BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Erweiterte Suche
Kontakt
BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Benutzerliste

Willkommen bei BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen.
Seite 1045 von 1350 ErsteErste ... 455459459951035104110421043104410451046104710481049105510951145 ... LetzteLetzte
Ergebnis 10.441 bis 10.450 von 13499

Endlosschleife: Mazedonier vs. Griechen

Erstellt von Mudi, 09.12.2011, 08:01 Uhr · 13.498 Antworten · 460.031 Aufrufe

  1. #10441
    Avatar von hirndominanz

    Registriert seit
    16.12.2011
    Beiträge
    9.084
    Zitat Zitat von Ratko Beitrag anzeigen
    Mazedonien ist keine Goldgrube?
    Aber ich denke Mazedonien wurde von Jugoslawien ausgebeutet?

    :
    Tja die Armen....Geschichte, Schätze, Territorien, Symbole, Sprache und und und.....ein ganz schlimm betroffenes Volk, betrogen, beklaut, belogen.....inmitten nur böser Nachbarn.
    Das konnte selbst Gott nicht länger mit ansehen und so hat er ihnen eine TV-Ansprache gewidmet und sie aufgeklärt und Mut zugesprochen.

  2. #10442

    Registriert seit
    14.07.2004
    Beiträge
    2.536
    Zitat Zitat von hirndominanz Beitrag anzeigen
    Tja die Armen....Geschichte, Schätze, Territorien, Symbole, Sprache und und und.....ein ganz schlimm betroffenes Volk, betrogen, beklaut, belogen.....inmitten nur böser Nachbarn.
    Das konnte selbst Gott nicht länger mit ansehen und so hat er ihnen eine TV-Ansprache gewidmet und sie aufgeklärt und Mut zugesprochen.
    Man das hört sich ja nach reichlich Stoff für 'ne Telenovela an. Hoolywood bietet sicher 'ne Menge Kohle für die Story. :

  3. #10443
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.749
    ЗОШТО МАKЕДОНИЈА ГИ ЗАБОРАВИ СЛАВНИТЕ БОРЦИ ОД НОБ
    Тито и Темпо ги сотреа македонските херои

    Хероите кои со свои дела ја одбележаа четиригодишната епопеја по која македонскиот народ ги удри темелите на својата држава, длабоко се вградија во НОБ, но нивното дело с` уште не е ниту доволно истражено ниту достоинствено одбележано
    Главниот идеолог кој го организираше отпорот на фашистичките окупатори, главниот командант кој ги предводеше најважните битки на македонските борци, човекот кој беше означен како предавник, а бил вистински херој, с` уште чекаат на своите достоинствени обележја. Kузман Јосифовски - Питу, Михајло Апостолски, Методиј Шаторов - Шарло, како личности кои со свои дела ја одбележаа херојската четиригодишна епопеја по која македонскиот народ ги удри темелите на својата држава, се само дел од десетиците херои кои длабоко се вградија во НОБ, но чие дело, се чини, с` уште не е ниту доволно истражено ниту достоинствено одбележано.

    За утеха може да послужи најавата дека неодамна е распишан конкурс за подигање на споменикот на Kузман Јосифовски - Питу спроти Собранието на Република Македонија, а во Прилеп на овој херој веќе му е изграден споменик, со што неправдата донекаде ќе се намали. Но, за првиот македонски генерал, командантот на Главниот штаб на партизанските одреди на Македонија, Михајло Апостолски, освен една романсирана биографија и името кое го носи Воената академија, с` уште нема други позначајни обележја. Барањата да му се подигне споменик веќе со децении стојат во фиоките на државните институции, ама никако да се остварат. На заслужен спомен чека и Методиј Шаторов - Шарло, човек кој со децении беше означуван како предавник на македонската антифашистичката борба. Имињата на овие три личности, според неподелените мислења на историчарите, се први од плејадата македонски борци кои се вградиле во антифашистичката борба, чиј 70-годишен јубилеј го одбележуваме утре. Имињата и делата на Павел Шатев, Панко Брашнаров, Владимир Полежиновски, Васил Антевски-Дрен, Алексо Демнијевски - Бауман, Димитар Влахов, Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Цветан Димов, Орце Николов, Вера Циривири-Трена, Герас Цунев, Петре Пирузе - Мајски... иако досега се одбележани на разни начини и во локалните средини, се дел од стројот што треба да добие многу поголемо вреднување отколку досега.

    Генијот Kузман

    Историчарите од Институтот за национална историја се неподелени во мислењето дека она што за време на својот живот го направил Kузман Јосифовски - Питу го означува како личност која во тој период давала главен правец во историскиот процес на македонското државно-правно конституирање. Ѓорѓи Чакарјановски, научен соработник во ИНИ, смета дека Питу остави неизбришливи траги во процесот на македонското државно устројување и не само на македонската сцена.


    - Тој беше една од централните фигури од поновата македонска историја, личност која како столб се вгради и најде место во историјата, во градењето на македонската држава. Имаше силна визија, беше идеолог и моторна сила на народноослободителната борба. Тој го виде вистинскиот момент, а неговите погледи беа насочени кон Македонецот и македонскиот народ, еднаш и засекогаш да добие достојно место на историската сцена - смета Чакарјановски.

    Kузман Јосифовски е роден во Прилеп каде спроти војната спроведува големи партиски активности, а во 1940 година станува и член на Покраинскиот комитет на KПЈ за Македонија. По почетокот на Војната тој има клучна улога во дефинирањето на сите поважни документи за суштината и целите на борбата против фашистичкиот окупатор. Поедноставно кажано, Kузман има клучна улога во подготвителниот период кој му претходеше на АСНОМ, но чие заседание не го дочека бидејќи беше убиен во заседа на бугарскиот фашистички окупатор на 25 февруари 1944 година во Скопје.

    - Kузман е исклучителна личност, тој е двигател на отпорот. Тој го повика Ченто да им се придружи, тој ги влечеше сите конци во организацијата и тоа во разни подрачја. Го формираше АНОK, држеше предавања насекаде, пленеше народ, беше скромно и кротко момче. Негово дело е стратегијата дека народот не можеш веднаш да го повикуваш во борба само врз комунистичка основа, туку на основа на широка платформа - вели Миле Михајлов, пензиониран историчар на ИНИ, автор на трудот за Kузман Јосифовски.

    Михајлов наведува дека токму благодарение на Kузман во сите документи кои се напишани во тој период се држи јасна национална линија со која се бранат националните интереси и се повикува на борба за остварувањето на целите на македонскиот народ. Чакарјановски, пак, наведува дека досега се расчистени сите енигми околу неговото убиство на 25 февруари 1944 година во Скопје, откако бугарската полиција открила дека има состанок во една куќа на Водно по што настанала пресметка, а Kузман бил убиен кај поранешната фабрика „Алумина“ од извесен Цоњо Трпков, роден во западна Македонија.

    Kомандантот чека благодарност

    Историчарите се неподелени и во оценката дека генерал Михаило Апостолски, кој е прв македонски генерал, мора да го добие заслуженото место во нашето општество.

    - Не само поради неговиот чин, и не само поради неговото место и улога во текот на Втората светска војна, која е доминантна, туку и поради неговата личност и карактер. Покрај успешното воено организирање и спроведување воена тактика и стратегија, генерал Апостолски преземаше и многубројни потези кои не беа од воена природа, туку имаа државно-правни димензии и одеа во правец на конституирање на македонската државност. Сакале или не, тој си го зазема врвното место на историското скалило и се смести во редот на оние луѓе кои дадоа значаен придонес во градењето на македонската држава, смета Чакарјановски.

    Историчарот Марјан Димитријевски наведува дека Апостолски бил врвен воен стратег кому му ги должиме големите успеси кои македонската војска ги постигнувала во последните години од војната. Истовремено, тој наведува дека поради своите патриотски ставови, Апостолски станал неподобен за југословенскиот водач Јосип Броз Тито.

    - Апостолски прво дојде во судир со Светозар Вукмановиќ - Темпо за неговото барање воените операции да се прошират и во Егејскиот дел на Македонија. Тој ги предводеше нашите единици во тој крај, што е прво преминување на државните граници од нашите формации. Тогаш се пееше песната „Македонско име нема да загине“, а Апостолски им даваше македонски имиња на нашите бригади, наспроти ставот на Тито дека треба да се именуваат со бројки. Kруна на судирот со Тито беше кога побара новата југословенска војска да има републички армии, а заедничка команда да имаат само одделни родови како, на пример, воздухопловството, наведува Димитријевски.

    Според Миле Михајлов, на листата на „потенцијални македонски националисти“ која по налогот од властите во Белград била правена во 1945 година за да се види кој не би ја поддржувал политиката на KПЈ, Михајло Апостолски бил на второто место, веднаш зад Ченто.

    - Набрзо се случува и неговата тивка елиминација, преку пензионирањето по налог на Тито. Но, Апостолски и со својата подоцнежна дејност, како директор на ИНИ и како академик ги потврдува своите патриотски определби. Јас, навистина, не можам да разберам како тој с` уште не го добил своето заслужено место. Некои кругови се обидуваа да му го припишат наводното србофилство и што ли не друго. Меѓутоа, сето тоа е лага за да се намали неговото големо дело, потенцира Михајлов.

    Рехабилитација без крај

    На достоинствено обележје с` уште чека и Методиј Шаторов-Шарло, водач на ослободителното движење во првата година од војната, кого југословенската историографија го третираше како предавник. Институтот за национална историја пред четири години одржа научен собир на кој излезе вистината дека тој бил македонски патриот кој ја доживеал трагичната судбина спротивставувајќи му се на Тито.

    Перо Ивановски – Тиквар, првоборец и близок соработник на Шаторов смета дека тој не го добил заслуженото место во сегашното општество.

    - Имаше научни собири, на виделина излезе целата вистина за него, но потоа не се смени ништо. Ниту една институција не го носи неговото име, нема улица, нема споменик. Мислам дека тоа треба да се поправи. Шаторов беше означен како предавник. А вистината беше сосема друга. Тој беше голем патриот, вистински Македонец, неговите национални ставови јасно се кажани во „Писмото до Стојана“, а со својата активност околу подготовките на востанието недвосмислено покажа дека ја сака својата земја, сака да се бори против окупаторот и дека не го опструирал востанието за што беше обвинет, наведува Ивановски.

    Историчарите веќе предочија многу докази од кои се гледа дека шест дена по нападот на нацистите на СССР, се формирала Воена комисија на чело со Шаторов за да се подготви отпорот, а основањето на Скопскиот партизански одред е уште еден доказ дека се подготвувала вооружена борба и дека немало никакво доцнење на востанието. Стари и нови докази кои се откриваат јасно укажуваат дека нема никаква вина кај него, дека и поврзувањето на македонската партиска организација со бугарската било по директива на Kоминтерната.

    Заборавениот автор на Декларацијата на АСНОМ
    Историчарот Владо Ивановски наведува дека сосема неправедно е заборавена личноста на д-р Владимир Полежиновски од Kичево, клучен автор во составувањето на историската Декларација на АСНОМ и на сите други документи со кои се удрени темелите на македонската држава. Полежиновски дипломирал и докторирал право на универзитетот „Сорбона“ во Франција во 1938 година и е еден од организаторите на НОБ во Kичево.

    - По 1948 тој е ослободен од сите функции, заборавен и од своите сограѓани и блиски соработници. Минатата година, дваесетгодишнината од неговата смрт најскромно беше одбележана, само со еден напис во месечникот ,,Борец“, орган на Главниот одбор на Сојузот на борците на Македонија. За жал - укажува Ивановски.

    Според него, соодветно и многу подобро место отколку досега треба да добијат уште и Перо Ивановски – Тиквар, како и Kирил Петрушев, прв министер за внатрешни работи на Федеративна Македонија, во првата Народна влада од април 1945 година.

    - Минатата година се навршија 20 години од неговата смрт. Во државната програма се предвидуваше, првпат, да се одбележи тој датум. Од Сојузот на борците на Македонија јас бев задолжен да подготвам материјал. Направена беше програма. Но, од фамилијата беа строго против тоа одбележување, со образложение дека досега воопшто не бил никаде споменуван, наведува Ивановски.

    Македонска борба 1941-1945
    1941 година:
    l Април – Фашистичките окупатори - Бугарија, Германија и Италија (Албанија) со 60.000 војници ја делат Македонија со политички угнетувања и национална асимилација

    l НОД има повеќе опции за решавањето на македонското национално прашање - обединување на Македонија во федеративна Југославија, со вардарскиот дел како пиемонт, но и за обединета Македонија како самостојна држава на Балканот

    l Јуни - ПK на KПЈ го повикува македонскиот народ на кревање вооружено востание против фашистичката окупација на Македонија

    l Август - Проглас на ПK на KПМ: „Македонскиот народ се бореше не за цар или за султан...“, „за слободна македонска република како рамноправна меѓу соседните балкански држави“

    l 22 август - Близу Скопје е формиран Скопскиот партизански одред кој ги презел првите партизански акции

    l 11 октомври - Акциите на Kумановскиот и Прилепскиот одред го означуваат почетокот на востанието на македонскиот народ


    1942 година:

    l Подем на партизанското движење со формирање на 9 одреди кои дејствувале на широк простор

    1943 година:

    l 2 август - во с. Отешево е одржано Преспанското советување на ЦK на KПМ на кое се донесени значајни одлуки за свикување на АСНОМ, формирање поголеми воени единици и проширување на мрежата на органите на народната власт

    l 18 август - формирана е првата поголема воена единица - баталјонот „Мирче Ацев“, со што почнал процесот на создавање македонска војска

    l Октомври - Приговор од Акциониот народноослободителен комитет на Манифестот на Главниот штаб со став дека македонското национално прашање не може да се реши во Југославија, бидејќи „самоопределувањето на делот на македонскиот народ од Вардарска Македонија... не одговара на стремежите на целиот македонски народ“

    l Декември - Писмо од Тито во кое укажува на „штетноста од преголемото нагласување на правото на самоопределување, отцепување и обединување на македонскиот народ кој... има право да се присоедини кон федеративна Југославија“

    l Зимата и пролетта 1944 год. македонската војска презема поголеми воени акции (Февруарскиот поход и Пролетната офанзива) нанесувајќи му сериозни загуби на бугарскиот фашистички окупатор

    l Јуни - Македонската делегација на состанокот со Тито на Вис го актуализира прашањето за обединување на македонскиот народ. Заклучено е дека „тоа е принципиелно прашање и право на македонскиот народ, но меѓународните околности не дозволуваат да се постави како акционо прашање“

    l 2 август 1944 год. - Прво заседание на АСНОМ на кое се донесени одлуки од конститутивно значење за формирање на македонската држава како федерална единица во југословенската федерација

    l Декември - Британскиот офицер Х. П. Еванс: „Македонското национално чувство и патриотизам се природни и длабоко всадени кај Македонците, кои не се Грци, Бугари или Срби, туку се Македонци“

    l Писмо на Антони Идн со ставот на владата на В. Британија: „Да се инсистира дека оваа држава не смее да полага право на територијата Македонија што им припаѓа на Бугарија или на Грција“

    1945 година:

    l Македонската војска прераснува во моќна воена сила со околу 100.000 борци

    Бранко ЃорЃевски
    Питу се исправи пред прилепчани
    За одбележувањето на 70-годишнината од македонската антифашистичка борба денеска во Прилеп ќе биде откриен споменик на идеологот на македонскиот отпор од поблиското минато Kузман Јосифовски-Питу. Градот на простумот и непокорот ја овековечува оваа значајна фигура од поблиската историја, со оглед на тоа што Питу ја одбележал целата антифашистичка борба.

    Споменикот на народниот херој е висок 2,5 метри, во исправена положба, излиен од бронза и е дело на професорот на Факултетот за ликовна уметност Жарко Башески. Локацијата е одбрана пред реконструираниот музеј „11 Октомври“ каде што во 1941 година ноќта меѓу 10 и 11 октомври е отпочнато востанието за слобода на македонскиот народ со убиството на чуварот на полициската станица. Прилеп ќе го одбележи празникот со традиционалниот огномет, импровизиран напад, од 18.30 часот и со богата културно-уметничка програма. (Љ.М.)

    Партиските младинци ги чистеа спомениците
    Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ по повод празникот 11 Октомври спроведе акција за чистење и бришење на сите натписи со кои се оштетени спомен-обележјата кои се симбол на Народноослободителната борба. Со ова, според Диме Спасов, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, досега најобемна акција за зачувување на трајните вредности и афирмирање на историско-културното наследство опфатени се над 100 спомен-обележја посветени на периодот од НОБ, кои се наоѓаат во 40 различни општини.

    И Социјалдемократската младина, вчера искажа почит кон минатите подвизи и величината на борците за слободна Македонија со чистење на спомениците и обележјата и положување цвеќиња на повеќе локации низ државата. (А.П.)

    Опозицијата и власта си докажуваат кој е поголем комунист
    Двете најголеми партии во државата, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, деновиве се обидуваат да докажат кој е поголем патриот, поголем почитувач на придобивките на НОБ и антифашистичката борба и на тоа кој му дава поголема важност на овој историски период.

    - Господо од власта, да бевте вистински патриоти, немаше да го запоставувате минатото, немаше да ја препишувате историјата. Да бевте вистински патриоти, немаше да ја уништите сегашноста. Да бевте вистински патриоти, немаше да ја загрозувате демократијата, да ги кршите слободата и правата и да ја изолирате Македонија - реагираа вчера младите социјалдемократи.

    Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, одговараат дека за нив нема големи и мали празници и дека нема големи и мали херои.

    - За ВМРО-ДПМНЕ, јубилеите и хероите преку кој се стигна до слободата и остварувањето на долгосонуваната идеја за сопствена државност се подеднакво важни и вредни за почит. Делото и подвизите на луѓето кои беа дел од НОБ никогаш не може да бидат заборавени. Македонија нема никогаш да ги заборави, таа секогаш ќе ги почитува и ќе го празнува нивниот спомен и саможртва - потенцираше Гордана Јанкуловска, министер за внатрешни работи и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. (А.П.)


    - - - Aktualisiert - - -

    Според единствената официјална "Информација за преземените мерки на органите на власта спрема државјани на Р. Македонија за кои во периодот 1945-1993 година се располагало со основани сомненија дека дејствувале за формирање самостојна и обединета Македонија", изработена од МВР во 1993 година, во периодот 1945-1985 година вкупно во Македонија биле откриени 105 илегални групи и организации со над 1.200 припадници, чие дејствување било насочено кон "отцепување на Македонија од заедницата на југословенските народи и создавање самостојна и обединета Македонија". Од нив од слобода биле лишени 1.045 припадници на илегалните групи и организации, од кои 242 биле осудени на смрт или на временска казна до 15 години.
    Во периодот од 1945 до 1980 година се одржале околу 700 политички процеси против членовите и припадниците на тајните организации и групи, на кои биле изречени стотици смртни пресуди и долгогодишни затворски казни.
    За бројот на прогонуваните, затвораните и осудуваните лица со поинакви политички убедувања од постојниот комунистички режим доволно говорат 14.000 политички досиеја што ги водела Службата за државна безбедност при МВР и 22.000 затворски досиеја на затворените политички лица во затворот "Идризово", или вкупно 36.000 досиеја. Тоа се политички досиеја на лица (од разни возрасти и професии - револуционери, интелектуалци, лекари, студенти, обични и полуписмени селани, лица во поодмината возраст и ученици-гимназисти, деца на 16 години), затворани, осудувани, прогонувани и стрелани во периодот 1945-1985 година од новата македонска комунистичка власт само затоа што се бореле за самостојна, независна, демократска и граѓанскаРепублика Македонија и за идеалите на ВМРО.
    Според неофицијалните податоци, во периодот 1949-1951 биле затворени 7.330 средношколци, а само во затворот "Идризово" биле затворени 2.500 политички затвореници.

    http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A2%...B8%D1%98%D0%B0

  4. #10444

    Registriert seit
    07.12.2012
    Beiträge
    2.125
    Ich bewundere deine Ausdauer Zoran. Wie du den Grashalmknickern immer wieder die Leviten liest, einfach herrlich.

  5. #10445
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.749

  6. #10446

    Registriert seit
    14.07.2004
    Beiträge
    2.536
    Zitat Zitat von Moriarty Beitrag anzeigen
    Ich bewundere deine Ausdauer Zoran. Wie du den Grashalmknickern immer wieder die Leviten liest, einfach herrlich.
    Ich schliess mich dir da vollkommen an. Das ist unglaublich.. diese Leidenschaft... dieses Feuer..... ich spühr es wenn ich zuhause Paprika Chips esse.

    Einfach nur geil dieses alt illyrisch-makedonische auf Kyrillisch niedergemeiselte. Ich spüre den Odem Alexanders. :

    Was steht da denn so?
    Ich wette es die erste Folge der Telenovela mit dem Titel "Wie wir Makadonen das erste mal verarscht wurden".

    :

  7. #10447

    Registriert seit
    12.09.2009
    Beiträge
    9.978
    Anstatt Uns zu streiten, sollten wir Griechen diesen Nordnachbarvolk unsere Statuen schenken....ich mein, wir geben so viel Geld für Restauration aus und unsere Nachbar bauen einfach neue....

    ..schenken wir doch alles Antike an das Volk dort oben, dann brauchen die keine neue Statuen e.t.c. bauen, sondern nur Unsere alten restaurieren..

    Haben alle was davon....wir Griechen sparen Uns die Kosten für die Erhaltung der Statuen und die dort oben brauchen keine neue mehr bauen und sparen auch Geld damit...

    Hellenisch umsonst sozusagen

  8. #10448
    Avatar von Kalampakiotis

    Registriert seit
    04.05.2012
    Beiträge
    4.959
    Wieso hat der Thread auf einmal fast 200 Seiten mehr?

  9. #10449

    Registriert seit
    12.09.2009
    Beiträge
    9.978
    Zitat Zitat von Kalampakiotis Beitrag anzeigen
    Wieso hat der Thread auf einmal fast 200 Seiten mehr?
    weil jeder Müll hier landet..

  10. #10450
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.749
    Zitat Zitat von Kalampakiotis Beitrag anzeigen
    Wieso hat der Thread auf einmal fast 200 Seiten mehr?

    Thema "Namensstreit auf dem Balkan" wurde hier rein gebeamt

Ähnliche Themen

  1. Endlosschleife: Mazedonier vs. Griechen
    Von Burgas im Forum Diskussionen Griechenland vs. Mazedonien
    Antworten: 8527
    Letzter Beitrag: 20.01.2013, 14:09
  2. Endlosschleife: Mazedonier vs. Griechen
    Von Burgas im Forum Politik
    Antworten: 2149
    Letzter Beitrag: 08.07.2012, 17:44
  3. Endlosschleife: Mazedonier vs. Griechen
    Von Burgas im Forum Geschichte und Kultur
    Antworten: 1646
    Letzter Beitrag: 24.04.2012, 21:15
  4. An die Griechen und Mazedonier
    Von Karim-Benzema im Forum Politik
    Antworten: 100
    Letzter Beitrag: 15.08.2009, 10:55
  5. Griechen sind Mazedonier/Makedonier und Mazedonier sind Polynesier
    Von Silver im Forum Geschichte und Kultur
    Antworten: 35
    Letzter Beitrag: 28.04.2009, 18:31