BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Erweiterte Suche
Kontakt
BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Benutzerliste

Willkommen bei BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen.
Seite 31 von 65 ErsteErste ... 2127282930313233343541 ... LetzteLetzte
Ergebnis 301 bis 310 von 641

Skopje - Bauprojekte

Erstellt von mk1krv1, 26.04.2012, 18:44 Uhr · 640 Antworten · 79.207 Aufrufe

  1. #301
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Der Bau der Hochgarage beim alten Theater hat begonnen.

    Започна изградбата на катна гаража спроти Стариот театар

    Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката (АДСДП) почна со изградба на својата трета катна гаража во центарот на Скопје. Новиот гаражен објект се наоѓа непосредно до Стариот театар и Меморијалниот центар на Холокаустот [»мапа], ќе има вкупна површина од 10.037 метри квадратни, едно подземно ниво (-3 метри) и висина од 20,7 метри. Бројот на паркинг места изнесува 169, а паркирањето во оваа гаража поради големината и типот на урбанистичката маркичка е решено во кружно јадро и е спирално, што на објектот му дава специфичен облик. Покрај паркинг, 1.539 метри квадратни од објектот се предвидени за деловен простор сместен во периферните делови – во краците на приземјето и на двата ката.

    Во новата катна гаража ќе бидат вложени 273.191.013 денари или околу 4,4 милиони евра. Изведувач на градежните работи е италијанската „Ламоне Мореда“ која е вклучена во повеќе проекти од „Скопје 2014“ и која зделката ја доби во битка со пет домашни и странски градежни компании кои се јавија на тендерот. Проектот го изработи „ГМС Проект“, а надзорот ќе го врши самиот инвеститор – АДСДП. Рокот за реализација е 24 месеци.


    » Форумска дискусија за овој проект








  2. #302
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Die Hochgarage im neoklassischen Stil ,die sich in der Gemeinde "Centar" befindet wurde eröffnet.

    Првата катна гаража во сопственост на Општина Центар денеска беше свечено пуштена во употреба. Објектот кој се наоѓа покрај булеварот Гоце Делчев, во близина на зградата на МРТВ и новиот Кривичен суд во изградба има шест надземни и едно подземно ниво. Од вкупната површина од 16.625 метри квадратни, околу 2.500 метри квадратни се деловен простор, а во гаражниот дел има место за паркирање на 497 возила. Паркингот ќе биде бесплатен до 1 април годинава.

    Првичните рендери кои ги објави Општина Центар предвидуваа модерно здание, но во меѓувреме изгледот беше модифициран во стилот на „Скопје 2014“. Локалната самоуправа во објектот вложи 5.635.000 евра, пари за кои при почетокот на изградбата беше најавено дека ќе се обезбедат од комерцијален кредит и од продажба на деловниот простор. Изведувач на градежните работи беше „Бетон“ од Скопје, а проектот го изработи проектантската куќа „Мегарон“.








    - - - Aktualisiert - - -

    Ein Teil des Museums "Muzejot na Makedonija" soll rekonstruiert werden.

    Најзначајната македонска музејска установа наскоро ќе добие нова постојана изложбена поставка на површина од 450 метри квадратни, посветена на Граѓанската војна во Грција и децата – бегалци. По неколкудецениската статус – кво состојба, планирано е да се санира дел од изложбениот простор, кој претставува седиште на Археолошкиот, Историскиот и Етнолошкиот музеј. Музејот на Македонија денеска го распиша огласот за избор на најповолен понудувач што ќе ја реализира реконструкцијата. Ваквиот потег на раководството следува по најавената преселба на вредните артефакти, кои што беа изложени во оваа установа, во новиот објект на Археолошкиот музеј лоциран покрај реката Вардар, во центарот на Скопје. Компанијата што треба да ја изврши најавената санација ќе биде позната на 14 март, додека новата музејска поставка би била отворена за посетителите во пролетните месеци од 2014 година.По долгогодишните проблеми со прокиснувањето на кровот на објектот, во 2011 година беше спроведена постапка за негова реконструкција. За овој зафат тогаш се издвоија 6,5 милиони денари од буџетот на Министерството за култура. Оваа музејска установа во континуитет има огромни проблеми со подземните води во депоата, кои претставуваат опасност за вредните експонати од богатото македонско културно и историско наследство. Постоечката главна зграда на Музејот на Македонија со површина од 9.560 метри квадратни е изградена во 1976 година, на периферна локација во Старата скопска чаршија. Музејската дејност се одвива преку изложбениот простор кој опфаќа површина од 6.000 метри квадратни и во кој на посетителите досега им беа презентирани четири постојани поставки.


  3. #303
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Teile der Wohnsiedlung "Grand Prestige" sollen ab Mai bewohnbar sein.

    Од мај вселување во двете згради од „Гранд престиж“

    Изградбата на преостанатите четири згради од комплексот ќе почне напролет. Досега се продадени 80 отсто од становите



    Изградбата на две од планираните шест згради од станбениот комплекс „Гранд престиж“ покрај булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ влезе во последната фаза. Се комплетираат внатрешните работи, се местат санитариите и паркетот во едната, а во другата зграда се поставуваат плочките. Минувачите можат да забележат дека на колективниот објект до сообраќајницата што ги дели Козле и Тафталиџе се' уште му се средува фасадата. Изградбата на преостанатите четири згради од комплексот ќе почне напролет.

    Менаџерот на „Гранд престиж“, Егзона Алиу, вели дека со оглед на динамиката на одвивање на работите, двете згради навремено ќе бидат завршени.

    „Временските услови се една од причините поради кои дел од изградбата ќе ја почнеме напролет, но она што е најважно е што роковите се почитуваат и се' оди според планираното. Двете згради се во завршна фаза и планираме на крајот на мај да им дозволиме на станарите да се вселуваат“, вели менаџерката на проектот на компаниите „Импексел 2“ и „Еуро актива“.

    Алиу појаснува дека проектот нема никакви промени од фазата идејно решение до фазата изведба, што значи реализирано е онака како што е првично замислено.

    „Со оглед на финансиската криза која е присутна во повеќето земји и имајќи го предвид слабиот интензитет на продажба на станови на глобално ниво, ние сме релативно задоволни од купувањето, што се должи на квалитетот и оригиналноста што ги нуди нашиот станбен комплекс. До сега најмногу интерес има за купување станови од 45 до 100 квадратни метри, а веќе се продадени 80 отсто од становите“, вели Алиу.



    Иако примарно беше објавено дека еден станбен квадрат ќе се движи од 1.100 до 1.250 евра, сега не се прецизира моменталната цена.

    „Цената ја креираме според пазарните потреби и, пред се', се ориентираме според барањата на граѓаните. Понекогаш цената се дефинира според она што го нудиме, а тоа е квалитет и сигурност. Секогаш сме насочени кон понуда на квалитет по пристапна цена за секого“, вели Алиу.

    Од „Гранд престиж“ тврдат дека соработката со Стопанска банка се одвива со исто темпо како во почетокот. Банката ги субвенционира клиентите со 75 отсто од средствата потребни за купување стан за што како залог може да се стави самиот стан.



    Целиот комплекс „Гранд престиж“ содржи шест ексклузивни станбени згради на приземје, осум ката и потпокрив, секоја на парцела од околу 4.000 квадратни метри со процент на изграденост од 36,45 отсто. Секоја зграда ќе има три влеза со по 50-60 станови поединечно, додека паркирањето е решено на две подземни нивоа и со одреден број надземни паркинг-места. На продажба се нудат речиси 1.000 стана со површина од 45 до над 100 квадрати (квадратура што ќе ја имаат ексклузивните галериски апартмани на потпокривот). До сега се изградени повеќе од 320 стана. За подобар пристап до секој од објектите Општина Карпош има предвидено изградба на две сервисни улици. Комплексот ќе биде и партерно уреден со детски игралишта, клупи, патеки, зеленило.



    „’Гранд престиж‘ e изграден според високи европски стандарди кои овозможуваат заштеда на електрична енергија до 30 отсто. Нудиме модерен амбиент, здрав животен простор, свежина, буквално се' на едно место за целото семејство“, вели Егзона Алиу.

    Дел од фотографиите се преземени од https://www.facebook.com/grandprestigeskopje

    http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5...D3C03006916843


    So sollen die Wohnobjekte am Ende des Projektes aussehen:


  4. #304
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Bilder vom Bau der Sv.Konstantin und Elena-Kirche









    Die Kirche soll am Ende des Projekts so aussehen:


  5. #305
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.754
    Zitat Zitat von mk1krv1 Beitrag anzeigen
    Endlich!! Skopski Saem wird zusammen mit Tri Granit das Projekt Era City realisieren



    Скопје, 14 февруари 2013 (МИА) - Меѓународната групација Три Гранит заедно со Скопски саем ќе го реализира проектот ЕРА Сити. Договорот за деловна соработка двете компании го потпишаа на 11 февруари 2013 година.
    Како што соопштуваат од Скопски саем, развојните планови на групацијата ЕРА вклучуваат изградба на нов градски шопинг центар, кој ќе биде изграден во непосредна близина на центарот на градот Скопје и вклучува шопинг и забавен центар, деловни објекти и хотел.
    Претседателот на Управата на Групацијата ЕРА Гвидо Омладич изрази големо задоволство од потпишувањето на договорот што, како што вели, значи последен чекор во реализацијата на проектот ЕРА Сити. - Групацијата ТриГранит со своето знаење, искуство и успешни проекти, што се гледа од добиените награди „Developer“ за 2012 година, доделена од страна на CEE Real Estate Quality Awards, ќе го надогради нашето партнерство на највисоко квалитетно ниво. Со целокупниот комплекс Скопски саем и новоизградениот ЕРА Сити сакаме заедно со ТриГранит да ја зајакнеме улогата на водечки понудувач на меѓународни настани и event индустрија во ЈИЕ. Со додавање забавки и деловни содржини ќе ги надоградиме постоечките дејности и ќе ја искористиме меѓусебната синергија и на тој начин ќе ја зголемиме атрактивноста и уникатноста на целиот комплекс, истакна Омладич.
    Извршниот директор на ТриГранит Арпад Торок истакна дека нивната компанија има долгогодишни искуства за развој на нови градски шопинг центри. - WestEnd Sity Center во Будимпешта, Бонарка во Краков или Пзнан Сити Центарот, кој се отвора оваа година, се одлични примери за нашите обемни референци во Средна и Источна Европа. Го развивме и проектот Арена Центар, најголем трговски-забавен центар во Загреб и Арена Загреб, повеќенаменска спортска арена, кои се слични со проектот на групацијата ЕРА во Скопје. Како партнер за развој на Групацијата ЕРА, способни сме да ги искористиме искуствата, кои ги стекнавме досега и во Република Македонија, која за нас е нов пазар, рече Торок.
    Извршниот директор на ТриГранит менаџмент Филип Еванс, потенцира дека со влегувањето на пазарот на Република Македонија го пришируваат не само нивното професионално портфолио, туку и сорботката при управувањето на саемскиот и изложбениот простор на нивното стручно портфолио.
    Тој додаде дека со потпишувањето на овој договор компанијата ТриГранит Менаџмент Корпорејшн го зајакнува присуството на Балканот.
    Корпорацијата ТриГранит, како дел од соработката, со Скопски саем ќе биде вклучена во реализација на настаните на Скопски саем и Метрополис Арена како повеќенаменска мултифункционална изложбена хала.
    Групацијата ЕРА е сопственик на Скопски саем, најголем саемски и изложбен простор во Македонија со површина од 55.000 метри квадратни. Компелксот е дел од 16 хектари земјиште во сопственост на Групацијата ЕРА, сместено на 23 хектари детално урбанистички уредена површина.
    ТриГранит Девелпмент Корпорејшн е една од најголемите претпријатија кое се занимава со развој на недвижности во Европа, и со инвестиции, развој и управување со недвижности. Работи во седум држави во Средна и Југоисточна Европа и има големо портфолио на довршени атрактивни недвижности, бројни подготвени проекти за повеќенаменска цел, како и со многуте инвестиции во јавно-приватно партнерство. скс/паг/13:48


  6. #306

    Registriert seit
    03.09.2012
    Beiträge
    680
    Das Türkische Theater wird vom Skopischen Unternehmen "Beton" gebaut.

    Новата зграда на Турскиот театар ќе ја гради скопски „Бетон“

    image.jpg


    Им се гледа крајот на перипетиите поврзани со изградбата на новата зграда на Турскиот театар. По повеќе од седум години одложувања, раководството на оваа културна установа потпиша договор со градежната компанија „Бетон“ од Скопје за реализација на планираниот објект во близина на новата железничка станица. Во претстојниот период треба да стартуваат градежните активности на локацијата на поранешното балетско училиште [»мапа], а првичната финансиска конструкција изнесува 245.494.259 денари или околу 4 милиони евра. Покрај учеството на македонската влада, во собирањето средства за овој проект се очекува да учествуваат и фондации и официјални институции од Турција.

    Во согласност до деталниот урбанистички план за Ново Маало, новата театарска зграда во висина од 24 метри ќе се гради на парцела со големина од 7.061 метри квадратни. Објектот со приземје и пет ката ќе се простира на површина од 19.771 метри квадратни, од кои 51% ќе биде наменет за двете театарски сали, соблекувалните на уметниците и канцелариите на администрацијата. Големата сала ќе има капацитет од 329 седишта, додека малата сала ќе може да прими 140 љубители на театарската уметност.

    Идејното решение го изработија архитектите Виктор Михајлов и Александар Наумчески. Во склоп на идното здание ќе има галерија, книжарница и ресторан, но исто така дел од површината во урбанистичкиот план е предвидена за големи трговски единици и деловен простор како компатибилни класи на намена. Замислата за изградба на нов објект за Турскиот театар датира уште од 2006 година, а остварувањето на проектот во неколку наврати беше одложувано.

  7. #307
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Zitat Zitat von Zoran Beitrag anzeigen
    Toll Die Objekte sehen sehr modern aus. Gefällt mir richtig gut. Ist das aber alles oder kommt da noch was dazu?

  8. #308
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Das Projekt "Era City" soll in 3-4 Jahren fertig sein.

    ЕРА Сити на Скопски саем за три до четири години



    Скопски саем и меѓународната групација Три Гранит за три до четири години ќе го реализираат проектот ЕРА Сити, чија вредност се проценува на 130 милиони евра.

    Ова го најавија на денешната прес-конференција претседателот на Управата на групацијата ЕРА Гвидо Омладич и извршниот директор на ТриГранит Арпад Торок.

    - Договорот е заеднички да го реализираме проектот. Во изминатите години поради кризата беше успорен проектот, но ние вложивме 8,5 милиони евра во инфраструктура која претставува подготовка за полесна реализација на проектот, рече Омладич истакнувајќи дека очекува проектот да биде поддржан од банки и фондови.

    Главниот мотив да се реализира овој проект, Омладич, потенцира дека е да се дадат сите потребни содржини на она што досега се реализира на Скопски саем, а тоа се над 200 случувања во годината.

    Повеќе на http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6...98AD2FA3350AAF


    - - - Aktualisiert - - -

    Bilder des Einkauszentrum in Kapistec






  9. #309
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Nach 4 Jahren: Skopje bekommt endlich das Theater "Centar"

    После четиригодишна пауза во реализацијата на проектот за изградба на нова зграда за театарот „Центар“ во Скопје [»мапа], идејата повторно добива позитивен импулс. Министерството за култура склучи договор за изработка на основен проект за планираниот објект Македонски народен театар – Театар Центар со „Монтимпекс – Инженеринг“ од Скопје. Пред тимот од стручни лица е зададен период од шест месеци за целосна изработка на предвидената документацијаж. За приготвувањето на основниот проект се одвоени 28.315.162 денари или околу 460 илјади евра од државниот буџет. Според програмата за работа на македонската влада, сладокусците на театарската уметност веќе во 2015 година би требало да можат да уживаат во следењето на претстави во новите простории.Официјалните планови на надлежните се овој објект да се гради по пат на јавно – приватно партнерство, при што идниот инвеститор би добил дел од зградата. Деталниот урбанистички план на локацијата на постоечкиот монтажен објект предвидува подигање на здание со максимална висина од 40 метри, кое ќе има вкупна површина од 30.945 метри квадратни. Според ДУП-от 51% од просториите на планираниот објект со приземје и 10 ката се предвидени за културна намена. За задоволување на потребите за паркирање на вработените и на останатите граѓани, зацртана е изградба и на подземен паркинг простор под идната зграда.Идејното решение за новиот објект на театарот „Центар“ е изработено уште во 2009 година. Првата награда на распишаниот конкурс ја добија архитектите Минас Бакалчев и Митко Хаџи – Пуља, заедно со соработниците Никола Стрезовски, Саша Тасиќ, Бетим Зекири и Бесијан Мехмети. Нивното дело е вреднувано од комисијата како инвентивно решение, со транспарентност на обликување на просторот и пристапност на објектот со атриумско решавање на влезната партија, со особен восклик кон надворешното фасадно обликување. Постоечкиот монтажен објект на Македонскиот народен театар е изграден во 1965 година.

  10. #310
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    Das Objekt "EVN" soll eine neue Fassade bekommen

    И ЕВН и ЕЛЕМ влегоа во „Скопје 2014“

    Од компаниите веќе избрале идејно решение за нова фасада кое ќе се вклопи во постојниот амбиент. Реконструкцијата се очекува да почне налето

    ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА

    Веќе нема дилеми дека сите објекти на плоштадот (и постојните и новопланираните) ќе имаат фасади во стилот на „Скопје 2014“. Освен зградите кои веќе се „преслекуваат“, стилски ќе стане и надворешниот лик на висококатницата на ЕВН и ЕЛЕМ. Од компаниите веќе избрале идејно решение, а бараат и изведувач кој ќе ја реконструира зградата. Ако се' тече по планот, налето на објектот ќе се преземат градежни активности.

    Надлежните не откриваат како ќе изгледа препознатливиот стаклен објект, повикувајќи се на почитување на авторските права. Единствено потврдуваат дека тој ќе се вклопи во постојниот нов амбиент на централното градско подрачје.

    „Зградата ќе се реконструира по идејно решение изработено од група автори од Градежниот факултет, кое беше избрано минатата година на конкурс. Во тек е постапката за избор на изведувач и очекуваме до крајот на мај таа да заврши, па да се пристапи кон реализација на терен, во согласност со договорот што ќе биде потпишан со изведувачот. Динамиката на работа и крајниот термин за изведба ќе зависи од ангажираната фирма. Истото се однесува и за парите што ќе се потрошат за оваа намена, кои ќе се издвојат од буџетите на двете компании“, вели Ленче Карпузовска, портпарол во ЕВН.

    Таа потенцира дека реконструкцијата на објектот ќе ја реализираат заеднички со ЕЛЕМ, со која ги делат работните простории во зградата. Објектот ќе добие лик кој ќе се вклопи во новиот амбиент на центарот, што значи во стилот на „Скопје 2014“.

    „Сакаме да потенцираме дека независно од урбанизацијата во центарот, ние планиравме реконструкција на зградата, бидејќи веќе е стара, а откако постои, во неа не се преземени речиси никакви зафати иако имало потреба“, дополнува Карпузовска.

    Се работат проектите за „Метропол“ и „НАМА“

    И градските власти без запирање работат на проектот „Стилски фасади“ за постојните објекти. Откако пред неколку месеци ги избраа идејните решенија за новиот надворешен лик на зградата на „Метропол“ и на стара „НАМА“, од Градот се' уште чекаат на неопходните проекти за изведба. „Тие се' уште се работат по што ќе се пристапи кон избор на изведувач. Очекуваме дека налето ќе почне и изведбата на терен“, велат од Градот.

    По налог на градските власти во моментов неколку фирми се ангажирани на стилско обликување на фасадата на зградата „лепенка“ на ресторанот „Пелистер“. Таа, пак, беше првата „преслечена“ во стилот на „Скопје 2014“. По нарачка на Градот во моментов се работат и проектите за нови стилски фасади на речиси сите згради по должина на улиците „Македонија“, „Димитрие Чупоски“ и „Никола Вапцаров“. (Дс.Т.)

    - - - Aktualisiert - - -

    Skopje bekommt einen neuen Bit-Pazar

    Наскоро почнува да се гради нов Бит-пазар

    Пазарот ќе се простира на површина од 15.000 квадратни метри, со можност за 1.400 тезги на приземниот дел

    Бојан Шашевски


    На површина од 15.000 квадратни метри за неколку месеци ќе почне изградбата на новиот модерен Бит-пазар со приземно и надземно ниво. Конечно ќе здивнат тезгаџиите што работеа во прилично лоши услови без основна пазарна инфраструктура и со диви пазарџии кои им го земаа лебот. Реализацијата на затворениот пазар се влечеше со години, но вчера Општина Чаир, „Скопски пазар“ и Здружението на пазарџии го презентираа новиот проект вреден околу 10 милиони денари. Идејното решение нуди далеку посовремен пазар со задржани традиционални белези.

    „Проектот е од голема важност за општина Чаир, но и за цело Скопје.

    Моментално се привршуваат измените на ДУП-от за тој дел, по што ќе се пристапи кон реализација на проектот со кој ќе се решат проблемите на пазарџиите, купувачите и сите што циркулираат околу овој познат простор“, рече градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.

    Претседателот на здружението на пазарџии „Просперитери“, Екрем Долек, потенцираше дека со ова се реализира сонот на сите пазарџии. Вели дека со години бараат доградба на постојниот пазар кој им обезбедува основна егзистенција на нивните семејства.

    „Минавме низ повеќе протести и барања за условите за работа, проектот се одолжуваше, па сосема беше оправдан песимизмот кај пазарџиите. Од 2005 имавме различни варијанти, идеи и ветувања од Општината и ’Скопски пазар’. На наше инсистирање, конечно, ќе се направи нов пазар, кој ќе ги донесе потребните стандарди и за тезгаџиите и за купувачите. А, ќе ги зачува историјата на пазарот и духот на чаршијата“, рече Долек.

    Сашо Давитковски од „Скопски пазар“ смета дека проблемот со пазарот се наметнува со години. Смета дека е убаво што имаме богато минато, но треба и да се инвестира во нова инфраструктура.

    „Овој проблем е постар од мене. Пазарот раскажува приказна долга 900 години. Сега имаме сериозна намера да ја реализираме идејата која се одолжуваше пред се' поради технички проблеми со урбаните планови“, рече Давитковски.

    Проектант на новото идејно-решение за пазарот е архитектот Кокан Грчев, професор на Универзитетот „Американ колеџ“. Тој вели дека ова е дел од идејата да го приклучи Бит-пазар како интегриран дел од Скопје.

    „ДУП-от и техничката документација се при крај. Нема да се подобри ситуацијата со пазарот, туку драматично ќе се промени и сликата за Скопје за овој дел. Навиките за користење на просторот остануваат исти - пешачкото движење, местоположбата на женскиот пазар, поставеноста на влезовите. Ќе се движиме во Бит-пазар на идентичен начин, но со стандарди од новото време, со пазар од затворен и отворен концепт, кој ќе се припие кон концептот на Старата скопска чаршија. Со архитектонски јазик на традиционалното низ потребите на современото време. Со современи материјали со одржлив развој. Приземниот дел ќе има можност за 1.400 тезги“, вели проектантот Грчев, додавајќи дека пазарот ќе се гради во етапи за да нема целосно затворање на тезгите.


    http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D974A064A35FCB49AA36E669095B4440


    Не најдов тема за Бит Пазар , со оглед дека ќе почне да се реновира не е лошо да го следиме развојот на настани. За почеток би било супер ако има некој да стави слики од актуалната состојба на овој пазар.











Ähnliche Themen

  1. Bauprojekte in Mazedonien
    Von MaKeDoNiJa e VeCnA im Forum Bauprojekte
    Antworten: 1840
    Letzter Beitrag: 25.05.2017, 09:58
  2. Prishtina - Bauprojekte
    Von Arbanasi im Forum Bauprojekte
    Antworten: 995
    Letzter Beitrag: 03.03.2017, 16:20
  3. Tirana - Bauprojekte
    Von Arbanasi im Forum Bauprojekte
    Antworten: 715
    Letzter Beitrag: 15.07.2015, 23:41
  4. Bauprojekte in Bulgarien!
    Von Milabrya im Forum Bauprojekte
    Antworten: 1
    Letzter Beitrag: 03.06.2008, 21:57