BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Erweiterte Suche
Kontakt
BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Benutzerliste

Willkommen bei BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen.
Seite 5 von 5 ErsteErste 12345
Ergebnis 41 bis 46 von 46

Sammelthread: Ethnische Zusammensetzung Mazedoniens

Erstellt von Černozemski, 05.10.2012, 03:10 Uhr · 45 Antworten · 4.847 Aufrufe

  1. #41
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.750
    Zitat Zitat von Adem Beitrag anzeigen
    Albaner und Mazedonier kommen sich näher <3

    Glaub ich kaum, da die geographische Gegebenheit jetzt schon nah ist, da wird sich eine verrückende Gemeindegrenze nicht bemerkbar machen.

  2. #42
    Avatar von Lazarat

    Registriert seit
    18.12.2011
    Beiträge
    6.695
    Gazi baba <3

  3. #43
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.750
    Zitat Zitat von Bobbi Beitrag anzeigen
    Gazi baba <3

    Ghetto²

  4. #44
    Avatar von Spliff

    Registriert seit
    08.08.2011
    Beiträge
    2.579
    Die Karte zeigt wie groß der Anteil der Bosniaken ist anhand der letzten Zählung. Ist eine neuen Zählung schon geplant?

  5. #45
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.750
    Мицов: Во Македонија нема повеќе од 18% Албанци - да се поништи Рамковниот договор

    Етнички буџет, дводомен парламент, Бадентеров принцип на одлучување во судството, албанскиот официјален јазик на цела територија. Ова се некои од прашањата што симултано се отворија повторно за време на изборите, и тоа од партиите на македонските Албанци. Многу странски и домашни политички аналитичари без дилема ги оквалификуваа барањата како модел чија практика директно би го нарушила унитарниот карактер на Република Македонија. Отворено, тешко дека ќе се слушне оти македонските Албанци се залагаат за федерализација, но елементите што се бараат водат директно и недвосмислено кон тоа. Тоа се барања или параметри со кои се идентификува една федерална држава, а Македонија е унитарна држава. Тоа се барања што трасираат една политичка патека, која води кон федерална држава.
    Приказната повторно ја почна ДУИ со барањето за консензуален претседател и кампањата за бојкот на претседателските избори.
    Според Стефан Влахов Мицов од Институтот за национална историја, целта на албанскиот фактор е јасна - прво федерализација на Македонија, а второ отцепување на западна Македонија од македонската држава.
    - Ова е планот што тие го туркаат од поодамна или од осамостојувањето на Македонија. Периодот 1991-2004 година е пораз за македонската државност. Тоа заврши со Законот за територијана поделба.
    Моментално де факто западна Македонија е откорната од преостанатиот дел на државата. Ова е видно таму и со албанските знамиња - вели Мицов.
    Според него, проблемот е што во периодот од 2006 година до денес не се преземаат мерки за спречување на албанската експанзија.
    - Тоа го гледаме и во денешната изборна кампања. Ахмети и Тачи зборуваат конкретно, македонските политичари молчат - укажува Мицов.
    За тоа како да се одговори на барањата, тој вели дека прво мора да се создаде влада со минимална улога на албанскиот фактор, ако не може сосема да се елиминира. Второ, веднаш да се спроведе попис на населението за да се види колку Албанци има во Македонија. Ако се воспостави дека се помалку од 20 проценти да се поништи Законот за територијална поделба. Ако се повеќе, а тоа е малку веројатно, бидејќи има процени дека се помеѓу 13,5 и 18,5 проценти од населението да се спроведе референдум за поништување на законот. Тој оди дури и дотаму што вели дека треба да се поништи рамковниот договор од 2001 година. Предлага да се изгласа закон за одбрана на македонската државност со најстроги казни за прекршување на македонските закони и македонските Албанци да имаат такви права како што имаат и другите малцинства во Македонија и толку колку што имаат Македонците во Албанија.
    - Таквата политика на македонската влада ќе наиде на страшна реакција на Албанците, но и на дел од меѓународната заедница. Затоа мора македонската надворешна политика да побара алтернатива - вели Мицов.
    Во спротивно, според него, македонската агонија ќе продолжи до уништување на македонската држава и укажува дека проблемот е што не се гледаат македонски политичари и државници што ќе го спречат идното уништување на Македонија.

    - - - Aktualisiert - - -

    Додека глумиме Европејци, ДУИ крои планови за размонтирање на државата
    Приказната повторно ја почна ДУИ со барањето за консензуален претседател и кампањата за бојкот на претседателските избори. Барањата на ДУИ за промена на политичкиот систем во државата несомнено ќе продолжат и во следниот период и уште повеќе ќе се интензивираат, особено по осознавањето на резултатите од првиот круг претседателски избори, каде што се виде дека ДПА нема значително влијание кај Албанците и клучниот збор и понатаму го држи Али Ахмети
    ШТО СЕ КРИЕ ЗАД ФЛОСКУЛАТА КОНСЕНЗУАЛЕН КАНДИДАТ

    Барањата на ДУИ за промена на политичкиот систем во државата несомнено ќе продолжат и во следниот период и уште повеќе ќе се интензивираат особено по осознавањето на резултатите од првиот круг претседателски избори, каде што се виде дека ДПА нема значително влијание кај Албанците и клучниот збор и понатаму го држи Али Ахмети. Во таа насока аналитичарите го толкуваат и барањето на премиерот Груевски за 62 пратеника за да се избегнат можните и очекувани уцени од ДУИ. На овој начин, освен константниот и силен притисок однадвор на меѓународната заедница за разни бенчмаркови, особено за името, имаме и притисок однатре од Албанците, со премолчена согласност и на дел од меѓународната заедница. Станува збор за барања што не се нови. Беа тема пред неколку години или на последните парламентарни избори во 2011 година, а особено се актуализираа во 2001 година.

    Тоа се процеси што не само што се поддржани однадвор туку и се поттикнати најверојатно оттаму. Со ова се согласуваат многу македонски интелектуалци, универзитетски професори, дипломати, историчари, поети.

    Кои се нивните размислувања? Што велат тие за овие барања на македонските Албанци и како ги објаснуваат?

    Отворени карти

    За да се разберат политичките мотиви во поставувањето неприфатливи, неуставни и целосно нереални барања од албанскиот фактор мора да се вратиме на причините за војната од 2001 година.

    - Корените се артикулирани во првите пет соопштенија на ОНА, дека војната се води за „ослободување“ (албански!) територии. Откако не успеа тоа, со рамковниот од Охрид, се отвори широк простор за постепена и етапна реализација на истата намера. Главен репрезент на оваа политика се истите тие што ја водеа војната - ДУИ. И други албански лидери не се далеку од големоалбанскиот проект, чија реализација се крие зад сето тоа. Откако влезе во власта, се знае со чија помош, ДУИ подолго време тактички мируваше, за да се подзаборави војната - изјави Ристо Никовски, дипломат.

    Меѓутоа тој смета дека во последниве неколку години тие ги отворија сите карти и грубо настојуваат пропуштеното во 2001-та да го реализираат со политички уцени и ултиматуми. Мора да се признае дека во тоа се исклучително успешни, благодарение на глупоста на другите, додава Никовски.

    Првиот чекор за разбивање на државата е федерализацијата и на тоа упорно и одлучно работат преку разни форми и модалитети.

    - Добар дел македонски политичари или не го забележуваат тоа или, што е поверојатно, се прават недоветни само за да ги постигнат своите лични и партиски политички цели. Во овој контекст спаѓаат: наметнувањето на „победничките“ партии да формираат влада; барањата за етничка поделба на буџетот; дводомното Собрание; изедначувањето на албанскиот јазик со македонскиот; Бадентеровиот принцип во судството... Впрочем, најсвеж пример е ултиматумот за т.н. консензуален претседател, што е чиста бесмислица ама политички добро спакувана - вели Никовски.

    Според него, споменатите барања достигнаа ниво што веќе предолго се толерира и сегашните избори мораат да отворат простор за конечно да им се стави крај.

    - Во прашање се крајно опасни процеси, кои, за жал, не само што се поддржани туку, многу веројатно, се и стимулирани однадвор. Тие отворено мораат да се осудат, со одлучно и аргументирано објаснување на нивната заднина. Како и во сѐ друго, за еден ваков чекор голем хендикеп е длабоката поделеност меѓу Македонците. Затоа, мора да се преземе сѐ што е можно, претходно да се постигне макар минимален национален консензус за ова клучно прашање. Не смее да се дозволи главната македонска опозиција да застане зад другата страна, изигрувајќи „Европејци“ или „демократи“. Тоа би било рамно на катастрофа - категоричен е Никовски.

    Фото: Дарко Андоновски

    Јасна цел

    И според Стефан Влахов Мицов од Институтот за национална историја, целта на албанскиот фактор е јасна - прво федерализација на Македонија, а второ отцепување на западна Македонија од македонската држава.

    Западна агенда

    Дека не се нови овие барања на македонските Албанци смета и поетот Ефтим Клетников, еден од иницијаторите на „Македонскиот манифест“, по повод, како што велат неговите идејни творци, засилениот притисок врз РМ да го промени уставното име.

    - Сега само со груба радикалност, својствена на нив, ги обелоденуваат. Тие се уште од 2001-та наваму или, ако сакате, уште поназад уште, од Призренската лига со која е зацртан планот за голема Албанија. Треба да се истакне дека амбасадорот на САД, Волерс, во првото свое интервју по неговото назначување за амбасадор во Македонија рече дека 2001 година и Охридскиот рамковен договор се американска агенда - вели Клетников.

    И што понатаму прашува тој, додавајќи дека во таа агенда веројатно е и барањето за консензуален претседател, што значи претседател Албанец, како и најновите барања на ДПА, што се всушност барања и на ДУИ за етнички буџет, дводомен парламент и официјализирање на албанскиот јазик на целата територија на РМ.

    - Тоа, пак, како ден е јасно дека се бара федерализација на Македонија, која и без тоа во некоја полуматна варијанта постои. Од албанска страна апсолутно не се почитуваат Уставот и унитарниот карактер на македонската држава. Охридскиот рамковен договор, чие потпишување беше капитулантски акт за Македонија стана незаситна ламја, која бара нови и нови жртви на нејзиниот „демократски олтар“.
    Албанскиот јазик на диво се спроведува кај што ќе се стигне. Македонија е единствен пример во светот во кој мнозинството е во небрано лозје од малцинството и во кој постои единствената правна измислица во светот, Бадентеровиот закон - вели Клетников.

    Според него, од демократите Американци и Европејци ни е сосема наметнато етничко, а не граѓанско општество, како што прилега на вистинска демократија.

    - Згора на тоа, наметната ни е и ликвидација на името и идентитетот, па сега гледајте каква ни е ситуацијата. Македонија сега е слично на култната слика „Житно поле со гарвани“ на Ван Гог - смета Клетников.

    Тој укажува дека спас има во соживотот што го нудиме, а го одбиваат, како и во македонското единство, „а вие гледате сега како двете најголеми македонски политички партии си ги вадат очите, а Стево Пендаровски нѐ убедува дека и името треба рамковно да го решиме“.

    ОБСЕ: Ефикасно спроведен прв круг
    Шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, амбасадорот Герт Аренс, оцени дека првиот круг претседателски избори беа ефикасно спроведени, а изборната кампања беше активна. Тој дополни дека процесот на регистрација на кандидатите бил инклузивен, а кандидатите имале можност слободно да ја водат изборната кампања.
    Според Аренс, основните слободи биле испочитувани, но, како што рече тој, непристрасното медиумско покривање и неразграничувањето меѓу државните и партиските активности не обезбедило рамноправен натпревар меѓу кандидатите. Аренс ги пофали изборната администрација и работата на ДИК. На прашањето дека на прес-конференцијата воопшто не се слушнала оцената фер и демократски избори, Аренс одговори дека не ги оценуваат изборите по принципот бело и црно и дека конечната оцена на изборите ќе ја дадат по завршувањето на вториот круг.

    МОСТ: Мирна атмосфера за гласање
    Гласањето во првиот круг од претседателските избори помина во мирна атмосфера со изолирани тензични ситуации и релативно висок одѕив на граѓаните, имајќи го предвид фактот дека една политичка партија водеше кампања за бојкот на претседателските избори. Ова е прелиминарната оцена на граѓанската асоцијација МОСТ за првиот круг, формирана врз основа на извештаите и информациите од своите набљудувачи и од 29-те регионални координатори.
    Сепак, посочи МОСТ, фактот што видливото мастило лесно се отстранувало бил причина за поголем број, како што наведе, издржани реакции од јавноста и од гласачите. Ваквата појава, според МОСТ, влијаела врз довербата на гласачите во изборниот процес.
    - Забележан е намален интензитет на случаи на водење негативна кампања и користење службени возила, но, од друга страна, малолетниците беа злоупотребувани во кампањите на сите политички субјекти. Во текот на кампањата за претседателските избори беше забележана реторика што беше соодветна за парламентарните избори - оцени МОСТ.

    ДУИ нема да поддржи никого за претседател
    ДУИ нема да даде поддршка на еден од двајцата кандидати за претседател во вториот изборен круг. Ова вчера го најави партискиот лидер Али Ахмети.
    - Ние ќе продолжиме да ги повикуваме Албанците да ја потврдат својата одлука како на 13 април. На 27 април ќе гласаат за ДУИ и ќе апстинираат на претседателските избори. Преговорите завршија пред три месеци и сега нема потреба да се разговара. Идејата за консензуален претседател е многу поголема од евентуалната поддршка за двајцата кандидати за претседател. Избраниот претседател ќе биде едностран, нема да биде претседател на втората по големина етничка заедница - рече Ахмети. А.С

    Што велат бројките?
    Во меѓувреме, по првиот круг на претседателските избори, до некаде се искристализираа работите во албанскиот блок партии што влегуваат со различни очекувања пред парламентарните избори на 27 април.
    ДПА, пак, која имаше свој претседателски кандидат, не успеа да ги анимира македонските Албанци да излезат и да гласаат за нивниот кандидат, освен оние што главно се нејзино гласачко тело. Во 2009 година на претседателските избори во првиот круг кандидатот на ДПА добил 30.225, за кандидатот на ДУИ гласале 73.629, а за кандидатот на Нова демократија, Имер Селмани, 147.547, а тој гласеше за личност што придоби и гласачи од македонскиот блок.
    Од 14 општини, во колку што ДУИ има свои градоначалници, одѕивот беше неколку пати помал од оној на претходниот изборен циклус за претседател што се одржа во 2009 година. Мал беше и одѕивот во Струга и во Студеничани, општини во кои ДПА има свои градоначалници. Ако во 2009 година во Струга имаше одѕив од 45,9 проценти, оваа година одѕивот беше 21,57 процент. Во општините каде што ДУИ има свои градоначалници или важат за нејзино упориште, како на пример Кичево, во 2009 година гласале околу 48 проценти, а во неделата околу 28 проценти. Но имаше и општини каде што до 17 часот (бидејќи до тој период има бројка на одѕив по општини) не гласале ниту 10 проценти, тоа се Арачиново, Боговиње, Желино, Липково, Сарај. Од бројките може да се види дека во голем процент се реализира повикот за бојкот од ДУИ на Али Ахмети.

    Преполовен одѕив
    Што велат бројките за поголемите градови или општини во кои има македонски Албанци-градоначалници. Струга во која градоначалникот е од редовите на ДПА очигледно не успеа да ги анимира граѓаните да гласаат за нивниот кандидат. Одѕивот е двојно помал од оној на изборите во 2009 година на првиот круг од гласањето. Ако на претседателските избори во 2009 година гласале околу 46 проценти, на првиот круг на годинешниве претседателски избори излегоа околу 22 проценти.
    Сличен е соодносот и во Тетово, Кичево и во Гостивар, каде што има градоначалници на ДУИ. Во Тетово на претходните избори гласале околу 42 проценти, а на овие околу 20 проценти од граѓаните. Во Кичево, во кое сега спаѓа и Зајас, кој претходно беше посебна општина, на изборите во 2009 година гласале околу 49 проценти, годинава околу 28 проценти од граѓаните. Во Гостивар, кој минатата година на локалните избори го презеде ДУИ (претходно градоначалник беше Руфи Османи, избран во 2009 година, по иницијатива на група на граѓани), на претходните избори за претседател гласале околу 41 процент, а сега на првиот круг претседателски избори околу 19 проценти.

    ЕУ ќе ги коментира изборите по вториот круг
    Европската комисија (ЕК) ќе го чека вториот круг на изборите за претседател на Република Македонија, како и оцената на ОБСЕ/ОДИХР за тоа како завчера помина првата рунда од гласањето, за официјално да го каже својот став за изборите за шеф на државата. Ова за МИА го изјавил портпаролот на ЕК, Петер Стано.
    - Генерално, изборите се важен дел од демократскиот процес и ние затоа отсекогаш ги следиме одблиску и набљудуваме што се случува. Како што знам ќе има втор круг на изборите и затоа нема официјално да коментираме пред втората рунда - истакна Стано.
    Во однос на атмосферата и влијанието на овие избори, портпаролот на ЕК посочи дека тие се набљудувани од ОБСЕ/ОДИХР и дека Брисел ќе ја чека нивната оцена, оти вообичаено, по нивната генерална оцена, комисијата излегува со својата позиција, што е случај со изборите кај сите земји-партнери.

  6. #46

    Registriert seit
    30.01.2011
    Beiträge
    2.708
    Zitat Zitat von Zoran Beitrag anzeigen

    Übersetzung? Oder wenigstens eine Zusammenfassung.

Seite 5 von 5 ErsteErste 12345

Ähnliche Themen

  1. Antworten: 148
    Letzter Beitrag: 17.10.2013, 02:54
  2. Die ethnische Struktur Mazedoniens
    Von Černozemski im Forum Politik
    Antworten: 150
    Letzter Beitrag: 21.03.2012, 01:28
  3. Ethnische Zusammensetzung der Partisanen
    Von Sousuke-Sagara im Forum Geschichte und Kultur
    Antworten: 199
    Letzter Beitrag: 17.04.2008, 12:57
  4. Ethnische Zusammensetzung der Gemeinden in der Vojvodina
    Von Ravnokotarski-Vuk im Forum Politik
    Antworten: 50
    Letzter Beitrag: 21.06.2007, 20:37
  5. Genaue Ethnische Zusammensetzung Bosnien&Hercegovinas..
    Von Ravnokotarski-Vuk im Forum Politik
    Antworten: 69
    Letzter Beitrag: 08.11.2006, 18:11