BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Erweiterte Suche
Kontakt
BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Benutzerliste

Willkommen bei BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen.
Seite 2 von 68 ErsteErste 1234561252 ... LetzteLetzte
Ergebnis 11 bis 20 von 671

These are the Macedonians

Erstellt von Monkeydonian, 01.03.2011, 02:15 Uhr · 670 Antworten · 52.275 Aufrufe

  1. #11
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.924
    ИЛИНДЕНСkО ВОСТАНИЕ
    370 против 12.000 – вечно им благодариме


    Сите ги знаат главните историски факти за Илинденското востание. Илинден, Мечкин kамен, Никола kарев, Питу Гули, борбите во костурскиот крај... Сите ги почитуваат и ги слават илинденците и тоа е така со децении.


    Но, дали сме се обиделе некогаш подлабоко да влеземе во кожата на илинденците и на нивните семејства? Kако тоа би изгледало од денешна перспектива? Дали сме воопшто свесни за подвигот на јунаците? Дали ги разбираме размерите на тие жртви?

    Слушајќи го одличниот говор на претседателот Иванов една работа ми се врежа во главата за Мечкин kамен: 370 востаници против 12.000 турски аскер. Уште еднаш: 370 против 12.000! Тоа се 10 комити наспроти 320 Османлии. Или, тоа е 1 човек против 32. Пред тоа се поклонуваме.

    Читајќи ги податоците за Илинден 1903, би сакал да споделам неколку податоци кои треба почесто да си ги повторуваме и да се замислиме над нив.

    На пример, само во Демирхисарско имало повеќе од 1.000 востаници. Само во малиот демирхисарски регион имало повеќе од 1.000 борци кои биле подготвени да се борат со силата на тогашната армија на Турција.

    Селата Царев Двор, Болно, Јанковец и Дрмени имале свои чети. Замислете ги само тие момчиња со 17, 19 или 25 години. Замислете го само нивниот жар и нивниот елан. Нивната бестрашност и пожртвуваност. Замислете ги сите села во тоа време и луѓето во нив. Ете тоа е Илинден.

    Додека денес возиме кон Охрид, поминувајќи го Ботун да се сетиме дека таму во 1903 година имало судири цела недела. Цела Дебарца била на нозе, со бегалци и запалени македонски села, а судирите се прошириле на Лешани, Слатина, Лактиње и Врбјани. Kаква траума било сето тоа за тогашните деца?

    Или, сите да се замислиме над фактот дека во kостурско имало 2.000 востаници. Kога се вели востаници, не треба да забораваме дека во најголем број тоа биле обични луѓе, домаќини и младинци, кои рекле дека ќе ја бранат честа и достоинството на Македонија и на своите семејства. Вечно им благодариме.

    Во kичевско планините Бистра, Стогово и Белчица биле полни со комити. Македонците го нападнале kичево и во еден момент накратко го ослободиле градот. Биле прекинати телеграфските врски меѓу Битола и Прилеп. Урнати сите мостови од Битола до kичево, плус некои мостови во Градско и Велешко.

    Борби се воделе во Гевгелиско, kукушко, Ениџевардарско и Воденско. На 10 август бил миниран мостот на железницата во Гевгелиско. Замислете само како ќе изгледаа денешните вести, весници и портали ако сето тоа го пренесеме во денешно време. На тој начин подобро ќе ја разбереме жртвата и подвигот на илинденците.

    Во Тиквеш востанието почнало со нападот врз беговата кула, а во повеќе акции имало мртви и ранети. Во само два месеца Никола и Султана Делчеви дознаваат за смртта на двајца свои синови – Гоце и Милан. Гоце во мај 1903 загина во Баница, а Милан Делчев во јуни во битка во селото Грамадна кога загинале 13 комити.

    Претходно, во 1901 година загинал третиот нивен син Димитар Делчев, а останал жив само еден син на Делчеви - Христо Делчев, кој преживеал голем број борбени акции. Никола и Султана имале 5 ќерки (Руша, Цоца, Тина, Лика и Елена) и 4 сина (Ѓорѓи – Гоце, Димитар – Мицо, Милан и Христо).

    Kај Арџанското Езеро 4 чети на војводата kрсто Асенов се судриле со 3 баталјони на турскиот аскер. 115 комити против 2.200 Османлии со пушки и артилерија. Зарем уште има такви кои сметаат дека Македонците се плашливи капитуланти?

    Востанието се проширило кон Мелник и Пиринско. Се редат судирите, борбите и акциите. Такви вести доаѓаат од kресна и Малешевијата. Се случуваат акции во Струмичко (kостурино), Малешевијата, Овче Поле, а во Скопскиот округ имало 15 борби.

    И, особено внимавајте на оваа бројка: во тие месеци во Македонија имало 175 баталјони турски аскер, односно 150 – 160 илјади османлиска војска, плус неколку десетици илјади башибозук и локални поддржувачи на Османлиите. Тие имале дома оружје, а по потреба се мобилизирале и влегувале во македонските села. Против таа сила се кренале македонските востаници и комитските чети.

    А kрушево? Само од kрушевско имало 15.000 бегалци. Биле запалени стотици куќи и десетици села. Генералот Омер Ружди бил сменет поради тоа што не бил доволно брутален, а на негово место бил поставен Насер Паша.

    Во битката на Слива војводата Ѓорѓи Стојанов заедно со 50 комити загинува на својата нива, а пред битката со повеќе илјаден аскер водачите го кажале следново на комитската чета: „Браќа, часот е велик. Врагот е пред нас. Но, и примерот на саможртвување и готовноста за борба до смрт е пред нас. Нека докажеме дека сме корави Македонци, упорни борци и доблесни синови на татковината“.

    Само во еден логор во Охридско имало 1.700 бегалци, а во одбраната на цивилите загинале 32 комити. После тоа напаѓачите убиле 158 мажи, жени и деца при напад на 10.000 аскер.

    Во Битолскиот округ (kрушево, kлисура, Невеска, Демир Хисар, kостур) имало 19.152 востаници против 292.735 противници (војска, башибозук и мобилизирани подджувачи). Загинале 746 востаници, а другата страна имала 3.087 убиени или ранети. Kомитите му нанеле сериозни загуби на окупаторот.

    Во цела Македонија биле запалени и опустошени 201 село и градови. Во текот на 3 месеци окупаторот запалил 12.400 куќи и без дом останале 70.836 лица. Во само 100 дена загинале 8.816 мажи, жени и деца.

    Замислете ги илјадниците мајки кои во текот на целиот месец август 1903 дознавале дека нивните чеда загинале во борба. Буквално илјадници мајки. Замислете ги нивните невести. Замислете ги жените кои со часови пешачеле по планините за да се спасат, а во рацете имале по неколку деца.

    Драги читатели, ако сте во можност прочитајте барем 1 час за Илинденското востание деновиве. Погледнете ги лицата и очите на старите фотографии на револуционерите.

    Замислете ги тие млади луѓе, тие борци и нивните семејства. Замислете го ужасот во македонските села. Замислете ги силата и оловото што удриле по нашиот народ. Затоа, да се сеќаваме, да паметиме и да ги почитуваме. Вечна им слава, поради нив денес ние сме слободни.
    Влатко Ѓорчев

  2. #12
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.924
    Интересна статија, заклучно со 2010 скоро пола милион македонци се иселиле од МК!


    447.000 МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ СЕ ИСЕЛЕНИ ОД МАКЕДОНИЈА


    Дејан Азески за Капитал


    Според извештајот на Светската банка, земјава е рангирана на 23 место во групата од 25 земји со најмногу емигранти. Со 21,9% емигранти од вкупното население земјава е во друштво со Западен Брег и Газа, Гранада, Самоа, Сао Томе и Принципе






    Светската банка објави дека 447.000 македонски граѓани се иселени од државата заклучно со 2010 година. Тоа е дури 21,9% од вкупното население во Македонија, со што земјата е рангирана на 23 место во групата земји во светот од кои најмногу се иселуваат. Македонија е во друштво на Западниот Брег и Газа, од каде што има и најмногу емигранти 68,3%, Самоа, Гранада, Сент Луција, Сао Томе и Принципе.


    Од регионот, друштво ни прават Албанија со 45,4% од населението во емиграција и Босна и Херцеговина со 38,9%. Светската банка констатира дека Македонците најмногу се иселуваат во Италија, Германија, Австрија, Словенија, Хрватска, Франција и во Канада. Овие бројки се само потврда на истражувањата на „Капитал“ за бранот на иселување на граѓаните од земјава во последните 15 години. „Капитал“ веќе објави дека 176.423 македонски граѓани се со регулиран привремен престој во земјите на ЕУ, а 56.506 добиле странско државјанство од 1998 година досега, 50% од населението недостига во минимум 10 општини. Колку граѓани се иселени на диво никој не знае, но веројатно бројката (во која нема временски период што се анализира) на Светската банка од 447.000 иселеници ја покажува реалноста.


    Министерствата за надворешни и за внатрешни работи немаат никакви податоци колку македонски граѓани се иселени од земјава и колку од нив живеат надвор со регулиран, а колку со нерегулиран престој. На прашањето на „Капитал“ велат дека не постојат никакви познати инструменти за да се пресметаат овие бројки.


    Линк до целиот текст

  3. #13
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.924
    Baba Lina aus Strumica feiert ihren 103 Geburtstag! Herzlichen Glückwunsch



    Струмичката супер бабичка го прослави 103-от роденден!

    Има 103 години и е здрава како дрен. Баба Лина Ќучукова, најстариот жител на Струмица го прослави роденденот како што доликува. Со торта и полна маса гости.

    Родена е во 1909 година во Кукуш, но поголемиот дел од својот живот го поминала тука во Струмица. Со родното место сеуште ја врзува само типичниот егејски говор. За долгиот живот исполнет со деца, внуци и правнуци, вели дека го следеле многу убави и лоши моменти. Ги надживеела со молитва и надеж за подобро утре.

    Станувам со молитва, легнувам со молитва. Се молам на Бога, ете така, вели баба Лина Ќучукова- славеничка.

    Спомените полека и избледиле, малку помни од младоста, и желби има се помалку. Само да е здрава за да не го оптеретува семејството.

    Се ми е добро, ме гледаат, ме хранат, затоа сум жива раскажува баба Лина за своето секојдневие.

    Блиските на баба Лина велат дека е разговорлива и со добро расположение, годините не и тежат, а најсреќна е кога има гости.

    Комуникативна е секое утро станува и сама си ги извршува личните потреби, а заедно пиеме кафе, сепак најсреќна е кога има гости вели Калиопа Ќучукова- снаа на баба Лина.

    Роденденската забава на оваа супер бабичка ја надополнија и претставници на градската власт. Сите и посакаа уште долги години мирен и здрав живот.

  4. #14
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.924
    На денешен ден пред 109 години во близина на село Цер од заседа, загина Јордан Пиперката, еден од најголемите херои во македонската историја. Роден е во Козица. Во жарот на борбите околу слободната територија, Јордан и неговата чета наседнале на лагата дека Бахтијар Паша го запалил Цер. По цена да не се врати жив тргнал накај Цер. Сватиле дека биле опколени и започнале битка со неспоредливо побројна османлиска војска. Востаниците од Свињишта кога разбрале за опкружувањето на групата на војводата Јордан Пиперката веднаш дотрчале и припукале. Со нивна помош опкружените востаници успеале да се извлечат кон село Прострање. Таму на сред село чекале селани, но кога виделе дека меѓу четниците не бил војводата, настанала тишина. Војводата Јордан Пиперката и уште неколку востаници загинале. Ноќта неколку востаници успеале да се пробијат до местото на битката и да ги извлечат телата. Ги погребале на едно ридче над село Велмевци каде и денес почиваат. Оттаму се гледа Суво Поле. Јордан сеуште го пази.
    Со сите доблести и мани кои може да ги има еден човек, но со голема љубов спрема татковината и натчовечки сили, Јордан Пиперката останува врежан во сежавањето на луѓето до денешни дни, со дело што ги инспирира генерациите до денешен ден! Вечна ти слава, војводо!

    189523_10150962852051560_507770357_n.jpg

  5. #15
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.924
    Споделете ја веста
    Жан Пармантие, генералниот конзул на Франција во Скопје, пишувајќи го својот таен извештај од 1952 година направил мала студија во која вели дека „Велика Британија гледа опасност во решавањето на македонското прашање“ и дека прашањето за Егејска Македонија се уште не е решено.
    Францускиот конзул во Скопје својот таен извештај за Македонија го испратил до амбасадорот на Франција во Југославија, Филип Боде, на 4 ноември 1952 година. Овој извештај претставува една „Мала студија за Македонија“ во која францускиот конзул аргументирано, научно и објективно ги изнесува француските согледувања и оцени за земјава, за односот на соседите кон неа и за француските интереси на Балканот.
    Македонија беше сила за време на Филип и на Александар

    Во оваа студија, Македонија се разгледува од повеќе аспекти: национален, политички, стопански, образовен, културен, безбедносен… Дадена е целосна слика на поствоена Македонија.
    Зборувајќи за границите на Македонија, авторот вели дека „станува збор за една совршено разграничена територија, од Куманово до Солун, од Родопите до албанската граница, чии природни патишта кон морето се долините на Вардар и Струма сè до Егејско Море“. Преминот од Србија во Македонија, според авторот, е една географска реалност, додека пак, „границите со Грција и со Бугарија се само плод на човечкиот ум“. „Но“, вели понатаму авторот, „оваа географска целина не одговара, или поточно кажано повеќе не одговара на некоја етнографска или политичка целина. Секако, оваа географска концепција не им оди во прилог на грчките, бугарските, па дури ни на турските интереси. Од тие причини, оваа мала студија нуди пред сè податоци за онаа Македонија што е во рамките на Југославија, а многу малку за другите два нејзини дела.“
    Авторот наведува некои историски податоци, почнувајќи од 9 век п.н.е., кога „Македонија беше значајна сила, особено во времето на Филип и на Александар. Таа држава имаше своја политичка посебност. Но тоа нема да се повтори во историјата, освен во сегашниот систем, иако и сега таа се наоѓа во рамките на една федерација“.
    „Во 146 година п.н.е. таа е претворена во римска провинција“, „во 6 и 7 век почнуваат инвазиите и навлегувањата на Словените, а потоа на Татарите (Бугарите), додека римската доминација слабее“. Потоа во овој регион владее Византија до 12 век, по што „бугарски императори ја прошируваат нивната моќ врз Македонија сè до 13 век“, додека „во 14 век Србите се борат за хегемонија на Балканот, устоличувајќи го во 1345 година во Скопје царот Душан“. По распаѓањето на неговото царство Балканот го освојуваат Турците и нивниот режим трае повеќе од пет века.

    „Во тој период“, вели Пармантие, „се формира организацијата ВМРО, која бара ослободување на Македонија и нејзина независна администрација“. Потоа ги споменува настаните како што се Илинденското востание, борбата на соседите за поделба на Македонија меѓу Грција, Србија и Бугарија и нејзиното потврдување со Букурешкиот иНејскиот мировен договор.
    Судбината на Егејска Македонија се уште не е решена

    „Во 1941 година“, вели францускиот дипломат, „Бугарија ја окупира Македонија… како и поголем дел од Егејска Македонија, и воведе окупаторски режим, но настојуваше да создаде кај народот убедување за неговиот „бугарски карактер“, што подоцна ќе ѝ ја олеснеше анексијата на оваа земја“.
    По завршувањето на Втората светска војна од територијален аспект се врати состјбата од пред војната.
    „Помеѓу Тито и Димитров, помеѓу Југославија и Бугарија“, смета авторот на студијата, „македонското прашање би можело да се реши спогодбено. Во тој правец се водеа разговори во Блед (1 август 1947 година) и беше потпишан договор во Еуксиноград (27 ноември 1947 година). Но Велика Британија во сето тоа виде опасност. А Москва(можеби поради почитување на конвенциите од Јалта) брутално го стопира овој процес. Судбината на Егејска Македонија сè уште не е решена. Но тоа ќе се случи за кратко време“. Својот историски осврт авторот го завршува со:
    Граѓанската војна во Грција заврши и Македонија остана поделена: Народна Република Македонија (Југославија), Пиринска Македонија (Бугарија), Егејска Македонија (Грција).

    Жан Пармантие во својата „Мала студија за Македонија“ наведува и податоци за бројот на населението во Македонија и за приближниот број на Македонците во Грција и во Бугарија. „Македонија“, вели тој, „според пописот од 1946 година има 1.152.986 жители. Од оваа бројка, 788.889 жители се ‘чисти Македонци’, 107.437 Шиптари (од албанско потекло), 95.987 Турци, 19.500 Цигани, 9.500 Цинцари (романско потекло), останатата бројка е составена од Срби, Далматинци, Словенци…
    На пописот од 1950 бројот на жителите се зголемува на 1.216.000, што на површина од 36.672 км2 претставува густина на население од 33 жители по км2”. „Прашање е“, вели понатаму авторот, „колку Македонци има во Бугарија, а колку во Грција… за Бугарија бројките варираат од 200.000 до 600.000. На 2 октомври 1948 година Димитар Влаховпроцени дека во Бугарија живеат 240.000 Македонци. Оваа бројка изгледа веродостојна. Дали во Грција има 500.000 Македонци, како што тврдат некои Југословени? Ние не мислиме така. Напротив, од многу причини (размена на населението по Договорот во Лозана, светската војна, двојната германско-бугарска окупација, граѓанската војна, политиката на емигрирање практикувана во овој момент од страна на грчката влада) можеме да потврдиме дека Егејска Македонија е речиси целосно населена со Грци…“.
    Писмо на македонски јазик од 1637 година

    Во делот за македонскиот јазик авторот го вели следново: „Овој јазик потекнува од еден дијалект од Солун, на кој, кон 863 година
    браќата Кирил и Методиј преведоа од грчки јазик литургиски текстови. Во 1909 година во Прилеп беше пронајдено писмо напишано во 1637 година на чист македонски јазик. Значи, во усниот говор и во личните преписки од дамнина се користел овој јазик, чии карактеристики се дефинираат денес. Тој почна да се употребува во јавни документи дури кон крајот на 17 век, кога владиката Грегориј од Прилеп ги превел на народен јазик дамаскините.
    Дамаскин бил претскажувач и религиозен писател од 16 век, кој ги запишал своите проповеди на грчки народен јазик. Оттогаш речиси сите ракописи напишани на народен јазик се нарекувани „дамаскини“. Потребата да се пишува на начин разбирлив за народот ги натерала свештениците да пишуваат на македонски јазик…
    Во 18 век излегува еден текст што заслужува внимание. Авторот… Данаил Михаил Адами Хаџи замислил да овозможи јазиците на населението од централниот дел на Балканот (Аромани, Македонци, Шиптари) да бидат разбрани од Грците. Неговата книга „Иссагогики Дидасколиа“ ги опфаќа сите научни единици по малку… Значењето на оваа книга е во тоа што покрај грчкиот израз, тој ги дава изразите и на аромански, македонски и шиптарски јазик…

    Првите македонски писатели чии текстови се испечатени се Кирил Пејчиновиќ и Јоаким Крчовски (помеѓу 1814 и 1819 година). Крчовски е исто така и преведувач, кој пишуваше на штипско-кратовскиот дијалект (источномакедонски). Пејчиновиќ пак има сопствен стил (западномакедонски дијалект од Тетово) и покрај духовните прашања тој зборува и за животот на селаните… Македонската литература ги прави своите почетоци кон средината на 19 век. Во својот „Тријазичник“ (Белград 1875 година) Ѓоргија Пулески го поставува прашањето за унифицирање на литературниот јазик. Крсте Петков Мисирковво своето дело „За македонцките работи“ (Софија 1903) предлага употреба на централниот говор за да му даде на литературниот јазик типично македонски карактеристики и за да ги обедини другите македонски дијалекти.
    Кон крајот на 1944 година Президиумот на АСНОМ назначува комисија за јазикот и писмото. Предлогот за азбука бил прифатен со декретот од 3 мај 1945, а за писмото со декретот од 7 јуни 1945 година.
    Денес Македонците се образоваат во училиштата на нивниот национален јазик, весниците се печатат на македонски, издадена е граматика (која наскоро ќе биде преведена на англиски и на француски јазик)”.
    Жан Пармантие во својата студија опфаќа уште многу области и теми како што се религијата, земјоделското производство, индустријата и рудното богатство, трговијата и градежништвото, образованието, театарот, армијата, полицијата, партијата и многу други.
    Што ќе се случи утре?

    Францускиот конзул во Скопје ја завршува студијата за Македонија со искрена загриженост за судбината на земјава. Во својот заклучок тој констатира: „Видовме од каква заостаната земја Македонија тргна во својот развој. Беше направен многу голем напредок, но останува да се стори уште многу… Еден странец тешко може да просуди што е поитно да се направи. Констатиравме дека на многу полиња беа откриени проблеми и дека се прават напори тие да бидат надминати. Дали начините на кои се прави тоа се најдобрите можни начини? Би завршиле како и поетот, со многу симпатии за оваа земја и со помешано чувство на загриженост и надеж: ‘Што ќе се случи утре?’

  6. #16
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.924
    Erstes Sommercamp für Kinder der makedonischen Minderheit die in den Nachbarstaaten leben.




    Прв „Летен камп“ за деца – припадници на македонските малцинства од соседните земји



    Во организација на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, денеска во Охрид ќе биде отворен првиот “Летен камп” за деца припадници на македонските национални малцинства кои живеат во соседните држави.

    Кампот, кој е дел од проектот на македонската Влада „Далеку, а блиску”, официјално ќе го отвори министерот за надворешни работи, Никола Попоски. Целта на овој собир кој ќе трае до 19 август, е унапредување на нивото на познавање на македонскиот јазик меѓу припадниците на македонските национални малцинства во соседните земји и македонските заедници во дијаспората.
    - Со “Летниот камп” треба да се подобри познавањето на мајчиниот јазик на целната група и едновремено да се создаде поголемо заедништво помеѓу Македонците од соседните земји, стои во соопштението од МНР.
    Покрај конвенционалната настава по македонски јазик, ќе биде организирано и учење низ игра и забава, а во текот на неделата ќе бидат посетени повеќе значајни културно – историски места во Охрид и околината.
    Наставата по македонски јазик ќе ја изведува професор по македонски јазик од Државниот универзитет „Гоце Делчев”од Штип. Се предвидува, како што се наведува, “Летниот камп” да прерасне во традиционален настан и да се одржува секоја година како собир на најдобрите ученици кои ги посетувале разните модалитети на изучување на македонскиот јазик во соседството и дијаспората.



    Summer Camp for children-members of Macedonian minorities in neighboring countries
    Skopje, 13 August 2012 (MIA) - Foreign Minister Nikola Poposki will open Monday the first Summer Camp for children-members of Macedonian national minorities living in neighboring countries.
    The Ohrid camp will last until 19 August, aimed at enhancing the command of Macedonian language among members of Macedonian national minorities in neighboring countries and Macedonian communities in the diaspora.
    Besides conventional instruction in Macedonian language, the event will also include learning through fun and entertainment, along with visits to cultural-historic traits in Ohrid and its surrounding.

  7. #17
    Avatar von Aetents

    Registriert seit
    26.04.2012
    Beiträge
    3.358
    Zitat Zitat von Oh_Mann Beitrag anzeigen
    Makedonier wurden slawisiert, das weiß doch jeder, daher ist ein slawischer Vorname noch kein Indikator dafür, dass sie nicht die Nachfahren Alexander des Großen sind.

    Du Fuchs du.....

  8. #18
    Avatar von Hellenic-Pride

    Registriert seit
    08.05.2008
    Beiträge
    7.375
    Zitat Zitat von Oh_Mann Beitrag anzeigen
    Und trotzdem waren wir Slawen schon auf dem Balkan, da seid ihr Griechen noch nicht vom pontischen Gebirge auf den Balkan gewandert!
    Das macht euch Slawen trotz allem nicht zu den kulturellen Erbenträger makedonischer Geschichte!

    - - - Aktualisiert - - -

    Die “Mazedonisten” waren Autodidakten, die aus einfachsten Verhältnissen stammten; eben dadurch unterlagen sie keinen fremden Kultureinflüssen,erbauten sich ihre eigenes Geschichtsbild fernab akademischer Aussagen und erhoben die weitreichendsten Forderungen. Das traf insbesondere Georgi Pulevski (1838 – 1894) zu, die Zentralfigur dieses Kreises. Dieser ehemalige Maurer lies in seinen Schriften und Lehrbüchern die “mazedonische” Geschichte bei den Slawen Philipp und Alexander von Makedonien einsetzen, feierte die “mazedonische” Sprache als ein seit Kyrill und Method kaum verändertes Medium und forderte für die “Mazedonier” hier und jetzt nationale Freiheit und Gleichberechtigung.

    4os9.jpg

    Ein sehr interessanter Ausschnitt aus dem Buch "Das Lehrbuch der 'makedonischen' Sprache" von Vera Boji und Wolf Oschlies!

  9. #19
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.924
    Zitat Zitat von Hellenic-Pride Beitrag anzeigen
    Die “Mazedonisten” waren Autodidakten, die aus einfachsten Verhältnissen stammten; eben dadurch unterlagen sie keinen fremden Kultureinflüssen,erbauten sich ihre eigenes Geschichtsbild fernab akademischer Aussagen und erhoben die weitreichendsten Forderungen. Das traf insbesondere Georgi Pulevski (1838 – 1894) zu, die Zentralfigur dieses Kreises. Dieser ehemalige Maurer lies in seinen Schriften und Lehrbüchern die “mazedonische” Geschichte bei den Slawen Philipp und Alexander von Makedonien einsetzen, feierte die “mazedonische” Sprache als ein seit Kyrill und Method kaum verändertes Medium und forderte für die “Mazedonier” hier und jetzt nationale Freiheit und Gleichberechtigung.

    Ein sehr interessanter Ausschnitt aus dem Buch "Das Lehrbuch der 'makedonischen' Sprache" von Vera Boji und Wolf Oschlies!

    Danke für den Ausschnitt! Es bleibt nur die frage wann du das gelesene auch kapierst.

    Sprich ohne Einfluss von außen hat sich Pulevski auf makedonische Tradition und Kontinuität berufen.

    Die Griechen sahen in diesem Zeitraum die Makedonen immer noch nicht als Griechen an, sahen Makedonien außerhalb der griechischen Welt an und teilweise als die grösste Pest nach den Osmanen....


    Zitat Zitat von Zoran Beitrag anzeigen
    Nicht nur ich, wie du siehst sogar die Griechen selbst wussten dies, bis man dann ihnen begann etwas "anderes zu erzählen".


    Korais zB sah die Makedonen als die größte Pest nach den Osmanen an. Und du willst uns hier was anderes erzählen


    Anhang 18539

    Zitat Zitat von Zoran Beitrag anzeigen
    Capodistrias ein richtiger "Grieche", er sah Makedonien außerhalb den Grenzen Griechenlands an.

    War ja eigentlich gang und gäbe bis man dann ab '91 den Makedonia-Hype in GR einführte...


    Anhang 18536
    Zitat Zitat von Zoran Beitrag anzeigen
    Kapodistrias war ein typischer Grieche für seine Zeit, er sah Makedonien außerhalb der griechischen Grenzen an, nicht so wie du heute der als panhellenische Nervensäge hier fernab jeglicher historischer Realität philosophiert


    Seite 59

    Zitat Zitat von Zoran Beitrag anzeigen
    Ja, was ist dann mit den ganzen Ex-Politikern, Intellektuellen, etc, aus Griechenland die keine Verbindung zu sich und den Antiken Makedonen gesehen haben? Sie sprachen auch davon das die Makedonen die größte Pest für das griechische Volk nach den Osmanen gewesen sind.




    und








    trapped!

  10. #20
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.924
    Macedonian detained by Greek Secret Service over waving Mak flag
    http://macedoniaonline.eu/content/view/21691/2/
    Saturday, 25 August 2012


    Stiljan Samardziev born 1988 in Solun is a Macedonian activist who was detained twice by the Greek Secret Service during the past three weeks.
    Samardziev was first detained on August 1st when he hung a Macedonian flag (16 ray flag from Kutlesh) onto the Lerin (Florina) main police station. For his deed, Stiljan spent 10 days in jail and was released on August 11.

    Samardziev was undeterred by the experience and on his FB profile wrote he would show up with the Macedonian flag during an anti-Macedonian rally organized in Solun.
    His Facebook post alerted the Greek secret service who on August 16 once again detained Samardziev. He was kept in jail until August 24 and once again released, except this time he was charged for a supposed drug possession.

    It is well documented for Greek police and the secret service to plant drugs on ethnic Macedonians or spread false stories about them in their local communities. In political circles this is known as character assassination.
    Greek police has attempted to make it look that the flag incidents never ocurred, however it was already reported by local media. It is expected for the matter to end up in court.


    Македонец притворен во Солун, оти го поставил знамето со 16-крако сонце
    Македонец притворен во Солун, оти го поставил знамето со 16-крако сонце | Таратур
    Светскиот Македонски Конгрес дознава дека Стилјан Самарџиев, Македонец роден во Солун, од 1 до 11 август бил задржан во притвор во полициската станица во Лерин, затоа го поставил знамето со 16-крако сонце врз централното седиште на полицијата во Солун.


    Тој е роден 1988 година и е активист во македонските работи во Егејскиот дел на Македонија.


    Поради тоа што поставил коментари на неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук, дека на 16 август 2012 година повторно ќе излезе со семакедонското знаме на сегрчката антимакедонска иселеничка средба во Солун, повторно е задржан во притвор на приватна локација од страна на грчката тајна полиција од 16 до 24 август 2012 година. Денес е пуштен на слобода.


    Светскиот Македонски Конгрес ги демантира сите лаги пласирани во грчките медиуми и од Грци и гркомани на социјалните мрежи, дека Стилјан Самарџиев е приведен од грчката полиција поради поседување и растурање на дрога. Стилјан Самарџиев никогаш не консумирал, ниту се занимавал со поседување и растурање на дрога! Овие лаги се евтина анти-пропаганда на грчката полиција за затскривање на вистинската причина за неговото притворање.


    Најверојатно, полицијата после притворот ќе поднесе кривична пријава, а се очекува и судска разврска на делото.


    ЕВЕ ДЕЛ ОД ПРОПАГАНДАТА ШТО JA ПРАВИ ЈУЖНИОТ СОСЕД!!!!

    Nikolaos Makedonas>Macedonia is not Greek.
    12. August


    Where is the stilian samartziev ?????????????????
    Bitolski Vojvoda ....... You're a liar and crook...........tell him to (stilian samarziev) to post in fecbook.........I think that it is impossible,because it is in prison.
    The Slavic drug dealer Mr.Stilian Samarziev (stilianos samartzis) Was arrested by Greek police in Achlada Florina..........I wish him a pleasant stay.For more information contact in the police station of Florina .tel (0030) 2385022100......

    376234_260342517418841_2098403483_n.jpg

    376696_259308994188860_330594380_n.jpg
    Nikolaos MakedonasMacedonia is not Greek.
    The Slavic drug dealer Mr.Stilian Samarziev (stilianos samartzis) Was arrested today by Greek police in Achlada Florina..........I wish him a pleasant stay. xaxaxaxaxaaxaxaxaxxaxxaxax
    For more information contact in the police station of Florina .tel (0030) 2385022100........less a problem xaxaxaxaaxxaxaxax

    https://www.facebook.com/photo.php?f...count=1&ref=nf

Seite 2 von 68 ErsteErste 1234561252 ... LetzteLetzte

Ähnliche Themen

  1. History Of Macedonians, Parts 1-5
    Von Heraclius im Forum Diskussionen Griechenland vs. Mazedonien
    Antworten: 292
    Letzter Beitrag: 28.07.2012, 01:59
  2. Macedonia to the Macedonians
    Von Klement im Forum Geschichte und Kultur
    Antworten: 27
    Letzter Beitrag: 12.07.2012, 16:09
  3. These are the Macedonians
    Von Monkeydonian im Forum Geschichte und Kultur
    Antworten: 34
    Letzter Beitrag: 08.03.2011, 11:15