BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Erweiterte Suche
Kontakt
BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Benutzerliste

Willkommen bei BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen.
Seite 20 von 26 ErsteErste ... 10161718192021222324 ... LetzteLetzte
Ergebnis 191 bis 200 von 254

Makedonien, die Perle des Balkans!

Erstellt von Mac3don, 29.03.2010, 00:02 Uhr · 253 Antworten · 33.866 Aufrufe

  1. #191
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.754
    Свадбен античко-македонски обичај останат до денешно време



    Обичајот на кршењето или сечењето леб (погача) од страна на младо­женецот за време на свадбените веселби го има во сите краеви на Македонија. Дури и денес, речиси нема македонска свадба (во која учесни­ците барем малку држат до традицијата) на која не се прави овој обичај. Меѓутоа, малку е познато дека овој обичај претставува чист античко-македонски обичај.

    За античко-македонското потекло на овој обичај, имаме сведоштво кај латин­скиот историчар Квинтиј Кур­тиј Руф. Овој историчар е дециден во тврде­њето дека кршењето леб за време на свадбената церемонија претставува македонски оби­чај кој го одразувал најсвече­ниот миг во свадбените ритуали на Ма­ке­донците. Конк­рет­но Квинтиј Куртиј Руф го споменува овој оби­чај во својот опис на свад­бата на Алек­сандар Македонски со убавата Пер­сијанка Роксана. Иако, за да им угоди на Персијанците, Алек­сан­дар се согласил свад­бата да биде извршена според персиските обичаи, во еден миг, тој не можел да се воздржи, а да не го направи овој нај­све­чен маке­донски обичај. Во врска со ова Квинтиј Куртиј Руф пишу­ва:

    Кралот, обземен од љубовен жар, заповедал да донесат леб (кај Маке­дон­ците ова било најсвет залог за брак) што, пресечен со меч, обајцата го бакнале”. (Квинтиј Куртиј Руф: “Историја на Алек­сандар Маке­дон­ски” превод од д-р Љубинка Басотова, Скопје, 1998, стр. 338).

    И добриот познавач на животот и делото на Александар Маке­донски, германскиот историчар Улрих Вилкен, во својата биографија за Александар Македонски, опишувајќи ја свадбата на Александар и Роксана, пишува:

    Александар и Роксана јадеа од еден сомун леб што тој го пресече на два дела со својата сабја, што бездруго беше стихиен до­даток на Алексан­дар во ритуалот, а тоа токму нему му приле­гаше”. (Улрих Вилкен: “Александар Македонски”, во превод на маке­донски, Скопје, 1988, стр. 194)

    Значи, суштината на овој обичај е кршењето, т.е. сечењето на погачата (лебот) за време на свадбениот ритуал. Факт е и де­ка ста­нува збор за автохтон античко-македонски обичај. Иако ре­­ков­ме дека овој обичај се применува до денес меѓу Маке­дон­ци­те, нема да го одбегнеме неговото одбележување и од страна на запишува­чите на македонски народни умотворби од 19 век.

    Стефан Верковиќ, опишувајќи ги свадбените обичаи во сер­ско­то село Брод, пишува:

    Тогаш носат баница и еден кравај што младоженецот го сече на мали парчиња.” (Верковиќ, 5 дел., стр. 150).

    Значи во ова село во 19 век се задржал потполно истиот оби­­­чај, кога младоженецот е тој што го сече лебот (кравајот, сомунот).

    Верковиќ во својот труд: “Свадбени обичаи во селото Висока и околните села”, исто така опишува една вари­јанта на овој античко-македонски обичај. Овде читаме:

    Потоа во една одаја ставаат трпеза со леб, сол и друго ја­де­ње. Тамо го земаат зетот и го гостат. Зетот кога ќе седне на стол, му даваат нож, чопнува три хупки леб, става внатре сол и тој јаде тамо некоја мрва.”

    Во својот опис на свадбените обичаи од Серез и Неврокоп, Сте­фан Верковиќ, пишува:

    Тогаш мајката на невестата му донесува на младо­жене­цот две голе­ми чинии баница; младоженецот ја сече бани­цата и откако врз неа ќе исту­ри една чаша вино, зема едно парче и чаша со вино и ги дава на невестата. (Верковиќ, 5, стр. 143).

    Значи, овде станува збор за варијанта на овој обичај, каде, на­мес­то леб, момчето сече баница.

    Во описите на свадбените обичаи во Кукуш и браќата Мила­ди­новци, спомнуваат варијанта на овој обичај. Во врска со ова во нив­ниот Зборник, читаме:

    По ним момчевиот татко земват погачата, шчо месиха раното... и ходит у момата. Тамо им давает да јадет и тат­кото скршвит погачата на винено грне.” (Миладиновци” Збор­ник, цит. дело, стр. 491).

    Во вака опишаната варијанта на овој обичај гледаме дека тат­кото на невестата (а не младоженецот) ја крши погачата, но и овде елементот крше­ње (сечење) на лебот се задржал.

    Општ заклучок од ова компарирање е фактот дека античко-македон­скиот обичај за сечење (кршење) леб (погача) за време на свадбената цере­мо­нија, целосно или делумно, уште од времето на анти­ката, останал до денес меѓу Македонците.

    Свадбен античко-македонски обичај останат до денешно време

  2. #192
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.754
    САД сакале независна Македонија уште во 1783 година
    TIME.mk - ???????? ?? ?????
    Џон Адамс, еден од татковците на САД и нивниот втор претседател, правел јасна разлика и дистинкција помеѓу Македонија и Грција и се залагал со американска помош и двете земји да се ослободат од турското владеење и да создадат независни републики (демократии). Тоа може да се забележи и од писмото, од 14 јули 1783 година, зачувано во неговата кореспонденција, упатено до Роберт Ливингстон, првиот секретар на Стејт департментот




    „Проектот за ослободување на целата земја на античка Грција, Македонија и Илирик и подигање независни републики во тие славни столици, колку сјајно и да изгледа како шпекулација, најверојатно нема да добие должно внимание од двете империи (Австрија и Русија, н.з.), затоа што е непрактичен. Грците денеска, иако се зборува дека имаат имагинација и генијалност, се корумпирани во своите морални начела до таков степен што се претвориле во неверна перфидна раса, бедна со храброст, како и со оние принципи на чест и доблест без кои нациите не може да имаат доверба помеѓу себе, ниту да им се верува од другите“, пишува во еден пасус од писмо зачувано во кореспонденцијата на вториот претседател на САД, Џон Адамс, упатено до Роберт Ливингстон, првиот секретар на Стејт департментот, од далечниот 14 јули 1783 година. Како куриозитет може да се спомене дека шест години подоцна, токму на тој ден ќе почне еден од најважните настани во европската, а по своето подоцнежно влијание и во светската историја - Француската револуција.
    Џон Адамс е вториот претседател на САД, а Роберт Ливингстон е човекот што во историјата ќе остане запишан како првиот секретар на Стејт департментот, односно шеф на дипломатијата на САД (функцијата што денеска ја извршува Хилари Клинтон).

    Слобода во трговијата

    Писмото во својата целина не се однесува специфично на Македонија или на Грција, туку е обид на тогаш младата американска дипломатија за либерализација на тргувањето и отворањето на водните патишта во Европа. Во краткото објаснување дадено за секое од писмата во цитираната публикација, уредникот Џаред Спаркс за ова писмо на Адамс до Ливингстон ќе запише: „Ексклузивната политика на европските сили во однос на трговијата. Погледите на Австрија и Русија кон Црно Море, Дунав, Архипелагот (се мисли на островите во Егејско Море) и Турција“.
    Ова убаво го објаснува и самиот Џон Адамс уште во првите реченици од своето писмо до Ливингстон, каде што ја образложува американската наспроти позицијата на некои од европските сили по овие прашања.
    „Господине, САД ги пропагираа надолго и нашироко во Европа идеите за слобода на навигацијата и трговијата. Меѓутоа, европските сили сѐ уште не се согласуваат за нивно комплетно прифаќање. Секоја од нив посакува да го задржи ексклузивното право над некое одредено море или река, а сепак да го ужива правото и да плови по другите“.
    Во продолжение пак на првиот цитиран пасус, каде што одделно ги набројал Грција и Македонија, Адамс напишал: „Проектот за освојување на провинциите Албанија, Румелија, Влашка, Молдавија и Мала Татарија од Турците и нивната поделба помеѓу двете империи (Австрија и Русија) можеби е поверојатен, но Турците во Азија и Европа еднакво се многу моќни, и ако комплетно се разбудат, може да направат огромно спротивставување; така што најверојатно е двата империјални двора да се задоволат со добивањето, преку преговори или со оружје, слободна пловидба по Дунав, Црно Море и Архипелагот. Оваа слобода сама по себе ќе придонесе за голема револуција во трговијата на Европа“.

    Неостварена желба

    Како што можеме да забележиме, Адамс имал извонредно познавање на условите и на состојбите во Европа и на Балканот во тоа време. Историчарите многу добро знаат дека интересите токму на руската и австриската круна (која подоцна стана австро-унгарска), како што гледаме уште од тој период па низ целиот 19 и почетокот на 20 век, биле тие чие совпаѓање, испреплетување и директно спротивставување ќе ги диктираат настаните и случувањата на Балканот и односите на сите народи и земји под владеењето на турската отоманска империја, а особено на Македонија.
    Останува фактот дека Џон Адамс, еден од татковците на САД и нивниот втор претседател, правел јасна разлика и дистинкција помеѓу Македонија и Грција во смисла на тоа дека со американска помош двете земји треба да се ослободат од турското владеење и од нив да создадат посебни независни републики (демократии).
    Под Илирик секако се подразбираат другите земји од просторите на поранешна Југославија. Од историјата знаеме дека неговиот план делумно беше остварен пред сѐ со напорите на европските филхелени, кои ревносно помогнаа Грција да се ослободи од турското владеење, но не и дозволија да создаде република или демократија, туку и инсталираа кралска монархија од една од европските кралски лози.
    Од друга страна, Македонија, наместо добивањето слобода, го продолжи своето ропство уште долги години. И во моментите кога со натчовечки напори се кревале востанија и се настојувало да се дојде до слобода и независност потпирајќи се на сопствените сили и непомогната од никого (заради кои принципи жестоко страдаа токму Македонците), Македонија и Македонците и во Илинденското востание и на АСНОМ ја промовираа токму републиканската идеја за која се застапувал и Адамс.
    Оригиналниот ракопис од писмото се чува во националната архива на САД.
    (Авторот студирал дигитални техонологии, култура и историја на американски универзитет, живее во САД, а подолго време ги истражува архивските материјали за Македонија од различни периоди)

    Предодреден за лидер
    Адамс и Декларацијата за независност
    Државниот ентитет наречен Соединети Американски Држави во мугрите на своето постоење имаше таква среќа клучните луѓе заслужни за нивниот постанок да се исклучителни ерудити, извонредни правници, прагматични дипломати и воопшто личности што во своите редови би посакале да ги видат секој народ и нација. Меѓу плејадата најзначајни фигури за постанокот на САД и првите декади од нивното постоење и етаблирање на меѓународната сцена се светски познатите имиња Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Бенџамин Франклин и неколку други личности, меѓу кои секако, според своето значење и придонес, спаѓа и Џон Адамс.
    Адамс е еден од најпознатите и најценети американски државници и дипломати. Тој е еден од седумте татковци на САД, предлагач и потписник на американскиот најсветол документ Декларацијата за независност и на Уставот на САД. Тој е човекот што служеше како прв потпретседател на САД, кога функцијата претседател на САД првпат ја извршуваше Џорџ Вашингтон, за подоцна да го наследи на тоа место.
    Во 1783 година Џон Адамс и служи на младата американска држава како нејзин комесар во Франција, ополномоштен амбасадор на САД во Холандија и како еден од комесарите на САД (заедно со Бенџамин Франклин и со Џон Џеј) во преговорите за потпишувањето на мировниот договор (од војната за независност со Велика Британија).
    Од ова време тој има честа и мошне исцрпна кореспонденција со другите важни личности за американската независност и државност за сите подробности од неговата дејност во Европа, а во бранењето на американските интереси. Целата негова, како и кореспонденцијата на другите најзначајни американски дипломати и државници од тоа време е уредно архивирана и објавена во повеќетомното издание наречено „Дипломатската кореспонденција на американската револуција“ уште во првата половина на 19 век.


    Автор: Гоце Панговски

  3. #193
    Avatar von hippokrates

    Registriert seit
    30.12.2005
    Beiträge
    13.211
    Zitat Zitat von archimedes Beitrag anzeigen






    Καλό υλικό...




    Ιπποκράτης

  4. #194
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.754
    За време на Втората светска војна, Македонците како слободољубив народ, масовно се вклучиле во борбата против фашизмот и нацизмот. Ова не важи само за Македонците од Македонија и Европа туку и нивните сонародници, кои потрагата по подобар живот ги однела преку Атлантикот, исто така зеле активно учество во војната на страната на победничката коалиција.
    На 7. декември 1941 година, Јапонија ненадејно ја нападнала американската морнаричка база во Перл Харбур, Хаваи, а по четири дена следи објавување на војна од страна на Хитлер. Овие два настани се доволен повод, дотогаш формално неутралните, Соединети Американски Држави и официјално да се вклучат во Втората светска војна.
    За време на војната над 16 милиони луѓе од Соединетите Американски Држави служат во американската војска, а истите се регрутирани во седум наврати во периодот од 16. октомври 1940 година до 31. декември 1943 година.
    Меѓу опфатените со овие регрутации има и такви со потекло од Македонија.
    Од архивите, кои што неодамна делумно беа отворени за јавноста, ексклузивно Ви прикажуваме дел од овие Македонци опфатени со четвртата регрутација.
    Од 27. април 1942 година. Наречена е "Old Man's Draft" (регрутација на стариот човек) поради тоа што со неа биле опфатени луѓе на возраст од 45 до 64 години.
    Како што може да се види од долу прикажаните картички, тие не ја заборавиле својата родна земја и во полето "Birth State Or Country" (родна земја) истакнале дека се од "Macedonia" (Македонија).





  5. #195
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307




    Hier noch 3 andere Tourismus-videos

  6. #196
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    27.754
    NY Times: Greeks betray Macedonians
    Thursday, 26 April 2012
    88488CFBC3C2C5448FAF3AAAE6A44219.jpg
    109 year old article from the NY Times found by film director Milco Mancevski while doing research for his films clearly showcases the plans of the Greek Government when it came to Macedonia, in particularly Aegean Macedonia.

    The NY Times claims it was Greek Government officials who betrayed the Macedonians by informing the Ottoman empire an uprising was planned in Aegean Macedonia.


    According to the NY Times the plan for Athens supported by official Paris was to cause the most damage to the Macedonians during their uprising by informing the Turkish Sultan before hand, at the same time explore opportunities for Greece to expand their territory towards Aegean Macedonia, which essentially happened during the Balkan Wars in 1913.

    Mancevski said this article and others from the NY Times would be donated to museums.

  7. #197
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307

  8. #198
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307

  9. #199
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307
    17.jpg
    18.jpg
    19.jpg
    20.jpg
    23.jpg
    24.jpg
    Angehängte Grafiken Angehängte Grafiken
    • Dateityp: jpg 21.jpg (8,6 KB, 8x aufgerufen)
    • Dateityp: jpg 22.jpg (10,1 KB, 8x aufgerufen)

  10. #200
    Avatar von mk1krv1

    Registriert seit
    24.04.2012
    Beiträge
    3.307

Ähnliche Themen

  1. Alte Bilder aus Makedonien - Die Perle der Makedonier
    Von LouWeed im Forum Geschichte und Kultur
    Antworten: 882
    Letzter Beitrag: 12.04.2017, 18:51
  2. Makedonien, die Perle des Balkans!
    Von Mac3don im Forum Geschichte und Kultur
    Antworten: 195
    Letzter Beitrag: 26.04.2012, 09:23
  3. Die Perle von Balkan!
    Von Freakylol im Forum Geschichte und Kultur
    Antworten: 75
    Letzter Beitrag: 25.04.2012, 19:27
  4. Albanien - Perle des Balkans
    Von Robert im Forum Urlaubsforum
    Antworten: 459
    Letzter Beitrag: 04.02.2011, 17:56