BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Erweiterte Suche
Kontakt
BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Benutzerliste

Willkommen bei BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen.
Seite 10 von 67 ErsteErste ... 678910111213142060 ... LetzteLetzte
Ergebnis 91 bis 100 von 670

These are the Macedonians

Erstellt von Monkeydonian, 01.03.2011, 02:15 Uhr · 669 Antworten · 52.091 Aufrufe

  1. #91
    Avatar von BlackJack

    Registriert seit
    11.10.2009
    Beiträge
    54.901
    ach so, daher die üblen Blessuren ... hat er gut gemacht, der alte Mann, diesen Arsch zu liquidieren, jetzt hat er hoffentlich seinen inneren Frieden wieder

  2. #92
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.891
    ЉУБОВТА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ – ЈАНКА ОХРИЃАНКАТА

    Ексклузивно писмо на Јустинијана, Јанка Каневчева, тајната вереница на Гоце Делчев
    Според писмото на Јустинијана (Јанка) Каневчева од Охрид, тајна љубовница, односно тајна вереница на Гоце Делчев, убиството на нејзиниот Гоце „медиумски“ се подготвувало цела година однапред. Имено, загрижената учителка Јанка на 8 февруари 1902 година пишува писмо, кое следниот ден го испраќа до редакцијата на софискиот весник „Дело“, барајќи да се демантираат гласините за наводното убиство на Делчев.
    Во тоа кратко и досега непознато писмо, Охриѓанката Јанка Каневчева, жената која Гоце неизмерно ја сакал, пишува: Почитуван редакторе; Ви испраќам во поштенски марки претплата за три месеци на Вашиот весник „Дело“. Ве молам, ако е возможно, да објавите еден демант на распространетите лажни гласови дека господинот Гоце Делчев бил убиен. Ако е можно тоа да се објави веднаш и весникот да ми се испрати на адреса:Пловдив, Петар Мутавчиев, учител. Докажете, ве молам, дека е жив и здрав, иако мнозина веруваат дека господинот Гоце Делчев е убиен. Докажете им дека е жив! Ако не сакате, тогаш не ми испраќајте на наведената адреса ништо. И сето ова, ве молам, да не се знае од кого е и кој го испраќа.
    Потоа, на крајот од писмото, Јанка пишува дека писмото го пишува во Софија на 8 февруари, и „останува со вера“ дека демантот ќе се објави. А таа добро знаела, бидејќи постојано била во контакт со својот сакан, дека Гоце Делчев токму во тоа време, значи токму кога наводно е убиен, бил во обиколка на четите.

    Неговата Јанка знаела дека веста е лажна затоа што Гоце, секогаш, кога имал и најмала можност, преку куририте испраќал абер до неа дека е здрав и жив. Таа знаела се: знаела каде е и кога ќе дојде. Кон крајот на истата 1902 година, кога којзнае по кој пат се проширил глас дека е убиен, Јанка со растреперено срце го пречекува во својот дом. Тогаш не демантира, зашто лагата е очигледна, а Гоце е до неа. Пресреќна е што може да го прегрне; што може да му се порадува, што можат да бидат барем за кратко заедно, вљубени и среќни.
    Но, за жал, нивните заеднички среќни мигови, траеле само неколку дена. По Божиќните празници таа 1902 година, Гоце Делчев, пред да замине повторно во Македонија, доаѓа на проштална вечера кај неа. Неговата Јанка му подготвува убава вечера, но му предава и црвено востаничко знаме со лав и фигура на девојка. Јанка на шега му вели дека лавот е тој, а девојката е таа. Гоце гласно се смее, земајќи го знамето што таа самата го извезла и бродирала.
    По вечерата Јанка го изненадува со убав Божиќен подарок – срмен џемпер што ќе го чува од студот по македонските планини. За да не и го расипе расположението, Делчев не и кажува дека тој е против востанието за кое веќе речиси јавно се зборува. Заминува од домот на својата вереница облечен во нејзиниот џемпер.
    Истата ноќ се сретнува и со својот драг пријател и соборец, Михаил Герџиков, кој, на секаков начин, упорно се обидува да го убеди да го одложи своето итно заминување во Македонија. Герџиков предлага заедно да заминат по неколку недели. Според неговите спомени, Гоце воопшто не сакал да разговара за никакво одлагање; бил многу растревожен и потиштен од одлуката токму таа пролет да се крене општонародно востание во Македонија.
    На Герџиков му признал дека ќе стори се да се одложи востанието, затоа што народот не е вооружен и не е подготвен за такво нешто. Во такви услови, тоа нема да биде востание туку кланица. Михаил Герџиков, неговиот верен другар и соборец, подоцна ќе запише дека никогаш не го видел Гоце толку тажен и загрижен. Пред да замине го прегрнал и со солза во окото, му рекол: Ако се случи нешто со мене, ако ме убијат, има две нешта за кои милеам – татковината и Јанка. Чувај ги и двете. Ако некогаш, подоцна, се родат некакви чувства меѓу тебе и Јанка, бидете благословени.
    Што се случува потоа со Гоце, Јанка и Михаил?
    Убиството на Гоце
    Куршумот го беше пронижал и џемперот што за Божик му го подарила Јанка Каневчева. Војводата Михаил Чаков во своите спомени, меѓу другото, пишува: Гоце лежеше ничкум. По заповед на командирот, војниците ги превртиле убиените. При превртувањето на Гоце, командирот Тефиков, Кукушанец, пријател на Делчев од детството, веднаш го познал, рекол: Ете, тое е Делчев! Еден војник, кој бил до трупот, нервозно скокнал и замавнал со бајонетот кон главата на Гоце. Тефиков бесно го турнал и наредил веднаш да се казне.

    Вереницата на Делчев, охриѓанката Јустинијана (Јанка) Каневчева за неговата смрт дознава неколку дена подоцна. Следните неколку години таа ќе ги помине во црнина, иако била девојка; тој и таа си имале дадено збор само меѓу себе, без обврски и без сведоци.
    Пет години подоцна, откако се родиле чувства меѓу нив, Михаил Герџиков и предлага брак. Следната година им се раѓа ќерката Магда. До пред неколку години Магда, која тогаш имаше 96 години, живееше во Софија. Војводата Михаил Герџиков, еден од најблиските и најверните соработници на Гоце Делчев, докрај го исполнил заветот на својот другар: Се грижел за Јанка до нејзината прерана смрт и се борел за Македонија до својата смрт. Вереницата на Гоце ја зел за сопруга, а Македонија, иако само на еден дел, по неколку децении станала независна држава. До крајот на својот живот останал верен на Гоцевата македонска револуционерна организација и на Јанка Каневчева, единствената голема љубов на Гоце Делев.
    Но, за жал, семејството на Гоце ја доживува судбината на неговата Македонија: тој е во Скопје, гробот на неговата мајка Султана е во Кукуш, татко му Никола почива во Благоевград (Горна Џумаја), брат му Христо е погребан во Софија, а на брат му Милан не му се знае гробот…Нема ниту една фотографија на Гоце со браќата, сестрите или со роднините. Нема фотографија ниту со својата вереница Јанка Каневчева, девојката која толку многу ја сакал.
    Таа има фотографија само со својот сопруг Михаил Герџиков и нивната ќерка направена во Охрид 1941-та година.
    Миа

  3. #93
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.891
    ФОТО: Македонци на Мумба фестивалот во Мелбурн

    МАРТ 11, 2013 10:14

    Категорија:
    Македонија,ТОП2
    (нема гласови)



    Објавено: март 11, 2013 во 10:14
    Вкупно: 95 прегледи

    Автор: Комуникација.Мк








    На овогодишниот фестивал Мумба – Мелбурн 2013“ настапија и преставници од македонската заедница од Мелбурн на чело со македонското Културно уметничко друштво „Александар македонски трети“ , а им се придружи македонската пензионерска група „Весели Македонки“.
    Посетата на фестивалот ја надмина бројката од над 600.000 посетилети што докажува за каква манифестација се работи.
    Настапија над 120 етнички заедници пред се` во најразлични бои од каде што потекнуваат.
    Мелбурн е избран три пати едно по друго за најдобар светски град за живеење благодарение на мултикултурните настани пред се кој ги има во изобилство во овој град секој ден во годината.











    Фото: Информатор

  4. #94
    Avatar von Makedonec do Koska

    Registriert seit
    28.04.2012
    Beiträge
    4.755
    David Babunski - Dribbler und Denker




    Barcelonas Nachwuchstalent David Babunski im Porträt




    Er schreibt mit 18 Jahren ein Buch über Philosophie, er wird mit Andres Iniesta verglichen und kann El Clasico gegen seinen Bruder spielen: David Babunski ist ein Ausnahme-Talent aus Barcelonas Nachwuchs. Der Jung-Philosoph im Porträt.



    "Fußball ist viel mehr als nur Sport. Es ist eine Art zu leben. Sein Einfluss ist so groß, dass seine bloße Existenz Auswirkungen auf jede Ecke der Gesellschaft hat. Die tiefgreifenden Emotionen, die dieser Sport in den Leuten erzeugt, die ihn verfolgen, haben einen großen Einfluss auf die Art unseres Denkens, Handelns und Fühlens. Nicht nur während des Fußballs, sondern auch darüber hinaus beeinflusst er unsere Entscheidungsfindungen und unsere Verhaltensweisen und dadurch genauso das Leben derer, die uns umgeben. Deshalb kann Fußball nicht nur wie ein einfaches Unterhaltungsspiel behandelt werden. Er verdient viel mehr als das. Denn was er uns gibt, ist grandios."


    Es klingt, als würde ein Philosoph sich ausführlich dem Fußball widmen. Als würde ein hoher Fußball-Funktionär feierlich seinem Lieblingssport huldigen. Als würde ein großer Denker des Fußballs über dessen Bedeutung räsonieren. Doch es sind die Worte eines 18-Jährigen.
    Andres als viele seiner Alterskollegen gibt sich David Babunski in seiner Freizeit der Philosophie hin. In seinem Blog schreibt er über falsche Ideale einer manipulierten Gesellschaft, den Traum von einer neuen Welt und über seinen größten Lebensinhalt: Fußball.
    Der 18-jährige Mazedonier ist seit 2006 Teil von Barcelonas berühmter Nachwuchsschule La Masia, mittlerweile kickt er für die A-Jugend und steht vor dem Sprung in die zweite Mannschaft. Das Besondere an Babunski: Er ist sowohl auf als auch neben dem Platz eine außergewöhnliche Persönlichkeit.



    "Virtuose mit dem Ball"
    Auf dem Rasen sind seine vorzüglichen Ballkünste unübersehbar - und das waren sie auch schon in Kindesjahren. Als der zwölfjährige Knirps Babunski bei einem landesweiten U-12-Turnier aus der Katalonien-Auswahl herausstach, wurden zahlreichen Vereine auf den jungen Dribbler aufmerksam. Und obwohl er sich im letzten Turnierspiel Schien- und Wadenbein gebrochen hatte, erhielt er Angebote von Espanyol sowie vom FC Barcelona.
    Babunski entschied sich für Barca und wurde umgehend in La Masia integriert. Dort war die Freude groß, sich einen vielversprechenden Nachwuchskicker gesichert zu haben. Einer seiner Jugendtrainer, Francesc Sanchez Bas, schwärmte einst von Babunski: "Er ist ein Spieler, der perfekt zum Stil und zur Philosophie des Vereins passt. Er ist äußerst kreativ, technisch sehr begabt, er ist ein Virtuose mit dem Ball."
    Und Bas sollte mit seinem Lob für Babunski nicht allein bleiben. Spaniens Medienlandschaft zeigt sich mittlerweile ob seiner fußballerischen Begabung begeistert, schon jetzt muss der Youngster manch mutigen Vergleich über sich ergehen lassen. Es heißt, er erinnere an Andres Iniesta.


    Ein Hauch von Iniesta
    Babunski verfügt über eine außergewöhnliche Ballkontrolle, hat einen pfeilschnellen Antritt im Dribbling und beherrscht den tödlichen Pass. Zudem kam er schon häufig auf der Iniesta-Position im linken Mittelfeld zum Einsatz.
    Kürzlich durfte er in der Nachwuchs-Königsklasse NextGen Series gegen Wolfsburg auf Linksaußen ran - und spielte VfL-Rechtsverteidiger Nils Winter den ein oder anderen Knoten in die Beine.
    Auch gegen ManCity wusste er zu glänzen, als er die komplette gegnerische Defensive mit einem phantastischen Hackenpass aushebelte. Die Folge war das 4:0 für Barca.
    Mit solchen Geniestreichen sorgt Babunski dafür, dass er aus der Iniesta-Nummer so schnell wohl nicht wieder rauskommt. Doch auch er selbst wird wohl sein Leben lang für einen anderen Nachwuchskicker Vergleichsobjekt und Messlatte zugleich sein. Gemeint ist sein Bruder: Dorian Babunski.



    Das Brüderpaar Babunski: El Clasico zu Hause
    Der heute 16-jährige Dorian wollte es 2009 dem großen Bruder gleich tun und spielte beim FC Barcelona vor. Doch er wurde abgelehnt - und ging stattdessen zum Erzrivalen Real Madrid.
    Als hätte ein Katalane im Trikot der Königlichen nicht schon Seltenheitswert genug, ist es sogar das erste Mal überhaupt, dass zwei Brüder für je einen der beiden spanischen Top-Klubs auflaufen. Doch für die Babunskis stellt die enorme Rivalität zwischen beiden Vereinen kein Problem dar: "Sie sprechen viel miteinander, diskutieren über Spiele, wünschen sich gegenseitig Glück", erklärt Vater Boban, der selbst einst u.a. für AEK Athen und den Chemnitzer FC spielte.


    Davon abgesehen scheinen beide auch aufgrund ihrer unterschiedlichen Spielanlage bei ihrem jeweiligen Klub bestens aufgehoben. Der Ältere, David, ist als Ballkünstler und Vorbereiter für Barcelonas Spiel wie gemacht. Stürmer Dorian hingegen ist physisch stärker und verfügt über einen knallharten Abschluss. Perfekt für Real, so Vater Boban, wo die Spieler "mehr Freiheiten erhalten und öfter improvisieren dürfen".
    Trotz unterschiedlicher Spielsweise dient David seinem kleinen Bruder stets als großes Idol: "Dorian hat immer betont, dass sein Bruder sein bester Trainer ist", bestätigt Boban Babunski.

    Philosophie und Meditation: Der Weg zur Perfektion
    Doch nicht nur auf dem Rasen ist David Babunski ein Vorbild und eine echte Persönlichkeit. In seiner Freizeit widmet er sich der Philosophie, sie ist für ihn viel mehr als nur ein Hobby. Philosophie, so schreibt Babunski in seinem Blog, ist "der perfekte Weg zum Guten, zur Selbsterkenntnis, zu Weisheit und Schönheit, Perfektion und perfektem Leben. Die einzig wahre Lösung für Alles."
    Seine Leidenschaft dafür geht sogar so weit, dass Babunski mittlerweile an einem Buch schreibt, das von der Verbindung zwischen Philosophie und Fußball handeln soll - und das im Alter von 18 Jahren.
    Neben Philosophie schwört Babunski auch auf Meditation. Durch diesen "Ausflug in unser Inneres" erreiche man "mentale Stabilität und emotionale Balance". Zwei Eigenschaften, die gerade als Profifußballer unabdingbar scheinen und Babunski in seiner Karriere noch nützlich werden könnten.

    Training mit den Profis und der Traum vom Nationalteam
    Doch auch so kann sich der Youngster über vielversprechende Perspektiven freuen. Schon bald könnte er den Sprung in die zweite Mannschaft schaffen, er durfte sogar schon öfters mit den Profis trainieren.

    Und auch auf internationaler Ebene hat Babunski bereits wichtige Erfahrungen gesammelt. In seiner Heimat Mazedonien, wo er zum Nachwuchssportler des Jahres gewählt worden ist, arbeitete er sich durch diverse Jugend-Nationalmannschaften hoch in die U 21.
    Eine Berufung ins A-Team scheint programmiert, es wäre Babunskis großer Traum: "Ich wurde in Mazedonien geboren, ich bin stolz auf meine Wurzeln. Für mich wäre es eine Ehre, im Trikot dieses Landes zu spielen, das auch mein Vater schon getragen hat", schwärmt der 18-Jährige.
    Er hat allerdings - genauso wie Bruder Dorian - schon die spanische Staatsbürgerschaft beantragt. Und selbst wenn es mit dem großen Traum nicht klappen sollte: Für einen Philosophen gibt es ohnehin mehr als nur Fußball.


    "Es gibt nichts Wichtigeres im Leben als das Leben selbst. Ein jeder muss bereit sein, für etwas Wichtigeres und Größeres als für ein paar Millionen Dollar, ein Spiel oder eine Meisterschaft zu kämpfen. Ein jeder kann für eine Idee kämpfen, die eine positive Veränderung in der Welt herbeiführt."

  5. #95
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.891
    Видео: Јапонци со македонски знамиња скандираа „Македонија, Македонија“

    пред 1 минута


    Од оваа видео снимка сигурно ќе ви се наежи кожата. Јапонските навивачи со десетици македонски знамиња во рацете гласно скандираа „Македонија, Македонија“.

    Имено, јапонскиот фудбалски клуб Нагоја доби засилување со македонскиот интернационалец Никола Јакимовски, кој доби силна поддршка и кој за кратко време стана многу популарен меѓу јапонските навивачи.
    Јапонските навивачи на дуелот со Џуболо Ивата му приредија одлично изненадување на Јакимовски. Тие ја покажаа својата љубов и поддршка кон него со десетици македонски знамиња и со скандирање „Македонија, Македонија“.



  6. #96
    Avatar von Ilir O

    Registriert seit
    11.07.2011
    Beiträge
    3.266
    Zitat Zitat von Zoran Beitrag anzeigen
    Видео: Јапонци со македонски знамиња скандираа „Македонија, Македонија“

    пред 1 минута


    Од оваа видео снимка сигурно ќе ви се наежи кожата. Јапонските навивачи со десетици македонски знамиња во рацете гласно скандираа „Македонија, Македонија“.

    Имено, јапонскиот фудбалски клуб Нагоја доби засилување со македонскиот интернационалец Никола Јакимовски, кој доби силна поддршка и кој за кратко време стана многу популарен меѓу јапонските навивачи.
    Јапонските навивачи на дуелот со Џуболо Ивата му приредија одлично изненадување на Јакимовски. Тие ја покажаа својата љубов и поддршка кон него со десетици македонски знамиња и со скандирање „Македонија, Македонија“.



    Was genau steht denn da Zoran, hab das gestern schon gesehen konnte aber nichts damit anfangen.

    lg

  7. #97
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.891
    Zitat Zitat von Ilir O Beitrag anzeigen
    Was genau steht denn da Zoran, hab das gestern schon gesehen konnte aber nichts damit anfangen.

    lg

    Japanische Fans zu Ehren von Nikola Jakimovski schreien Makedonija

  8. #98
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.891
    Виктор Дејвис Хенсон - американски професор, историчар на антиката




    петок, 15 март 2013,
    Вашингтон, 15 март 2013

    Пред околу 30 години сфаќањето за древните Македонци се смени и тие одненадеж беа прогласени за чисти древни Грци, иако дотогаш Грците ги сметаа за, во најдобар случај, народ кој треба да се елинизира, вели американскиот професор Виктор Дејвис Хенсон, историчар на антиката и нејзините војни и познат конзервативен колумнист. Според Хенсон, не може да се утврди дали оваа промена во начинот на гледање на антиката се должи на научни, туристички или пак политички причини. Професорот во угледниот институт Хувер на универзитетот Стенфорд во Калифорнија во интервју за МИА коментира и за економската криза во Европа и назадувањето на западните држави, односот на претседателот Обама кон Европа и промената во начинот на кој Западот гледа кон војувањето.
    Професоре Хенсон, посветивте добар дел од животот на изучување и пишување за Грција, нејзината историја, култура и цивилизација, но и на предупредувањето на промените со кои е соочена западната цивилизација. Како лично гледате на колапсот на Грција во изминатите три години, кој како да ги обедини вашите две водечки теми?
    - Секој што честопати ја посетувал Грција меѓу 1980 и 2010 година би требало да биде потресен. Дури и на голо око, јасно беше дека Грција е огромна пирамидална шема финансирана од Германија, при што една природно сиромашна држава ги фалсификуваше своите статистики и користеше германски заеми за да живее со лагоден живот. И долго време на многу, многу луѓе им беше многу добро. Грција во изминатата декада потсетува на таа од книжевноста на древна Атина во 4 век пред нашата ера. Темите се исти, завист, љубомора,недоразбирање околу државните социјални програми и барање начин како што помалку да се работи за да се добие државната плата.
    Како некој што долго време пред колапсот предупредувал дека европскиот социјален модел е неодржлив, дали сметате дека опасноста од државниот долг, на која инсистира десницата, е лекцијата која човештвото ќе ја научи од оваа економска криза. Или пак, како научена лекција ќе се смета опасноста од намалувањето на овој долг – политиката на кратењето на државните расходи преку таканаречениот аустеритет - објаснувањето кое го промовира левицата.
    - На крајот на краиштата, некој мора да живее во реалниот свет. Овој факт е неизбежен. Политиката на кратење на трошоците, всушност се сведе на борба околу добивање на странска помош. Земји како Грција или Италија велат дека се согласни да скратат дел од нивните државни расходи, но само ако тоа значи дека ќе добијат нови заеми од северна Европа или ќе им биде простен дел од долгот. Претпоставката е дека некој северно од Рајна прави нешто различно од тие што живеат јужно од Рајна, и со тоа создава реално материјално богатство кое е согласен да им го позајми. Значи, независно од сите пароли на левицата, дури и тие мораат да признаат дека нивниот систем не создава реални вредности. Италија нема да ја спаси Португалија, ниту Португалија ќе ја спасува Грција. Европа е соочена со пат позиција во која задолжените, по-социјалистичките држави на креативни начини, со закани или со нивното умилкување и апелирање на чувството на жал кај побогатите држави, кои работат според принципите на слободниот пазар, бараат да ги добијат заемите кои им се потребни. И навистина, задолжените држави се креативни во тоа што го прават, од подгревањето на вината за Втората светска војна до нивните закани дека како Самсон, ќе го урнат храмот на Европската унија врз себе, но и врз другите.
    Сигурно знаете дека две мали балкански држави, Македонија и Грција, се вклучени во тешка, дводецениска борба околу името Македонија. Иако ова некогаш се смета за смешно прашање, сепак носи и сериозни последици, од грчкото ембарго кон Македонија, до кревање на тензии во регионот.
    - Лично, како набљудувач од страна, сметам дека ова прашање е иронично. Изучувачите на класичниот период на Грција, меѓу нив и филхелените, се до околу 1975 година сметаа дека Александар и Македонците биле некој вид на недоделкани полу-Грци, на кои им било потребно хеленизирање од страна на грчките градови – држави. Но, по 1980 година, тие честопати се редефинираат како чисти Елини. Јас не знам дали до оваа промена дојде поради некои археолошки истражувања, поради потребите на туризмот или од политички причини. Мислам дека грчкиот начин на гледање кон древната Македонија е дека ова кралство, градот Пела и други клучни македонски градови, биле донекаде налик на Елините, со јазик кој бил сличен на грчкиот, но тежок за разбирање за тогашните Грци, и култура која во античко време била донекаде слична на постарите грчки кралства. Како тоа може да се претвори во културен континуитет преку 2.500 години, а уште помалку во тврдења на кого му припаѓа тоа наследство, јас не сум способен да кажам. Проблемот е лингвистички, етнички и историски. Големото древно кралство Македонија денес се толкува како словенска држава, елинска, самостојно македонска, древна, средновековна, модерна... Древните Македонци постоеле и живееле во територии кои денес им припаѓаат на повеќе држави, како што постоеле и постојат и денешните Курди. Но, политиката прави да не може лесно да се дојде до едноставни заклучоци.
    На Балканот, историските изучувања честопати се користат за да ги поткрепат политичките цели кон соседите. Чести се обвинувањата за крадење на историјата или традициите. Какви се вашите искуства со балканските историчари, кои честопати ги збунуваат странските?
    - Немам многу искуство, освен дека имам чувство дека повеќето историчари со грчко потекло претпоставуваат дека древните Македонци и модерните Грци се една и иста работа, а повеќето словенски историчари претпоставуваат дека модерна Македонија е легитимен културен наследник на едно комплексно древно кралство во кое имало мешани јазици и етнички групи. Во меѓувреме, повеќето американски и англиски историчари се едноставно, како што рековте, збунети. Моето гледање е дека во доцниот петти век пред нашата ера, кралската елита на една голема, широко дефинирана Македонија направила свесен напор да ја елинизира својата елита и урбаната култура, пред се, со цел да постигнат подобра воена ефикасност. И донекаде биле успешни во тоа, но тоа не значи дека го претвориле целиот јужен Балкан во Грција. Начинот на кој ова се пренесува во политиката во 21 век е бизарно, но не е без преседан. Погледнете го историското полагање право врз Палестина, или врз источна Прусија.
    Грција сериозно ја води модерната политика кон Македонија, велејќи дека така сака да го зачува своето историско наследство. Поради тоа однесување, дали модерна Грција е достоен заштитник и управител на ова наследство?
    - Јас сум живеел две години во Грција и сум ја посетил над 20 пати, и имам некое искуство со нејзините ексцентричности. Накусо, тие живеат во тешко соседство, одделени се од Европа со Балканот, а отворени се кон Блискиот Исток и Турција. Живеат во општество кое било окупирано 400 години од страна на Турците и користено како пионче во борбите на големите сили во 19 и 20 век. Грците веруваат дека нивното спектакуларно класично културно наследство преживеало негибнато 2.500 години низ македонска, римска, отоманска, франска, венецијанска и европска окупација, и дека поради тоа тие треба да имаат статус и влијание далеку над нивното инаку мало население и неимпресивна економија. Индивидуалните брилијантни Грци се далеку подобри претставници на Грција во целина отколку што се нивните бедни економски показатели.
    Грција е слободна пазарна држава, додека Македонија беше комунистичка земја, која спроведува пазарни реформи по падот на комунизмот и одржува низок долг. Двете земји како да се движат во различни насоки.
    - Ова е слично на разликите меѓу таканаречените црвени и сини држави во САД. Сините држави како Илиноис, Калифорнија или Њујорк се држави со висока стапка на оданочување, државна управа и иселување на граѓаните. Црвените - Јута, Тексас или Индијана имаат ниски даноци, помала држава и во нив се доселуваат граѓани. Првите се гордеат со својата култура, со Чикаго, Сан Франциско, Њујорк. Вторите се горди на пониската стапка на криминал и повисокото ниво на слобода. Вистината е дека сините држави се под економска закана, засега живеат од своето фантастично наследство како места каде што почнало американското индустриско чудо, и не можат долго да продолжат по сегашниот пат. Иронијата е што некогаш сиромашните држави во САД сега се подобро водени од богатите држави и луѓето некогаш се подготвени да се иселат од преубавата Калифорнија и да одат да живеат во жешкиот, честопати грд Тексас или во Невада, каде ќе уживаат во подобрата управа.
    Во времето на претседателот Буш се зборуваше за Новата Европа, за новите членки на НАТО од источна Европа кои ја поддржуваа војната во Ирак. Сегашната администрација е помалку заинтересирана да влијае врз европските земји во транзиција. Дали сметате дека има простор за поголема улога на САД во Европа?
    - Администрацијата на Обама Европската унија ја гледа како модел, и економски и културно. За Обама, ова претставува парадокс, од една страна тој ја презира Европа поради нејзиното наводно империјалистичко, расистичко и колонијално минато, но во исто време, и се восхитува за сегашното социјалистичко и анти-традиционално движење. Според него, сегашниот европски социјализам е своевидно извинување за нејзините гревови од минатото. Поради тоа што Европа безмалку имплодира и што иднината на Калифорнија можеме да ја видиме во денешна Грција, на Обама му е тешко да ја промовира Европа како модел и затоа најлесно му е да ја остави да се снаоѓа самата. Обама им се восхитува на социјалистичката Јужна Америка или на мултикултурната Азија или на исламскиот Блиски Исток повеќе отколку на напредните и хумани држави како Данска, Германија или Холандија. Обама ја прескокна Германија на годишнината од падот на Берлискиот ѕид, бега од состаноците на НАТО, оди во Скандинавија само кога требаше да лобира Олимписките игри да се одржат во Чикаго или да ја прими Нобеловата награда, и на разни ситни начини ја навредува Британија. Од друга страна, според него, насилниот Ердоган, наводно е пример за трезвен лидер. Попрво ќе се поклони пред саудијските клептократи или кинеските автократи отколку пред Кралицата на Англија.
    Во Брисел има чувство дека, поради кризата, мора да се спроведат промени за ‘повеќе Европа’, империјално засилување на централната управа врз континентот. Како сметате дека ќе продолжи овој процес?
    - Ова е стара желба, идеја на Платон - радикалниот егалитаризам секогаш бара повеќе власт и помалку демократија за да ја реализира својата визија за утопија, која секогаш подразбира и технократска управа под негова контрола. Радикалниот егалитаризам секогаш завршува со тоталитарност, поради судирот со човечката природно вродена желба да се биде слободен и да не отиде доброволно во присилното изедначување или на бесилката, која што следи. Тоа го гледаме и во САД, каде левицата молчи кога Обама го надминува Буш во употребата на претседателската моќ додека трча по својата верзија на рај во кој сите ќе бидат еднакви. Етатизмот води повеќе кон сиромаштија и мизерија, нешто што досега требаше да го научиме од Мао, Сталин, Кастро, Чавез и од Северна Кореја.
    Како историчар на војувањето, тактиките, геополитиката и херојството од древните војни се тема на вашите истражувања и книги. Сепак, модерниот начин на војување, со напади врз цивили, терористички напади врз верски објекти и слично, не остава многу простор за вообичаениот херојски наратив поврзуван со војната во вашите книги.
    - Модерниот западен свет, по двете светски војни, ја отфрла идејата за победа и за пораз, како и идејата за постоење на добро и на лошо. Ние од Запад сега мора да бидеме 100 проценти перфектни во се, за воопшто да не сметаат дека сме на добрата страна, и смееме единствено да одиме во војна под услов ако претходно на сите сме им обезбедиле на пример бесплатна здравствена заштита. Овие невозможни услови водат до застој, како што видовме во изминатите 20 години. Водиме какви-такви војни, далеку од очите на јавноста, со позајмени пари и со помош на класите население кои ги сметаме за нелиберални. Но, ако САД и Европа веќе не веруваат во исклучителноста на Западот, зошто другите би верувале во тоа? Нели е надреално тоа што имаме разбирање за ставовите на разни меѓународни силеџии и измамници кога го напаѓаат и навредуваат Западот, а во исто време нивните граѓани ризикуваат се само за да стигнат до Западот. Во Америка, ние сме изложени на постојани критики од властите во Мексико Сити, иако 12 милиони мексикански граѓани побегнале за да живеат кај нас, грингосите. Непријателски расположениот арапски свет и радикалниот Ислам не можат да ги спречат своите граѓани да бегаат во земјата на ‘декадентните неверници и крстоносци’. Дали е Западот зол, или е место во кое можете да живеете во убава куќа со огромен телевизор, или е и едното и другото? Но, сепак, само да се изнесат овие ставови се смета за политички некоректно, или за нешто уште полошо. Ние, на Западот, сме загубени души, при што постојат само уште неколку мали центри на старите верувања и самодовербата. Со евентуалното доаѓање на егзистенцијална борба, ние можеби ќе ги напуштиме овие самозалажувања стекнати благодарение на лагодниот живот и богатството. Но, засега, војните кои ги водиме не се водат за наше преживување, туку се војни почнати од избор. Ова може да се смени, и тоа на застрашувачки начини.

  9. #99
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.891

  10. #100
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.891
    Македонци и „Македонци“ – На Балканот има шест милиони луѓе со македонско чувство

    КОЛУМНИ | 22.03.2013 13:16

    Колумнист:Горан Момироски



    Иако со години се провлекува како едно од отворените прашања со Бугарија, минатата недела темата кои се Македонци, а кои „Македонци“, дефинитивно, стана дел од пакетот што ќе треба, покрај Нимиц, да го решаваат и владите во Скопје и во Софија.


    Насловната страница од 26. број на неделникот „Република“ во кој е објавен овој текст
    Една обична телевизиска анкета на софиските улици ја откри тајната на бугарскиот однос кон Македонија во контекст на признавањето на македонската нација како посебна од бугарската, како и во однос на евроинтеграциите на регионот. Анкетата направена на улицата „Солунска“ во Софија дополнително ни откри дека евентуалните кражби на бугарската историја и дискриминацијата на Бугарите во земјава се само врв на сантата мраз што постои меѓу двата народа, кои меѓу себе имаат перфектна јазична комуникација, но никакво разбирање за ставовите на другиот.
    Анкетата во која тројца од тројца урбани и образовани граѓани на Софија велат дека Македонците и Бугарите се ист народ и дека македонскиот е само дијалект на бугарскиот јазик нема научно значење, но е одличен показател што е вистинскиот проблем меѓу двете земји.
    И анкетираните во репортажата на ТВ „Канал 5“од Софија и стручњакот Димитар Бечев со кој „Република“ објавува интервју во овој број, ни откриваат дека, следејќи го грчкиот рецепт, и Бугарите воведуваат нова графа во виртуелните пописни листи на бугарската политика.
    Бугарски Македонец не е нова категорија во историјата и во политиката на источниот сосед. За нив и за македонските Бугари знаеме и од историчарите и од политичарите, но шокантно е што одеднаш и граѓаните и стручњаците што, објективно, реално ги согледуваат работите, зборуваат за еден и пол милиони Бугари, кои се чувствуваат како Македонци.
    „Како што има Бугари Мизијци и Бугари Тракијци има и Бугари Македонци“, раскажа пред камерата на Канал 5 еден граѓанин на Софија според кого нема никаква разлика меѓу двете нации. Дали ваквиот став е производ на децениската државна кампања насочена кон граѓаните или бугарската држава го прифатила ставот на граѓаните како полуофицијална политика, сега веќе не е ни важно.
    Со наведените еден и пол милиони бугарски Македонци, вкупниот број Македонци на Балканот се искачи на околу шест милиони луѓе што имаат македонска самосвест. Без разлика дали некој ќе ја означи оваа појава како колективен синдром на подвоен групен идентитет или ќе се толкува во согласност на меѓународните принципи според кои секој има право да биде тоа што мисли дека е, станува јасно дека во преговорите со Грција, особено во тој дел во кој се зборува за идентитетските одредници, Македонија ќе има сериозен проблем да добие ексклузивност.
    Земјава во многу наврати досега кажа дека нема проблем и други да се нарекуваат Македонци, мислејќи тука на 2,5 милиони Грци, кои одеднаш, на почетокот на деведесеттите години на 20 век почнаа да се идентификуваат како грчки Македонци иако во Грција никогаш немало грчки Криќани или грчки Тесалијци.


    Грчките Македонци се Грци како што германските Баварци се само Германци


    Најдобрата поука како треба да се надмине ваквата ситуација, која може да направи силен притисок кај владите на двете земји во моментите кога еден ден ќе се решаваат овие прашања, даде европратеничката Дорис Пак, која на дебатата во Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент неделава објасни како тоа се решава во Германија.
    „И ние имаме германски Баварци, но тие, пред сѐ, се Германци“, му порача Пак на Гркот Кумуцакос, кој претходно се закани дека ако европратениците продолжат да ги нарекуваат скопјаните Македонци, ќе добијат протестни писма од 30 до 40 европратеници, кои се грчки Македонци.
    Нејсе, ако се бараат меѓународни стандарди, принципиелно е да се прифати дека некој сака во својот национален идентитет да ја вгради и регионалната припадност, без разлика што во суштината на оваа операција е политичкиот мотив. Но, проблем е кога покрај вечно проблематичните Грци, во приказната влегува уште еден регионален фактор, Бугарија.
    А, најавата за инволвирање на Софија во проблемот ја даде експретседателот Прванов, кој пред три години изјави дека Бугарија нема да прифати ниедна варијанта на име што ќе ја вклучува географската одредница „северна“. И, според Прванов, кој е левичар, и според европратениците од редовите на централно-десничарската партија ГЕРБ на Борисов, спорот за името не може да се решава само меѓу Атина и Скопје, без Софија.
    Никој притоа не кажува јавно дека за Бугарија не е спорна само одредницата „северна“, туку и секоја друга што може да ја допре територијата од географска Македонија, која сега се нарекува Пиринска. Во тој контекст, покрај „северна“може да биде спорна и варијантата „Горна Македонија“ за која информираат и ја посакуваат грчките медиуми. Со тоа една од ретките опции што може да биде во игра и за двете земји е „вардарска“, што од многу причини не е прифатлива за Македонија.
    Позитивните тонови што доаѓаат од Софија по посетата на премиерот Борисов на Скопје не е гаранција дека работите ќе се одвиваат во посакуваниот правец. Не само поради евентуалната промена во бугарската влада, туку, пред сѐ, поради чувството кај обичните граѓани на Бугарија, кои, објективно, имаат силен сентимент кога станува збор за Македонија. Идните контакти меѓу претставниците на двете земји мора да ги имаат предвид овие фрустрации кај политичките елити, но и кај обичните граѓани.
    (објавено во 26. број на неделникот „Република“, 1.03.2013)



Ähnliche Themen

  1. History Of Macedonians, Parts 1-5
    Von Heraclius im Forum Diskussionen Griechenland vs. Mazedonien
    Antworten: 292
    Letzter Beitrag: 28.07.2012, 01:59
  2. Macedonia to the Macedonians
    Von Klement im Forum Geschichte und Kultur
    Antworten: 27
    Letzter Beitrag: 12.07.2012, 16:09
  3. These are the Macedonians
    Von Monkeydonian im Forum Geschichte und Kultur
    Antworten: 34
    Letzter Beitrag: 08.03.2011, 11:15