BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Erweiterte Suche
Kontakt
BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen
Benutzerliste

Willkommen bei BalkanForum - das Forum für alle Balkanesen.
Seite 9 von 67 ErsteErste ... 56789101112131959 ... LetzteLetzte
Ergebnis 81 bis 90 von 670

These are the Macedonians

Erstellt von Monkeydonian, 01.03.2011, 02:15 Uhr · 669 Antworten · 52.107 Aufrufe

  1. #81
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.892
    Oбјавена биографија на Борис Сарафов од Павел Шатев

    18.02.2013 09:42:28


    Скопје, 18 февруари 2013 (МИА) - Книгата „Борис Сарафов (биографија)“ од Павел Шатев излезе деновиве во издание на Друштвото за издавачка дејност „Македоника“ од Скопје и Државниот архив на Република Македонија, како втор том од оставината на Шатев.
    Преводот е на Предраг Димитровски, а стручната редакција и предговорот се на проф. д-р Зоран Тодоровски.
    Личноста на Борис Сарафов во македонското револуционерно движење досега не е целосно научно проучена и валоризирана. До Втората светска војна македонските интелектуални дејци во Бугарија, па и неговите соборци и учесници во македонското револуционерно движење, не објавија посериозен труд за улогата на Сарафов во македонското дело.
    По Втората светска војна и македонската историографија, па и бугарската, кои со години ги проучуваа, анализираа и расветлуваа процесите, настаните и личностите на македонското револуционерно движење и пројавите, поделбите и судирите во Македонската револуционерна организација, објавувајќи томови книги за нив, во своите научни проекти го избегнуваа поцелосното и попродлабочено проучувањето на револуционерниот профил на Сарафов.
    Во македонските историски трудови, Сарафов, главно, е претставен како офицер на бугарската армија, учесник во импровизираните востанија и акции, врховист и припадник на пробугарското крило во Македонската револуционерна организација, авантурист по европските престолнини, склон на собирање средства за Организацијата и нивно ненаменско расфрлање и трошење, додека неговите соработници и приврзаници беа нарекувани „врховисти“ и „сарафисти“.
    Ваквата потреба за објавување труд на севкупното револуционерно дело на Борис Сарафов ја уочил и Павел Шатев, кој за време на својот престој во затворот во Ќустендил, во периодот 1942-1944 година го напишал овој труд.
    Како што посочува издавачот, книгата на Шатев за Борис Сарафов не е класична биографија за овој македонски револуционерен деец. Всушност, текстот претставува анализа на неговата револуционерна дејност, преиспитување на објавените трудови, написи, спомени, сеќавања и изјави од неговите соработници и современици, еден вид трактат за неговите револуционерни, морални и етички поведенија. Истовремено е и тестаментарен завет на Шатев за презентирање на вистинскиот лик на актерот што ги обезбедил парите за купување на динамитот за извршување на солунските атентати, во кои и Шатев беше еден од учесниците.
    - Преку овој ракопис посветен на Борис Сарафов, Павел Шатев не само што се осврнува на најважните настани од револуционерното минато на Македонија и на македонскиот народ, туку во него се содржани и неговите погледи, опсервации, размислувања и констатации во однос на историските настани, процеси и личности од македонската историја, како и за македонските проблеми и за потребите и методите за изнаоѓање решение за македонското прашање, пишува д-р Тодоровски во предговорот.
    Павел Шатев е еден од најистакнатите македонски револуционери, национални дејци, политичари и државници. Како публицист на поголем број трудови и автор на повеќе необјавени ракописи за историското минато на македонскиот народ, тој се легитимира како прв македонски научен историограф.
    Револуционерната дејност на Шатев е интегрално вткаена во најсудбоносните собитија на македонското национално ослободително движење како непосреден учесник и активен сведок речиси на сите етапи на македонското револуционерно минато. Неговата револуционерна дејност, може да се подели, главно, на три периоди: анархистички, национално-федералистички и комунистички период.
    - Павел Шатев, легендарниот гемиџија, македонскиот национален деец, државникот во првата македонска Влада, единствената политичка личност со три полициски досиеја – бугарско, руско и македонско, почина осамен, напуштен и разочаран од новата македонска комунистичка власт. Тоа што не го сторија турските „Едикулиња“ и „Фејзани“ и бугарските участоци и логори, го сторија македонските власти со интернирањето во сопствената татковина, на која и го посвети целиот свој револуционерен живот, наведува меѓу другото издавачот.
    Оставината на Шатев изнесува повеќе од 4.000 страници во ракопис, а само мал дел од неговите трудови се посебно објавени во Република Бугарија. Неговите оригинални ракописи и целокупното зачувано творештво се наоѓаат во Државниот архив на Хрватска, а микрофилмовите со право на објавување, минатата година на новинарот Предраг Димитровски му ги отстапи Милка Шатева, ќерка на Павел Шатев. Во неколкуте тома од пишаната оставина на Шатев, покрај неговите трудови, документи и материјали, ќе бидат објавени и белешките за него и записниците од неговите сослушувања во некогашната ОЗНА, а сето тоа заедно ќе фрли нова светлина не само врз името и делото на еден од најзначајните македонски дејци на 20 век, туку и врз македонската историја, наведува издавачот.

  2. #82
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.892
    Рушење на митовите на пропагандата: кој го уби Стерјо Гули?


    Благојче Андонов
    Стерјо Гули е најмладиот син на револуционерот Питу Гули. Роден е во Крушево во 1902 година. Стерју оставил потомство, неговите две ќерки: Евгенија и Елена, како и посинокот Кочо, дете од претходниот брак на сопругата Љуба.
    За животот на Стерјо има доволен изворен материјал, кој овозможува да се направи релативно вистинска реконструкција на неговиот живот. Но, постои делумна мистерија околу мотивите и начинот на неговото убиство. Во овој текст ќе се обидеме со релевантни податоци да ги демантираме тврдењата на одредени личности што „тврдат“ дека Стерјо Гули е убиен од партизаните во 1944 година.
    Имено, во статијата „Педесет и шест години премолчување на вистината“, Македонско дело, 11 февруари 2000 година, од Александар Бонев, е напишано следното:
    „Третиот син на крушевскиот војвода Питу Гули, Стериу Гули, бугарската фашистичка окупација ја доживува како ослободување, станува водач на контрачета и кога влегуваат партизаните во Крушево се самоубива во една кафана, кажувајќи: ’зарем пак ќе не гази српската чизма’“. Ова „тврдење“ исто така е искористено од страна на бугарската википедија, во која за смртта на Стерју Гули стои: „Заробен од страна на партизаните – комунисти и е убиен е на 6 октомври 1944 година“.
    Меѓутоа, да видиме што велат изворите. Интересна за нас е изјавата на посинокот Кочо Гули, во која се вели: „Татко му на Кочо, Стерјо – најмалиот син на Питу- се отепал со англиски автомат во кафеаната ’Цвета Лазор’ во Крушево по завршувањето на Народноослободителната војна во 1944 година. Тој и уште неколку други луѓе од градот отишле да испратат некоја партизанска чета за Кичево. Се вратиле во Крушево и влегле во кафеаната. Таму Стерјо се застрелал со автоматот“. Кочо кој тогаш имал 9 години бил на нива да го собере пиперот. „Ја завршив работата и се враќав дома. Кога влегов во Крушево слушнав дека бијат камбаните во црквата. А луѓето зборуваа: „Се убил Стерјо Гули, синот на Питу Гули“, раскажува Кочо за смртта на својот татко. Од оваа изјава јасно се гледа дека станува збор за самоубиство, дали со намера или од невнимателност се уште не може со сигурност да се тврди. Но дека гореспоменатото толкување на споменатиот Бонев е неиздржано ќе прикажеме една досега необјавена фотографија, од која јасно може да се констатираат неколку работи.
    Од погребот на Стерјо Гули

    На фотографијата се забележува дека има големо присуство на граѓани од Крушево, но и на партизани кој му оддаваат почит, неколку пораки напишани на траките, како и знаме на Крушевски народноослободителен партизански одред „Питу Гули“, кој е формиран на 16 април 1942 во месноста Груева Нива.
    Ваквиот погреб и оваа чест доволно зборува за почитта која ја имаш Стерјо Гули како и неговиот татко Питу Гули меѓу партизаните. Но, и го разобличува тенденциозниот обид за прекројување на историските факти и обидот смртта на Стерјо Гули да ја прикажат како убиство без пресуда, егзекуција поради „српска чизма“.
    Македонските партизани биле горди со делата на своите предци и борци од првиот Илинден, многубројните соборци што биле учесници и во првиот како и во вториот Илинден се доказ за решеноста на Македонците да се ослободат од секаква „чизма“ во Македонија. Несреќниот случај со смртта на Стерјо Гули пропагаторите се обидоа да го искористат, но пред фактите и боговите молчат.

  3. #83
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.892
    Македонија денес се сеќава на актерот Игор Маџиров (видео)

    20.02.2013 - 01:16:00

    Игор Маџиров е познат на македонската јавност по детската серија „Светот на бајките“, и бројни улоги на театарските штици и на ТВ екраните. Денес Македонија одбележува 13 години од неговата смрт. До денес никој не ја дозна причинaта за неговото самоубиство во 2000 година.
    Денес официјално беше објавен документарниот филм снимен во негова чест. Насловот на филмот e „Интервју за Игор” (детето со црвената коса), а истиот е инспириран од животот, делото и смртта на актерот Игор Маџиров инаку брат на познатиот перкусионист Зоран Маџиров. Снимен е во соработка со неговите пријатели, колеги и со дозвола на семејството Маџирови.
    Филмот е веќе е достапен на официјалната facebook страна направена во негова чест: А, ние ви го пренесува тука во целост:


  4. #84
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.892
    МАКЕДОНСКО ИМЕ НА NIKE ПАТИКИ – МАКЕДОНЕЦ СО СВОЈА ЛИНИЈА NIKE (ВИДЕО/ФОТО)



    Стефан Јаноски е Американец со македонско потекло. Тој е градежен инжинер по професија.Стефан започнал да вози скејтборд во 1992 и стекнал статус на професионалец во 2003. Во САД е екстра популарен по неговите таленти.Јаноски е третата личност на NIKE SB кој ја има таа чест да има сопствен модел на патики наменети за скејтборд.Неговиот модел дебитираше во 2009 година и продолжува да биде еден од најпопуларните модели на NIKE SB линија до денес.Mоделот на скејт-патики (Zoom Stefan Janoski collaboration Islander) е најпродаваниот за 2012-та година.Второто видео е интервју со ЈаноскиИзвор – Факултети.мк









  5. #85
    Ivy
    Zitat Zitat von zoran Beitrag anzeigen
    МАКЕДОНСКО ИМЕ НА nike ПАТИКИ – МАКЕДОНЕЦ СО СВОЈА ЛИНИЈА nike (ВИДЕО/ФОТО)



    Стефан Јаноски е Американец со македонско потекло. Тој е градежен инжинер по професија.Стефан започнал да вози скејтборд во 1992 и стекнал статус на професионалец во 2003. Во САД е екстра популарен по неговите таленти.Јаноски е третата личност на nike sb кој ја има таа чест да има сопствен модел на патики наменети за скејтборд.Неговиот модел дебитираше во 2009 година и продолжува да биде еден од најпопуларните модели на nike sb линија до денес.mоделот на скејт-патики (zoom stefan janoski collaboration islander) е најпродаваниот за 2012-та година.Второто видео е интервју со ЈаноскиИзвор – Факултети.мк








    cool!

  6. #86
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.892
    (ФОТОГАЛЕРИЈА) Се одржа Златна Бубамара на популарноста



    Многу хумор, смеа и музика понуди три и пол часовната програма на 16-тото издание на манифестацијата "Златна Бубамара на популарноста" која се одржа синоќа во преполната Универзална сала.



    И на ова издание брилираше водителот Сашко Коцев, особено во изведбата на песната посветена на индискиот бизнисмен Субрата Рој.



    Статуетките за трајни вредности им припаднаа на Виолета Томовска, Киро Урдин и Тончи Хуљиќ. За најуспешен ТВ- проект беше прогласен "Чудесна Македонија" со Владо Јовановски.

    Група на годината е " Пеперминт", актерка Нина Деан, актер Драган Спасов- Дац. Најдобра претстава е "Генетика на кучињата" на Драмски театар

    За развој на телевизиско презентерство и култура на говорот статуетка доби Благоја Крстевски. "Суперхикс" освоија признание за најдобар концерт на годината. За откритие беа прогласени Скипи и Тајзи. Најхумористична емисија се "Зевзекманија" и "К15". За пејачка на годината статуетка доби Калиопи.



    Балканските награди ги освоија групата "Фрајле" и албумот "Хашиш" на Тончи Хуљиќ, Горан Бреговиќ и Петар Грашо.










    Спортисти на годината се ракометарите на "Металург".

    С.А.Н.

  7. #87
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.892
    Neunter Todestag von Boris Trajkovski

    553357_469440406445241_947251062_n.jpg

  8. #88
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.892
    (ФОТОГАЛЕРИЈА) Ексклузивна исповед на старецот што пукаше во разбојниците

    Дедо Љубе од кратовското село Којково, кој во минатата недела се спаси себеси и сопругата од двајца насилни разбојници, им ги спасувал животите и на селаните и на планинарите заталкани и премрзнати во снеговите на Осогово.

    Им помагал и на своите колеги-рудари кои биле затрупувани во злетовскиот рудник, го ризикувал животот и кога други тоа не сакале да го направат за да ги извлечат од јамите починатите другари.

    Но, на дедо Љубе и на неговата сопруга немало кој да им помогне во средата вечерта. Тој за „Дневник“ раскажува како со бабата сами во селото каде што неколкуте соседни куќи се оддалечени со километри останале на немилост на двајца разбојници кои влегле во нивниот дом за да ги ограбат. Тепан и малтретиран дедо Љубе се помирил со судбината, но безграничната љубов кон својата сопруга го натерала уште еднаш да даде се од себе и да помогне како и многупати претходно, но овој пат цената за тоа била страшна - да земе туѓ живот.

    Продолжението на приказната е добро позната. Драмата завршила со убиството на Зоран З.(28) од селото Пантелеј и со ранувањето на неговиот ортак Б.И.(28) од село Поплаки, во кои Љупчо М.(73) испукал два патрона од ловечка пушка. По сила на законот, полицијата против старецот поднесе три кривични пријави, за убиство, за обид за убиство и за нелегално поседување оружје.
    Сепак, дедо Љубе не бил притворен и по дадениот исказ пред истражниот судија бил пуштен дома. Таму и го најдовме, два дена по немилиот настан.

    Дедо Љубе го познаваат во Злетово, во Кратово, во Пробиштип... Планинари, шумари, ловџии и добронамерници секогаш биле пречекувани со чаша вода и со ракија во неговиот скромен дом. Затоа не беше тешко да го најдеме. По два часа одење пеш по тесниот шумски пат низ планинските сртови низ кои е расфрлано селото Којково стигнавме до старата селска куќа. До неа водеа трагите од гумите на полициските џипови, врежани длабоко во калта како единствени знаци дека нешто се случувало во овој напуштен дел од Осоговието. Куќичката речиси и да не се забележува се додека не стасате до неа. Таму, на надморска височина од над 1.200 метри живеат дедо Љубе и баба Царка, која е неподвижна, а друштво им прават една коза и јарињата - Шаре и Сиве, како што ги вика старецот.

    Не пречека како вистински домаќин и ни понуди чаша вода да се окрепиме, изненаден дека некој дошол пеш до горе. Искрената насмевка на дедо Љубе ни ја оттргнува непријатноста од погледот на крвавите рани на живото старечко лице.

    Сепак, големите како мастило обоени модринки на рацете и засечените зглобови на нозете кажуваат колку болка и напор требало за да се извлече од јажето со кое бил врзан. Додека насилниците во една од собите ја малтретирале старицата барајќи пари, дедо Љубе се извлекол низ другата врата и од подрумот ја извадил старата ловечка пушка. Веднаш се вратил назад и на вратата го начекал Зоран кој во рацете држел моторна пила подготвен да нападне. Арамиите не биле ни свесни дека тоа е старецот, мислејќи дека тој се уште врзан лежи во другата соба. Тие слушнале звуци, па плашејќи се дека дошол некој од соседите се подготвиле да нападнат. Но, звукот од брчењето на моторната пила го прекинал истрелот од сачмарката. Зоран паднал како покосен на прагот, а дедо Љубе кон силуетата на другиот разбојник го истрелал и вториот куршум од двоцевката. Арамијата, иако ранет успеал да избега.

    - Што да кажам, морало така да биде. Многу голема среќа имав што јажето беше меко и успеав да го оттргнам од рацете, а во подрумот стоеше таа стара пушка на дедо ми. Се исплашив, си реков готово е. Но повеќе се исплашив за бабата, си мислев мене ќе ме отепаат, таа ќе остане сама - ја почнува приказната дедо Љубе. (повеќе во утрешното печатено издание..)
    Текст: Игор Шегавиќ
    Фото: Маја Златевска

























    #

  9. #89
    Avatar von FloKrass

    Registriert seit
    02.12.2011
    Beiträge
    8.733
    Was ist mit dem alten Mann, wieso lebt er in einer solchen Behausung, der arme Kerl? Kann manl jemand den Text zusammenfassen?

  10. #90
    Avatar von Zoran

    Registriert seit
    10.08.2011
    Beiträge
    26.892
    Zitat Zitat von FloKrass Beitrag anzeigen
    Was ist mit dem alten Mann, wieso lebt er in einer solchen Behausung, der arme Kerl? Kann manl jemand den Text zusammenfassen?

    Der alte Mann hat einen Einbrecher erschossen der ihn und seine Alte quälte - er konnte sich von den Fesseln befreien und hatte "von Opa noch eine alte Flinte im Keller". Und er lebt dort weil das sein zuhause ist.

    Pozdrav

Seite 9 von 67 ErsteErste ... 56789101112131959 ... LetzteLetzte

Ähnliche Themen

  1. History Of Macedonians, Parts 1-5
    Von Heraclius im Forum Diskussionen Griechenland vs. Mazedonien
    Antworten: 292
    Letzter Beitrag: 28.07.2012, 01:59
  2. Macedonia to the Macedonians
    Von Klement im Forum Geschichte und Kultur
    Antworten: 27
    Letzter Beitrag: 12.07.2012, 16:09
  3. These are the Macedonians
    Von Monkeydonian im Forum Geschichte und Kultur
    Antworten: 34
    Letzter Beitrag: 08.03.2011, 11:15