BalkanForum - das Forum fr alle Balkanesen
Erweiterte Suche
Kontakt
BalkanForum - das Forum fr alle Balkanesen
Benutzerliste

Willkommen bei BalkanForum - das Forum fr alle Balkanesen.
Seite 4 von 36 ErsteErste 1234567814 ... LetzteLetzte
Ergebnis 31 bis 40 von 351

"Komdienstadel SDSM" Branko holt alte Garde wieder an Bord!

Erstellt von Zoran, 31.10.2011, 20:34 Uhr 350 Antworten 22.605 Aufrufe

  1. #31
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beitrge
    27.745
    Der nchste Kandidat

    Еуфоријата му смета на Борјан Јовановски
    Среда, 25 Јануари 2012 18:41
    Еуфоријата му смета на Борјан Јовановски
    Додека цела нација е сплотена и ги слави успесите на нашите ракометари кои безрезервно се борат за боите на татковината во обидот да остварат што е можно подобри резултати, очигледно ваквата еуфорија која деновиве владее во нашата земја на некого не му одговара.

    Откако пред неколку дена јавноста ја коментираше колумната на потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев во „Утрински весник“ насловена „Патриоти, Право у Ниш“, по што следеа и реакции од неколку спортски федерации дека време е за навивање, а не за политика, навивачката еуфорија очигледно му смета и на поранешниот новинар на А1 телевизија, Борјан Јовановски.

    Имено, според оваа фотографија која стигна од читател до редакцијата на Курир, а направена со принт скрин од Фејсбук профилот на Јовановски, очигледно е дека Борјан Јовановски е во потрага по терапија за сите оние кои еуфорично ги поддржуваат нашите ракометари во Србија.

    "Што е терапијата за ублажување на навивачката егзалтација?! Не се трпи..., напиша Јовановски во статусот на својот Фејсбук пред неколку часа.

    Останува нејасно зошто додека во Србија рамо до рамо играме со големите репрезентации и самите покажуваме колку сме силни, на некого му пречи ваквиот успех и еуфоријата која несомнено владее во Македонија од стартот на шампионатот.

  2. #32

  3. #33
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beitrge
    27.745
    War kla, dass das so kommen wird.....

    Членството на ВМРО Народна го напушта Љубчо и се враќа во ДПМНЕ
    среда, 01 февруари 2012

    | - kirilica.com.mk

    Претседателот на ВМРО Народна партија Марјан Додовски, членовите на Извршниот и на Централниот Комитет заедно со целото членство преминуваат во ВМРО ДПМНЕ - најавуваат извори во ВМРО Народна

    Раководството на партијата се решило на ваков чекор следејќи ја волјата на поголемиот дел од членството кое веќе неколку месеци интензивно се прелевало во ВМРО ДПМНЕ. На оваа тема во изминатиот период имало големи несогласувања меѓу највисокото раководство на партијата предводено од претседателот Додовски и почесниот претседател на партијата Љубчо Георгиевски и неговите најблиски соработници кои не се согласувале со идејата за враќање во партијата која претходно ја напуштија.

    По повод овие случувања, претседателот на ВМРО-НП Марјан Додовски најави прес-конференција во „Холидеј Ин“ со почеток од 13 часот.

  4. #34
    Avatar von Skitnik

    Registriert seit
    19.01.2010
    Beitrge
    1.327
    Zitat Zitat von Zoran Beitrag anzeigen
    War kla, dass das so kommen wird.....

    Членството на ВМРО Народна го напушта Љубчо и се враќа во ДПМНЕ
    среда, 01 февруари 2012

    | - kirilica.com.mk

    Претседателот на ВМРО Народна партија Марјан Додовски, членовите на Извршниот и на Централниот Комитет заедно со целото членство преминуваат во ВМРО ДПМНЕ - најавуваат извори во ВМРО Народна

    Раководството на партијата се решило на ваков чекор следејќи ја волјата на поголемиот дел од членството кое веќе неколку месеци интензивно се прелевало во ВМРО ДПМНЕ. На оваа тема во изминатиот период имало големи несогласувања меѓу највисокото раководство на партијата предводено од претседателот Додовски и почесниот претседател на партијата Љубчо Георгиевски и неговите најблиски соработници кои не се согласувале со идејата за враќање во партијата која претходно ја напуштија.

    По повод овие случувања, претседателот на ВМРО-НП Марјан Додовски најави прес-конференција во Холидеј Ин со почеток од 13 часот.
    sollte der nicht beitrittsverbot haben? :S omg

  5. #35
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beitrge
    27.745
    Zitat Zitat von Big MD Beitrag anzeigen
    sollte der nicht beitrittsverbot haben? :S omg
    Der ist politisch Tot, die letzten Wahlen haben das gezeigt

  6. #36
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beitrge
    27.745
    ALBANISCHE ABGEORDNETE MIT DEN MEISTEN FEHLSTUNDEN IM MAKEDONISCHEN PARLAMENT!

    Groe Klappe aber nichts dahinter...

    http://www.kanal5.com.mk/default.asp...&eventId=86583
    Лидерите на албанските партии најмногу отсуствувале во Собранието

    Партиските лидери од албанскиот блок и лани имале најмногу изостаноци во Собранието. Најдолго време во законодавниот дом минал пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Спасеновски. Најактивен на пратеничките прашања бил Јани Макрадули од СДСМ, а уста воопшто не отвориле 29-мина народни избраници.

    Али Ахмети, Арбен Џафери, Мендух Тачи, Фијат Цаноски и Ермира Мехмети се првата петорка народни избраници кои имаат најмногу оправдани отсуства од пленарните седници.

    Меѓу 30-мината најприсутни на собраниските седници се претседателот на парламентот Вељаноски, потпретседателките Светлана Јакимовска и Сузана Салиу. Од пратениците најприсутен бил Александар Спасеновски, од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Овие податоци се од Извештајот за работата на Собранието од јуни до декември минатата година. Никогаш за дискусија не се јавиле дури 29 пратеници.

    Ем најприсутни, ем уста не отвориле се пратениците Васко Пашовски, Елена Павлова, Стефче Трпковски, Васко Мицевски, Јордан Пачков, Трајчо Димков, Димитар Стеванаџија, сите од ВМРО-ДПМНЕ.

    Најмногу, пак, дискутирале опозиционерите Зеќири, Николов, Бендевска, Иванова и Пауновски. Во категоријата нај, но овој пат за реплика – прв на листата е Зеќири од партијата на Руфи Османи, зад него е Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

    Арбен Лабеништа од ДПА и Јани Макрадули од СДСМ пак прашувале најмногу секој четврток во месецот на седниците за пратенички прашања. Последни на листата топ 10 во оваа категорија се Владимир Ѓорчев и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

    Опозицијата била и најактивна во поднесувањето на амандмани. Андонов, Бендевска, Орцев, Николов и Ставрев, поднеле вкупно над 1.200 амандмани. Во меѓувреме спикерот Вељаноски веќе најави дека по викендов во понеделник од координаторите на пратеничките групи очекува забелешки и мислења по предложениот текст на Етичкиот кодекс.

  7. #37
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beitrge
    27.745
    Anklage fr Crvenkovski? Er soll Immobilien verheimlicht haben!

    АНТИКОРУПЦИСКА ПОТВРДИ

    Прекршочна за Црвенковски, криел имот на Корчула и во Белград!

    Кривична одговорност е побарана и за Андреј Петров поради злоупотреба и непријавување на средства за изборна кампања

    Бранко Црвенковски не пријавил имот на Корчула и во Белград, иако бил должен да го стори тоа, и затоа ќе одговара прекршочно и ќе биде известена Управата за јавни приходи, која дополнително ќе треба да го оданочи имотот, информираа вчера од Антикорупциска комисија.

    Станува збор за имот од 395 квадратни метри на островот Корчула, стан од 77 квадратни метри во Белград и земјиште како и девизна заштеда од 26 илјади американски долари и 20 илјади германски марки кои неговата сопруга ги наследила, а не биле пријавени во анкетниот лист на Црвенковски.

    Според Законот за спречувањето корупцијата за Црвенковски е предвидена казна во висина од 500 до 1.000 евра додека УЈП може да го оданочи овој имот со стапка од 70 отсто од вредноста доколку лидерот на СДСМ не докаже дека имотот бил стекнат како резултат на примања што се пријавени и оданочени.
    - Бранко Црвенковски, во периодот кога беше премиер и претседател, го прекршил Законот за антикорупција, бил должен да ги пријави сите промени во неговиот недвижен имот и имотот на неговата сопруга, па затоа може да се иницираат две постапки, поднесок до надлежен прекршочен суд и барање за прекршочна постапка, рече Воислав Зафировски, претседател на Антикорупциска.

    Истрага на Антикорупциска, која почнала во мај минатата година, покажала дека имотот кој е на име на сопругата на Црвенковски го нема во анкетните листови па поради тоа тие побарале дополнителна информација од српските и хрватските власти кои потврдиле дека имаат регистрирано недвижен имот и девизни заштеди на името на Јасмина Црвенковска, но под моминското презиме.
    - Само еднаш Црвенковски има поднесено известување на промена на имотна состојба - дека патничко возило марка полоо е отуѓено и дека има купено џип марка гранд чирокии во вредност од 1,3 милиони денари притоа земајќи кредит од Комерцијална банка, додаде Зафировски.

    Во врска со парламентарните избори Антикорупциска соопшти дека од Јавното обвинителство ќе побара кривично гонење на Андреј Петров, организатор на изборната кампања на СДСМ. Тој ќе треба да одговара за повеќе дела како злоупотреба на средства од изборна кампања, непријавување и спречување на надзор како и неподнесување на задолжителниот финансиски извештај.
    - До Јавното обвинителство поднесовме иницијатива поведување кривична одговорност против Андреј Петров, овластено лице, организатор на изборна кампања на политичката партија СДСМ, поради сомнение за злоупотреба на средства од изборна кампања. Петров со непријавување на извор на финансии, со спречување на надзор и неподнесување на финансиски извештај и користење недозволени средства за изборна кампања го злоупотребил овластувањето кое му било дадено , изјави претседателот на Антикорупциската комисија, Воислав Зафировски.
    Двајцата управници пак ќе треба да одговараат и за давање на лажни и непотполни информации околу донациите и обезбедените средства за изборната кампања.

    Зафировски истакна дека според законот тајните донирања се санкционираат со парична или затворска казна.

    СДСМ вчера веднаш реагираше на наводите на Антикорупциска и најави кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластувања против претседателот и членовите на антикорупциска.
    - Антикорупциската комисија за нас повеќе не претставува државен орган и нема никаков кредибилитет да соопштува било што во јавноста. Членовите на комисијата кои се платени со парите на сите граѓани и земаат високи плати, единствено се машина за производство на лаги наменети за оцрнување на сите оние кои ќе го срушат од власт Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ
    Затоа денес најавуваме дека СДСМ ќе поднесе кривични пријави за свесна злоупотреба на службената положба и овластување, изјави Петров. (О.Ч.)

    Судиите да си останат судии
    Антикорупциска открила случаи во кои судии и јавни обвинители паралелно работеле и како универзитетски професори и членувале во управни одбори на фирми и институции.
    - Цениме дека професијата судија и јавен обвинител е многу авторитетна и моќна општествена позиција. Ангажманот на универзитетите не значи ништо друго, туку зголемена моќ, што значи и судир на интереси, изјави Зафировски.
    Поради тоа од Комисијата најавија дека ќе сугерираат до Републичкиот суски совет и Советот на јавни обвинители да ги преиспитаат барањата и дозволите за дополнителна дејност на судиите
    Претседателот на Антикорупциска најави дека до 2015 година се предвидува измена на законските решенија со кои нема да се остави предност за вршење дополнителна дејност на судиите.

    Астрономски сметки за гориво и телефони
    Двајцата поранешни директори на Агенцијата за цивилна воздушна пловидба, Ернад Фејзулаху и Зоран Крстевски, со соочуваат со кривични пријави поради утврдени неправилности во нивното работење.
    Ревизорските извештаи покажале дека биле плаќани големи суми на пари за гориво и мобилни телефони, но и дека биле спроведувани јавни набавки спортивно од законот.
    Така во извештајот стои дека во една година Агенцијата платила 2,7 милиони денари за сметки за службени мобилни телефони и 5 милиони денари за гориво. Покрај тоа за сума од 5 милиони деднари биле купени два автомобила од фирма која воопшто не учествувала на јавниот тендер а во спорни јавни набавки биле потрошени 15 милиони денари.
    Поради тоа Антикорупциска побарала Обвинителството против нив да поднесе кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластувања и за несовессно работење.

    Студентски дом - златна кокошка за директорите
    Тројца поранешни директори на студентскиот дом "Пелагонија", исто така, се најдоа на тапет на Антикорупциска поради финансиските малверзации тешки десетици милиони денари. Тие вршела набавки во четири очи од блиски фирми, плаќале неколку пати повисоки суми за набавената стока и издавале простории под закуп за смешна кирија. Штетата која била предизвикана Комисијата ја проценила на над 20 милиони денари.
    Станува збор за Азем Садики, Исмалил Абази и Бујар Муртезани, кои ќе одговараат за несовесно работење и за злоупотреба на службената положба и овластувања.

  8. #38

  9. #39
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beitrge
    27.745
    Das SMK (Macedonian World Congress) fordert die Inhaftierung von Georgievskis, auch die Konfiszierung seine Vermgens.

    СМК бара потекло и конфискација на имотите на Љубчо Георгиевски и негова депортација во Идризово
    СМК бара потекло и конфискација на имотите на Љубчо Георгиевски
    Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со внимание ја проследи веста на порталот “Македонска нација“ за документацијата околу бугарското државјанство на поранешниот премиер на Македонија, Љупчо Георгиевски.

    СМК смета дека после објавата на интервјуто на поранешниот бугарски потпретседател Ангел Марин, ополномоштен од последниот бугарски претседател Ѓорѓи Прванов за потпишување на указите за прием во бугарско државјанство, на службената интернет-страница на претседателот на Република Бугарија, даден на 21 јули 2006 година за весникот “24 часа“ на новинарката Диана К’нчева, работите стануваат многу јасни, а маските на Љупчо Георгиевски конечно паѓаат во вода. Поранешниот бугарски потпретседател, на 23 февруари 2006 година потпишал указ за прием во бугарско државјанство на Љупчо Георгиевски според неговото “бугарско потекло“. Потпретседателот на Република Бугарија Ангел Марин вели: “Бугарското потекло на Георгиевски е докажано!“
    Конечно и документирано е потврдена демисијата на овој отпадник од нацијата, од бугарски врховист, до бугарски државјанин поради своето “бугарско потекло“. Од проекциите за рекомпонирање на државноста со кантонизација, редефинирање на македонскиот етнитет преку индоктринација, диференцијација и селекција во македонското општество, пред се, во државната и јавната администрација, до извршител на симулираната војна во 2001 година и проекциите за внатрешна редистрибуција на територии и население во Македонија.

    СМК смета дека Љупчо Георгиевски е трајно минато свршено време за Македонците и за Македонија, кој изгуби секаков морал и кредибилитет да дели лекции по историја и демократија во Македонија, затоа што неговата цел е реализација на други и туѓи интереси за Македонија и во Македонија. СМК смета дека повеќе не постојат Македонци во светот кои се уште му веруваат, освен што е интересен за соседните контраразузнавачки служби и за СДСМ во намерата за реализација на сценарија за дестабилизација на Македонија и за рекомпонирање на власта поради промена на државното име Македонија, страст за власт и сласт за моќ и пари.

    СМК ги повикува надлежните органи да извршат потекло и конфискација на милионските имоти на Љупчо Георгеивски и конечно да го депортираат во Идризово поради велепредавство!

    Прилог: линк од интервјуто: http://www.president.bg/v_iziavi.php?id=2644&st=10

  10. #40
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beitrge
    27.745
    BRANKO E KRIV!!!!
    Der Youtube Hit aus Makedonien

    Ljubco Georgievski 2012 - "Ich bin Bugarophil"

    Ljubco Georgievski 1991 - "In meiner Partei gibt es keine Bugarophile"

Seite 4 von 36 ErsteErste 1234567814 ... LetzteLetzte

hnliche Themen

  1. Antworten: 32
    Letzter Beitrag: 07.11.2011, 04:30
  2. "Der Albaner" holt 2 Filmpreise in Moskau
    Von Karim-Benzema im Forum Rakija
    Antworten: 9
    Letzter Beitrag: 05.12.2010, 00:16
  3. Antworten: 11
    Letzter Beitrag: 19.10.2008, 00:39
  4. Antworten: 22
    Letzter Beitrag: 19.01.2008, 21:47