BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Erweiterte Suche
Kontakt
BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Benutzerliste

Willkommen bei BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen.
Seite 72 von 76 ErsteErste ... 2262686970717273747576 LetzteLetzte
Ergebnis 711 bis 720 von 751

Volkszählung 2011 Mazedonien

Erstellt von Fan Noli, 13.09.2010, 19:24 Uhr · 750 Antworten · 39.738 Aufrufe

  1. #711
    Shan De Lin
    Zitat Zitat von GOJIM Beitrag anzeigen
    nöö, glaub kaum.

    vielleicht wenns ne breitere autonomie für unsere gebiete gibt, machen wir selber ne volkszählung.
    das würde auch nicht hinhauen

  2. #712
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.750
    Zitat Zitat von Shan De Lin Beitrag anzeigen
    gibts jetzt irgendwann ne volkszählung oder nicht

    Alles der Reihe nach, erst muss der Tatbestand untersucht werden.

    D.h. es werden die Gründe untersucht die die Kommission zum kollektiven Rücktritt bewog.
    Ein Bericht muss binnen drei Monaten vorgelegt werden.



    Jeder vorhergegangene Kommentar der hier zu deiner Frage abgegeben wurde, ist Müll.

  3. #713
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.750
    Das könnte meine Landsmänner interessieren, eine Studie der MCMS über das Ohrider Abkommen.

    Entnommen habe ich das dieser Webpage http://www.mcms.org.mk auch englisch und albanisch!

    Охридски рамковен договор - Студии на случај

    Автори: Наталија Шикова, Јорданка Галева, Марјан Младеновски, Фисник Шабани, Тања Хафнер-Адеми, Илина Нешиќ, Слаѓана Димишкова, Јован Близнаковски, Реџеп Али Чупи, Елена Нацевска, Лулзим Селами, Илина Мангова, Благородна Ампова, Пранвера Имери, Арлинда Имери, Јасмина Поповска, Марија Саздевски, Дервиша Хаџиќ-Рахиќ, Мухамед Точи, Дона Димов-Марковска, ЦСИД „Форум“, Билјана Начарова
    Дата: август 2011
    ИСБН: 978-608-4617-41-9
    PDF: ohridski-ramkoven-dogovor-studii-na-slucaj.pdf

    МЦМС во пресрет на десетгодишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор (ОРД) спроведе сеопфатно истражување за спроведувањето и постигнувањата на ОРД, како и на ефектите и влијанието што тие ги имаа(т) за граѓаните на Македонија, општеството и државата. Истражувањето се спроведува повеќе од една година од повеќечлен истражувачки тим, во консултации со советодавен комитет и со примена на повеќе истражувачки методи (анкети, студии на случај, интервјуа и др.).

    Ова истражување се спроведува за првпат и истражувачкиот тим разви концепциска рамка од почеток. Концепцијата е заснована од сопствените искуства на МЦМС и истражувачкиот тим, на малкуте постоечки истражувања во глобални рамки, како Северна Ирска, Јужноафриканската Република и Австралија. Тимот разви систем на показатели за процена и понатамошно следење повеќе димензии на ОРД: цели и принципи, прекин на непријателствата, децентрализација, недискриминација (вкл. правична застапеност), заштита од мајоризација, изразување на идентитетот, како димензии кои не се дел од ОРД, но имаат влијание како и околината, меѓуетничките односи и институциите одговорни за ОРД.

    Во оваа публикација се содржани 19 студии на случај, кои подлабоко обработуваат определени теми поврзани со ОРД. Студиите на случај беа предвидени за оние показатели ОРД за кои потребните информации не можеа да се обезбедат со статистика и испитување на јавното мислење. Авторите на студиите беа избрани преку јавен конкурс.

    Студиите на случај претставуваат длабинска анализа на конкретни прашања (случаи) од важност за ОРД. Методологијата употребена во студиите е одговорност на авторите, а користени се повеќе истражувачки методи: анкети, интервјуа, анализа на литература и сл.

    Дел од наодите и заклучоците од овие студии ќе најдат свое место во главниот извештај од истражувањето за ОРД, а во оваа публикација студиите се прикажани во целост, за да послужат како основа за други истражувачи и истражувања.

    Студиите се работени и објавени на јазикот кој го одбрале авторите. Насловите и резимињата на студиите, како и кратките биографии на авторите се објавени на македонски, на албански и на англиски јазик, како и на јазикот на авторите (ромски, босански и српски јазик).

  4. #714

    Registriert seit
    03.11.2009
    Beiträge
    13.141
    Die Ergebnisse sind da: 27% Albaner in Mazedonien!

  5. #715
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.750
    Zitat Zitat von Adem Beitrag anzeigen
    Die Ergebnisse sind da: 27% Albaner in Mazedonien!
    Dann kann sie nur gefaked gewesen sein, wenn man bedenkt das sie ja abgebrochen wurde ... und es keine Ergebnisse geben kann.

    Kluger Schritt der Kommission zurück zu treten.

  6. #716
    Avatar von Mbreti Bardhyl

    Registriert seit
    24.07.2010
    Beiträge
    2.572
    Zitat Zitat von Adem Beitrag anzeigen
    Die Ergebnisse sind da: 27% Albaner in Mazedonien!
    Warum 27% Albaner????
    Minimum 37% Albaner in Mazedonien.

  7. #717
    Avatar von Skitnik

    Registriert seit
    19.01.2010
    Beiträge
    1.327
    Zitat Zitat von Mbreti Bardhyl Beitrag anzeigen
    Warum 27% Albaner????
    Minimum 37% Albaner in Mazedonien.
    warst du schonmal in mazedonien?

  8. #718
    Avatar von Muratoğlu

    Registriert seit
    30.09.2010
    Beiträge
    4.724
    Zitat Zitat von Mbreti Bardhyl Beitrag anzeigen
    Warum 27% Albaner????
    Minimum 37% Albaner in Mazedonien.
    Warum 37% Albaner in Mazedonien?
    Minimum 99% Albaner auf der Welt.

  9. #719
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.750
    SDSM reicht Klage wegen des Abbruchs der VZ ein

    СДСМ поднесе кривична пријава за прекинатиот попис

    Пратеничката група на СДСМ заедно со пратениците од другите партии од опозицискиот фронт бараат да се утврди кривична одговорност за прекинатиот попис. Тие вчера поднесоа кривична пријава и бараат јавниот обвинител да поведе постапка против членови на Владата, на Државната пописна комисија и реонските попишувачи, како и утврдување одговорност заради нанесување штета на буџетот. Потпретседателката на СДСМ, Ана Павловска-Данева, откако ја достави кривичната пријава во Јавното обвинителство изјави дека бараат да биде изречена и забрана за уништување на пописниот материјал, кој треба да служи како доказ.

    „Очекуваме јавниот обвинител во најкраток можен рок да забрани да се уништат пописните формулари, кои се доказен материјал, неопходен за утврдување на фактичката состојба. На тој начин ќе може да се утврди точно и прецизно, со име, презиме и со функција, кој е одговорен за неуспешниот попис и за залудно потрошените 14 милиони евра на граѓаните. СДСМ уште еднаш потенцира дека нема да им дозволи на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ својата неспособност да спроведат попис да ја затскриваат со лажен патриотизам дека во Македонија има 120 илјади допишани Албанци“, истакна Павловска-Данева. Најавата дека и ВМРО-ДПМНЕ ќе бара формирање Анкетна комисија за пописот во 2002 година, таа ја поддржува, иако ја оценува како смешен потег и уште еден преседан на власта. (П.Р.)
    СДСМ поднесе кривична пријава за прекинатиот попис





    Das ist mir leider zu lang zum übersetzen, aber es ist höchst interessant.
    ПОПИСЕН КРАХ

    Kрај на статистичката албанизација на Македонија?



    Демографското освојување на Македонија, започнато со зголемениот наталитет, Албанците очигледно сакаа(т) да го забрзаат со математички ујдурми. Да се разбереме, колку и да се ововременски најважни придобивките што секој процент повеќе ги носи во вид на процентуална застапеност при вработувања или распределбата на буџетот за Албанците, сепак е минорно за крајната цел - станување на мнозински народ во Македонија!

    Му се допаѓало тоа некому или не, македонскиот премиер, како национален лидер, спречи скандал, прекинувајќи го пописот на населението во Македонија, со цел да стави крај на статистичката албанизација на државава. Според шпекулациите, по цена и на предвремен крај на коалициската љубов со ДУИ и паѓање на Владата, Груевски неколку дена пред завршувањето на катастрофалната статистичка операција за пребројување на сите што живеат во Македонија, ги натера членовите на Државната пописна комисија да поднесат колективна оставка, а Собранието официјално да го прекине пописот, одложувајќи го „за подобри времиња“. Урната е максимата на партијата МААK на академикот Гане Тодоровски, бидејќи на прашањето „колку сме?“, одговорот е „не баш толку“, додека дефинитивно - нетокму сме!

    Официјално, причината за прекинот на пописот е нееднаквата методологија која попишувачите од различни реони ја применуваа на терен. Попишување со фотокопии од лични документи, а не само со оригинали како што пропишува Законот, попишување на далечни роднини и на оние што немаат жителство во Македонија една година. Тоа се нерегуларностите кои беа евидентирани.

    - Во најголема мера ова се однесува на нееднаквата примена на методологијата што ја утврди утврдена од страна на Државниот завод за статистика, а усогласена со Еуростат во делот кој го разработува членот 6, став 3, членот 40 и членот 42 од Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година - беше истакнато во соопштението од Државната пописна комисија, каде се образложија причините поради кои Kомисијата констатирала дека пописот не може да резултира со релевантни податоци и оти ДПK не може понатаму да ги исполнува своите законски обврски.

    Одлуката за стопирање на пописот, претседателката на Државната пописна комисија, Слободанка Гиевска, истакна дека е донесена кога станало евидентно дека доколку продолжи да се реализира на ваков начин, Македонија нема да добие релевантни и споредливи резултати. Неофицијално, според математичката прогресија, се очекувало најмалку 120.000 етнички Албанци повеќе отколку што реално живеат во државава, да влезат на списоците, а со тоа да се стави потврда на реалниот фалсификат од попишувањето во 2002 година.

    Што знаеше Груевски?

    - Сите меѓународни фактори укажаа дека треба да има релевантен попис од кој резултатите ќе можат да се споредуваат со оние во други земји. Непочитувањето на методологијата за спроведување на пописот е од такви размери што може да влијае на релевантноста. Ризикот на терен растеше од ден на ден. Се стопира целата операција. На сите членови на ДПK ни беше јасно дека доколку немаме релевантни резултати, тоа никому нема да му биде од корист посочи Гиевска.

    Според извори од ДПK, во моментот кога биле попишани 20 проценти од граѓаните, сомнителни биле пописните листови на повеќе од 20.000 граѓани. За нив немало оригинална документација или пак биле попишувани иако подолго време живеат во странство. Најголеми неправилности имало во тетовскиот и гостиварскиот регион, каде од 7.000 попишани, сомнителни се пописните листови на над 1700 луѓе. Во кичевскиот регион биле регистрирани 3.000 сомнителни случаи, во Струга околу 2.000, во општините северно од Скопје 2.500, додека во Сарај и Студеничани над 1.500. Во општина Чашка имало речиси 3.000 попишани надвор од прописите што доколку поминеше, сосема ќе ја изменеше етничката структура на општината во близина на Велес. Дури има и над 250 изјави од попишувачи за притисоци и разни нерегуларности при вршењето на пребројувањето во западна Македонија.

    Во таква ситуација, Државната пописна комисија остана без алтернатива, освен да го запре пописот, бидејќи биле нарушени сите стандарди кои ги бара Еуростат и меѓународната заедница. А, поранешната претседателка на ДПK, Весна Јаневска пред извесно време исто така поднесе оставка и притоа рече дека го прави тоа бидејќи се подготвува голем фалсификат.

    Пред почетокот на пописот премиерот Груевски изјави дека тој мора да се спроведе правично и според законот. Тој сепак предупреди дека кај населението постои страв и недоверба.

    - Моја заложба, како и на коалициските партнери е пописот да се спроведе според Законот. Сепак, постои страв и недоверба кои се наследени од минатото. Тоа е случај со целиот Балкан, секаде е исто, има недоверба меѓу различните етнички групи кои веруваат дека другите ќе им направат фалсификат. Наше е да ги вложиме максималните напори процесот да биде реален и правичен, изјави Груевски, кој очигледно нешто знаеше, па предупредуваше, но ќе треба тоа да и го каже на македонската јавност.

    Kако се бројат 120 илјади Албанци повеќе

    Слични проблеми со спроведување на пописот имаше и во 2002 година. Тогаш претседателот на Државната пописна комисија Зоран Kрстевски се сомневаше во регуларноста на операцијата. Тој не доби поддршка од СДСМ, која во тој период беше на власт и поднесе оставка. Бројот на етнички Албанци нагло порасна на 25 проценти.

    Факт е дека тогаш, Kрстевски ја предводеше пописната комисија во својство на потпретседател на Владата, а не како сега, во случајот со Јаневска и Гиевска, кои професионално беа ангажирани на чело на ДПK. Најголем проблем што тогаш Kрстевски си даде оставка, според неофицијални извори, беше смената на сегашната директорка на Заводот за статистика, Благица Новковска, во последната фаза на обработка на податоците. Притоа, Новковска беше заменета со реонскиот попишувач од пописно проблематичниот Гостивар - Дончо Герасимовски, кој објави процени уште пред да биде пресметан резултатот од пописот!

    Инаку, симптоматично беше и тоа што три месеци пред крајот на пописот во 2002 година, Владата го замрзна буџетот на државната пописна комисија. Но, според некои информации што тогаш се појавија во јавноста, истите работи и тогаш, како и сега, беа проблем. Во гостиварскиот реон, пред девет години пописот не заврши на време, а имаше попишување со фотокопии, факсимили, додека Kрстевски, како се уште актуелен претседател на ДПK, побара пребројување, но тоа не му беше дозволено. И тогаш, како и сега, се знаеше по општини како се движи миграцијата, каков е морталитетот и миграциското движење во секоја општина. Сето тоа и сега се покажа како нерешлив проблем.

    Заводот создава клима за политизација

    Во целиот овој контекст, а од денешен аспект, интересно е да се види текстот со наслов: „Kомисијата бара активен мониторинг врз пописната обработка“ во Утрински весник од 4 септември 2003 година. Забелешката е дека Државната пописна комисија е незадоволна од третманот на одговорните во Заводот за статистика, бидејќи не ги информирале редовно и доволно за активностите и за постапките што се спроведувале околу обработката на пописните податоци од пописот на населението во ноември 2002 година. „Затоа, на вчерашната седница на ДПK, членовите побараа да бидат активно вклучени во мониторингот на обработката на податоците, како и почесто и поцелосно да бидат информирани за текот на обработката на податоците, а со цел да се избегнат шпекулациите во јавноста за нетранспарентноста во работата на Заводот во врска со техничката обработка на пописните податоци“, се наведува во текстот, каде се додава и дека: „Пописната комисија упати забелешка до директорот на Заводот, Дончо Герасимовски, за неодамнешната изјава на ТВ „ А1“ во врска со неговите оцени околу можниот процент на Албанците, откако ќе заврши обработката на податоците. Според претседателот на Kомисијата, Зоран Kрстевски, недозволиво е однапред да се даваат какви било процени во јавноста околу етничката структура на населението, бидејќи на тој начин Заводот самиот создава клима за политизација на пописните резултати. Членот на комисијата, Аднан Ќахил, коментираше дека давањето изјави за етничката структура се тенденциозни и имаат некаква скриена, политичка цел и со нив особено не треба да се служат одговорните во Заводот“.

    Во продолжение, Утрински во бројот од 4 септември 2003 година забележува и дека: „При обработката на пописните податоци, Заводот за статистика се соочил со неколку проблеми во документацијата, при што најчест проблем е непостоењето на матичниот број на граѓанинот, или да е запишан во погрешен образец, потоа за лицата кои се наоѓаат надвор од земјава во некои документи не се наведува во која земја се и колку време се отсутни. Нема точна бројка за колку вакви случаи станува збор, само се знае дека најмногу вакви примери се регистрирани во Скопје, Гостивар, Дебар и Струга“.

    Оваа забелешка на македонските медиуми пред осум години соодветствува со првата реакција на владејачката ВМРО-ДПМНЕ по крахот на годинешниот попис.

    - За разлика од СДСМ, кој во 2002 година дозволи нереален и необјективен попис, кога Бранко Црвенковски изброи 120.000 етнички Албанци повеќе од претходно, денес законот мора да се почитува, а кон врвните интереси да се пристапува одговорно. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи наштетување на високите државни и национални интереси, и нема да дозволи прекршување на законите. СДСМ треба да ги објасни штетните постапки од минатото, со кои дозволи необјективен попис. СДСМ треба да одговори каде се 120-те илјади жители кои во 2002 година ги додаде на пописните резултати и која беше цената на таквото пребројување - се вели во реакцијата на владејачката партија.

    Не е важен Рамковниот, туку Албанците да станат мнозински народ!

    Според Павле Трајанов, анализите на неговата партија Демократски сојуз покажале дека не се почитувале утврдените правила и методологијата за пописот, поради што немало услови за добивање на релевантни и точни податоци за домаќинствата и населението.

    - Фабрикуваните податоци во голема мера ќе го нарушеа меѓуетничкиот баланс и ќе претставуваа силна закана за соживотот, меѓуетничката толеранција и разбирање.

    Генезата на обидите за фалсификување на пописот, лежи во конституцијата на нашата држава, каде што наместо да се штитат и гарантираат основните граѓански и човекови права, се фаворизираат правата на колективитетите - порача Трајанов, според кого политичките елити на некои од албанските политички партии, преку прикажување на нереалните податоци за етничката припадност на населението, се обиделе да обезбедат поголемо влијание и учество во власта, не штитејќи ги државните и интересите на граѓаните, туку поаѓајќи од лични и теснопартиски интереси.

    Инаку, според пописот во 2002 година, во Македонија живеат 2.022.547 жители, од кои 64,18 отсто се Македонци и 25,17 отсто се Албанци. Тогаш, меѓународните набљудувачи констатирале дека биле попишувани лица без државјанство и без документи, и луѓе што подолго време живеат во странство. Па, кога ќе се сумираат сите настапи и случувања од таа 2002 година, станува јасно дека притисокот доаѓа од Рамковниот договор, според кој процентуално Албанците мора да се над 20 проценти за да ги уживаат сите благодати. Па, така, според официјалните резултати од последниот попис, во земјава живеат 1.297.981 Македонец и 509.083 етнички Албанци, без оглед на нивното државјанство. Ако 120.000 Албанци уште оттогаш се спорни, тогаш доаѓаме до бројка од околу 480 илјади припадници на албанското малцинство или од 25,17, нивниот процент опаѓа за шест проценти, доволно, формално-правно, да ги изгубат сите убавини за „популацијата над 20 проценти“, обезбедени со Рамковниот.

    Посебно е интригантен и текстот од 2003 година во германскиот „Дер шпигел“, каде уште пред официјално да се објават резултатите од пребројувањето на граѓаните на Македонија, беше објавено дека кај нас нема повеќе од 16 проценти Албанци! Размислувањето за валидноста на пописот од 2002 година, односно за бројот на жители од албанска националност се јави веднаш по завршувањето на изборите во 2009 година, откако се испостави дека Македонија има 2.045.177 жители, од кои 503.962 се лица на возраст до 18 години. Тоа значи дека право на глас би требало да имаат 1.541.215 лица, но во избирачкиот список беа запишани дури 1.792.082 (или 87,6 отсто од вкупното население), по што се јави разлика од 250.867 лица!

    Демографското освојување на Македонија, започнато со зголемениот наталитет, Албанците очигледно сакаа да го забрзаат со математички ујдурми. Да се разбереме, колку и да се ововременски најважни придобивките што секој процент повеќе ги носи во вид на процентуална застапеност при вработувања или распределбата на буџетот за Албанците, сепак е минорно за крајната цел - станување мнозински народ во Македонија! Засега, важно е што е спречен пописен фалсификат и што ДУИ покажа државотворност да ја прифати реалноста и да побара реално пребројување.

    Kако растеа Албанците во Македонија

    Според книгата „Географија на СР Македонија“ на починатиот професор Митко Панов од 1976 година, во 18 век, во сите неофицијално печатени статистики, од кои повеќето биле нецелосни, во голем дел се негирал македонскиот народен елемент, но и албанскиот, кој почесто бил впишуван како турски народ. Такви биле статистиките на Бендерев и тенденциозната статистика на Гопчевиќ. Првата поприфатлива статистика, во смисла на населението, е онаа на извесен В. Kичев од 1900 година, а правена по административните граници на денешна Македонија.

    Според неофицијалниот попис во 1900 година, во денешните македонски граници живееле 534.000 Македонци (59 проценти), 175.000 Турци (19%), 88.000 Албанци (9%), 52.000 Торбеши (6%) и други. Во 1921 година, исто така е извршен неофицијален попис, при што се утврдени 540.000 Македонци (67,6%), 119.000 Турци (14,9%), 111.000 Албанци (13,9) и ниту еден Торбеш!

    Последниот, исто така неофицијален попис во Македонија е направен во 1948 година, кога е констатирано жителство на нашата територија на 789.648 Македонци (68,5%), како и 197.000 Албанци (17.1%), 95.940 Турци (8,3%) и други националности.

    Првиот официјален попис на населението во Македонија се случува во 1953 година, кога се регистрирани 162.524 жители Албанци или 12,4 отсто од вкупното население во државата, наспроти 203.938 (15,6%) Турци и 860.699 (66%) Македонци. Во 1961 година се избројани нешто над еден милион Македонци или 71,2 проценти од вкупното население, 183.108 (13%) Албанци и 131.481 (9,4%) Турци. Десет години подоцна, бројот на Македонците изнесува 1.142.375 или 69,3 проценти, додека Албанците се 279.871 или 17 проценти, наспроти 108.552 (6,6%) Турци. На пописот во 1994 година, бројот на Албанците рапидно се зголемува на 484.228 или речиси 23 отсто. Порастот на албанското население за овој период е запрепастувачки: во 1953 година односот меѓу македонското и албанското население бил 6:1 во корист на Македонците, а во 1994 година тој однос е веќе 3:1. На пописот во 2002 година, пак, бројката на Албанците во државата се зголеми за 68.000.

    Според анализите на Државниот завод за статистика во периодот од 1953 до 1994 година, бројот на Македонци бележи минимален пораст од 0,94 проценти, а бројот на етничките Албанци е во пораст од 81,95 процент.

    Бобан НОНКОВИЌ
    Dnevnik

  10. #720
    Avatar von Mbreti Bardhyl

    Registriert seit
    24.07.2010
    Beiträge
    2.572
    Zitat Zitat von Big MD Beitrag anzeigen
    warst du schonmal in mazedonien?
    Regelmäßig zwei- bis dreimal pro Jahr.
    Meine Schwester ist in Tetova verhairatet.

Ähnliche Themen

  1. Volkszählung Kosovo 2011
    Von Albion im Forum Kosovo
    Antworten: 1020
    Letzter Beitrag: 22.02.2012, 08:33
  2. Volkszählung 2011 in Montenegro
    Von DZEKO im Forum Politik
    Antworten: 722
    Letzter Beitrag: 20.07.2011, 02:45
  3. Volkszählung 2011 in Kosovo
    Von DZEKO im Forum Kosovo
    Antworten: 14
    Letzter Beitrag: 29.03.2011, 23:03
  4. Erste Volkszählung im April 2011
    Von Fan Noli im Forum Kosovo
    Antworten: 63
    Letzter Beitrag: 14.02.2010, 18:36