BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Erweiterte Suche
Kontakt
BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Benutzerliste

Willkommen bei BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen.
Seite 7 von 67 ErsteErste ... 345678910111757 ... LetzteLetzte
Ergebnis 61 bis 70 von 670

These are the Macedonians

Erstellt von Monkeydonian, 01.03.2011, 02:15 Uhr · 669 Antworten · 52.142 Aufrufe

  1. #61
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.899

  2. #62
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.899
    Објавена книга за д-р Константин Тренчев, борец за независна Македонија
    Објавено: пред 12 минути
    Прочитано: 51
    Makedonija - nezgasnata zelba_predna korica.jpg
    Друштвото за издавачка дејност „Македонска реч“ од Скопје неодамна ја објави книгата на Оливера Тренчева „Македонија – незгасната желба во време без надеж“, со поднаслов: „Животот и делото на д-р Константин Тренчев“.
    Книгата му е посветена на д-р Константин Тренчев, еден од првите македонски доктори, хуманист, патриот и национален деец, доследен до фанатизам на идејата за остварување на македонската државност, создавање на слободна и обединета, самостојна и независна македонска држава. Неговата дејност досега не е расветлена во историографијата.
    Константин Тренчев (1895, с. Владимирово, Беровско – 1969, Скопје), заедно со неколкумина истомисленици, меѓу кои д-р Константин Терзиев од Кукуш и д-р Васил Иванов од Струмица, е еден од основачите на ВМРО 1945, и е еден од потписниците на Меморандумот до големите сили и ООН за создавање самостојна и независна држава Македонија.
    Д-р Константин Тренчев минал осум тешки затворски години, како и во напорна работа на повеќе градилишта низ Македонија, само затоа што се залагал за независна македонска држава. Оваа книга е прво сведоштво за неговата патриотска дејност и за неговите страдања и претставува првата негова рехабилитација како жртва во борбата за самостојна македонска држава.

  3. #63
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.899
    Даниел Цонев, најпознатиот навивач во Севилја: Македонија секаде ја бодрам! (ФОТО)


    Даниел Цонев е името на македонскиот навивач чии фотографии вчера ги објави агенцијата „Франс Прес“ и кој веднаш стана хит на Светското првенство во Севилја. Фотографиите од бојадисаната глава на Даниел ги виде цел свет, а тој доживеа инстант популарност. „Франс Прес“ го нарече „Бојадисаниот македонски фанатик“.

    Даниел е македонски гастербајтер во Швајцарија, а родум е од Кочани. Во Швајцарија е од 1993 година и работи како технички економист. Има и мала фирма која се занимава со печатење текстил. Хоби му се екстремните спортови – зимско време вози сноуборд, лете вози мотоцикл и е член на групата „МК-лавови Швајцарија“. Инаку, има спортски дух, тренира карате од 1994 година, носи црн појас од 2002 година наваму, а во 2011 година бил тренер на репрезентацијата на Швајцарија во карате.
    Вели дека оди секаде да ги бодри македонските спортисти на големите натпреварувања, секако во рамки на неговите можности.
    Во 2012 година, заедно со 30 Македонци бев да го бодрам Кире Лазаров со неговиот Атлетико Мадрид кога играше во Швајцарија со Кадетен Шафхаузен. Бев и на олимписките квалификации во Гетеборг во април, со уште деветмина навивачи. Моја беше организацијата на автобусот за Виена во јуни за да навиваме за Македонија на бараж-дуелот со Австрија. Таму отпатувавме 42 Македонци од Швајцарија“, вели Даниел, кој токму во Виена првпат ја бојадисал главата во боите на Македонија и веднаш станал препознатлив со тој имиџ.
    Таму првпат ја бојадисав главата и веднаш ме забележаа од австриските весници и телевизии. Им паднало во око тоа што сум целиот црвено-жолт“, вели Цонев, кој едвај го чека мечот од квалификациите за СП со Швајцарија, кој е на програма во јуни.
    Ќе ги пречекаме таму нашите ракометари, како што треба, како што знаеме“, додава Даниел.

    Тој не верувал дека сликите со неговиот навивачки имиџ толку ќе станат популарни. Не очекувал дека ќе го наречат „Бојадисан македонски фанатик“.
    Уште не бев стигнат во хотелот назад по мечот, ми се јавуваа и ми пишуваа смс-пораки да ми кажат. Јас мислев дека се зафркаваат со мене. Кога се вклучив на интернет, имав што да видам. Останав без зборови. Ниту очекував такво нешто, ниту се надевав на таква реакција“, раскажува Даниел.

    Тој првпат кратко и истрижал косата во 2009 година, а од 2010 го има сегашниот имиџ. За натпреварите му треба специјална подготовка, минимум еден час бојадисување.
    Еден час минимум е потребен за да го добијам посакуваниот лик, а потоа ми требаат најмалку 30 минути за да се измијам по натпреварот. Ама и така, останува некаде по малку боја“, во шега заврши Цонев, кој во Севилја ќе остане до сабота и нема да може да ја бодри Македонија во елиминациските борби поради обврските на работното место.

  4. #64
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.899
    ФОТО: Снајдер има македонско потекло?!


    Вторник, 15 Јануари 2013 08:50





    Доколку го отворите профилот на Весли Снајдер на Википедија, ќе забележите дека неговата баба потекнува од Македонија.


    Фудбалерот на Интер, Весли Снајдер има македонско потекло. Доколку го отворите неговиот профил на Википедија, ќе видите дека пишува дека неговата баба е родена во Република Македонија.
    Сепак, пред да се изненадите и да почнете да го нарекувате Холанѓанецот „нашиот“ Снајдер треба да знаете дека Википедија воопшто не е релевантен извор на податоци. Имено, на оваа интернет енциклопедија може секој да пишува податоци, па веројатно и ова е дело на некој наш сограѓанин кој со ова веројатно ќе збуни многумина во светот, особено оние кои ја користат Википедија како сигурен извор на податоци.
    Ова е линкот од профилот на Весли Снајдер на Википедија

  5. #65
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.899
    Arsenal stellt einen Die-hard Fan aus MK vor, Zoran Stavrevski.

    Hier das Video http://player.arsenal.com/adverts/vi...9bRAERENNmvSve

    Арсенал го претстави Зоран Ставревски, Македонец изгорен за „топчиите“ (ВИДЕО)



    Македонецот Зоран Ставревски е голем навивач на Арсенал од почетокот на 90-те години и тој првпат стигна до „Емирати“ да го гледа својот омилен тим. Со македонско знаме и шал, како и шал на омилениот клуб, беше ѕвезда на каналот на Арсенал, кој интервјуира интернационални навивачи на својот клуб низ светот. Овојпат преку Ставревски, навивачите на Арсенал се запознаа и со еден Македонец.
    „Им реков на пријателите дома, кога првпат дојдов тука, дека без оглед дали ќе победи Арсенал, јас веќе победив“, вели Ставревски во интервјуто.
    Арсеналовите навивачи веќе ја запознаа Македонија откако пред неполна година банер од Македонија беше закачен на стадионот на „топчиите“.
    Целосното интервју може да го погледнете тука.

  6. #66
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.899
    Војводата Кочо Куршумот од Крушица

    јануари 18, 2013 Категории: Лично, Слајдер


    Војводата Стојан Донски од село Битуша-Леринско, Војводата Кочо Матев Куршумот од село Крушица – Кичевско и Мијајле Каранфилов

    Војводата Кочо Матев (Матески) Куршумот Крушичанецот е роден во село Крушица, Кичевско Македонија (датум и година на раѓањето не се познати). Како млад и пргав човек почнал да покажува револт кон притисокот на османлиската власт која репресивно се однесувала врз македонското христијанско население, и со присилното населување на муслимани од Кичево кои какоосманлиски поданици насилно им ја приграбиле нивната земја.Почнале да се однесуваат насилнички; грабнале и потурчиле две девојки едната од село Крушица (Дилба) а другата од село Светорача (Крста). Револтиран од овој настан Кочо дошол во своето село Крушица.Заедно со него биле војводата Стојан Донски и еден од неговите четници. По пристигнувањето убиваат тојца турци, а веднаш потоа бегат во Белград, Србија. (се зборува дека Кочо успеал да ја врати Дилба при нејзиното семејство).

    Во Белград тој се запознава со голем број на македонски емигранти и студенти со револуционерен дух. Заедно со војводата Стојан Донски добиваат оружје и формираат вооружена чета и повторно се враќаат назад во Македонија. Иако од страна на српската пропаганда врз него се врши голем притисок, КочоКуршумот истата не ја прифаќа и не се приклучува кон нив
    Кога пристигнал во Македонија се приклучува кон Внатрешната Македонска Одринска Револуционерна Организација, каде се заколнал на верност на организацијата, покажувајќи секако голем борец и револуционер.За време на подготовките на Илинденското востаниеКочо Куршумот е назначен за војвода и заедно со началникот на кичевскиот востанички реон војводата Лука Џеров ивојводите Ванчо Србаков, Јордан Пиперката, Наќе Јанев Лавчанчето, Ѓорѓи Сугарев, Арсо Мицкови други вршат подготовки за борба со османлиите. Одејќи од село до село по Кичевско, во реонот на Рабетинска река (од каде е и војводата Кочо Куршумот) се судираат со големосрпската пропаганда која веќеподолго време се инфилтрирала во некои селани од овој крај. Кочо Куршумот заедно војводите Пиперката иДонски успеваат да ги убедат некои од заведенитеселани од рабетинска река дека најважно е да се ослободат од османлиската многувековна тиранија и дека треба да се борат рамо до рамо како македонци,а не да потпаѓаат под влиание на туѓите пропаганди и интереси.
    За време на востанието продорот на османлиската војска се јавува од север – од селата Премка, Шутово, Гарани. Првата борбена линија за одбрана на Крушевската република била поставена токму во Рабетинска река, поточно кој местото Разбоишта. На ден 22 јули 1903 година војводата Кочо Куршумот со педесетина востаници го одвратил доаѓањето на османлискиот аскер и арнаутскиот башибозук. Пет дена покасно, на 27 јули 1903 година османлиите навлегуваат со пет табори аскер и ја разбиваат одбраната кај месноста Разбоиште, предводена од војводите Куршумот и Србаков. По напорниот отпор што востаниците го дале при што имале загуба од тринаесет свои четници, се повлекле високо кон планините. Навлегувањето на аскерот и башибозукот во Рабетинска река резултирало со опожарување на Рабетино, а селата Орланци, Речани, Миокази и Ижиште биле ограбени. Бесот бил истуран врз се што било христијанско – многу жени биле обесчестени, а деца и старци убиени. Во близина на селото Речани кај месноста Подуач при судирот со аскерот и башибозукот востаниците предводени од месните војводипретрпеле големи загуби и дале жртва од 130-тина востаници. Денес, на тоа местото постои споменик во нивна чест.
    По задушувањето на востанието војводата Кочо Куршумот учествува во собирање на оружјето и негово сокривање за понатамошни револуционерни дејствија. Потоа тој се засолнува во Бугарија.
    На 9 јули 1904 година при своето враќање во Македонија, четите на војводите Кочо Куршумот, Атанас Бабата, Стојан Донски и Славејко Арсов се предадени и накодошени од страна на србоманите од село Кокошино. Аскерот ги опколил и употребил силна артилерија и кавалерија. Борбата траела шест часа. Во неа погинуваат 20-тина револуционери. Убиени се војводата Кочо Куршумот и војводата Стојан Донски. Војвода Славејко Арсов бил ранет, но се самоубил. Исто така загинала и ресенските војводиТрајче Танев и Стефан Мешков Маврото.
    Ова било страшно предавство каде организацијата претрпела огромни загуби.
    Останатите четници на чело со војводата Атанас Бабата го пробиле кордонот и се повлекле. Четата на војводата Мише Развигоров заедно со селската Милиција дошла на помош на опколените чети, но закаснува. Војводата Атанас Бабатадобива информации дека четите се предадени од србомани од селото Кошино. Војводите Атанас Бабата и Мише Развигоров подоцна доаѓаат во селото и учествуваат во разрешувањето на предавството, убиени се 53 лица кои биле директни учесници во предавството на револуционерите: селскиот кмет, двата српски учители, неколку првенци селани, попот Иван и неговиот син и др. Труповите биле оставени на сред село и била оставена белешка дека се убиени за одмазда на македонските револуционери на ВМОРО. Оваа одмазда е наречена Кокошинско колење.

    Спомен плоч на војводата Кочо Куршумот во неговото родно село Крушица, Кичевско

    Војводата Кочо Куршумот ќе биде запаметен во меморијата на револуционерната борба како бестрашен и голем борец на македонската кауза за слобода и независност на Македонија.

    Вечна му слава на херојот.

  7. #67
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.899

  8. #68
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.899
    Der letzte Mazedonier

    Susanne Mayer und ihre Arbeit als Restauratorin im Schloßbergmuseum
    Der letzte Mazedonier
    Obwohl weder Person noch Maler bekannt sind, ist der siebente und letzte Mazedonier der eindrucksvollste. Darin stimmen der stellvertretende Leiter des Schloßbergmuseums Peer Ehmke und Susanne Mayer überein. Seine Restaurierungskosten inklusive Rahmen liegen bei 5.000 Euro - 50 Prozent aus dem Musumsetat, die übrigen von Sponsoren. Wie Peer Ehmke versichert, werde das Kleinod im Depot gelagert, bis ein würdiger Platz in der Ausstellung gefunden ist - spätestens 2014. Foto: Falko Schwarz

    Ellen Friedrich
    Schloßchemnitz | 26.01.2013

    Susanne Mayer lebt in Freiberg und arbeitet seit 21 Jahren als freie Restauratorin für das Schloßbergmuseum Chemnitz. Ihr Debüt gab sie bereits vorher im Rahmen ihrer Diplomarbeit bei der Restaurierung des Erdmannsdorfer Altars, der seitdem die Ausstellung bereichert. Als „klein und fein" umreißt sie ihre Tätigkeit an den verschiedensten Bildern und Skulpturen. „Ich arbeite viel mit Vergrößerungen, kleinen Pinseln und Wattebauschen, winzigen Spachteln sowie Dental-Werkzeugen", verrät sie.
    Am morgigen Sonntag um 11 Uhr übergibt Susanne Mayer ein wiederhergestelltes Gemälde an das Schloßbergmuseum. Es handelt sich um das Porträt eines mazedonischen Kaufmannes, der um 1800 in Chemnitz als Baumwollhändler tätig war. Das Gemälde gehört zu einer Gruppe von sieben Mazedonier-Bildnissen, die sich bereits seit dem 19. Jahrhundert in den Sammlungen des heutigen Schloßbergmuseums befinden. Seit Eröffnung der ständigen Präsentation Chemnitzer Geschichte 2007 sind sechs davon dauerhaft zu sehen. Die jetzt erfolgte Fertigstellung des siebenten ist der Höhepunkt und vorläufige Abschluss der Restaurierungsmaßnahmen, für die sich die BMW-Niederlassung Chemnitz als Hauptsponsor engagierte. Susanne Mayer: „Der letzte Mazedonier war in einem besonders schlechten Zustand." Seine Restaurierung bedurfte vieler Trockenzeiten und habe einige Überraschungen ans Licht gebracht. So beispielsweise das Oval des Bildes, das die rechteckige Leinwand zunächst nicht vermuten ließ. Dies gab letztlich auch den Ausschlag, den fehlenden Bilderrahmen neu anzufertigen. Dazu wurden vergleichbare Bilder und Literatur aus der Zeit um 1800 herangezogen. An der Ausführung - vergoldet mit ovalem Passepartout und vier winzigen Rosetten - waren regionale Meisterbetriebe beteiligt.
    Für Susanne Mayer begann die fast dreijährige Restauration mit dem Festigen der vorhandenen Substanz, dem Reinigen und Stabilisieren der Leinwand sowie dem Aufkleben auf eine zweite Leinwand. Nach dem Entfernen der Firnis, einem stark vergilbten Schutzüberzug, ging es an die Farbe. Über all dem stand die exakte Dokumentation der Vorgänge.

  9. #69
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.899
    (ВИДЕО) Светски познатиот шеф Рене Реџепи, во емисија на Антони Бурдеин, за детството во Македонија


    Светски познатиот готвач Рене Реџепи, кој со години добива светски признанија за неговите готвачки вештини, во емисијата на Антони Бурдеин, заедно со други водечки светски шефови, зборува за неговите сеќавања од детството поминато во Македонија.

    Рене Реџепи е по потекло од Македонија, а во 2011 година беше избран за најдобар готвач на светот. Сопственик е на ресторанот НОМА во Копенхаген.
    Минатата година беше на 11. место на листата на највлијателни луѓе на светот, а се најде и на насловна страница на весникот „Тајмс“.



  10. #70
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.899
    4 февруари 1872 во Кукуш е роден еден од најголемите револуционери во историјата на македонскиот народ, Гоце Делчев.

    goce-delcev-zname-652.jpg

    Goce Delcev.jpg

Seite 7 von 67 ErsteErste ... 345678910111757 ... LetzteLetzte

Ähnliche Themen

  1. History Of Macedonians, Parts 1-5
    Von Heraclius im Forum Diskussionen Griechenland vs. Mazedonien
    Antworten: 292
    Letzter Beitrag: 28.07.2012, 01:59
  2. Macedonia to the Macedonians
    Von Klement im Forum Geschichte und Kultur
    Antworten: 27
    Letzter Beitrag: 12.07.2012, 16:09
  3. These are the Macedonians
    Von Monkeydonian im Forum Geschichte und Kultur
    Antworten: 34
    Letzter Beitrag: 08.03.2011, 11:15