BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Erweiterte Suche
Kontakt
BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Benutzerliste

Willkommen bei BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen.
Seite 1 von 2 12 LetzteLetzte
Ergebnis 1 bis 10 von 11

Dnevnik MK: UCK wurde in Belgrad formiert

Erstellt von Monkeydonian, 26.10.2010, 18:54 Uhr · 10 Antworten · 1.942 Aufrufe

  1. #1

    Registriert seit
    28.09.2009
    Beiträge
    1.955

    Dnevnik MK: UCK wurde in Belgrad formiert

    Nach der begonnenen Lustration in der Republik Makedonien tauchen immer mehr Dokumente (des ehemaligen jugoslawischen Geheimdienstes) auf die in Makedonien für Schlagzeilen sorgen. Vor kurzem wurden solche Dokumente mit kompromittierenden Material bei einem albanischen Professor der Universität Tetovo in den Hof "geworfen", diese Dokumente entlarvten zwei hochrangige, und jetzige, albanische Politiker im makedonischen Parlament als Spione bzw. Informanten.

    Heute wurde von der makedonischen Zeitung Dnevnik auf der Titelseite ein neues Dokument abgebildet, mit der Schlagzeile: UCK wurde in Belgrad formiert. Das Dokument wurde der Redaktion anonym zugesandt.



    ЕКСКЛУЗИВНО: ГО ОБЈАВУВАМЕ соработниЧкото ДОСИЕ НА ИБАР ОД ЗАЈАС

    ОНА формирана во Белград




    Формирањето на штабот на Оружените сили на Косово или на Оружената војска на Косово (ОВК) и раководењето на нејзиното воено крило било извршено под директна контрола на српските тајни служби. На основачкиот состанок одржан во стан во близина на Цирих, од осуммина албански емигранти најмалку двајца биле соработници на српската служба за безбедност чии псевдоними биле Ибар и Вујко, двајцата од Македонија. Ибар и Вујко уште во почетокот на 80-тите години соработувале со поранешните југословенски тајни служби, а тоа продолжило и во времето на Слободан Милошевиќ.

    Ова произлегува од досието „Ибар“, кое се однесува на висок партиски функционер и поранешен командант на ОНА, а кое беше доставено до „Дневник“. Според информациите на „Дневник“, и оваа досие, исто како и оние од дворот на тетовскиот професор Љуши, ќе биде доставено до комисијата за лустрација. Ако постапи идентично како и во споменатите случаи, може да се очекува да биде почната и постапка за утврдување на веродостојноста и на вистинитоста на содржината од надлежните институции. Според документите, поранешниот соработник, а сега пратеник, истовремено работел и за албанската тајна служба. За ова, наводно, знаеле и луѓе од македонската служба за безбедност кои, индикативно, во средината на 90-тите години барале и продолжување на неговиот ангажман.

    Досието на соработникот под псевдонимот Ибар содржи поголем број документи класифицирани како државна или службена тајна, строго доверливо, шифрирани пораки, службени белешки, известувања, специјални информации, патна исправа на името Александар Антиќ, исплатници... Документите имаат штембили и печати од некогашниот Сојузен СВР на Југославија, Републичкото МВР на Србија и неговата СДБ, ресорот за Државна безбедност на Косово, Службата за информирање и документација на Сојузниот секретаријат за надворешни работи и биле наменети за лично информирање на членовите на некогашниот Сојузен совет за заштита на уставниот поредок, а некои од нив и на самиот Милошевиќ.



    „Где Је то село“?



    Според документите, Ибар е роден во кичевското село Зајас, а почетокот на соработката датира од 1980 година по препораката за тоа на соработникот под псевдонимот Вујко. Впечатливо е што во регистрацискиот лист, родното место е запишано како Зајази, на што има рачно запишана забелешка на овластениот службеник „Где је ово село?“. За врбувањето бил искористен илегалниот престој во Албанија, по што тој се согласил на соработка. Разговорите биле водени во просториите на СДБ при ССВР на Бањица во Белград и се евидентирани во службена белешка заведена под број 01/02-стр. дов. бр. 234/03-дк. Ибар се соочил со сознанија, факти и докази на претставниците на Службата за неговите активности и подготвената кривична пријава што повлекувала казна од 10 години затвор во КПД во Ниш. „Службата исто така располага со одредени компромитирачки материјали дека ... во текот на своите активности на Универзитетот во Приштина во 1981 година собирал доброволни прилози за борбата за република Косово, но тие пари ги трошел за свои лични задоволства, за што му се предочени не само документи, туку и компромитирачки материјали“. Меѓу компромитирачките материјали имало и такви што ги потврдувале неговите „хомосексуални и педофилски склоности“.

    Иако првично Ибар сето ова го негирал, по разговорот со луѓето од СДБ сепак се согласил на компромис и соработка. Договорот бил Службата да ги уништи компромитирачките материјали, а тој да биде осуден на симболична казна затвор, со што ќе се засили неговиот углед во средините за чија непријателска активност била заинтересирана Службата. „Од страна на потсекретарот за СДБ на ССВР е наведено евентуалната затворска казна именуваниот да ја служи под заштита и присмотра на Службата, при што семејството ќе биде материјално редовно обезбедувано. По постигнатиот договор ... е регистриран како соработник на СДБ и тоа според основното досие како соработник на СДБ на РСВР на СР Србија, а според помошното досие како соработник на СДБ на Сојузното СВР насочено спрема екстремните албански групи на Косово и непријателската емиграција на запад“, се вели, меѓу другото, во службената белешка потпишана од главниот инспектор, извесен Александар Милановиќ.



    Префрлување во Шваjцариjа



    Во досието има документи што се совпаѓаат со документи од досието Вујко, особено поврзани со убиството на браќата Јусуф и Бардош Гервала и нивниот пријател и соработник Кадри Зека. Се споменуваат многу имиња на Албанци од Македонија, Косово и западна Европа за кои Ибар и Вујко им доставувале информации на службите. Меѓу нив има и такви кои порано, па и денеска важат за негови блиски партиски соработници, како на пример Азис Положани, Ризван Сулејмани, Хазби Лика и Хисни Шаќири. Во еден од документите се наведува дека „со посебен план и со оперативната акција ‘машиновозач’, соработникот Ибар е префрлен во најекстремните емигрантски редови на албанската непријателска емиграција во Швајцарија“. Таму стапил во контакт со Вујко, при што била формирана група чија задача била формирање на голем број ривалски и меѓусебно спротивставени емигрантски организации што СДБ ги држела под контрола, па така тука се споменуваат „Легалитет“, „Народно движење за Косово“, како и „Народно движење за Република Косово“ што било формирано во 1982 година во Германија. Во своите активности Ибар доставувал податоци за Кадри Весели, Џавид Халитај, Рамуш Харадинај, Агим Чеку, Јакуп Красниќи, Азем Суља „Даја“ вујко на Хашим Тачи, Абаз Зрја, Хидает Исени, Рам Буја, Бардуљ Махмути, Емруш Џемаили, а стапил во контакт и со тогашниот претседател на косовската влада во егзил Бујар Букоши. Од него, по наговор на Ибар биле префрлани средства од Фондот за Косово главно на приватни сметки на Вујко, па двајцата презеле 230.000 германски марки и 180.000 швајцарски франци. Средствата СДБ преку Ибар и Вујко ги насочила за реализација на оперативниот план за акцијата „Партнер“.“Вкупната продукција на соработникот Ибар е несогледлива за успешно следење и пресекување на непријателските активности на албанските терористички групи во Швајцарија, Германија и во Белгија“, е оценката на врската. Индикативно е што Ибар контактите со врските на СДБ и предавањето на материјалите најчесто ги остварувал во Крањ, Словенија, во објектот на СДБ на словенечкото МВР.

    Посебно внимание предизвикува известувањето на Ибар, класифицирано како државна тајна, за состанокот на групата албански екстремисти одржан во Цирих, што го организирал самиот тој, со цел да се оформи официјалниот штаб на ОВК. Во него, меѓу другото, се вели: „На состанокот одржан во еден стан во близина на Цирих присуствувале Вујко, Џавид Халити, Гафур Елшани, Сејди Геци, Бардуљ Махмути, Халил Селими и нашиот извор Ибар. Службата, според упатството бр.12321/87, продолжи да води двојна игра спрема албанската непријателска емиграција во која Ибар има задачи што ги добива од неколку служби, па и од нашата. На состанокот во Швајцарија, според зборовите на Ибар, задачата била раководењето со военото крило на т.н. ОВК да се стави под контрола на нашата Служба. За таа цел, на состанокот, на кој дојде до формирање на ОВК, имаше двајца соработници на нашата Служба. Соработниците имаат задача да ја контролираат ситуацијата и посебно да доставуваат податоци за Џавид Халити, Џафер Шатри, а особено спрема Мама, кого Службата во целост го контролира благодарение на неговите добри односи со нашиот конзул С.Н. Исто така, на овој состанок, истакнува Ибар, станало збор и за можните цели на напади на ОВК во Косово и за подготовките на востанието во западна Македонија. За таа цел Ибар го контактирал Стрелец од Охрид кој инаку е бивш воен службеник и остана во врска со нашите воени разузнавачки служби“. Според документот, двајцата соработници добиле апанажа од 7.000 швајцарски франци.



    Стаж преку „Генекс“



    Како службена тајна е класифициран предметот по барањето на Ибар за признавање на неговиот стаж. Според евиденцијата на службите, тој имал девет години, два месеца и два дена признато време „од кога се наоѓа во активен соработнички однос со СДБ“. „Наведениот стаж може да му се признае во инвалидско-пензискиот стаж и ќе биде запишан во работничката книшка. Ибар по оваа основа може да оствари и бенефициран работен стаж. Наведениот работен стаж ќе се запише како ангажирање во фирмите ‘Прогрес’ и ‘Генекс’ во зависност од моментните можности“.

    Во неколку документи може да се види дека Ибар за своите активности добивал и соодветен паричен надоместок, а во некои и дека се жали дека парите му доцнат. Покрај средствата од Фондот за Косово, Ибар во неколку наврати добил 1.500 ГМ, 10.000 швајцарски франци, 7.000 швајцарски франци... Ибар доставувал и видеоленти за обуката на албанските емигранти во еден напуштен камп, логор на Легијата на странците во близина на местото Бријансон, на границата меѓу Швајцарија и Франција. Меѓу дваесетината споменати имиња може да се прочитаат и Алија и Сејдију Бајруш со прекар Милано, како и неговиот брат Наим.

    На оперативен состанок во бањата Харкан во Унгарија, Ибар од врската побарал нему и на Вујко да им се заменат патните исправи што ги добиле од Службата. Образложението било дека за натамошно патување со нив им се потребни визи. Податоците за двајцата биле испратени со посебен допис, а како резултат на тоа Ибар ја добил патната исправа под името Александар Антиќ, роден на 4 јануари 1959 во Скопје, а со адреса на живеење булевар ЈНА 201 во Белград. Податоците за издавањето на патната исправа, како и на барањето биле заведени под државна тајна.

    Како интересен детаљ може да се издвои и едно од службените лица кое е потпишано на еден од документите. На известувањето за предадени пари на Ибар со штембили на некогашниот Сојузен секретаријат за надворешни работи како потсекретар е потпишан Зоран Јанаќковиќ, кој помина еден амбасадорски мандат на Србија во Македонија.

    Од расположивите документи од досието, неспорно е дека за активностите и ангажманот на Ибар знаела и СДБ на Македонија. На еден од документите на ресорот за ДБ на српското МВР, кој датира од 1 март 1996 година, класифициран како државна тајна, има рачно запишана забелешка „итно!! види со СДБ на Македонија“. Документот се однесува на доставени информации од Ибар за „активностите на припадниците на екстремните терористички групи кои се подготвуваат за вооружено востание за конечно ослободување на Косово од српската тиранија“.

    Во документите се оценува дека Ибар важел за еден од „најпродуктивните и најквалитетни соработници што Службата ги имала меѓу припадниците на албанската непријателска емиграција“. Неговиот ангажман според наведеното ја чинел службата 167.560 швајцарски франци, 50.000 ГМ, како и неутврден износ во динари. „Во периодот од 1983/84 година, па до јуни 1997 година, Ибар на службите им доставил над 10.000 корисни информации, податоци, белешки, документи, а учествувал и во неколку акции против албанската и усташката непријателска емиграција“. (Р.Д.)



    Белградските досиеја нема да чекаат сукцесија



    Владата ги разгледува сите можности во најкусо време Македонија да ги добие белградските досиеја, вели висок владин функционер. Поради брзината и значењето на процесот на лустрација се размислува документите да се побараат независно од процесот на сукцесија на архивската граѓа и за тоа како да се направи, во игра е меѓудржавен договор, но и две други опции кои засега Владата ги држи во тајност.

    - Досиејата треба да се земат по институционален пат. Веќе се направени консултации со неколку министерства, така што ништо не оставаме на случајност, а тоа што е одговорност на институциите да го направат и ќе го направат. Значајно е процесот на лустрација да остане свеж, да го задржи легитимитетот и кредибилитетот. За нас, брзината со која ќе се донесат досиејата е од големо значење. Не би можел да го одредам терминот кога и која институција ќе ги побара, но наше е да ги бараме - вели функционерот.

    Со оглед дека досега објавените досиеја се однесуваат на функционери на коалицискиот партнер, владиниот функционер посочи дека коалицијата не се темели врз индивидуалци, туку врз принципи. Сепак, тој не можеше да предвиди како ќе се одрази на коалицијата ако во јавноста се појават нови досиеја и ако надлежните институции ја потврдат нивната веродостојност.
    Hier der Artikel via google translate

  2. #2

    Registriert seit
    03.11.2009
    Beiträge
    13.141

  3. #3
    IbishKajtazi
    Wenn Dnevnik das sagt...

  4. #4
    Avatar von specialForces

    Registriert seit
    06.10.2008
    Beiträge
    1.759
    Was für ein Schwachsinn...

  5. #5
    Avatar von GOJIM

    Registriert seit
    14.10.2009
    Beiträge
    5.604
    serbische offiziere haben waffen für die uck in mazedonien geliefert, kein wunder so wie ihr eure nördlichen slawischen brüder verraten habt, könnt ihr froh sein dass sie nicht aktiv mitgemischt haben.^^

  6. #6

    Registriert seit
    09.03.2006
    Beiträge
    3.132
    Daja = Fazli Veliu
    Daja ist der Onkel von Ali Ahmeti. Daja hatte grossen Einfluss auf Ali Ahmeti.

    Ich sehe das mit Skepsis dass Daja ein Spion war, das ist eher eine Strategie von der PDSH. Doch was ich weiss ist, dass Taulant Xhaferri, Mitglied der BDI, immer noch Mitarbeiter vom fyromischen Geheimdienst ist.

  7. #7
    Gast829627
    Zitat Zitat von Benutzername Beitrag anzeigen
    Daja = Fazli Veliu
    Daja ist der Onkel von Ali Ahmeti. Daja hatte grossen Einfluss auf Ali Ahmeti.

    Ich sehe das mit Skepsis dass Daja ein Spion war, das ist eher eine Strategie von der PDSH. Doch was ich weiss ist, dass Taulant Xhaferri, Mitglied der BDI, immer noch Mitarbeiter vom fyromischen Geheimdienst ist.

    wer bist du den?? seit 2006 reg.??? ...


    zum thema.....scheizze egal ...uck ist eh geschichte......

  8. #8

    Registriert seit
    02.05.2009
    Beiträge
    1.898
    uck is geschichte !

  9. #9

    Registriert seit
    28.09.2009
    Beiträge
    1.955
    Seht euch die Sendung "Vo Centar" mit Vasko Efremov an, leider habe ich keinen direkten Link, unten müsst ihr die Sendung Auswählen um Sie anzusehen (Das Bild mit dem Typ mit dem gestreiften Pulli)

    http://www.kanal5.com.mk/Default.aspx?mId=120

  10. #10

    Registriert seit
    09.03.2006
    Beiträge
    3.132
    Zitat Zitat von Legija Beitrag anzeigen
    wer bist du den?? seit 2006 reg.??? ...


    zum thema.....scheizze egal ...uck ist eh geschichte......
    Ich bin dein Alptraum!

Seite 1 von 2 12 LetzteLetzte

Ähnliche Themen

  1. NS: Štrajk gla?u u Dnevnik holdingu
    Von GodAdmin im Forum B92
    Antworten: 0
    Letzter Beitrag: 28.07.2010, 16:00
  2. VAC i Dnevnik: Sastanak rukovodstva
    Von GodAdmin im Forum B92
    Antworten: 0
    Letzter Beitrag: 29.06.2010, 13:00
  3. “Dnevnik” tuži VAC
    Von GodAdmin im Forum B92
    Antworten: 0
    Letzter Beitrag: 25.06.2010, 16:30
  4. Partizan Belgrad - Roten Stern Belgrad
    Von Drobnjak im Forum Sport
    Antworten: 7
    Letzter Beitrag: 28.02.2009, 17:08