BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Erweiterte Suche
Kontakt
BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Benutzerliste

Willkommen bei BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen.
Seite 29 von 36 ErsteErste ... 19252627282930313233 ... LetzteLetzte
Ergebnis 281 bis 290 von 351

"Komödienstadel SDSM" Branko holt alte Garde wieder an Bord!

Erstellt von Zoran, 31.10.2011, 20:34 Uhr · 350 Antworten · 22.612 Aufrufe

  1. #281
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.750
    Der neue Verteidigungsminsiter

    377770_434813819930341_695652010_n.jpg

    - - - Aktualisiert - - -

    543611_10151434622062138_1341751632_n.jpg

  2. #282
    Avatar von Černozemski

    Registriert seit
    05.09.2009
    Beiträge
    10.269
    Neznam ama ovie od VMRO preteraa veke, pa kaj go ima toa Teroristi da ti sedat vo vlada. Toa samo kaj nas go ima. Za zalenje sme lugje. Edvaj mozeme vo svoja drzava makedonsko zname da stavime (ako slusnavte za Mislesevo, Strusko) pa sega ova.

  3. #283
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.750
    Zitat Zitat von Makedonier Beitrag anzeigen
    Neznam ama ovie od VMRO preteraa veke, pa kaj go ima toa Teroristi da ti sedat vo vlada. Toa samo kaj nas go ima. Za zalenje sme lugje. Edvaj mozeme vo svoja drzava makedonsko zname da stavime (ako slusnavte za Mislesevo, Strusko) pa sega ova.
    политички пазар, на ти го дај ми го. Овој мрчеше нешто за бранителите па предпоставувам дека така сега го купиле.

  4. #284

    Registriert seit
    02.08.2008
    Beiträge
    276
    Macht euch keine gedanken über die DUI oder diesen Dzaferi der wurde gekauft und ist eine Marionette von Gruevski geworden genau wie der besimi davor.....Alle Albaner von der DUI sind geldgierige puppen die nix zu sagen haben...VMRO hat die kontrolle über alles und jeden übernommen und kann sich sowas leisten. Die Oposition macht sich selbst lächerlich

  5. #285
    Avatar von Skitnik

    Registriert seit
    19.01.2010
    Beiträge
    1.327
    ich reg mich auf! und es ist ausnahmsweise nicht einfach nur die opposition.

    am liebsten würde ich alle aktiven positions und oppositionspolitiker an die wand stellen.

    wir waren auf dem weg eine äusserst interessante position einzunehmen, inder wir der eu unendlich jein sagen hätten können.

    nun haben sie einen hebel gefunden und es ist mit dem popolecken von eu seite aus.
    -.- nun wirds noch 20 weitere jahre gehen, dass das volk begreifft, dass die eu nichts gutes für uns ist.

  6. #286
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.750
    Zitat Zitat von Big MD Beitrag anzeigen
    ich reg mich auf! und es ist ausnahmsweise nicht einfach nur die opposition.

    am liebsten würde ich alle aktiven positions und oppositionspolitiker an die wand stellen.

    wir waren auf dem weg eine äusserst interessante position einzunehmen, inder wir der eu unendlich jein sagen hätten können.

    nun haben sie einen hebel gefunden und es ist mit dem popolecken von eu seite aus.
    -.- nun wirds noch 20 weitere jahre gehen, dass das volk begreifft, dass die eu nichts gutes für uns ist.


    МАКЕДОНИЈА

    Стразбур воздржан со коментарите за Македонија


    Стразбур внимателно следи што се случува во Македонија и се воздржува од пребрзи заклучоци и коментари. Германската европратеничка Дорис Пак сепак ја критикува македонската опозиција.
    Во Европскиот парламент владее извесна воздржаност кај европратениците, кои во голем број минатата недела ја посетија Македонија во обид да помогнат во изнаоѓањето на решение за излез од внатрешната политичка криза. Во разговорите што ги водевме со повеќе европратеници, без разлика на нивната политичка припадност, беа испратени повици за враќање на опозицијата во парламентот и учество на изборите.
    Германската европратеничка Дорис Пак, од групата на Народните партии во нејзини својствен стил беше директна со коментарот за ДВ во однос на неучеството на опозицијата на престојните избори.
    Дорис Пак
    „Тоа е неприфатливо и неодговорно однесување на социјалдемократската опозиција. Се валка имиџот на земјата и тоа не е доказ на политичка зрелост. На патот кој води кон Европската унија, тоа е некорисно“, вели Пак во нејзината изјава.
    Од извори на ДВ во Европскиот парламент дознаваме дека европратениците ќе имаат меѓусебно советување за евентуално испраќање во текот на неделава или до крајот на февруари на друга делегација во Македонија. За 28 февруари беше предвидена повторна расправа за предложенета резолуција за напредокот на Македонија од страна на Ричард Хауит, што и според самиот Хауит станува во сегашнава ситуација неизвесно.
    Слична е воздржаноста и во Советот на Европа, каде Република Македонија е членка од 1995 година. Таму ни беше речено дека ќе се обидат да се запознаат подобро со ситуацијата пред да реагираат.

    Деновиве група од 21 членови, на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ), кои доаѓаат од 17 земји членки, изразија загриженост „за функционирањето на демократските институции“ во Република Македонија. По одлуката на опозицијата да ги бојкотира локалните избори не е исклучено ПССЕ и воедно Советот на Европа да реагира во овај случај, како што реагираше во слична ситуација во Молдавија или Албанија.
    Конгресот на локалните и регионалните власти на Европа, кој како најнадлежен во Европа за следењето на локалната демократија, подготвуваше предизборна мисија во Македонија од 24 до 27 февруари, каде во земјата ќе требаше со претставници на централната и локалната власт, невладини организации, универзитетски работници и претставници на медиуми да се запознае со предизборната политичка и медиумска клима, пред да ја испрати делегацијата за следење на изборите на 24 март.
    Андре Бушман, известувачката во Конгресот за локалната демократија во Македонија, откако беше запозната со одлуката на опозицијата да не учествува на локалните избори, за ДВ кратко коментираше: „Оваа одлука само го поништува позитивниот карактер на извештајот на Конгресот за локални и регионални власти“.
    Имено, во октомври минатата година Конгресот го усвои извештајот во кој покрај забелешките имаше и многу пофални зборови за локалната демократија и процесот на децентрализацијата во Македонија.

    Стразбур воздржан со коментарите за Македонија | Македонија | DW.DE | 18.02.2013



    - - - Aktualisiert - - -

    БЦ, Горбачов, Штефи Граф и 2035 година


    Недела, 17 Февруари 2013 17:32






    Проблемот е што сега ги жртвува сите раководства на локалните организации на СДСМ. Наместо да се борат преку општинските совети, од нив ќе направат промотори на уличната „демократија“. Наместо да победат во 10 – 15 општини, преку бојкотот ќе нанесат децениска штета токму на локалниот СДСМ таму каде што СДСМ е силен.

    Зошто е во насловот 2035 година? Затоа што дотогаш има 22 години, а толку време веќе Бранко Црвенковски е на челото на СДСМ. Од 1991 година до денес, 2013 година. 22 години. Е па, замислете некој денес да стане претседател на СДСМ и да тера до 2035 година со само едни добиени избори на 15 септември 2002 година. Е, тоа му се случува на СДСМ овие 22 години, особено од 2003 година наваму.

    Бранко Црвенковски е претседател на СДСМ (СKМ-ПДП) уште од април 1991 година. Да, добро прочитавте: 1991 година. Можете ли да си замислите и ден-денес Михаил Горбачов, Франсоа Митеран или Хелмут Kол да се лидери на KПСС, социјалистите во Франција или ЦДУ? Не можете? Е, тоа му успеа и с` уште му успева на Бранко Црвенковски во СДСМ. Не знам дали ги хипнотизира или ги манипулира, но очигледно му успева.

    За да се види колку е далеку таа 1991 година, во оваа колумна ќе пишувам токму за 1991 година. За да видиме колку е далечна, а колку долго ништо се нема променето во СДСМ иако губи 6 пати по ред. Одиме по ред.

    Во годината кога Бранко Црвенковски стана претседател на СKМ-ПДП с` уште постоеше СССР, иако веќе 20 години не постои. Генерален секретар на Kомунистичката партија (KПСС) беше Михаил Горбачов. Немаше абер дека Борис Елцин ќе биде на чело на Русија. Но, БЦ ги помина и Евгениј Примаков, и Виктор Черномирдин, и Егор Гајдар, и Борис Немцов, и Игор Иванов, и Андреј Kозирев, и Владимир Путин, и Дмитри Медведев. Kога Бранко Црвенковски стана лидер на СДСМ, с` уште постоеше Варшавскиот пакт.

    На 15 март 1991 година САД и Албанија повторно ги воспоставија дипломатските односи по 1939 година откако Албанија беше сојузник на Италија, Германија, СССР и Kина од 1939 до 1990 година.

    На 17 март граѓаните на СССР на референдум гласаа за зачувување на СССР со цели 77 проценти. СССР се распадна 6 месеци подоцна.

    Лех Валенса како претседател на Полска е првиот полски претседател што извршил посета на САД. По Лех Валенса се сменија тројца претседатели на Полска, но не и Бранко во СДСМ. Тој вреди повеќе од Валенса, Kвашњевски, Kачински и Kоморовски заедно. Сите тие заедно одвај биле на чело колку Бранко на кормилото на СДСМ. Поминаа и 4 претседатели на САД – Џорџ Буш 41 и 43, Бил Kлинтон и Барак Обама.

    На 17 јуни 1991 година претседателот на Турција Тургут Озал го именува Месут Јилмаз за премиер на Турција. Додека БЦ е на чело на СДСМ, претседатели на Турција биле Тургут Озал, Сулејман Демирел, Ахмед Неждет Сезер и Абдула Ѓул. Премиери на Турција биле Јилдирим Акбулут, Месут Јилмаз, Сулејман Демирел, Ердал Инону, Тансу Чилер, вторпат Месут Јилмаз, Неџмедин Ербакан, трет пат Месут Јилмаз, Булент Еџевит, Абдула Ѓул и Реџеп Таип Ердоган. Се менуваат турските претседатели и премиери, но БЦ останува вечен во СДСМ.

    Во јуни германскиот Бундестаг за време на канцеларот Хелмут Kол гласаше да се премести главниот град од Бон во Берлин. Во јули 1991 „Вимблдон“ го освоија Штефи Граф и Михаел Штих. Граф е мажена веќе 12 години за Андре Агаси и има 2 деца. Сергеј Бубка во август 1991 повторно собори светски рекорд, а денес е човек на 50-годишна возраст. Одамна беше, нели?

    Во НБА с` уште играа Меџик Џонсон, Kарим Абдул Џабар, а Мајкл Џордан беше само млада ѕвезда во надоаѓање. Фронтменот на „Kвин“, Фреди Меркјури почина од сида. Во музиката беа актуелни Ванила Ајс, МЦ Хамер, „Њу кидс он д блок“, Ран ДМЦ и другите. Сите тие денес се средовечни луѓе, а „нивното“ време како да било пред 100 години. Но, лидерот на СДСМ уште ја има истата функција од нивното време.

    Генерален секретар на ОН беше Перез де Kуелјар, а по него дојдоа Бутрос Гали, Kофи Анан и Бан Kи-мун. На улицата Бихаќска нема промени. Kај компјутерите с` уште се користеа „атари“, „комодоре 128“, па дури и „комодоре 64“. Ретко кој имаше слушнато за „Мајкрософт“,компанија во силен подем.

    Во СФРЈ првак беше „Црвена звезда“ со Биниќ, Мркела, Просинечки, Панчев и Најдовски. „Југопластика“ со Kукоч и Раѓа, а Тајчи и Екстра Нена одеа на Евровизија. Матеја Свет победуваше во слалом. Горан Милиќ и Гордана Суша се обраќаа од екраните преку „Јутел“. Сите тие екипи до денес смениле многу тренери и постави, но тренерот на „Бихаќска“ останува и покрај сите порази. Тој се држи до олимпската максима: „Важно е да се учествува“. Иако сега најави и дека нема да учествува. Му здодеало од губење.

    Значи, не е спорна должината на претстој на СДСМ на Бранко Црвенковски на кормилото на СДСМ. Ако имал успеси, тогаш нема што да се приговори. Алекс Фергусон со децении успешно го води „Манчестер јунајтед“. Проблемот е што Црвенковски нема победено од 15 септември 2002 година. Проблемот е што веќе 6 пати по ред губат на избори, а внатрешно не се реформираат.

    Проблемот е што граѓаните не го паметат по ниту еден реализиран проект. Проблемот е што сега ги жртвува сите раководства на локалните организации на СДСМ. Наместо да се борат преку општинските совети, од нив ќе направи промотори на уличната „демократија“. Наместо да победат во 10 – 15 општини, преку бојкотот ќе нанесе децениска штета токму на локалниот СДСМ таму каде што СДСМ е силен.

    Но, тоа е нивен внатрешен проблем. За неколку години самите тие општински организации ќе увидат дека направиле стратешка грешка што го послушале Бранко Црвенковски во одлуката за бојкот.

    Секако, од целата оваа работа штета ќе има и Република Македонија. Затоа, и за СДСМ, и за опозицијата, и за Република Македонија редно е СДСМ внатрешно да се реформира после 22 години деспотизам и диктатура на Бранко Црвенковски на кормилото на СДСМ.Влатко ЃОРЧЕВ за Дневник

  7. #287
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.750
    Договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ









    Члновите на СДСМ во Струга се договриле да го поддршат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник д-р Владо Кочоски за да може првото место во градот да му припадне на Македонец.
    Со заеднички сили лутите политички ривали, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе се обидат во Струга градоначалничката фотеља да ја зафати Македонец, пишува Утрински весник. Според инофрмациите на весникот, Струшките членови на СДСМ ќе го поддржат кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Владо Кочоски, на претстојните локални избори во надеж дека ќе успеат заеднички да го добијат местото прв човек во градот.
    Според анализата на Утрински, пред четири години, албанските партии поделија над 15.000 гласа, а иста беше и ситуацијата со македонските со таа разлика што сега, Фиат Цаноски се договори со ДУИ, тие да го поддржат во Маврово - Ростуше, а тој од своите гласачи да побара поддршка за кандидатот на ДУИ, Арбен Љабеништа.
    Во Кичево за разлика од Струга, нема договор меѓу македонските политчки партии. Локалната организација на СДСМ иако нема кандидат, нема ни најава дека ќе го поддржи кадарот на ВМРО-ДПМНЕ Благоја Деспотовски. Кичево до сега го водеше Македонец, но со новата територијална поделба и приклучувањето на неколку околни општини во кои живее доминантно албанско население битката за прв човек на општината станува неизвесно. Кога опозицијата би го поддржала Деспотовски, тогаш изборите треба да ги решат доселениците од дијаспората за кои Ахмети најави специјален превоз.
    Во Маврово - Ростуше, поддршката од ДУИ за кандидатот на ПЕИ според Утирнски може да ги чини загубени избори во Тетово и Гостивар каде секој циклус, гласовите на МАкедонците го решавале победникот. Актуелниот градоначалник во Маврово, Мукрем Мехмеди, доби благослов од Груевски за нов мандат, но ДУИ и ПЕИ соопштија дека нивен заеднички кандидат е Зунун Зунини.
    „ДУИ прави една голема грешка, а тоа е што ни го минира кандидатот за градоначалник на Маврово-Ростуше. Место да ни дадат поддршка во битката со СДСМ, тие се обидуваат да направат коалиција со Фијат Цаноски и да го поддржат нивниот човек, а за возврат од нив да добијат поддршка во Струга. Отворено им кажавме, во ред, ќе ја добиете Струга, ние можеби ќе останеме без Маврово, ама пак, бидете убедени дека ќе изгубите во Гостивар и во Тетово“, уште пред дваесетина дена гостиварските членови на ВМРО-ДПМНЕ испратија јасна порака. Во Гостивар и особено во Тетово, македонските гласови ќе бидат одлучувачки при изборот на градоначалник, имајќи ги предвид заплетканите односи меѓу трите најголеми албански партии - пишува Утрински




  8. #288
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.750
    Змејковски: како голтарот Љубчо Георгиевски стана голем бизнисмен!


    Како Љубчо Георгиевски, човекот кој во деведесетите години немаше скршен динар в џеб, немаше пари ни за градски автобус стана голем бизнисмен, тоа треба да се провери, повикуваБорис Змејковски, еден од основачите на ВМРО – ДПМНЕ.





    Според Змејковски, првиот генерален секретар на ВМРО – ДПМНЕ, институциите треба да се заинтересираат и да направат проверка на потеклото и на патот на парите, капиталот, недвижностите што ги има Љубчо Георгиевски.
    Надлежните органи, како што вели, треба да направат многу проверки: како Георгиевски го купил хотелот во Делчево, како се приватизирала „Белимбегово“, една од најголемите живинарски фарми, како работело „Благовестие“.... Змејковски не се противи на инспекциска проверка и на неговиот бизнис – дури вели дека е спремен и во присуство на новинари да се изврши ревизија на неговото финасиско работење:
    „ Фабриката „Иднина“ во Кратово ја купив на јавна лицитација. И сега во оваа тешка криза таа добро работи и вработува 50 луѓе. Инспекциите може точно да проверат како и колку пари биле уплатени за таа фабрика. Парите јас не ги носев во торби. Точно се знае како е влезен и од каде е секој денар. Јас сум човек со корен, наследство, капитал. Георгиевски беше голтар, а стана голем бизнисмен“, вели Змејковски.
    Љубчо Георгиевски завчера беше обвинет од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Змејковски, Владо Таранталовски, Мане Јаковлевски,Васил Наумов и Дијана Таранталовска дека зад соработката и можноста за коалицирање со некогашниот ривал, Бранко Црвенковски и СДСМ, стојат само бизнис интереси. Претседателот на ВМРО – НП вчера им одговори со писмо на основачите во кое меѓудругото го обвини Змејковски и за сомнителен бизнис.
    Георгиевски го повика Змејковски на јавноста да и соопшти колку капитал тој има во Република Македонија и на кој начин го има стекнато.
    „ Тоа се ноторни лаги. Георгиевски сака од оваа хаотична ситуација во која е да го сврти вниманието.Толку време беше претседател на партијата, беше премиер, ако имало какви било сомнежи во моето финасиско работење, тоа можел да го провери во секое време. Инситуциите беа во негови раце, а како претседател на партијата ова прашање можеше да го постави на конгрес, пред органите на партијата. Ги имаше сите механизми. И се проверуваше, имав инспекции и немам ништо против тоа. Ги повикувам и сега да дојдат и да го проверат работењето на мојата фирма. Јас немам што да кријам. Но, треба некој да провери и како Георгиевски ги направи парите и се што земал на туѓо име, што опљачкал“, порачува Змејковски кој од самите почетоци на формирањето на партијата му бил буквално и личен финансиер на Георгиевски кој покрај отровните стрели што му ги упати на поранешниот сопартијец и пријател со јавноста го подели признанието дека сепак од сите таканаречени основачи, само Змејковски го признава за основач на ВМРО – ДПМНЕ.
    Змејковски во отворениот телефонски разговор денеска се потсети дека откако Георгиевски станал премиер во 1998 година всушност почнала и хајката против него под диригентската палка на покојната Доста Димовска која преку службите на УБК го контролирале буквално секој чекор на тогашниот генерален секретар:
    „ Не ми беше јасно зошто човекот кому му помогнав многу во животот, му крстив дете има потреба како што подоцна разбрав од сопартијците да ме мести“.
    Кога Змејковски решил да се соочи со Георгиевски и од прва рака да слушне кои се причине за хајката и за обидите да му смести финасиски малверзации добил ваков одговор:
    „ Јас морам да те скршам тебе финасиски, ти си опасен за мене“, се присетува Змејковски кој како што рече денеска после се „не е вредно, ниту има логика човек да се замара со промашен политичар каков што според него е Георгиевски.
    Змејковски по разидувањето со Георгиевски и Доста Димовска во 2000 година ја напушти партијата во која беше еден од основачите и формира нова партија ВМРО – ВМРО (Вистинска) на која беше лидер се до нејзиното расформирање и враќање во ВМРО-ДПМНЕ под водство на Никола Груевски.





  9. #289
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.750
    ТРИЕСЕТИНА ПРАТЕНИЦИ УСТА НЕ ОТВОРААТ, А ПЛАТА РЕДОВНО ЗЕМААТ

    Резултатите од „Мојот пратеник“ покажуваат дека Али Ахмети и Мендух Тачи се рекордери по бројот на отсуства од седницитеСобранието ги објави резултатите од 11. издание на апликацијата „Мојот пратеник“, за тоа кој колку бил активен во втората половина од изминатата година. Лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, се рекордери кога се во прашање оправдани отсуства од пленарните седници (по 66), следуваат Фијат Цаноски (53) и Рафет Мумировиќ (53). Изет Зеќири поставил 34 прашања, Беким Фазлиу 25, а Јордан Пачков 15.Најголем број предлог-закони имале СДСМ и нивната коалиција (7), Александар Николоски и Лилјана Затуроска по 4, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ 3.
    Пратениците на ДУИ поднеле дваесетина илјади амандмани, пред се’ поради Законот за бранители, кој со месеци ги дигаше тензиите во јавноста.
    Најактивни во дискусиите биле Изет Зеќири, Благоја Стојановски и Билјана Казанџиска. Јани Макрадули имал најмногу (контра)реплики, а за процедурални забелешки најчесто се јавувал Беким Фазлиу.
    „Вкупно 32 пратеници никогаш не дискутирале на пленарните седници, а триесетина пратеници никогаш не отсуствувале од пленарна седница“, зборуваат бројките на „Мој пратеник“.

  10. #290
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.750




    МАКРАДУЛИ: ЌЕ ЈА БОЈКОТИРАМЕ И ПЕСНАТА ЗА ЕВРОВИЗИЈА

    Во екот на политчката криза, Јани Макрадули повикува на бојкот и на песната на Евровизија



    Спотот бил по желба на премиерот, песната катастрофа. Јани Макрадули во колумна за порталот Плусинфо повикува да се бојкотира песната за Евровизија„Насловот ала Грујо: Империја. Која империја бе? Штета што само 34 зборови има песната па не се објаснува добро за каква империја станува збор? Империја за мизерија (преземен цитат од социјалните мрежи).Иако чувме и дека зборот бил избран за да може секое дете да го запамети. И немам дилема дека и тоа е смислено намерно со таква намера. Да се деконтаминира свеста и знаењето на младите во проектот на Груевски „Промени го идентитетот, па владеј“.Ако ја сакаме Македонија ова мора да се спречи! Бојкот за организаторите на ваквото претставување на Македонија со спот, а не песна. Отпор, да се заштитат Лозано и Есма и заштедат милиони евра пари на граѓаните, наменети за промоција на оваа песна.“Целата колумна прочитајте ја на Плусинфо

Ähnliche Themen

  1. Antworten: 32
    Letzter Beitrag: 07.11.2011, 04:30
  2. "Der Albaner" holt 2 Filmpreise in Moskau
    Von Karim-Benzema im Forum Rakija
    Antworten: 9
    Letzter Beitrag: 05.12.2010, 00:16
  3. Antworten: 11
    Letzter Beitrag: 19.10.2008, 00:39
  4. Antworten: 22
    Letzter Beitrag: 19.01.2008, 21:47