BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Erweiterte Suche
Kontakt
BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Benutzerliste

Willkommen bei BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen.
Seite 170 von 739 ErsteErste ... 70120160166167168169170171172173174180220270670 ... LetzteLetzte
Ergebnis 1.691 bis 1.700 von 7387

Nachrichten aus Mazedonien

Erstellt von Zoran, 28.02.2012, 09:06 Uhr · 7.386 Antworten · 425.629 Aufrufe

  1. #1691
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.891
    Zitat Zitat von Gostivari Beitrag anzeigen
    die nachrichten innteressieren mich

    Na das ist was anderes, aber weißt wie es ist, i am a working man

    Wenn ich mal frei hab bekommst du Übersetzung.

    Pozdrav

  2. #1692
    Avatar von Čento

    Registriert seit
    05.09.2009
    Beiträge
    10.178
    In dem Artikel geht es um die Diaspora, die ihre Städte versorgen. Man beachte die Karte, sehr interessant.

    Секоја држава храни по еден македонски град

    Дебар живее со американските долари, Виница работи во Италија, битолскиот Широк сокак налето се нарекува Австралија опен, а Куманово се наполни со Авганистанци. Позната е преспанската врска со Индијана, САД, или тетовската со Детроит. Албанците од полошкиот крај живеат од парите на роднините во Германија, Швајцарија и во Австрија. Понова гастарбајтерска приказна е заминувањето на жителите од источна Македонија во Италија

    МАКЕДОНИЈА СЕ КРЕПИ СО ПАРИ ОД ИСЕЛЕНИЦИТЕ
    Печалбарската традиција во Македонија е присутна два века, додека иселеничката повеќе од сто години. Нашинците живеат или работат во десетици држави во светот, на сите континенти, а притоа финансиски ги поддржуваат своите семејства.

    Иако, не постои точен податок колку пари влегуваат во Македонија од иселениците и од гастарбајтерите, се претпоставува дека тоа се над 1 милијарда евра годишно.

    - Сумата што ја добиваат македонските семејства од своите иселеници или гастарбајтери сигурно е над 1.200 милиони евра. Притоа мора да истакнам дека таа постојано расте, што, секако, се должи на сѐ поголемиот број граѓани што заминуваат на работа во странство или се иселуваат. Тоа ни го прави платниот биланс позитивен. Иако не може парите нагло да престанат да пристигнуваат, но ако почне тренд на намалување, тогаш сигурно нема да престане, а тоа ќе биде лошо за нашата држава - вели универзитетскиот професор Ванчо Узунов.

    Според него, неопходно е да се бараат алтернативи - што ако почнат да се намалуваат овие трансфери и како да се задржат граѓаните во земјата. Тој предлага анализи на тоа кои луѓе заминуваат на работа, што се по етничка припадност, пол, возраст, дали се враќаат, колку пари испраќаат и слично. Анализите треба да покажат какви мерки да се предложат за враќање на населението паралелно со развојот на економијата и отворањето нови работни места.

    Податоците, пак, објавени на веб-страницата на Народна банка за други трансфери покажуваат дека во Македонија минатата година пристигнале 1.414 милиони евра. Сепак, претпоставките се дека оваа сума е поголема, особено ако се има предвид дека пари се внесуваат и преку нелегални канали.

    - Живеам во Австралија веќе дваесетина години. Заминав уште многу млад, на 18 години, и успеав да најдам работа и да добијам државјанство. Иако имам семејство и четири деца, гледам барем на 2-3 години да дојдам во Македонија, да ги видам роднините. Иако редовно испраќам пари за моите, точна сума не можам да кажам, сѐ зависи од можностите - вели битолскиот Австралиец Пеце Диневски.

    Регионално отселување

    Меѓу населението важат девизи што го отсликуваат печалбарството и кои даваат слика каде најчесто заминуваат нивните сограѓани. Познати се ставовите дека Дебар живее со американските долари, Виница работи во Италија, битолскиот Широк сокак налето се нарекува Австралија опен, а Куманово се наполни со Авганистанци. Генерално, може да се забележи дека иако од секој град и регион има иселеници на разни страни, постои поврзаност меѓу локации во Македонија и странски градови и држави. Така, на пример, позната е преспанската врска со Индијана, САД, или тетовската (на Македонци) со Детроит и околината во американската држава Мичиген. Албанците од полошкиот крај заминуваат за Германија, Швајцарија и за Австрија. Понова гастарбајтерска приказна е заминувањето на жителите од Источна Македонија во Италија.

    Научни истражувања на оваа појава нема, а статистички се бележат миграциските движења, односно колку нашинци трајно се иселуваат.

    Социологот Илија Ацевски истакна дека во последниве години многу млади заминуваат во САД, каде што очекуваат подобри услови за живот. Според него, емиграцијата како појава се случува стотина години, но не е доволно истражена.

    - Почетоците на емиграцијата се врзуваат со преспанско-битолскиот крај, од каде што граѓаните најчесто се иселувале во Австралија и во Америка. Иселувањето во 1960-тите години било насочено кон европските земји, кон Германија, каде што се барале работници. Во последниве години, освен во САД, многу нашинци се иселуваат во Италија. Порано источниот регион важеше за област од каде што не се иселуваат луѓето, но во последниве години токму оттаму најмногу се иселуваат во Италија. Местата се менуваат во зависност од околностите, што се бара и што се нуди - посочува Ацевски.

    ИТАЛИЈАНСКА РАБОТА

    Поврзаноста меѓу регионите во Македонија и други делови од светот во почетокот настанала случајно, во зависност од тоа каде има можности за работа, а потоа луѓето се селеле каде што имале роднини, пријатели, соседи, познаници. За Куманово е познато дека масовно се оди во Авганистан, затоа што таму се отвориле канцеларии на посредници што обезбедувале работа во американските воени бази.
    Врската меѓу источна Македонија и Италија е најсвежа. Тоа е регион без печалбарска традиција со држава што претходно не важела за главна дестинација за иселување.

    - Со затворањето на некогашните компании, поради што граѓаните не можат да најдат работа, голем дел жители на Блатец се иселија низ Европа во потрага по работа. Најголем дел се во Италија, но има и во Луксембург, Швајцарија, Австрија и во Германија. Најголем дел се во Италија, зошто таму пред сѐ се занимаваат со земјоделски дејности, како лозарство, берење лешници, или се возачи или во некои градежни фирми - вели Бранко Младеновски, прв градоначалник на некогашната општина Блатец.

    жОд Блатец, кој на последниот попис имал 1.650 жители, или 530 домаќинства, во странство се над 600 жители, посочува Младеновски. Тој појаснува дека во некои случаи за Италија заминуваат цели семејства, а во други само работоспособните, кои по неколку години се враќаат. Според него, во Италија има иселеници од пред 15-20 години, кои не би се вратиле додека не почувствуваат сигурност во земјата. Од друга страна, вели дека доколку не се отворат нови работни места, тенденцијата ќе продолжи и во иднина.

    НЕИЗВЕСНИОТ ПАТ ПРЕКУ ОКЕАНИТЕ

    Во прекуокеанските земји почетното иселување било од политички и економски причини, а изборот на дестинација случајност, објаснува Ицо Најдовски, наш иселеник во Австралија. Тој во 1997 година магистрирал на тема - врските меѓу селата и градовите во Македонија со градовите во странство.
    - Првите дестинации на печалбарите биле блиските држави Романија, Бугарија, Србија. Потоа почнале да се селат во прекуокеанските земји, по случаен избор. Знаеле само дека брод од пристаниште на Јадранот или од Егејско Море тргнува кон некоја далечна земја што се вика Америка, Канада или Австралија. Ставале сѐ на ризик, немале информации каде одат и што ќе ги дочека. Откако се воспоставиле базите, почнала верижната миграција - вели Најдовски.

    Тој додава дека во почетокот на 1970-тите години Југославија и Австралија склучиле договор со кој условите за мигрирање на југословенските граѓани биле олеснети, добивале бесплатни билети или со симболична сума. Тогаш многу семејства од Битола и од Охрид се отселиле, бидејќи имало луѓе со потекло од овие краишта во Австралија, а бидејќи информациите се ширеле од човек на човек, полесно дознале и ја искористиле можноста. Најдовски нагласува дека случајот со неговото село Оптичари е мошне илустративен за верижната миграција.

    - Првиот човек од Оптичари што дошол во Австралија бил Димче Чичкаровски во 1967 година, а по него се иселиле семејството, роднините и соседите. Сега сме 150 семејства од селото во Австралија. Кога тука требале работници, најмногу во железарниците и во месарниците, работодавците ги прашувале своите вработени дали имаат роднини што би можеле да ги донесат. Така било подобро бидејќи има кој да го прифати новиот доселеник и да му помогне да се снајде и да го научи јазикот. Во Австралија сме сконцентрирани во исти места, во Престон и Сант Алберт во Мелбурн, во Рокдејл во Сиднеј - додава Најдовски.

    Стојадин Наумовски е нашинец во САД, во Стерлинг Хајтс во Мичиген (околината на најпознатиот автомобилски центар Детроит), по потекло од Тетово. Вели дека поврзаноста меѓу тетовскиот крај и Детроит има долга историја, главно преку семејната поврзаност и иселувањето цели села.

    - Етничкото чистење и зулумите во Македонија биле голем фактор што придонел кон тоа. Економските причини не биле единствени. Далечината била непремостлива без спонзорство, така што мотивите мора да биле длабоки за да се патува со месеци - смета Наумовски.


    Со парите од дијаспората може да се преполови невработеноста


    И покрај кризата, парите доаѓаат
    Според извештаите на Светска банка, странските инвестиции за време на кризата нагло се намалиле, тренд што е регистриран и во Македонија. Но, од друга страна, влијанието на светската криза врз трансферите е мало.
    - Парите што ги испраќаат иселениците во својата матична земја играат голема улога во формирањето на бруто-домашниот производ и имаат и позитивни и негативни ефекти врз економијата. Позитивно се рефлектираат врз банкарскиот сектор, бидејќи иселениците ги депонираат парите во банките во Македонија. Тие пари банките ги насочуваат кон нови бизниси - вели Душан Павловски од кабинетот на Министерот за странски инвестиции.
    Сепак, Павловски предупредува дека ваквите трансфери имаат и негативно влијание врз домашната економија, затоа што може да ја зголемат инфлацијата.


    Парите од гастарбајтерите се арчат
    Последното истражување на универзитетот „Американ колеџ“ покажува дека повеќе пари добиваат албанските семејства отколку македонските и дека многу мала сума од таа се инвестира.
    - Најголем дел од средствата што ги добиваат семејствата од своите иселеници се користат за трошење, а малку за инвестиции. Во 2008 година 40,2 отсто од средствата биле наменети за консумација, а во 2012-та дури 47,9 проценти. Од друга страна, во 2008 година за инвестиции биле потрошени 12,2 отсто, а во 2012-та само 1 процент. Истражувањето покажа дека во 2008 година просечниот износ на трансфер за едно семејство бил 1.990 евра, додека во минатата година 2.070 евра. Притоа, зголемен е и бројот на семејства што добиваат пари од странство од 15 на 20 проценти - вели Бранимир Јовановиќ од универзитетот „Тор Вергара“ од Рим и советник во Народна банка на Република Македонија.


    Број на македонски граѓани во одделни земји во светот

    Прекуморски земји
    -Австралија 83.983 (Австралиското биро за статистика, 2006 г.)
    -САД 51.955 (Попис на населението во САД, 2002 г.)
    -Канада 31.265 (Попис на населението во Канада, 2001 г.) 37.050 (Канадска статистика, 2006 г.)
    -Нов Зеланд 807 (Попис на население во Нов Зеланд, 2006 г.)

    Европски земји
    -Германија 62.295 (Германската централна канцеларија за статистика, 2006 г.)
    -Швајцарија 61.304 (Швајцарска статистика, 2005 г.)
    -lИталија 78.090 (Италијански институт за статистика, 31.12.2007 година)
    -Холандија 10-15,000 (Холандската организација за соработка со емигрантите
    – ЛИЗЕ)
    -Австрија 13.696 (Австриска статистика, 2002 г.)
    -Шведска 3.669 (Шведско биро за статистика, 2006 г.)
    -Франција 2.560 (Попис на населението, 1999 г.)
    -Белгија 2.535 (Попис на населението во Белгија, 2007 г.)

    Извор: Миграциски профил на Република Македонија 2008 г. - Влада на Република Македонија

  3. #1693
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.891
    Zitat Zitat von Adem Beitrag anzeigen
    Die wenigsten aus der Diaspora können mazedonisch.
    Übrigens, solltest du deine Texte noch einmal nicht übersetzen, werde ich dich melden.
    PS: Gesamtalbanisches Bündnis gibt es in MK leider nicht.

    Sagst ausgerechnet du

  4. #1694
    Avatar von Vali

    Registriert seit
    18.12.2012
    Beiträge
    6.167
    Zitat Zitat von Zoran Beitrag anzeigen
    Na das ist was anderes, aber weißt wie es ist, i am a working man

    Wenn ich mal frei hab bekommst du Übersetzung.

    Pozdrav

  5. #1695
    Avatar von FloKrass

    Registriert seit
    02.12.2011
    Beiträge
    8.733
    Zitat Zitat von Makedonier Beitrag anzeigen
    In dem Artikel geht es um die Diaspora, die ihre Städte versorgen. Man beachte die Karte, sehr interessant.
    Wieso ist in Komanovo/e eine Afghanische Flagge?

  6. #1696
    Nonqimi
    Zitat Zitat von FloKrass Beitrag anzeigen
    Wieso ist in Komanovo/e eine Afghanische Flagge?
    Das wollte ich auch gerade fragen dort müsste Schweiz sein

  7. #1697
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.891
    Zitat Zitat von FloKrass Beitrag anzeigen
    Wieso ist in Komanovo/e eine Afghanische Flagge?

    Soldaten, und viele Zivile arbeiten dort

    - - - Aktualisiert - - -

    Es wurden auch schon Makedonier dort exekutiert wegen zusammenarbeit mit USA

  8. #1698

    Registriert seit
    03.11.2009
    Beiträge
    13.141
    Zitat Zitat von Zoran Beitrag anzeigen
    Sagst ausgerechnet du
    Ich übersetze sie immer

  9. #1699
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.891
    Zitat Zitat von Adem Beitrag anzeigen
    Ich übersetze sie immer

    Lüg wo anders.

    Zitat Zitat von Adem Beitrag anzeigen
    Das was die Mazedonier uns vorgeworfen haben mit der Diaspora machen sie jetzt selber:

    Maqedonasit ftojnë diasporën për të fituar Kërçovën e Strugën - Lajme - Koha Net
    Pozdrav

  10. #1700

    Registriert seit
    03.11.2009
    Beiträge
    13.141
    Die albanische Diaspora versorgt am größten Teil Mazedonien.

    - - - Aktualisiert - - -

    Zitat Zitat von Zoran Beitrag anzeigen
    Lüg wo anders.



    Pozdrav

    Ja siehste, das ist übersetzt


Ähnliche Themen

  1. BF-Nachrichten
    Von Laleh im Forum Rakija
    Antworten: 111
    Letzter Beitrag: 11.01.2014, 03:15
  2. Nachrichten?
    Von Chavo im Forum Rakija
    Antworten: 13
    Letzter Beitrag: 30.12.2010, 01:36
  3. mazedonische nachrichten....
    Von MIC SOKOLI im Forum Balkan im TV
    Antworten: 17
    Letzter Beitrag: 15.08.2009, 03:04