BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Erweiterte Suche
Kontakt
BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Benutzerliste

Willkommen bei BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen.
Seite 30 von 36 ErsteErste ... 20262728293031323334 ... LetzteLetzte
Ergebnis 291 bis 300 von 351

"Komödienstadel SDSM" Branko holt alte Garde wieder an Bord!

Erstellt von Zoran, 31.10.2011, 20:34 Uhr · 350 Antworten · 22.619 Aufrufe

  1. #291
    Avatar von artemi

    Registriert seit
    29.01.2011
    Beiträge
    9.636
    i jas bi ja bojkotiral, ne cini ic

  2. #292
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.750
    Бројот на албански гласачи се намалува, загрозен цензусот







    Бројот на албански гласачи се намалува во последните десет години, а владејачката ДУИ најмногу губи од својот електорат, додека најмногу добиле помалите партии, покажа анализата на „Либерта институт".

    Во 2011 година, на последните парламентарни избори, сите албански партии освоиле вкупно 206.917 гласови, за разлика од 235.742 освоени гласови во 2002 година.

    „Доколку македонската опозиција и конечно ги бојкотира локалните избори, во комбинација со трендот на паѓањето на довербата кон партиите во албанскиот политички блок, и нивна мала излезност, локалните избори закажани на 24-ти март многу лесно може да се претворат во вистински дебакл по однос на излезноста, и цензусот да биде на тенок мраз", заклучуваат во „Либерта" од анализата.

    „И покрај сериозните промени во временскиот рок кој е предмет на оваа анализа, останува заклучокот за промени во излезноста и политичките ориентации, кои имаат влијание и во намалувањето на бројот на албанските пратеници - 26 во 2002 година, потоа 28 во 2006 година, достигнувајќи го максимумот од 29 пратеници во 2008. и конечното паѓање на 25 пратеници на последните парламентарни избори во 2011 година, што е најниско ниво во изминатите десет години. Анализирано според партии, разликите се уште поголеми - владејачката албанска партија изгубила 30 отсто од гласовите од 2002 година, ДПА има постабилен ритам, додека другите албански партии покажуваат постојан раст - кој е неефективен поради поделбата на гласовите на повеќе партии", покажала анализата на „Либерта".

    Споредбените изборни резултати покажуваат дека Демократската унија за интеграција има најголема промена во гласачкото тело во изминатите десет години, а според овие податоци, ДУИ изгубила 30 отсто од гласачкото тело од 2002 година - од 145.538 на 98.472 гласови, што се одразува и на бројот на освоени пратенички места.

    Така, во 2002 година, ДУИ имала 16 пратеници, потоа 18 во 2008 додека е во опозиција, паѓајќи на само 15 на последните парламентарни избори.

    Иако без ниту една победа на парламентарните избори и само со неколку успеси на локално ниво, споредбата покажува дека Демократската партија на албанците успеала да го задржи своето гласачко тело. Споредено со 2002 година, ДПА освоила само 3.000 гласови помалку на последните парламентарни избори. Во целина, последните парламентарни извори и' донеле на ДПА само 8 пратеници, за разлика од 11 во 2006 и 2008 година. Ова може да се објасни не само со помалата поддршка од гласачите, туку и со нивната нееднаква концетрација во избирачките единици, што создава големи загуби.

    Единствениот раст, кој е речиси постојан, се забележува во партиите надвор од двојката ДУИ-ДПА. Успехот тука е главно концентриран во Националната демократска преродба и Нова демократија, кои добиле поголем број гласови. Иако комбинацијата на сите помали партии не може да се одрази во пратенички мандати поради нивната фрагментираност, јасна е тенденцијата на гласачкото тело за овие партии - од 29.592 гласачи во 2002 година, до 48.813 на последните парламентарни избори.

    Анализата покажува намалување на гласачите кои гласаат за албанските политички партии што е знак на изгубена доверба во претставниците и изгубен интерес за вклучување во политичките текови.

    Владејачката партија ДУИ ја има најголемата загуба на гласачко тело од 30 отсто што е уште посериозно ако се земе во предвид нивното речиси постојано учество на власт во изминатите десет години. И покрај стабилното гласачко тело и критиките насочени кон власта, ДПА не забележува сериозен раст на избори, оттука може да се каже дека го постигнале својот максимум. Постојаниот раст на партиите надвор од биномот ДУИ-ДПА е главно резултат на деконцентрацијата на поддржувачите, но истовремено зборува и за потенцијалот на гласачкото тело кое бара нови опции.

    Легитимитетот на албанските партии може да се загрози дополнително, доколку продолжи трендот на намалување на избирачкото тело, со што опаѓа бројот на освоени пратенички мандати во тековниот пропорционален избирачки систем и создава уште поголемо разочарување од избраните претставници и нивното владеење.

    Анализата ги истражува движењата во регионите со албанско гласачко тело, преку споредба на гласовите кои им се доверуваат на албанските партии во седум изборни циклуси во 21 општина, каде има значителен дел албански гласачи: Арачиново, Боговиње, Бутел, Врапчиште, Гостивар, Дебар, Долнени, Желино, Јегуновце, Кичево, Куманово, Липково, Осломеј, Сарај, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Зајас, Чаир и Шуто Оризари./крај/мф/бб


  3. #293
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.750
    Еј Зоки Зоране цела Македонија е со тебе





  4. #294
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.750
    ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сплотени за Струга

    пред 10 минути


    Кандидатот за градоначалник на Струга на ВМРО-ДПМНЕ и носителот на заедничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Владо Кочовски, инаку претседател на локалниот огранок на СДСМ во Струга Ристе Чушкоски сплотени ќе се борат за градот на Дрим.


    Извор: Курир


  5. #295
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.750
    Андреј Жерновски се пријавувал како невработен


    Четврток, 14 Март 2013 20:54





    Кандидатурата на Андреј Жерновски од ЛДП за скопски Центар е еден од поочигледните примери за лошите кандидати на СДСМ. Жерновски половина година примал социјален надомест за невработени, објавува Сител.

    Жерновски е во политиката долго време, а нема ниту еден настап по кој се памети. Тој нема ниту ден работен ден во стопанството, освен како советник, соработник на Ристо Пенов и пратеник во Собранието.
    - По истек на мандатот за пратеник Жерновски примал апанажа година дена, а потоа се пријавил како невработено лице, и половина година примал социјален надомест за невработени. Во моментов Андреј Жерновски е лице без работа, и без приходи па прави обид своето вработување да го реши како градоначалник на општина центар, пренесува телевизијата.
    Иако без приходи, според документацијата со која располага Сител, Андреј Жерновски е сопственик на три стана, што е реткост и кај оние кои се најуспешни во своите професии, а камоли кај невработените. Жерновски има соработка со градежната фирма Венекс со која соработува во изведба на градежни проекти.
    -Камpањата која ја води според неговите настапи во најголем дел покажува интерес за контрола врз градежните зафати и идни објекти во општина Центар што дава право да се заклучи дека неговата соработка со наведената градежна фирма е и негова главна изборна програма, објавува Сител.
    Според анкетите од минатата недела сегашниот градоначалник на Центар Владимир Тодоровиќ е во убедлива предност пред Андреј Жерносвки од ЛДП, кој е кандидиран од СДСМ.

  6. #296
    Avatar von Skitnik

    Registriert seit
    19.01.2010
    Beiträge
    1.327
    Zitat Zitat von Zoran Beitrag anzeigen
    Еј Зоки Зоране цела Македонија е со тебе





    omg -.- so roh will er die vmrovci also essen :'D

  7. #297
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.750
    DISLIKE, in solchen Momenten, zurück lehnen, Schweigen, Erfolg genießen, Skopsko trinken....



    ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковски е дезертер и кукавица

    МАКЕДОНИЈА | 25.03.2013 02:34









    Поврзани



    Прес-конференцијата на лидерот на СДСМ е само обид за прикривање на личната одговорност за огромниот пораз на неговата партија, која го загуби најголемиот дел од општините. Во неговите зборови веќе не веруваат ниту најтврдокорните членови на неговата партија, изјави рано изутринава на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
    Според владејачката партија, Црвенковски покажал дезертерски манири и кукавичлук, а својот обид да ја избегне личната одговорност го сторил шест часа откако биле затворени гласачките кутии.
    Предходно, според Димовски, неколку пати партискиот потпретседател Гордан Георгиев објавувал информации за водство на СДСМ во неколку општини, при што не зборувал за никакви нерегуларности.



  8. #298
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.750
    ДРОЉА невидена

    http://republika.mk/?p=129909

  9. #299
    clk
    Avatar von clk

    Registriert seit
    07.03.2012
    Beiträge
    4.470
    Zitat Zitat von Zoran Beitrag anzeigen
    ДРОЉА невидена

    http://republika.mk/?p=129909
    Opozicijata go kritikuva Premierot...ne gledam tuka nikakva antidrzavna izjava

  10. #300
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.750
    Zitat Zitat von clk Beitrag anzeigen
    Opozicijata go kritikuva Premierot...ne gledam tuka nikakva antidrzavna izjava
    Au da be, kaj grcite

    - - - Aktualisiert - - -



    1273997_234048756748979_1611146015_o.jpg

Ähnliche Themen

  1. Antworten: 32
    Letzter Beitrag: 07.11.2011, 04:30
  2. "Der Albaner" holt 2 Filmpreise in Moskau
    Von Karim-Benzema im Forum Rakija
    Antworten: 9
    Letzter Beitrag: 05.12.2010, 00:16
  3. Antworten: 11
    Letzter Beitrag: 19.10.2008, 00:39
  4. Antworten: 22
    Letzter Beitrag: 19.01.2008, 21:47