BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Erweiterte Suche
Kontakt
BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Benutzerliste

Willkommen bei BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen.
Seite 11 von 67 ErsteErste ... 7891011121314152161 ... LetzteLetzte
Ergebnis 101 bis 110 von 670

These are the Macedonians

Erstellt von Monkeydonian, 01.03.2011, 02:15 Uhr · 669 Antworten · 52.098 Aufrufe

  1. #101
    Avatar von Heraclius

    Registriert seit
    01.01.2011
    Beiträge
    13.284
    Zitat Zitat von Zoran Beitrag anzeigen
    Japanische Fans zu Ehren von Nikola Jakimovski schreien Makedonija


    Wahrscheinlich wissen die Japaner schlicht und ergreifen nicht was das überhaupt heißt.

    Heraclius

  2. #102
    Avatar von Godzilla

    Registriert seit
    02.04.2011
    Beiträge
    10.942
    Zitat Zitat von Heraclius Beitrag anzeigen
    Wahrscheinlich wissen die Japaner schlicht und ergreifen nicht was das überhaupt heißt.

    Heraclius
    Ihnen ist es zumindest egal, dass sie mit den antiken Makedonen nix zu tun haben.

  3. #103
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.891



    Тихомир Каранфилов

    Сара Ароести (1976) е ладино музичар од Менхетен, со еврејско потекло од Македонија. Таа застанува во првите редови на современата ладино музичка преродба, а нејзината музика често е нарекувана како „феминистички ладино рок.“
    Сара израснува во Принстон, Њу Џерси. Нејзините семејни корени можат да се следат во Битола и Солун, каде постоела голема еврејска колонија која речиси била целосно уништена во Холокаустот. Во почетокот на XX век, нејзиното семејство емигрира од Македонија во САД.
    Семејството Ароести, кое припаѓа на сефардската група Евреи доселена на Балканот од Иберскиот Полустров кон крајот на XV век, живеело во Битола. Еврејските доселеници во Македонија лесно го научиле јазикот на своите нови соседи и брзо се интегрирале во тогашниот општестевно-политички систем. Меѓу себе Евреите со потекло од Шпанија зборувале ладино или јудео-шпански.
    По Првата Светска Војна околу 150 еврејски семејства од Битола се доселуваат во Солун, каде постои добро организирана сафардска општина. Меѓу доселените се наоѓа и семејството Ароести. Во спомен на родното место тие ја изградиле синагогата Ел Кал де Лос Монастирлис во 1928 година. Главен донатор за изградбата на една од најубавите синагоги во Солун, било семејството Ароести. Тој бил единствениот еврејски храм во Солун кој во Втората Светска Војна останал неоштетен, но бил потполно ограбен. Германците однеле се` што било вредно, вклучувајќи ја и богатата библиотека. Во оваа синагога и денес активно се одржуваат служби за членовите на Битолската еврејска заедница.
    Откако беше окупиран од страна на Грција, по Балканските и Првата Светска Војни, Солун веќе не беше пристојно место за живеење. Под притисок на грчките власти, од градот се иселуваа Евреите и Македонците, а по Грчко-турската војна во 1922 година секојдневно се населеуваа Грци од Мала Азија. Така, голем број еврејски семејства кои за време на војните побараа спас во Солун, сега се упатуваа кон Палестина и САД. Семејството Ароести како своја дестинација ја одбрала Америка и емигрира во САД во триесетите години на XX век.
    Сара Силверман родена 1976 година, која по мајка потекнува од семејството Ароести, учи класично оперско пеење во Вестминистерскиот хорски колеџ и на Универзитетот во Јеил. Додека студира со Нико Кастел, таа присуствува на првото изучување на традиционалните Ладино песни на Израелскиот Институт за вокална уметност во 1997 година.
    Кон крајот на 90 –тите, Сара работи за Националната фондација за Еврејска култура во Њујорк, каде создава „Нова еврејска музичка инцијатива“. Но, согледувајќи дека постои заживување на Ашкенази клезмер музика, но дека нема слично заживување на Сефардска музика, таа е разочарана. Бидејќи не може да пронајде било каква модерна Ладино музика, таа формира своја Ладино рок група во 2001 година.
    Во периодот кога многу малку луѓе играат Ладино музика, за да го привлече вниманието на младите, Сара го прифаќа моминското презиме на мајка си Ароести и истовремено прави преродба на традиционалната музика на нејзините претци во современа Ладино музика.
    По протерувањето на Евреите од Шпанија во XV век, Ладино (јудео-шпански) јазикот се развива во зависност од ширењето на еврејскиот народ. Така и Ладино музиката во себе носи музички примеси од културите на различни земји каде шпанските Евреи продолжуваат да живеат. Корените на Ладино јазикот лежат во Кастилскиот шпански и имаат нијанси на Еврејски, Арамејски, Арапски, Турски и други јазици. Од 2012, Ладино јазикот (јудео-шпански), го зборуваат најмалку 100.000 луѓе, од кои најмногу во Израел.
    Првите два албуми на Сара Ароести, „A la Una“ (2003) и „Puertas“ (2007), беа првенствено Ладино надградби со сефардски стандарди. Музиката со класични рок инструменти (гитара, бас и тапани), беше опишана како “традиционална Ладино музика, обновена со рок, фанк и џез“.
    Третиот албум на Ароесте „Gracia“ (2012), го добива името по Дона Грациа Мендес Наси, Еврејка која во XV век им помага на еврајскиот народ да избегаат од Шпанската инквизиција. За разлика од првите два албуми, многу од песните се оригинални, напишани од Ароесте. Тој е нејзиниот најголем експериментален албум досега, во кој влијанието на Ладино музиката не исчезнува, туку се интегрира во овој жанровски експеримент.
    Сара Ароести, чие далечно потекло по мајка е од Македонија, има настапувано низ целиот свет, вклучувајќи го и Балканот. Таа и` даде на Ладино музиката нови модерни димензии, за кои е наречена „Еврејска Шакира“.

    GraciaCover.jpg

  4. #104
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.891
    Билјана Василева, сликарка
    24.03.2013
    ЕРОТИКАТА Е ДЕЛ ОД СИТЕ НАС, А ОВОЈ ПАТ ЈАС РЕШИВ ДА ОДАМ ДО КРАЈ СО НЕА
    Еротизмот и сексуалноста се секогаш интригантна тема, а кога тие ќе бидат претставени како што тоа направи академската сликарка Билјана Василева, со својата нова изложба "Keep calm and have a vagina", тогаш дури навлегуваат во сферата на контроверзите. Делата се поставени во Младинскиот културен центар во Скопје и публиката ќе може да ги види до средината на април...

    Еротизмот е вечна тема во сликарството, но Вие подготвивте изложба која оди до крај, кога се работи за директноста. Зошторешивте да бидете целосно експлицитни?
    Додека сликам или цртам, немам дилема околу искреноста и директноста во пристапот. Ме мотивираше еротиката, моќта која таа ја има во спојувањето на луѓето. Зборувам за овој циклус дела, исто како што во претходниот ме мотивираше тагата по загубениот родител, и и во двата случаи не се штедев, отидов до крај. Значи, не постоеа дилеми додека траеше процесот на творење, дилемите се појавија кога почнав да размислувам за претставување на моите дела во јавноста. Се’ што е искрено и што допира до чувствителните точки, односно оние што ги криеме и од јавноста и од себеси, знае да биде тешко за разоткривање. Искрено, се прашував како тоа ќе го доживеат луѓето од моето секојдневно опкружување, колегите, семејството... Од друга страна, решив да одам до крај, како што му доликува на секој кој себеси се доживува како уметник. Ако во уметноста не сме слободни во изразот, тогаш каде? Еротиката е дел од нас од кој не можеме да избегаме, иако некогаш го ставаме во позадина. Дополнителен мотив да бидам експлицитна беше двојниот морал на современото општество - од една страна поттикнување на порнографскиот консумеризам, кој е омаловажен од елитистичките кругови, а е истовремено широко распространет и е голем извор на профит на истите тие, а и генерално, а од друга страна, моментот што еротското е длабоко во сите нас, иако е потиснувано. Колку и да сакаме да избегаме и да го игнорираме, факт е дека ни го збогатува животот и оти сите тежнееме кон тоа да најдеме партнер со кој ќе можеме да ги споделиме радостите, кои ги пружа еротиката.
    Дали модерната уметност може да се црпи инспирација од порнографијата? Дали е тоа денес легитимен уметнички пристап?
    Уметноста има право да црпи инспирација од се'. Не само денес, отсекогаш уметноста била таа чија задача, меѓу другото, е да ги урива табуата и предрасудите. А посебно денес, во времето на самоцензурата и на тоталната контрола од страна на центрите на моќ („Сегледачкото око“, цртеж од оваа серија, е мала дигресија и тивок крик на темава за која зборувам). Јас лично барем во уметноста си давам целосна слобода. Што се однесува до порнографијата, таа за мене значи крајност, не само во сексуална смисла, туку доведување на нештата до степен на краен невкус и вулгарност, изобличување на вистинското доживување, сведување на животински инстинкти. Не ја поднесувам нејзината плиткост и сведувањето на површен физикус на некои од најубавите моменти од животот, ама во случајов свесно играв на неа. Моите дела се еротски, суптилни, ама се користам со средствата на другата крајност, порнографијата, за да удрам што е можно посилно по лажниот морал, затоа што порнографијата е добар потенцијал за користење кога нешто се сака да се каже во денешново вулгарно општество. Зарем не ни е целото опкружување и наметнатиот начин на живот чиста порнографија? Тргнувајќи од политиката, локална и глобална, и евтините и површни методи со кои таа се промовира, соодвеетен пандан на порнографските, односно удирање по најплиткото во човекот. Да заокружам, порнографијата е ресурс со кој сите се служат за да бидат слушнати во денешново време на ниски критериуми и инстант-вредности и консумеризам, па и јас го злоупотребив за да испратам порака сосема спротивна од нејзината, а тоа е дека има премногу површност, и премалку квалитет, а еротиката е на висок степен на скалата на вистинските, исконски вредности.
    Колку мажите го разбираат женскиот аспект на сексуалноста?
    Тоа е индивидуално, и тука не би правела поделби во однос на полот. Кога се тежнее кон вистинско спојување со партнерот, мажите забораваат дека се мажи, жените забораваат дека се жени. Ама тоа е во случај кога партнерите се ослободени од предрасуди. За жал, предрасудите денес и кај нас се’ уште постојат и тоа во голема мера. Би сакала да мислам дека повеќето размислуваат како мене, но, за жал, се' уште се широко застапени мачоистичките ставови, и мора да констатирам дека женската сексуалност не е разбрана. Ајде, ќе бидам до крај отворена во ова интервју, бидејќи сум„’рчната“ на вистинските места... Не ја разбираат, се' уште е сведена на квантитет, времетраење и на сантиметри. А тоа е со цел да се одржи наметнатиот имиџ на маж, успешен во сите аспекти. А на нас освестените жени ни е преку глава од тоа, бараме некој ослободен од тие предрасуди!


    Насловот на изложбата е "Keep calm and have a vagina" („Биди спокојна и имај вагина“). Колку е вагината, како симбол на женската посебност, предност, а колку е хендикеп?
    Тука во старт мора да расчистиме, насловот на изложбата е ироноја, порнографија. Суштината е дека треба да се биде трпелив, културен, да се сочуваат сите одлики на типична жена. Кога споменав „вагина“, мислев на сите атрибути на женственоста, на тоа да се биде одмерен, културен, неагресивен..., сите типично женски модели на однесување. Го употребив тој термин и симпатичниот слоган затоа што ми беа наједноставни за да ја испратам пораката , која ја носев во себе. Со други зборови кажано, мислам дека жените не мора да се претворат во мажи за да го најдат своето место во општеството. Предност е да се биде професионалец, а жена, затоа што секогаш полесно се соработува со некој пријатен за гледање и комуникација. Тој пристап го сметам за типично женски, иако би им препорачала и на мажите почесто да го користат - носи успех на долги патеки. Мислам дека времето на агресивноста, каде и да е, ќе заврши, а жените тука ќе одиграат водечка улога. Јас досега се имам водено по принципот да се работи, а да не се прави голема врева околу тоа. Свесна сум дека на кратки патеки тоа ретко поминува,но вистинските работници и професионалци фаќаат „на кондиција“ и по некое време се' си доаѓа на своето место.
    Оние што Ве познаваат, речиси без исклучок, ќе речат дека сте тивка, скромна, ненаметлива, дури би се рекло - срамежлива личност. Имавте дилеми, односно некаква внатрешна борба да излезете во јавност со ваков вид слики?
    Како што кажав претходно, имав одредени дилеми. Верувам дека овој циклус дела е изненадување за тие што ме знаат, а тие што не ме познаваат може да ги наведе да стекнат погрешно мислење за мене. Од друга страна, како што се изборив со тоа повлеченоста и ненаметливоста да не си ги доживувам како хендикеп, така сега решив да ја покажам и мојата друга страна. Дилемите беа лесно надминати кога видов, од првичните реакции, дека тие што треба и чие мислење го почитувам сфаќаат за што станува збор, а за останатите - нивен проблем, треба да поработат на сопствената површност.
    Во Вашата биографија пишува дека се приближувате до 40-тата година. Дали возраста влијае врз сексалноста, односно колку е таа (сексуалноста) поинаква на 20, 30 и на 40 години?
    Да, наскоро ќе наполнам 40, и дотолку повеќе му се радувам на животот. Сегасум посреќна и поисполнета отколку на помлада возраст. Возраста не игра голема улога, секој период од животот си има свои убавини. Не треба да се плашиме од стареењето, бидејќи тоа значи себеспознавање, изградени критериуми за себе си, за луѓето со кои одбираме да се опкружиме (кругот е стеснет, но квалитетен), за нештата што не' интересираат и не' прават среќни... Но, тоа не значи дека не треба да водиме сметка за својата физичка состојба. Напротив. Топло препорачувам вежбање, секогаш кога се има можност (јас, за жал го запоставив во последниов период, токму поради изложбата немав доволно време и енергија, меѓутоа уште во текот на оваа недела ќе му се вратам), и водење сметка за линијата. Тоа се за мене две клучни работи кои не' одржуваат физички „млади“ и во добра форма. А духовната младост, тоа е нешто навистина скапоцено. Цел живот треба да го негуваме детето во себе, љубопитноста, експериментирањето и доживување на животот како голема игра.
    Насловите на некои од делата се прилично интригантни, речиси како и самите слики - „Користете еколошко гориво“, „Лебдечки вагини“, „Нозе широко отворени“, „Нозе во воздух“, „Самозадоволување“... Дали насловот го одредувате на почеток, кога ги правите првите потези, или е тоа нешто што Ви доаѓа како финале на завршената работа?
    Насловите и потпишувањето ми се најмачниот дел од целиот тој процес, почнувајќи од соочувањето со празно платно, преку сликање и цртање, па до каталогизирање на делата , и на крај оддалечување од нив преку тоа што ги препуштам на публиката. Насловот за мене доаѓа на крај, откако малку ќе се дистанцирам од делото. Во случајов тоа ми овозможи да отидам во иронија и свесно да ги направам насловите интригантни, во согласност со името на целиот циклус. За разлика од процесот на творење, кој навистина ме обзеде и ме стави во мелница, ставањето на насловите беше игра и кокетирање со јавноста.
    Во "Keep calm and... ", користите повеќе техники и подлоги: масло, акрил, платно, дрво, туш, молив, јаглен, хартија... Тоа беше свесно решение или дојде спонтано?
    Паралелно, во ист период се работени и сликите (масло и акрил на платно) и цртежите во овој циклус, од есента 2012 . до сега. Првите бараа сериозен ангажман и физичка подготвеност (не е лесно да се справиш со платно,особено од голем формат, кога штотуку си се вратил од работа која те исцрпела), а цртежите беа еден вид релаксирање во меѓувреме. Никогаш не ги планирам циклусите однапред, оставам насобраните искуства кои ме мотивирале сами да си ги најдат изразот. Што се однесува до техниките, тука цел живот експериментирам. Цртеж, графика, масло на платно, компјутерска графика, видеоарт, мултимедија... Не знам што е следно, и во тоа е убавината да се биде уметник.

    Миодраг Мишолиќ


    ДЕЛА ОД ИЗЛОЖБАТА
    "KEEP CALM AND HAVE A VAGINA"
    Фото: ЈАНУС Т.























  5. #105
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.891

  6. #106
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.891

  7. #107
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.891

  8. #108
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.891
    UMD Montreal representative Aleksandra Nasteska nominated for Canada's Top 25 Immigrants Award

    aleksandra Nasteska.jpg
    Skopje, 3 April 2013 (MIA) - The United Macedonian Diaspora (UMD) has said its Montreal representative, Aleksandra Nasteska, an environmental advocate, has been nominated to be one of Canada's Top 25 Canadian Immigrants – the first Macedonian to be nominated for this prestigious award.


    The RBC Top 25 Canadian Immigrants people's choice award recognizes immigrants who have bettered Canadian society.


    “I am very honoured and excited to have made it in the 75 finalists, who all seem to be exceptional immigrants. As a Macedonian, I hope I can give visibility to our nation and ensure the Canadian community continues to learn about our country and culture. It is very important to bring attention to the issues and challenges our people are facing in Macedonia and as immigrants, but also to show the world the unique contributions we can bring as a nation and as individual Macedonians. I hope that if I win this award I can indirectly create opportunities for other Macedonians in Canada and inspire Macedonian immigrants around the world to reach for their dreams and their desired place in society,” said Nasteska.


    From 600 nominations across Canada this year, the selection committee chose Aleksandra Nasteska as one of the 75 finalists. Past winners of this award include Member of Parliament Olivia Chow, Oscar-nominated Deepa Mehta and Governor Generals Adrienne Clarkson and Michaëlle Jean. Laureates represent immigrants that have embraced their community and paid forward the support and help they received upon arrival.


    Aleksandra Nasteska was born and raised in Skopje, the Republic of Macedonia, where she first became outspoken in the women’s rights movement as a 14 year old, participating in UN-organized public panels on the status of women and girls in Macedonia and the Balkan region. She has lived in Canada for 8 years and has worked in the public service sector and non-profit organizations since immigrating to Canada. At 29, Nasteska co-founded and led the We Canada campaign for Canadian leadership and expanded it to an internationally recognized mobilization effort for the United Nations Rio+20 conference. She was also the communications director of the campaign, where she managed more than 40 volunteers across the country, and developed and executed sophisticated engagement strategies.


    Nasteska led and facilitated the cross-Canada Dialogues and Action for Earth Summit 2012 tour. She was the opening speaker for prominent Canadians such as Dr. David Suzuki and Désirée McGraw, executive director of the Jeanne Sauvé Foundation. The tour included visits to 16 Canadian cities and towns (23 universities and 30 elementary / high schools), and consulted with approximately 8,000 Canadian youth about their priorities and ideas for a sustainable Canada.


    Through the nationwide series of workshops and presentations, Nasteska dynamized thousands of young Canadians from coast to coast to achieve their full potential as citizens aware of sustainability and environmental change. These ideas were presented in a final report, The Future Canadians Want, at the Rio+20 conference. Her optimism, hard work and creative approach placed her at the forefront of this volunteer-led initiative for one of the most important global meetings in United Nations history.


    In addition to co-chairing the national consultation, she was able to build a strong network of supporting organizations, high-level individuals from the United Nations and civil society and public figures. Some of the high-profile organizations and individuals that partnered with We Canada for Rio+20 under her leadership are: The David Suzuki Foundation, Greenpeace Canada, the Canadian Institute for Environmental Law and Policy, and Severn Cullis-Suzuki (international activist and author), Sara Canning (leading actress in the Vampire Diaries), Amber Mac (best-selling technology author).


    Nasteska has highlighted the role of the Canadian citizen in tracking and influencing negotiations on the international stage. She is determined to develop the abilities of youth to attain higher levels of education and professional achievement, and has proven herself as an engaged individual who is eager to contribute positively to Canada.

  9. #109
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.891
    ГЕСТ НА ПАТРИОТИЗАМ
    Гоце го сменил презимето и станал Македонски



    Ресенецот Гоце по татко бил Мојановски, го променил презимето во Македонски, кое денес го носи и неговиот син Филип, а вкупно во Македонија има седум лица со ова презиме
    Ресенецот Гоце се откажал од своето семејно презиме Мојановски и во негова замена го прифатил презимето Македонски, како што објаснува, од љубов кон татковината и кон нејзината историја. Постапката во законска процедура ја спровел уште во времето на поранешна Југославија, пред 26 години. Во тоа време ретко се случувало луѓето да си ги менуваат имињата и презимињата, па во прво време околината со чудење гледала на неговата постапка, а подоцна се навиканале.

    - Многу читав историја. Македонците во сопствената држава играат македонски рулет од нејзиното постоење, па до денес. Тоа треба да запре. Меѓу себе се негираме, се омаловажуваме, се кодошиме. Ние страдаме од тоа. Тоа мора да се елиминира за наше добро. Треба да се поддржуваме меѓу себе, да бидеме единствени, да се гордееме со нашата татковина, со нејзината историја. Затоа и го зедов презимето Македонски - раскажува ресенецот.

    Неговото име и презиме асоцира на две значајни историски личности од овие простори. Името на големиот македонски револуционер и деец Гоце Делчев. Презимето, пак, на античкиот војсководец Александар Македонски. На својот фејсбук-профил Гоце Македонски објавил дека по поставувањето на споменикот „Воин на коњ“ во Скопје, го посетил со своите деца и им рекол дека Македонија има историја со која треба да се гордеат.

    - Откако го променив презимето, него го презеде и целото мое петчлено семејство. Македонски се презиваат и моите три деца - синот Филип, ќерките Фросина и Викторија - ни рече Гоце Македонски.

    Според податоците од административниот регистар на население во Државниот завод за статистика, до крајот на 2012 година, во Македонија седум лица го носат презимето Македонски. Од нив петмина ресенци. На името Македонка се одзиваат 1.842 Македонки, што е 11 пати помалку застапено име од Марија, кое го носат 21.360 женски лица. Македон, пак, се крстени 36 мажи, име кое се појавува 652 пати помалку отколку најзастапеното име во земјава Александар. Во Македонија статистиката покажува дека има 23.494 Александровци. Презимињата Александров и Александрови ги носат 268 Македонци.

  10. #110
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.891
    22. April 1915 bei Nevrokop (heutiges Bulgarien) wird ein großer makedonischer Sohn liquidiert: Jane Sandanski.


    "Kein bulgarisches Makedonien wollen wir, sondern ein Makedonien für die Makedonier, ein Makedonien befreit von der Tyrannei."

    934045_489096701145380_1947517647_n.jpg

Ähnliche Themen

  1. History Of Macedonians, Parts 1-5
    Von Heraclius im Forum Diskussionen Griechenland vs. Mazedonien
    Antworten: 292
    Letzter Beitrag: 28.07.2012, 01:59
  2. Macedonia to the Macedonians
    Von Klement im Forum Geschichte und Kultur
    Antworten: 27
    Letzter Beitrag: 12.07.2012, 16:09
  3. These are the Macedonians
    Von Monkeydonian im Forum Geschichte und Kultur
    Antworten: 34
    Letzter Beitrag: 08.03.2011, 11:15