BalkanForum - das Forum fr alle Balkanesen
Erweiterte Suche
Kontakt
BalkanForum - das Forum fr alle Balkanesen
Benutzerliste

Willkommen bei BalkanForum - das Forum fr alle Balkanesen.
Seite 25 von 36 ErsteErste ... 1521222324252627282935 ... LetzteLetzte
Ergebnis 241 bis 250 von 351

"Komdienstadel SDSM" Branko holt alte Garde wieder an Bord!

Erstellt von Zoran, 31.10.2011, 20:34 Uhr 350 Antworten 22.618 Aufrufe

  1. #241
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beitrge
    27.750
    Скандал: СДСМ одлепи! (Видео)


    Недела, 16 Декември 2012 12:22





    Се појавија на собраниската Комисија за финансирање и буџет и направија скандал. Пратениците на опозициската СДСМ направија жестока атмосфера која беше на раб на тепачка.


    Застанаа пред говорницата, го земаа микрофонот на претседателката Благородна Дулиќ и со дрски и недолични коментари ја блокираа работата на Комисијата. Кон неа еден од пратениците на СДСМ крена и рака сакајќи да ја удри.
    Откако за малку ќе ја нападнеа Дулиќ физички, реагираа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои бараа да се смират нивните колеги и да не се однесуваат така кон жена. Но оние кои се обидоа да реагираат станаа следните на кои беше истурен гневот.

    Ваквото однесување на опозициските пратеници е тотално недолично и срамно.
    Избрани да работат за интересите на граѓаните, тие блокираат комисија штетејќи им токму на нив. Дополнително, покажуваат насилство во законодавниот дом.
    Освен тоа, насилно однесување е недозволиво за еден пратеник, а кревањето рака врз жена го препишуваме на нивната совест.




  2. #242
    Avatar von Skitnik

    Registriert seit
    19.01.2010
    Beitrge
    1.327
    loooool die haben echt n' knall...

    Oder:

    Crvenkovski kicks out Buckovski, Buzlevski, Cvetkovski from SDSM
    MINA Breaking News


    Es sind nicht schlechte, sondern echt MIESE zeiten fr die SDS...

  3. #243
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beitrge
    27.750
    Пензионерите и социјалците масовно протестираа против СДСМ


    Вторник, 18 Декември 2012 13:56





    Масовните протести против опозицијата продолжуваат. Ниту дождот не ги спречи пензионерите да излезат на масовен протест пред Собранието. Стравуваат дека СДСМ ќе ги остави без пензии, кочејќи го буџетот.


    -Стравот дека на овие стари години може да останеме без денар пензија не натера да излезема на улица и да кажеме „Доста е!“. Ние не можеме да живееме во страв зошто на Бранко, СДСМ, или на било кој друг му текнало да блокира, да стопира пензии. СДСМ никогаш не ни ги покачија пензиите, а сега кога овие другиве сакаат да ни ги покачат, од СДСМ сакаат да не остават без пензија, велат пензионерите.

    -Неправда не е прави само спрема пензионерите, земјоделците и социјалните случаеви, голема неправда се прави пред целиот македонски народ. Со кочењето на буџетот, господинот со иницијали Б.Ц. ја разнебитува македонската држава, вели пензионерот Босилка Ризовска.
    Според пензионерите, вандалското однесување на опозиционерите, е реакција на резултатите кои ги даде ИРИ од последното истражување на рејтингот. Велат, рејтингот на СДСМ е катастрофален и покрај работното лето кое го имаа низ цела Македонија.
    Пред македонското собрание својот револт го искажаа и најзагрозената категорија луѓе- социјалците.

    -Ги повикувам да го повлечат нивните квази-амандмани, за да може да ни се исплати социјалната помош од која ние живееме, а живеам со син кој боледува од церебрална парализа и прима само туѓа нега. Некој од тие што го кочат буџетот нека живее месечно со 6. 000 денари да видам дали може. Нека излезат да видат колку пензионери, социјални случаеви кочат, со кочењето на буџетот, изреволтирано вели Златка Николиќ, примател на социјална парична помош.
    Доколку не се изгаласа буџетот до крајот на 2013 година, по новогодишните празници протестите ќе се радикализираат, најави Ивица Младенов, претседател на невладината организација „Хоризонт“, која се бори за правата на социјало загрозените граѓани.
    Неможноста да се донесе буџетот за 2013 година ќе значи пензионерите да бидат без пензии, земјоделците без субвенции, а останатите социјално загрозени лица во Македонија , стечајците и другите ранливи категории граѓани да останат без своите месечни надоместоци за живеење.

  4. #244

  5. #245
    Avatar von Skitnik

    Registriert seit
    19.01.2010
    Beitrge
    1.327

    oh my gosh! :'D hahahahahhahahahahahhahahahahahhahahahhahahahahhah ahah


    je mehr ich darber nachdenke, desto mehr muss ich lachen! Jani knnt ihr sehen in kaficen, diskos, nebenbei an theaterauffhrungen und auf projektionen.


    loooooool der lallt schlimmer als wenn ich hacke bin. selbst besoffen mchte ich den noch prgeln!

  6. #246
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beitrge
    27.750






    Зошто Јани плачеше вчера? (ВИДЕО)

    Четврток, 20 Декември 2012 12:41





    Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на СДСМ, Јани Макрадули, вчера за време на отворањето на канцеларијата во центарот на градот заплака од голема возбуда, иако на јавноста навистина не и е јасно кои зборови навистина го трогнаа Макрадули.


    Дали Макрадули го трогнаа зборовите на Црвенковски дека е комита над комитите, храбар, упорен човек и дека добро игра баскет, или пак можеби зборовите на Нора Шакири дека кандидатурата ја поднел на Бајрам, останува енигма за сите.Ниту во владејчкта ВМРО-ДПМНЕ не знаат по кој повод биле солзите на Јани, но на шега коментираат:
    -Можеби станува збор за некој нов тренд кој Црвенковски преку Макрадули сака да го наметне до сите социјалдемократи во пресрет на следните локални избори кога ќе се објават изборните резултати.
    Макрадули вчера беше претставен како градски, урбан човек, а во јавноста е добро познат што не ретко може да се забележи по скопските кафулиња. Лидерот Црвенковски е горд на тоа што Макрадули добро игра баскет, често ги посетува скопските кафулиња и што „немало поголем Комита од Јани“.
    Црвенковски вчера не го пофали Макрадули кои проекти кандидатот за градоначалник на Скопје ги има спроведено досега и кои проекти ќе ги презентира за да ја добие довербата од граѓаните на Скопје, туку квалитетите на Јани дека е комита над комитите, добри игра кошарка и е градски човек од скопските кафулиња се доволни за да стане татко на градот.
    Останува отворено прашањето, дали ова можеби значи дека 90% од луѓето кои излегуваат по кафулиња и добро играат кошарка, ги прави потенцијални канндидати на опозициската партија?
    Засега е незапомнето еден искусен политичар како Црвенковски да излезе со вакви комични изјави за она што еден кандидат за градоначалник на Скопје може да им го понуди на граѓаните. Јавноста очекуваше дека ќе го претстават кандидатот со конкретни проекти и решенија за градот, меѓутоа како и во минатото СДСМ не понуди програма и концепт.
    Ваквиот пристап и вакво претставување на еден кандидат, како што се зборовите на Црвенковски и солзите на Макрадули, е многу неочекуван и според многуммина чуден и смешен. Можеби Црвенковски навистина верува во крајот на светот според календарот на Маите, па си кажа што му лежи на душа за Макрадули, а Јани на таквите зборови на лидерот одговори со солзи...

  7. #247
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beitrge
    27.750
    СДСМ е македонската Златна зора


    Петок, 21 Декември 2012 12:21





    СДСМ веќе шест години, и по три изборни циклуси (два вонредни), се обидува да се врати на власт со ултиматуми, револуции, востанија, а не преку избори. Лани избиравме, а сега јасно е како ден дека пак ќе одиме на вонредни избори. Оти СДСМ пак ни испорача ултиматум. И ова „Комуникате“ го прочита првата партиска фаца и доживотен партиски шеф. Рече дека или ќе биде по нивно, или нема да добиеме државен буџет! Или ќе биде по нивно, или нема да има локални избори! СДСМ, господо, со ова раководство длабоко верува дека „ним ПРИРОДНО им припаѓа правото да владеат“.

    Во врска со настаните во Собранието и буџетот, прочитав во „Дневник“ еден коментар на читател. Вели: „Кај се видело народ да протестира против опозиција“. Не се видело навистина, ама во тоа е и „кваката“. Јас од поодамна ве предупредувам дека СДСМ не е опозиција. Не е ни политичка партија. СДСМ е дијагноза. Како таква веќе шест години ги подрива државните институции, ја изложува на мајтап државата Македонија, го исмева населението, го дестабилизира општеството, им асистира на Грција, Бугарија и на Косово во остварувањето на нивните планови сврзани со македонска територија. Се активира швајцарски прецизно кога на земјава ѝ претстојат важни одлуки, кога се чекаат датуми или се пишуваат извештаи.Активно и гласно учествува во сите акции за влошување на меѓуетничките односи. Редовно ја подбуцнува или ДУИ или ДПА. Во 2008 година се радуваа на илјадниците амандмани на ДУИ и на блокадата на Собранието. Тогаш одработи за командантите на ОНА да станат владејачка партија. Сега партнер им е ДПА. Во 2001 година му упати ултиматум на Љупчо Георгиевски за влада на национален спас, која ја изработи победата на учките и капитулацијата на Македонија. Сега се коалициски партнери.
    СДСМ оговара, манипулира, шпекулира, денунцира и подрива. Нема црвени линии. СДСМ не признава собрание, судови. СДСМ тепа, штипе, турка, притиска, уценува, се заканува. Три собраниски калакурници досега организираше на ист начин и со исти глумци. СДСМ јавно и во континуитет бара Македонија да биде изложена на странска интервенција. Настојчиво сака да докаже дека државата не ни е самоодржлива и дека не е способна да го понесе товарот на демократијата. СДСМ не ја признава легитимната волја на избирачите, не ги признава изборните резултати, не дозволува партијата-победник да истера макар еден цел мандат за да можеме како гласачи да оцениме дали ја оправдале довербата што сме им ја укажале на денот на изборите. СДСМ ќе ги компромитира и овие локални избори. Си играат мајтап со скопјани. Па гледате ли дека го најавија Јани Макрадули како кандидат за „чиерлидерка“ (секси-навивачица) на спортски настани, а не за домаќин на градот. Во 2001 година го добивме терористот што обожава книги. Во 2013 година ќе имаме субверзивец со навивачко срце. Оти на избори, нели, нема да одат.

    СДСМ веќе шест години и по три изборни циклуси (два вонредни) се обидува да се врати на власт со ултиматуми, револуции, востанија, а не преку избори. Лани избиравме, а сега, јасно е како ден, дека пак ќе одиме на вонредни избори. Оти СДСМ пак ни испорача ултиматум. И ова „Комуникате“ го прочита првата партиска фаца и доживотен партиски шеф. Рече дека или ќе биде по нивно, или нема да добиеме државен буџет! Или ќе биде по нивно, или нема да има локални избори! СДСМ, господо, со ова раководство длабоко верува дека „ним ПРИРОДНО им припаѓа правото да владеат“. Никогаш не отстапиле од оваа идеологија. Затоа овој СДСМ е наша, македонска верзија на грчката Златна зора. По идеологија се идентични. По методите на дејствување се еднојајчени близнаци. По ефектите - национален срам. Жива среќа е само тоа што Македонците не се Грци и ваква политичка „филозофија“ на македонско тло не вирее. Ние се гадиме од силеџии. Ги сметаме за џган. Наше диво месо, кое ни ја обременува и валка историјата и ни го погани секојдневието.

    Некои наивци од власта гледам уште јавно се исчудуваат. Апелираат на совест и разум. Шефот на државата во своето обраќање пред пратениците констатира дека со ваквото однесување ја држат државата во заложништво. И министерот за финансии Ставрески цени дека блокирањето на буџетот е еден вид заложништво, кое тој ќе го решава така што им нуди компромис на киднаперите. Влатко Ѓорчев дури дијагностицира субверзивен активизам спротивен на Уставот.

    Сега, јас не знам кој колку знае што значи поимот заложник и заложништво, субверзивец и субверзија, но мислам дека на повеќето луѓе им е совршено јасен лекот за ваквата дијагноза. Тоа сигурно не се студени облоги или аналгин. Уште помалку прифаќање ултиматуми. Оти ваквата политика ги збунува граѓаните. Тие имено секогаш сакаат да се начисто кој е на власт во државата и кој раководи со институциите, односно кој го спроведува Уставот. Државата во никој случај не може да биде фрлена на колена од терористи ниту смее да капитулира. Капитулантот потоа губи секаква мерлива вредност, а тоа значи дека се самоубил политички. Како, на пример, Борис Трајковски и Љупчо Георгиевски. И Бранко Црвенковски и Мендух Тачи се од истата сорта, ама тие „формално-правно“ одбиваат да се соочат со тој факт.

    Кога дијагнозата е поставена, а повеќепати сме доживеале (редовно кога СДСМ е во опозиција) вакви субверзивни „изненадувања“, би било крајно неодговорно да не се прашаме кој беше овој пат чкрапецот за активирање на ова налудничаво сценарио? Доаѓањето на Метју Нимиц? Новиот балкански сојуз на Грција и Бугарија на сметка на Македонија? Признанијата и пофалниците на ММФ и на Светска банка? Најавите за нови странски инвестиции? Внатрепартиските превирања во пресрет на локалните избори? Сигурниот пораз на тие избори?

    Јас долго размислував. Прелистував што сум запишала како настан, вест, информација изминативе два месеци, кои во времето кога биле објавени не оставиле силен впечаток, ама кои носат во себе потенцијал на утрешни главни настани. И само една таква честичка со потенцијал на разорна бомба ми се виде информацијата за обновената истрага за авионската несреќа во која загинаа шефот на државата Борис Трајковски и речиси целиот негов кабинет. Освен Стево Пендаровски, кого шефот на СДСМ експресно го промовира токму деновиве за свој наследник на партискиот престол!? Во информацијата се вели дека истрагата ќе се насочела кон две државни служби, кои се сврзани со одржувањето и контролата на воздухопловите. Колку што знам, овие служби се под директна ингеренција на Владата, односно на некои ресорни министерства. Кога ќе го вклучите и времето на настанот и што сѐ предизвика, ќе се потсетите на неколку чудни однесувања во пресрет на круцијалниот настан. Јас, на пример, веднаш се сетив на онаа снимка (ТВ Сител) на која тогашниот премиер стравотно се потеше пред камерите додека соопштуваше дека ќе лета за Даблин за да ја предаде молбата за членство во ЕУ, а тоа беше токму ноќта пред да замине на кобниот лет Борис Трајковски. Се сетив и на снимката на поздравување на двајцата државни функционери во холот на Собранието (МРТВ), кога премиерот не сакаше да го погледне во очи шефот на државата. Па ми текна на неговиот блиц истовар во фотелјата на претседател на државата, иако пред тоа сите ги убедуваше дека такво нешто не му паѓа на памет зашто имал многу работа како шеф на влада. Сѐ ми се чини дека некому сврзано со овој настан му се вклучила сијаличката на длабок душевен вознемир, кој прерасна во драматична акција за разнебитување на државата.

    Не знам овој пат дали сум во право. Можеби премногу логично му приоѓам на сиот овој лудачки потфат. Упорно се трудам да рационализирам нешто што е вон памет. Можеби треба да се ставам во кожата на кој било од оваа група забегани егоцентрици, кои немаат чувство на одговорност, за да пронајдам зрнце лудачка логика во нивниот потфат. Едно знам со сигурност и сум го кажала илјадапати: шефот на СДСМ само кога ќе умре ќе се повлече од политиката, односно од партијата. Тоа значи НИКОГАШ зашто тој е длабоко убеден дека е бесмртен. Да! Некои болести бараат радикален третман. Во случајов изборот е на нас, како општество и држава, која ја плаќаме за да лови глувци, а не да одговара на сечии ултиматуми и да преговара со нагазни мини. Или тие неколкумина, или ние како народ! Секој друг исход ќе нѐ доведе до серија ежегодишни парламентарни избори и перманентна институционална и политичко-безбедносна криза.

    Автор: Мирка ВЕЛИНОВСКА за Нова Македонија

  8. #248
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beitrge
    27.750
    SO SIEHT DAS AUS WENN DIE SDS POLITIK MACHT!!!!!!!!!!!!!! да ти го ебам тоа комуњарското!!!!!



  9. #249
    clk
    Avatar von clk

    Registriert seit
    07.03.2012
    Beitrge
    4.470
    Zoki wen interessiert das hier im Forum? Der Thread ist einfach unntig verschieb solche Sachen in Nachrichten aus MK und gut ist.

  10. #250
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beitrge
    27.750
    Zitat Zitat von clk Beitrag anzeigen
    Zoki wen interessiert das hier im Forum? Der Thread ist einfach unntig verschieb solche Sachen in Nachrichten aus MK und gut ist.

    Das Thema hatten wir schon. Bin anderer Meinung

    Pozdrav

hnliche Themen

  1. Antworten: 32
    Letzter Beitrag: 07.11.2011, 04:30
  2. "Der Albaner" holt 2 Filmpreise in Moskau
    Von Karim-Benzema im Forum Rakija
    Antworten: 9
    Letzter Beitrag: 05.12.2010, 00:16
  3. Antworten: 11
    Letzter Beitrag: 19.10.2008, 00:39
  4. Antworten: 22
    Letzter Beitrag: 19.01.2008, 21:47