компанија „Спортски центар Јане Сандански“ која ќе го гради зданието, чија вредност беше проценета на околу 8 милиони евра. Идниот комплекс ќе се издигне на локацијата на постоечката спортска сала на МЗТ во населбата Аеродром и ќе се состои од главна повеќенаменска сала со капацитет за 5.000 гледачи и помошна сала со капацитет за 1.000 гледачи, како и повеќекатница која ќе содржи комерцијален простор, простор за хотелско сместување со теретана и спа – центар, ресторан, блок за медиуми, административен дел, амбуланта и паркинг простор за 500 возила. Салата ќе биде со висина од 21 метар, а дозволената висина на пропратниот повеќенаменски објект е 34 метри.Фирмата „Спортски центар Јане Сандански“ ќе треба да вложи сопствени финансиски средства во изградба на комплексот со предвидена површина од 11.000 метри квадратни. За возврат, таа ја доби концесијата за стопанисување со него во временски период од 35 години. Локалната самоуправа го ослободи инвеститорот од трошоците за комуналии, но и од плаќање на атрактивното градежно земјиште. Ако се земат во предвид точките од договорот, тогаш модерниот спортски центар треба да биде завршен во рок од 18 месеци.
    Es wird eine Hochgarage beim alten Theater gebaut.





    So sieht es gerade beim alten Theater aus



    Mariott Hotel


  2. #272
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Es wurden Investoren ,für die Renovierung des Luna-Parks gefunden.

    Идејата за нов Луна-парк не им се допаѓа на приватните инвеститори

    Градот Скопје повторно не успеа да пронајде приватен партнер кој би вложил во изградбата на нов Луна-парк, иако три компании ја подигнаа тендерската документација, а една од нив достави и конкретна понуда за инвестирање во замислениот проект. Образложението за одбивање на единствената понуда од страна на градската власт е дека компанијата не ги задоволила бараните критериуми од објавениот јавен повик. Промена на стратегијата за реализација на забавниот парк со површина од 40.000 метри квадратни нема да има, па така Град Скопје наскоро ќе публикува уште еден оглас за воспоставување на јавно – приватно партнерство.

    Идејата на градските власти е да се модернизираат постоечките реквизити кои се наоѓаат во склоп на објектот, но и истиот да се прошири за сметка на дел од зелените површини во Градскиот парк. Победничката компанија во новиот Луна-парк беше должна да вложи околу 12 милиони евра, а за возврат да ги собира приходите од наплатата на влезници, за кои требаше да добие добие концесија за изградба, управување и одржување на објектот во временски период од 35 години. Тендери за реализација на забавниот парк по пат на јавно – приватно партнерство се распишуваат веќе петта година по ред, а речиси сите досегашни обиди покажаа слаба заинтересираност на приватните компании за овој проект.








    - - - Aktualisiert - - -

    Morgen beginnt der Bau des Aqua-Parks

    Иако неговата изградба првично беше најавена за во 2015 година, љубителите на адреналин во вода ќе добијат ново катче за забава побрзо од предвидениот рок. Скопскиот Аква парк ќе почне да се гради веќе од утре.


    Камен темелникот ќе го постават премиерот Никола Груевски и директорот на Спортскиот Центар Борис Трајковски, Ратко Капушевски.Изградбата на градскиот Аква Парк е проект кој е во програмата на Владата, а изградбата ќе се реализира преку СЦ Борис Трајковски.Во самиот објект проектирани за изградба се базен со бранови, мрзлива река, еден ресторан, две кафитерии.Ќе има 10 тобогани, меѓу нив спејс бол, бумеранг и дополнителни содржини покрај големите тобогани. Ќе има детски базен со т.н. детски свет со содржина „Пиратите од карибите“.

    http://www.kurir.mk/republika/skopje/98269-Izgradbata-na-skopskiot-Akva-park-startuva-od-utre

  3. #273
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Zweite Ausschreibung für die Rekonstruierung des Regierungsgebäude

    Неуспешен исход на обидот за пронаоѓање компанија што би ги извела најавените градежни интервенции врз владината зграда. Службата за општи и заеднички работи на владата објави нов тендер за избор на најповолен понудувач за реализација на активностите за реконструкција на фасадата и илуминација на објектот. Неокласицистичкото идејно решение на архитектите Жарко Чаушевски и Филип Богатинов ќе може да го спроведат на дело и два различни субјекта, при што една фирма би ги имплементирала новите фасадни елементи иманентни на проектот „Скопје 2014“, додека втората фирма би ја изработила „архитектурата со конструктивен систем и илуминација“. Во согласност со постоечката документација, површината на објектот ќе порасне од 35.200 на 42.240 метри квадратни. Понуди ќе се доставуваат најдоцна до 22 февруари, а од владината служба засега не излегуваат со информации за причините поради кои пропадна првиот тендер за реконструкција на седиштето на македонската влада.Висината на финансиските средства што ќе треба да се одвојат од државниот буџет за овој зафат ќе бидат познати по склучување на договорот со најповолниот понудувач. Основниот проект за новиот неокласицистички изглед на владиниот објект е дело на студиото „Архитектоника“ од Скопје. Спротивно на вообичаената архитектонска пракса, владата се одлучи да го спроведе новото идејно решение до крај, иако авторот на оригиналниот проект за зградата, Петар Муличковски одлучно се спротивстави на прекршувањето на неговите авторски права.» Форумска дискусија за овој проект

    - - - Aktualisiert - - -

    Die Bauprojekte für das Hotel "Ibis" haben begonnen.





    - - - Aktualisiert - - -

    Das Gebäude der Sparkasse wird renoviert.


  4. #274
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Es werden weitere 10 Millionen Euro in das Bauprojekt für den Карпошово востание - Platz investiert.

    Општина Центар потпиша уште еден договор со градежната компанија „Бетон“ од Скопје за партерно уредување на плоштадот „Карпошово востание“ во центарот на Скопје. За финалната фаза од изградбата на идниот јавен простор кај црквата „Св. Димитрија“ се одвоија дополнителни 50.503.174 денари или околу 820.000 евра, со што инвестицијата во овој проект се искачи на 439.005.883 денари или над 7,1 милиони евра, иако на почетокот се тврдеше дека целиот зафат ќе чини околу 5 милиони евра. Ако се земе во предвид и сумата за лиење на скулптурите во италијанската леарница „Гуастини“ и хонорарот за изработката на скулптурите од уметницата Валентина Стевановска, тогаш вкупната вредност на идниот плоштад изнесува над 10 милиони евра. Изведбените активности за партерно уредување на плоштадот ќе се реализираат во наредните 12 месеци и истите треба да завршат најдоцна до крајот на 2013 година.Проектот за плоштадот „Карпошово востание“ предвидува изведба на четири фонтани, од кои најголемата е онаа во близина на Старата чаршија, на која веќе е поставена скулптурата на Филип Втори во висина од 15 метри врз постаментот со дополнителна висина од 13 метри. На страната од Камениот мост е предвидена помала фонтана, на која веќе е поставена скулптурата „Мајка со дете“ заедно со уште неколку женски фигури. Оперативата на „Бетон“ во моментов ги гради преостанатите две фонтани на плоштадот, кои се лоцирани на двете страни од Камениот мост, пред спомениците на просветителите. Градежните активности на овој проект започнаа во јули 2011 година.

    Die nationale Bank siedelt um.

    Наместо комерцијално – деловен објект, на примамливата локација до новата зграда на Министерството за надворешни работи ќе се гради идното седиште на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) [»мапа]. Владата на седницата одржана на 3 јануари донесе одлука на централната банка да и го додели градежното земјиште на трајно користење. Народната банка деновиве го објави и огласот за изработка на идеен проект, основен проект и друга проектна документација за планираното здание. Понудите од архитектонските бироа треба да се достават најдоцна до 30 јануари, за кога е закажано и нивното јавно отворање. Најниската цена е наведена како основен критериум за доделување на договорот. Ваквиот расплет на ситуацијата следува откако НБРМ ја врати понудената парцела на Плоштадот „Македонија“, на која требаше да се гради новата административна зграда и истовремено се одлучи да ги одбие понудените архитектонски дела од распишаниот Конкурс за избор на идејно решение.

    Планираната административна зграда со приземје, седум ката и поткровје ќе се реализира на градежна парцела со површина од 4.340 метри квадратни, а објектот ќе има вкупна површина од 24.219 метри квадратни. Пред влезот на банката е предвидено да се изгради фонтана со обелиск. Од кабинетот на гувернерот Димитар Богов денеска излегоа со соопштение во кое нагласуваат дека доделеното градежно земјиште лоцирано на улицата „Филип Втори“ има потенцијал да ги задоволи барањата од Проектната задача, изработена од страна на Градежниот факултет. Атрактивната локација кај објектот на Македонската опера и балет пред четири години беше предмет на тужби помеѓу Министерството за транспорт и врски и австриската компанија „Алпине“. Надлежното министерство по разрешувањето на судскиот спор успеа да ја врати парцелата во државна сопственост .


    Es werden weitere 1,5 Millionen Euro in die Rekonstruktion des alten Theaters investiert.

    Закажаното свечено отворање на Стариот театар на 27-ми март се ближи, а инвестицијата во зданието покрај реката Вардар ја надмина сумата од 28 милиони евра. Министерството за култура пред новогодишните празници потпишало уште три нови договори за довршување на објектот, со вкупна вредност од 91.184.077 денари или околу 1,5 милиони евра. Најголем дел од финансиските средства ќе се насочат кон изведување на електротехнички работи за противпожарна заштита, заштита при работа и изведба на илуминација на фасадата и партерот. Фирмата „Електро лаб“ од Скопје со понудата од 65.889.353 денари е избрана за да го реализира овој сегмент од проектот.





    Со скопската подружница на градежната компанија „Штрабаг АГ“ е склучен уште еден договор во висина од 13.639.724 денари за изведување на дополнителни и непредвидени работи на зданието кои не се вклучени во основниот договор, иако вакви постапки веќе се спроведоа во два наврати. Уметникот Александар Ивановски е задолжен да ја изработи централната скулптурална композиција за сума од 11.655.000 денари. Во меѓувреме, градежните работници на терен работат на поставување на 46 скулптури на фасадата, а во внатрешноста забрзано се одвива ентериерното уредување. Македонската културна јавност ќе ја има можноста да ја разгледа внатрешноста на зградата на Светскиот ден на театарот, за кога е закажано свеченото отворање со претставата „Вечна куќа“ на Јордан Плевнеш.

    Објектот на Македонскиот народен театар ќе се состои две сали наменети за љубителите на театарската уметност, голема сала со капацитет од 756 седишта и мала сцена со 236 седишта. Неговата изградба започна на почетокот на 2007 година, а во првичните владини информации се истакнуваше дека за архитектонскиот сегмент од проектот ќе се издвојат над шест милиони евра. Идејното решение за Стариот театар го изработи архитектот Јован Стефановски – Жан, главните градежни работи ги реализираше компанијата „Бетон“ од Штип, за браварските, столарските, фасадерските и каменорезачките работи е задолжена „Ламоне Мореда“ од Италија, а за ентериерното уредување на зданието е ангажирана австриската „Штрабаг АГ“.

    Es werden 2 weitere Denkmäler am Mutter Theresa - Platz gebaut.


    СЕ ПОДГОТВУВААТ НОВИ СПОМЕНИЦИ ЗА ЦЕНТАР


    Шатев и Татарчев ќе ја красат Порта Македонија, Мајка Тереза плоштадот


    Центарот на градот и годинава ќе го менува својот лик. Минатата година десетина споменици добија зелено светло од општина Центар и се очекува да започне нивното поставување

    Неколку постаменти во центарот на градот се подготвени и чекаат да ги добијат своите паметници. Во текот на минатата година, советот на општина Центар го изгласа поставувањето на околу 10 спомен-обележја, а годинава тие ќе ја добијат својата реализација.

    На постаментите кои се веќе се поставени, по еден од двете страни на Портата Македонија ќе бидат поставени спомен-обележјата на Павел Шатев и Христо Татарчев.

    Општинските власти не открија кога точно ќе бидат поставени спомениците, само одговорија дека спомен-обележјата се уште се изработуваат и дека ќе се постават согласно утврдената динамика.
    Уште три споменика, на Борис Сарафов, Петар Чаулев и Методија Шаторов-Шарло донација од Валентина Стевановска, Миле Брцески и Кирил Мукаетов, автори на неколку обележја, годинава ќе го добијат своето место во метрополата. Спомен-обележјето на Борис Сарафов ќе биде поставено на кејот на Вардар, кај новата зграда на МНР. Петметарскиот бронзен споменик на Петар Чаулев ќе биде коњаник и ќе се постави на крстосницата на булеварот "Гоце Делчев" и улицата "Стив Наумов". Последниот од овие три, оној на Методија Шаторов-Шарло ќе биде поставен во близина на мостот Око".

    На плоштадот Македонија, на местото на кондураџијата Кенан", ќе биде поставен споменикот на најпознатата скопјанка, Мајка Тереза. Скулптурата ќе биде донација од Индија, а ќе биде висока дури 30 метри.

    Последните пет споменика, за кои советот на Центар даде амин минатиот месец, ќе бидат донација од Здружението за духовно обединување на сетинци, попадинци и крушорадци од Лерин-Скопје. Тие ќе ги донираат обележјата на првиот македонски генерал Михајло Апостолски, Пере Тошев, Никола Петров-Русински, Андон Јанев-Ќосето и света Лидија Македонска.
    Довршувањето на изградбата на новите два моста на Вардар, мостот "Око" и на Мостот на уметноста се очекува да биде во најскоро време. За разлико од Мостот на уметноста, работата на мостот "Око" е во застој поради проблемите и раскинувањето на договорот со изведувачот, хрватскиот Конструкторр.

    Меѓу новите споменици и објекти, место во Центарот на градот ќе има и за новите стилизирани сендвичарници. Минатата недела Министерството за транспорт и врски го објави изгледот и локациите на шесте мали комерцијални објекти - сендвичарници, кои треба да бидат поставени во центарот на градот. Една од нив ќе се постави кај хотелот "Холидеј ин", втората локација ќе биде до Жена-парк кај ресторанот "Национал", третиот објект е планирано да се постави на улицата "Македонија" кај Спомен-куќата на Мајка Тереза. Останатите три сендвичарници ќе се постават една спроти Градски ѕид, другата малку подолу кај зградата на Т-мобиле на автобуската станица, а последната ќе се наоѓа кај Собранието на РМ.

    Со поставувањето на новите споменици, галиите на Вардар, панорамското тркало и уште неколкуте новитети, градското јадро го очекува уште една година во која значително ќе си измени и разубави ликот на главниот град.






  5. #275
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Doubletree-Hiltonobjekt bei Aerodrom













    Bilder des Bauprojektes der Sporthalle in Aerodrom





    soll am Ende so aussehen



  6. #276
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307

  7. #277
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Die Fassaden der alten Gebäude in Karpos werden erneuert und verschönert.

    ПРОДОЛЖУВА АKЦИЈАТА ЗА РАЗУБАВУВАЊЕ НА ОПШТИНАТА

    Kарпош се спрема за нови фасади

    Граѓаните може да се пријавуваат, а општинска комисија, според утврдени критериуми, ќе ги избере станбените згради што ќе се обноват

    Локалната власт во Kарпош распиша оглас за изведувач што ќе ги реконструира старите и оштетени фасади на станбените објекти на нејзина територија. Рокот за пријавување е до 28 јануари годинава.

    Надлежните информираат дека реконструкциите се дел од програмата „Да го вратиме сјајот на старите згради“, чија цел е подобрување на енергетската ефикасност на колективните згради. Во нејзини рамки, во изминатата година беа обновени фасадите на четири објекти. Исто како и тогаш, сега е предвидено да се вградат термички материјали, а и да се постават ПВЦ-прозорци со соодветна изолација.

    Од одделението за односи со јавноста изјавија дека општинските служби изработиле елаборат со кој се утврдува кои објекти ќе влезат на листата за санација.

    - Основните критериуми за една зграда да биде избрана за реконструкција, се староста на објектот, состојбата на фасадата, бројот на жителите и местоположбата на зградата - изјавија локалните власти.

    Точната бројка на објекти ќе ја соопштат по завршување на постапката. Дотогаш, во согласност со елаборатот, граѓаните може да ги пријавуваат објектите каде што живеат. Стручна комисија ќе изврши увид на терен за да ја утврди состојбата на зградата.

    Реконструкциите ќе бидат финансирани од општинската каса, а цената ќе биде утврдена во зависност од типот на објектите и на потребните интервенции. (А. Ар.)

    K



  8. #278
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    sie sollten mehr an bildung finanzieren und andere dinge
    Es wird überall finanziert und investiert ,das aber so einer wie du das nicht weiß ist ja nichts neues

    - - - Aktualisiert - - -

    In Kozle wird ein neues Krankenhaus gebaut.





    Тендерот за изградба на новата болница ќе биде распишан во текот на наредниве недели. Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, посочи дека намената на болницата ќе остане иста, насочена кон грижа за здравјето на децата.
    -Ќе бидат инвестирани околу 7,5 милиони евра, а болницата ќе биде приспособена за 100 легла. Сегашните руинирани бараки ќе се заменат со нова, модерна зграда во која ќе се даде подобро згрижување за децата, изјави Груевски.
    Премиерот посочи дека ова е само една од покрупните инвестиции во здравството и во грижата за децата. Владата во изминатиов период беше фокусирана на набавка на опрема за клиниките, меѓу кои и за Детската клиника.
    За набавка на опрема во Детската клиника, потенцираше премиерот, има посебен тендер кој е при крај

    http://kurir.mk/makedonija/vesti/55031-Namesto-baraki-nova-bolnica-vo-Kozle

  9. #279
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.754
    Zitat Zitat von Gostivari Beitrag anzeigen
    sie sollten mehr an bildung finanzieren und andere dinge

    Genau das macht die Regierungskoalition um Gruevski seit es das Zepter in MK schwingt.

    - - - Aktualisiert - - -

    Neuer Hauptplatz in Karposh


    Нов плоштад во општина Карпош

    СКОПЈЕ | 23.01.2013 15:09









    Поврзани



    Тагови

    КарпошПарк

    Во населбата Влае во Општина Карпош денеска почна изградба на нов плоштад на површина од 6.500 метри квадратни.
    За реализација на проектот, локалната самоуправа ќе одвои 31.575.714 денари.

    Камен темелникот за изградба на плоштадот го постави градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, истакнувајќи дека урбаниот проект ќе им овозможи релаксација и социјализација на граѓаните од населба Влае и околината.

    Плоштадот се гради за граѓаните од населбите Влае 1 и Влае 2, и доколку градежните работи се одвиваат непречено, се очекува да биде пуштен во употреба кон средината на март годинава. Во наредниот период тука е предвидена изградба и на верски објект, црква, како и поплочување на платото во комплексот Порта Влае, најави Јакимовски.
    Од планираните финансии за проектот, за градежниот дел се предвидени 11.799.999, изградбата на фонтаната ќе чини 8.302.823 денари, а за хортикултурното уредување ќе се искористат 4.098.730 денари. За урбана опрема Општината ќе одвои 4.360.548 денари а за осветлување 3.013.614 денари.

  10. #280
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.754

Ähnliche Themen

  1. Bauprojekte in Mazedonien
    Von MaKeDoNiJa e VeCnA im Forum Bauprojekte
    Antworten: 1840
    Letzter Beitrag: 25.05.2017, 09:58
  2. Prishtina - Bauprojekte
    Von Arbanasi im Forum Bauprojekte
    Antworten: 995
    Letzter Beitrag: 03.03.2017, 16:20
  3. Tirana - Bauprojekte
    Von Arbanasi im Forum Bauprojekte
    Antworten: 715
    Letzter Beitrag: 15.07.2015, 23:41
  4. Bauprojekte in Bulgarien!
    Von Milabrya im Forum Bauprojekte
    Antworten: 1
    Letzter Beitrag: 03.06.2008, 21:57